Форумџика на годината

Поддршка на Македонски млади музички таленти

Дискусија во 'Музика' започната од Smajli69, 9 април 2019.

  1. Smajli69

    Smajli69 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    23
    Здраво дечки, бидејќи неможев да пронајдам тема од ваков вид, решив да направам
    Сигурен сум дека има многу млади таленти кои би сакале да се бават со музика, но за жал не би знаеле како тоа да го остварат,
    лица кои имаат талент, но поради стравот да не бидат потсмевани од страна на други лица не го превземаат тој чекор да го покажат својот талент или пак лица кои се бават подолго време со музика, но имаат низок квалитет на интерпретација итн..
    Целта во врска со темата ми е да наведете ваши примери на квалитетни музичари во нашата земја кои се бават со едуцирање на млади кадри кои имаат за цел да се бават на одреден начин со музика (пр. свирење на музички инструмент, соло пеење)
     
  2. Soyuq

    Soyuq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Каде и да отидам, многу ректо можам да слушнам македонска песна, ниту во кафич, ниту на радио.
    Јас како личност најмногу слушам рап, хипхоп, но исто така и од другите жанрови по малку.
    Во Македонија имаме многу добри рапери, кои за жал не можат да се пробијат на светската сцена поради Х причини. Зошто кога некој ве праша дали знаете некој добар рапер, 90% од вас ќе кашат некој страански рапер? Зошто не ги кажете Tonyo san, LD pistolero, strajk и многу други кои имаат неверојатно добри песни.
    Ви препорачувам да слушнете барем по една песна од нив, и внимателно пратете го текстот, раскажуваат историја.......
     
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.419
    Ако ме прашаат дали знам добар рапер, не би знаел да кажам ни некој странски. Единствено Macklemore го слушам, не затоа што неговиот рап е да паднеш во несвест, туку затоа што текстот и музиката секогаш ме става во подобро расположение. Кога сме кај тоа, општо последниов период не сакам да слушам депресивна музика и текстови.

    За да се пробиеш на светска сцена треба да имаш склучено договор со некоја голема музичка компанија и секако да пееш на англиски. Но, за добра кариера не ти е неопходна таа светска слава, само што Македонија е премала држава и колку толку мора да се распространиш и низ соседниве држави. Еве овие Таско, ДваБона и сите што се од таа екипа, соработуваат со српски компании и супер им оди.
    Не велам дека они се најдобри рапери или што и да се во државава, ама имаат тим кој им овозможува поголем успех.
    Исто така за да се најдеш на радио треба да платиш.