1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на децата

Дискусија во 'Психологија' започната од lovely-girl, 4 август 2012.

  1. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темата за да слушнам различни мислења и искуства, и навистина ме интересира дали е можно да постои поделба на децата?

    Јас навистина се осеќам поделена, и тоа само од мајками, понекогаш се трудев да не мислам така, сега за неколку дена ке полнам 21, и мислам дека сум сосема во право, но ако грешам поправете ме, и дајте ми некој совет. Мајками е чуден тип од човек, таа мене никогаш во целиот мој живот ме нема пофалено, не на некој друг, туку мене, да ми покаже дека се гордее со мене не со зборови него со дела, додека пак сестрами ( помала е од мене 4 години) таа и е нејзин миленик, и што и да се деси таа за неа е најдобра, никогаш не ја осудува, никогаш до сега ја нема навредено, нити проколнато, додека јас.... јас ги имам слушнато најпогрдните зборови во мојот живот упатени смао кон мене. Неколку пати ( речиси секогаш ) се обидувам да не и обрнам внимание, и да не ме заболат нејзините зборови, но во последно време секој ден се повеќе ме боли тоа мене, секој ден плачам, сама се осеќам.

    Таа секогаш ми вели дека јас на сестрами и љубоморам, ајде вие кажете ми дали е можно сестра на сестра да љубомори ??? Навистина понекогаш ми е многу криво,бидејки таа никогаш не се гордеела со мене. Јас во слободно време цртам, а таа наместо да се гордее со моите дела, ми вели :-Овие книгиве, и бои ке ти ги фрлам неможам да ги гледам што вие мислите за тоа ?!?!?

    Многу ми е тешко ми требаше време за да можам да напишам за мојот проблем но веќе неможам, кој да ми помогне, не верував дека ке осекам ваква празнина, таа мене никогаш ме нема гушнато онака спонтано, дури ни кога ми честита роденден ;( каква мајка е таа ??? Јас секогаш велам и неа и кажувам дека никогаш нема да им го правам тоа на моите деца што таа ми го прави мене, а таа секогаш со лоѓо мене ми возвраќа, зошто бре луѓе ме колни и ми вели дека нема никогаш да имам јас среќа во животот?!?!? Зошто прави да се осеќам сама!?!?! Не сакам никого да вознемиорувам ама едноставно ми треба помош.....

    На почетокот на мојата врска таа се бунеше, се противеше, бидејки таа не го сфака животот како јас, и љубовта ја цени според парите, за неа љубов е ако дечкото има пари, те шета каде сакаш....Дури пред некој ден ми рече : - Зошто мораш да даваш пари ти, па нека троши тој , а јас и реков дека живееме во 21 век, и дека не сакам од никого да зависам ( со дечкоми сме заедно 2,5 години и нормално е да си ги делиме трошоците бидејки и тој нема многу пари за се ) јас сум девојка од просечно семејство, работам за да имам да живеам, а континуирано и студирам, но :!: дечкоми е така од малку по сиромашно семејство,но кај нив има многу љубов и хармонија, кога одам кај нив, секогаш ме гледаат со љубов чуствувам топлина, незнам ....многу го сакам, и него и неговите дома,ми даваат така некоја незнам, доверба подршка.... тој е така фин имаме многу заеднички работи, толку многу се труди за се, работлив е и вреден, интелигентен, и културен,ме сака и многу ме почитува.

    Но мене не ми треба само неговата љубов, сакам барем еднаш во животот да слушнам убави збовори од мајками упатени за мене. Сестрами е средношколка, и учи фармација, таа е бубалица, само учи, никаде не оди, нема ни круг на пријатели, додека јас, имам многу другари и другарки, одам на кафе излегувам, и едноставно уживам во животот, секогаш наоѓам време и за учење, за шетање, за дечкоми, за фамилијата... за сите по ред, ама кој наога време за мене ?!?!?!? Кога некој доаѓа кај нас дома, или некој гостин таа стално ја зема сестрами во уста а мене ме заборава.... Јас сум повредна од сестрами, се можам да сработам иако имам за учење, и кога јас ке побарам да ме остават дека морам да учам дека неможам нешто да сработам ми велат, ајде ти можеш ке учиш подоцна, а додека пак на нејзе и велат, ајде остани дома учи не мораш ништо да сработиш ?!?! И сега !!?!? Што овде гледаме.....

    Зошто ме навредува, зошто не е горда на мене, зошто ми кажува такви зборови тешки, и зошто така тешко влијаат на мене ?!?!?!??!

    Пред некој ден ми вели , ајде омажи с на раат да ми биде главата од тебе, повеќе неможам да те гледам дома ;( ;( ?!?!? и сега, каков живот имам јас, колку и да не мислам на тие работи, јас сум несреќна ве молам дајте ми некој совет зошто неможам повеќе да живеам вака ;(
     
    На bibiiii и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  2. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    707
    Допаѓања:
    2.822
    И јас се чуствувам поделена од страната на мајка ми :)
    Јас сум помала , имам брат поголеем мама повеќе е се него, .. повеќе го сака, се гледа од километри дека е така ...
    Секогаш го прашува дали му требаат пари, дали е гладеен , но мене никогаш како и да е веќе се навикнав ;)
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    2.041
    Сум била сведок на многу семејства каде што помалите деца се помазени, погалени и тако то но стварно не ми се допаѓа таа поделба. Поголемите се увек криви, секогаш на нив им се вика. Негде можеби има обратна поделба, незнам.

    Се случувало истите зборови и од мајка ми и татко ми да ги слушнам кога се расправаме но не постојано. Мене дури на моменти и ми смета претераната грижа на мајка ми.
    Не верувам дека мајка ти не те сака, сигурно те сака исто како и сестра ти, но ете можеби не сте успеале да остварите добра комуникација и да се зближите. Можеби тука е и онај факт од погоре дека сестрати е помала па ете повеќе грижа за неа.Ти самата кажа дека таа само учи не излегува, таков тип е, сите родители се гордеат ако децата учат и просперираат.

    Што се однесува до дечко ти, тебе ти е добро те сака и го сакаш, се почитувате и сето тоа. Немој да помислуваш да прекинеш врска поради желбата за пари на мајкати, нормално секој родител сака се најдобро за своите деца па тука спаѓа и финансиска обезбеденост. Но со разбирање и поддршка се се постигнува, не само богатство но и многу други работи. Можеби со тек на време кога ќе согледа дека си постигнала и ти нешто во животот ќе почне да ги цени и твоите постапки.

    Сепак се е ствар на карактер, луѓето се различни но таа ти е мајка.И погоре кажав дека не ја оправдувам поделбата меѓу децата, така да не ја поддржувам мајка ти, ете пример јас сум тип кој не ги покажува чусвствата едноставно не сакам такви сентиментални сцени, но тоа не значи дека не сакам никој на овој свет и дека не чувствувам ништо. Пробај да разговараш со неа и отворено да и кажеш се што ти лежи на душа, верувам дека тоа ќе ја допре, како велат подобар пријател од мајка нема. А ако не мајка ти пробај да поразговараш со татко ти. :hug:
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Сум видела многу семејства каде што помалите деца во семејството се секогаш поразгалени.Им дозволуваат се и сешто.
    И јас на некој начин се чуствувам поделена од страна на мајка ми,ми се чини дека повеќе го сака брат ми.Но знам дека не е така.Дека јас тоа само го мислам,а мајка ми не сака подеднакво и двајцата.
    Добро можеби не секогаш но мајките повеќе ги сакаат машките деца,а татковците женските.
    Пример мене тато си ме сака премногу,па дури ме викаат татина принцеза.А не дека брат ми не го сака но ете.Повеќе е приврзан со мене.
     
    На My.Cloud му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Таа поделба што сега ја чувствуваш те прави само посилна, а тоа е е еден голем плус за твојот понатамошен живот. Ти си независна за разлика од сестра ти можеш да правиш што сакаш а таа треба да ги исполни очекувањата на родителите. И во моето семејство имаше поделба само што за таа разлика што сите освен татко ми беа на страната на брат ми, тој секогаш учеше, секогаш беше најдобар и добиваше се. Јас станав поснаодлива и сега можам да се снајдам во секаква ситуација за разлика од него што иако е поголем уште ја прашува мајка ми за дозвола или за мислење. Кога бев помала чувствував љубомора кон брат ми а сега знам дека ми направиле огромна услуга што не ме гушеле. Ова ти го кажувам како помалку сакано дете. Од страна на мајка на две деца ти кажувам дека сите деца се сакаат исто. Кога ке се омажиш и ке станеш мајка ке сватиш дека неможе мајка да не го сака своето дете.
     
    На Cosmic Girl и lovely-girl им се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Не се преоптоварувајте поради ова родителот секое дете го сака подеднакво само може поголема наклонетост да има кон едно од нив поради една или друга причина,до пред неколку години јас бев зеницата во окото на таткоми јас најпаметна јас интелегентна јас студирам учам и све друго јас А таткоми НА и братми тоа го чуствуваше и секогаш велеше дека таткоми мене повеќе ме сака што многу ми беше тешко кога ќе го речеше тоа,но откако еден период ја изгубив контролата на мојот живот ги занемарив очекувањата на такоми и све друго таткоми тотално ја загуби довербата во мене на почетокот ми беше претешко но сега и веќе сеедно ми е сега повеќе е наклонет кон братми но не велам дека престана да ме сака,како мала воопшто не бев блиска со мајками но сега сум мислам на вакви работи дека не треба да се стават замерки на родителите понекогаш и тие прават некои работи несовесно но верувам дека секое дете го сакаат подеднакво...
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на мислењата, но залудно е и да разговарам со неа,милиони пат и имам кажано дека сето тоа мене ми смета, дека ме удира во душа, и дека веке поинаку ги чуствувам работите... но... залудно е се ... додека пак таткоми, тој е прекрасен човек, но јас нему неможам да му се тажам за моите проблеми со мајками, бидејки и тие немаат соврсен брак, незнам, никогаш не би сакала да живеам како што тие двајца живеат. Исто како да немаат чуства еден за друг ....

    И да, мене не ми е тоа што мјаками повеке и обрнува внимание на сестрами, туку тоа што кога и да додје некој наш подалечен гостин, јас сум последна дупка на кавалот, мајками само сестрами ја фали, ја спомнува а јас секако .... неможев да бидам нејзина марионета, па мене не ме ни спомнува :( сакам понекогаш да сум силна, ама верувајте неможам секогаш да се воздржам, проблемите си навираат сами, денеска трпи , утре ке биде се ок, после некој ден пак истата песна, па ајде ве молам, тешко ми е што ми вели :- омажи се да чинам раат од тебе ... а што јас правам м ?!?!? што ја вршам цела домашна работа, што помагам за се и секогаш имам време за се ....незнам веке што да мислам ...
     
  8. My.Cloud

    My.Cloud Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    62
    На помали години многу се чуствував поделена од страна на родителите,баба ми и дедо ми.Секогаш за него купуваа а за мене не откако се роди брат ми.Кога ќе се наљутев зошто така ме делат они викаа дека сум била голема.Мајка ми нон стоп кога ќе го искара брат ми викаше дека е заради мене.Ако брат ми падне и се повреди секогаш јас бев крива.Тоа многу ме повредуваше и бев пре малечка за така наречени трауми.Многу се нервирав а никој не веруваше.А можеби тоа било само мое мислење.Можеби јас сум се чуствувала толку загрозено.Кој родител не си ги сака децата.Немам поим и не сакам да работам више на тоа :^) Сега сум голема и да ме делат барем знам дека има некој кој ме сака и се грижи за мене.Нема потреба више да се нервирам :)
     
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    25.782
    Пол:
    Женски
    Од мајка ми не ама од татко ми да.Тој несака да ја слуша сестра ми (која има 5 години) кога плаче,вика ... и се ке и задоволи само да биде мирна :( а инаку мајка ми е праведна,некогаш ме болат нејзините зборови ама океј е знам дека сум згрешила!
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.010
    Пол:
    Женски
    Не чувствувам дека мајка ми и татко ми имаат поразличен однос спрема мене и сестра ми, ама како помала некогаш се чувствував запоставено од нивна страна. Сестра ми од мала има секакви здравствени проблеми, низ многу работи помина, и вообичаено секогаш мајка ми и татко ми беа свртени кон неа и нејзиното здравје - што е сосема разбирливо.
    Но, никогаш не не делеле и не и пружале повеќе на едната, отколку на другата ќерка.

    Има примери во мојата околина за родители кои ги делат своите деца и за мене тоа е навистина несфатливо. Не можам да разберам како може едното дете да го сакаат повеќе и да му пружаат повеќе отколку на другото.
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ловли , не верувам дека мајка ти не те сака :) Велиш домашни обврски поголема си нормално е ти повеќе да работиш . Сестра ти е дете ти си созреана мома и можеш да жонглираш и со обврски и со учење тоа е за пофалба .
    Кај постарите деца многу често се јавува и неоправдана љубомора ( не велам дека кај тебе е случај )
    ама бидејки биле центар на вниманието а сега има друг со кој го делат тоа внимание па стануваат љубоморни , ама нормално е мало дете нов член и заборваат дека и на нив тоа им се пружало
    Рече сестра ти бубалица и не излегува мајка ти си има мирна глава со неа и се гордее ама не значи дека не треба да излегува на кафиња и верувај дека кога сестра ти ќе згреши нешто таа ќе помине многу потешко отколку ти , бидејки се воспоставило различен стандард.
    А за пред гости , па може мајка ти те смета за изградена личност а сестра ти е уште мала па сака да ја коментира и да ја фали не е крај на светот .
    Јас лично немам осетено кај нас некоја поделба иако сум се жалела :lol: знам дека е без причина . И дека сите мајки исто децата си ги сакаат само на различен начин .

    А во врска со сваќањата на мајка ти во врска со љубовта и кога треба да се влезе во брак , за жал не можеш да ги смениш тоа е тоа , родителите те одгледалее од копанче месо а натаму ти треба да си го живееш животот според твои сваќања и убедувања не да водиш војни да ги промениш нејзините каква таква , една е мајката .
     
  12. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    12.658
    Пол:
    Женски
    Имаше еден период кога се чувствував многу запоставена од моите родители и имав чувство дека повеќе ја сакаат сестра ми, но тоа беше така затоа што сестра ми имаше некој проблеми па повеќе внимание и посветуваа на неа отколку на мене што е многу разбирливо. Но знам дека и двајцата подеднакво не сакаат и двете и дека се би сториле за ние да бидеме среќни :)
     
  13. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    епа изгледа сегде вака се случува..јас па мислев само кај мене е така..имам брат помал од мене 4 години и него се му дозволуваат..ептен е разгален..мислам и јас се чувствувам како мајка ми да не дели...и секогаш ко че и речам мамо ти брат ми појче го сакаш таја вика нее нема врска јас двајцата исто ве сакам ама тој е помал и зато мора да му попуштаме.. :@ е ова ме нервира значи зошто да му попуштаме тој како че гледа на живото понатаму секош мора да му попушта негоо..нема смисла..самата грешка си прај..или пример секош само него си го гушка мене никошшш ама баш никош..или пример че и појдам за јас да ја гушнам и че ми речи бегај бее..а брат ми ко че и појди оо на мама синчето ела да се погушкамее :@
    или пример еве јас вода да истурам на маса че ми се скапи дерење неспособна една толку да не те бидува за ништоо..како ја истурии..и.т.н... а еднаш па брат ми му падна чинијата со јадење и му рече ее ајде де нема гајле сега че исчистам..а јас така че ми речи ајде сама да си чистиш и че ми се дерии леле мајко :@
    значи ептен се нервирам шо упорно негира дека не е така а уствари така е се гледа од авион :@
    ама како и да е не се замарам шо зна нека пра ;)
     
  14. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    276
    Не мислам дека моите родители не’ делат мене и сестра ми. Кога таа добива нешто-добивам и јас и обратно, а ако некогаш не ми се исполнети сите желби, за тоа не се виновни моите родители, нели? И тие сакаат да ни угодат во се’, ама за се има ред. :hai: :) .
     
  15. Anasm33

    Anasm33 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2018
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
     
  16. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.893
    Допаѓања:
    14.711
    Пол:
    Женски
    Поделба имало
    и ќе има
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    4.194
    Пол:
    Женски
    А сега за да не отворам нова тема.
    Јас и од мајка ми осеќам поделба во однос на сестра ми.
    Она се омажи посиромашно ,мајка ми не дека има мареријално што да даде ама кога се работи за физичка помош е таму одма. За слава ,за роденден на внукот ,после пораѓај она обавезно таму е да помага. Додека кај мене на гости иде само за роденден на малата. Исто за нејзина свадба кредит зема а на мојата ни поклон не донесе ,само торта.
     
    На Anyshka, Selena01, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.510
    За да се подалечни од мајка и татко ќе разберам ама свои родители да делат деца е тоа никогаш нема да го разберам. Али д аби осетила такво нешто јас искрено во црни дани нема да се свртам да погледнам без разлика кој и да е, ќе помогнам онолку колку што ми се помогнало на мене.
     
    На Mumoftwo30 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    4.194
    Пол:
    Женски
    Од татко ми никогаш не сум осетила такво нешто напротив многу му беше тешко што не успеал се да ни овозможи ама подеднакво.
    За жал не напушти, во вечноста.
    Мајка ми па не знам немам срце да ја отфрлам ама тешко ми е да отидам. Кога одам осуди зошто не сум била на гробишта а кога одам на гробиштата не можам да се свестам два дена.
    Осуди зошто сум се видела со друштво требало цело време со неа да сум. Раат никаков.
    Или нешто да и кажам во доверба ,одма сите ќе разберат.
    Се трудам да ја разберам и неа ,она е така делена ден денес. Дедо ми е уште жив и има разлика меѓу неа и тетка ми во неговото однесување но од друга страна не сум јас виновна за тоа....
     
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    10.162
    Пол:
    Женски
    Обично има причина зошто родителите се однесуваат нееднакво кон децата. Некогаш е заради самото дете: пр. имало здраствени проблеми, развојни проблеми, потешкотии во учење, било несигурно во себе и срамежливо, заради што кон него односот бил позаштитнички и помотивирачки. Некогаш е заради лични перцепции, сфаќања и проблеми на родителот: во детето гледаат некое однесување или карактеристика што ги асоцира на лош пример/случај, имаат неразрешен личен проблем или фрустрација што не го решаваат во суштина, само го проектираат на детето или пак си имаат свој став за тоа како треба да се воспитува правилно и сметаат дека за двете деца треба различен пристап, зошто тоа се покажало дека успева.

    Што и да е причината, проблемот е што тебе ти пречи и те повредува. Рече дека си и кажала на мајка ти неколку пати за тоа, но без промена.
    Дали сте разговарале кога е таа смирена или само во кавга, кога е бурно?
    Малку ми е чудно тоа што и покрај тоа што си и кажала не се менува, можеби сака и се обидува ама не е успешна? Не знам...

    А да поразговара со некој со кој и оди разговор, кој му се доверува и го почитува? Некој возрасен од семејството или пријател?
     
    На nena2010 и st-el им се допаѓа ова.