Zdravo clenki Dolgo vreme Sega se uklucuvam tuka I citam I konecno Si rekov I jas da pisam. Rabotam vo Kanada kako dula I socialen rabotnik specialno so trudnici I novi majki. Me interisira premnogu kako e iskustvoto vo mkd I kakvi muabeti i podgotovka ca bremenost, poroduvajne i stanuvajne na roditel ima vo mkd. . Kako dula rabotam so klienti za vreme na bremenosta za edukacija i podgotovka za raǵanje, diskutiranje za komforot za vreme na poroduvanjeto, razgovori za vrska so bebe po raǵanjeto, griža za bebe, mentalno zdravje, stanuvanje roditel itn. Sum videl deka ima nekolku dula vo makedonija i bev mnogu vozbuden! Zainteresiran sum da čujam dali ste slušnale za ova, ili dali ovoj vid poddrška bi bil korisen? Dali ima druga poddrška što ja imaat vo našite gradovi kako prednatalna časovi, obrazovanie za poroduvanje, prenatalna joga i slično? Ako ve interisira da razgledate poke za dula ima na instagram poznati duli sranicata mu e @leledoula vo hrvatska, a i vo srbija dule.srbije a i vo mkd, moje sranica e @bloom.families Se nadevam ke ima nekoj clenki sho se interisirani za temava! Aleksandra
Здраво! Имам читано дека на запад ова е вообичаена пракса и дека дулата ја следи бременоста од самиот почеток, но мемам информации дека кај нас има. Би било корисно ако некоја има информации да ги сподели со нас
Тука си во право, па затоа тие што можат си одат на приватно. Е сеа ова за дула не знам дали е исто со она во Англија имав читано midwives ги викаат. Како што имам читано освен морална поддршка, даваат и совети кои се доста корисни, но сметам дека ќе мине многу време додека ова да профункционира кај нас.
Мислам midwives се класични бабици, тие и во Мк би требало да го водат процесот на породување. Дулата е нешто како екстерен консултант, кој го плаќаш приватно, кој е покрај тебе во текот на бременоста и по потреба во некои здравствени системи можеш да си ја земеш и за породување во болница, или да решиш да се пораѓаш дома само со помош на дулата. Нека ме исправи некој ако грешам, ама дула е таква една спиритуална улога, не класично медицинска, не сум сигурна ни дали мора да има медицински бекграунд.
Постојат одредени значајни разлики меѓу doula и midwife бидејќи станува збор за две различни професии. Од една страна, doula е немедицинско лице за поддршка при раѓање, односно овие лица не се медицински обучени to deliver babies. Во суштина, doula само обезбедува континуирана грижа, како и емоционална, физичка и ментална поддршка за жената и нејзиниот партнер во бременоста, раѓањето и по породувањето. Даваат поддршка на жената за сите нејзини избори и и дава корисни совети. Од друга страна, midwife е медицински професионалец кој е обучен to deliver babies и да управува со повеќето медицински процедури поврзани со раѓање (со исклучок на специфични медицински интервенции). Лицето кое е midwife обично работи како дел од тим на медицински обучени професионалци кои го проценуваат напредокот на бременоста и deliver babies. Инаку, професијата doula не е поврзана само со бременост, туку и со нерепродуктивни искуства како умирањето, што познато како death doula. Doula не мора по закон да има medical background, бидејќи сепак природата на професијата е таква која не бара никакво медицинско познавање, меѓутоа тоа не значи дека овие лице се целосно неискусни, односно и тие по своја волја се стекнуваат со training and certification, главно преку обезбедување структурирано образование пред влегувањето во полето, пристап до ментор, можности за мрежно поврзување и доверба на клиентот. Постојат обуки за doula кои генерално се спроведуваат во форма на семинар кој трае 2-3 дена, каде се практикуваат вежби и техники кои се користат за време на породувањето, вклучувајќи ги и позициите на мајките и движењата, вежбите за релаксација и дишење и други мерки кои на жената клиент би и овозможиле да се чувствува удобно.
Сум за дула како додаток на доктор и акушерката, а не само дула. Има дули што се занесуваат дека женското тело знаело како да се породи само, медикаменти не препорачуваат, природно пораѓање само не царски, а одбиваат да согледаат дека постојат ситуации некогаш каде мора да се примат медикаменти или царски. И дека тоа баба што се пораѓала сама дома в нива како знаела ние денес многу исплашени, е баба 10 деца родила, 2 преживеале до возрасна доба. Дула што си ја знае работата е супер, али малку се скапи дулите за наш стандард.
Искрено првпат слушам за ова,п доста за што се работи и не знам..сметам дека е хир за оние кои имаат одвише пари.
Нешто што не постои во Македонија. Или постои? Има објаснето @Briar Rose погоре. @Mantub сериозно? Дај линк до препораката молим те.
Јас не сум запознаена со здравствениот систем во МК и поради тоа не знам дека воопшто постојат луѓе кои ја вршат оваа професија. Mеѓутоа се сеќавам дека додека мајка ми беше бремена, докторите во болницата во Канада и понудија т.н. Doula Program каде имаше одредени препораки во случај да е заинтересирана, што секако не е задолжително. Не сум сигурна дали во сите болници во Канада се нудат вакви програми, но во случај некоја жена да е заинтересирана, мислам дека може да ги праша докторите, како што истите мора да бидат информирани и за оваа опција. Би рекла дека има поделени мислења за професијата doula, особено од доктори и останат обучен медицински персонал, но факт е дека бременоста, породувањето и периодот по породувањето се перцепирани како екстремно важни случувања во животот на една жена и нејзиното најблиско семејство и повеќето луѓе знаат често да бидат екстремно емоционални, нервозни и исплашени од истите и поради тоа сметаат дека најмувањето на doula за нив е неопходност поради емоционалната, физичката и менталната поддршка која ја нудат. Доколку идните родители се одлучат да најмат doula, истите можат да повикаат неколку на интервју за да видат со кое лице се чувствуваат најпријатно и во кое можат да имаат доверба. Инаку, интересно е како дури и професијата midwife може исто така да нуди грижа и поддршка, иако тоа обично не спаѓа во работните обврски. Сепак, постојат доста жени кои сметаат дека најмувањето на doula е сосема непотребно, односно сметаат дека им е доволна грижата од докторите и сестрите. Всушност, така беше случајот и со мајка ми бидејќи таа никогаш немала најмено doula, односно беше премногу задоволна од грижата на докторите и сестрите во нашата главна болница во стејтот.
Тотално непотребно. Постојат школи за трудници,постои литература, нашите жени се информираат,лесно достапни им се информации од гинеколози што ги водат.
https://www.facebook.com/astartacenter/ дали некоја ги посетувала нивните работилници? Гледам дека една од предавачите е меѓу другото и дула.
Da I jas go imav ovaa videno, mi se dopaga!! I tuka vidov deka Ima dula, a I nekoj drugi imav videno Na instagram, vo skopje mislam.
Haha Pa zato prasuvam za dula. Od Sho citam I onaka Sho slusam od drugarki iskustvo mi se Cini deka bi bilo premnogu korisno da Ima duli. Ustvari dula e korisno za site I ako se Ima najdobriot ginekolog ne svetot. Bidejḱi dvete ulogi bi bile različni i komplementarni
Da m Idwives se babici, duli I babica rabotat bas ubo zaedno, generalno babica Poveḱe se griži za iskustvoto na ženata i nejzinoto duhovno patuvanje otkolku od doktor, što e i ona što go poddržuva i dulata. Nema vrski Dali e poragane so carski res ili prirodno, fintata e zenata I partner OT da se custvuvat spremni, Svesni za toa što ḱe se sluči i poddržuvani.