Поделба на имотот помеѓу децата во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sarasweet, 17 јули 2012.

  1. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Често имам размислувано а и дискутирано со други личности на оваа тема, па сакав да чујам и ваши мислења.

    Што мислите за поделба на имотот меѓу децата во семејството, во смисла дали се оди по дифолт кај машкото или следува дел и на женските деца во семејството?

    (Знаме дека правно следува на сите подеднакво) НО дали кај нас владее сеуште она "па машко/ки се на него/нив останува се, а за сестрата /ите не", па голем дел од женските деца во семејствата го прифатиле тоа?

    Искрено со поголем дел што сум разговарала стојат на тоа дека се треба да остане на машкото
    ( во семејства каде има браќа и сестри) а женското ќе се омажи и до дифолт нели оди кај сопругот, па нема веќе што да бара дел во татковата куќа освен да дојде на гости.

    Јас не сум мажена и не планирам брак во блиска иднина, но кога би се омажила секако и јас би сакала да си имам мој дел во домот на моите родители, кадешто сум израснала и кадешто ми поминало детството и младоста.

    Сакам да слушнам ваши искуства и мислења на оваа тема. :)
    Се надевам дека ќе се развие дискусија.

    Доколку темата е дупла, не поттикнува дискусија или не е сместена на право место, се извинувам и слободно нека оди во канта.
     
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Според мое мислење, поделбата на имотот треба да биде подеднаква, без разлика колку од нив се од машки, а колку од нив се од женски пол.

    Искрено, воопшто не го разбирам мислењето дека женското не треба да добие, зашто ќе се омажи :^) Глупости. Па што ако се омажи? Тоа дете на улица ли било најдено? Нема да и' бидат потребни пари/имот/што и да е? Тоа не било дете на родителите, не се рачуна дека е дел од семејството и не заслужило да добие ништо само поради тоа што е женско? Или, што ако се разведе? Ако веќе има поделба на имот и ако има што да се даде на децата, нека си добијат сите. Ќе остане така на улица? :worried: Мене лично ваквите ставови и мислења ме ужаснуваат, дете си е дете, машко или женско, никогаш не би правела било каква разлика меѓу децата, посебно па не би правела разлика врз основа на полот. :^) Искрено, не разбирам како може во денешно време кога условите за живот се толку многу тешки, тешко се доаѓа до стан, куќа и сл. и уште ова да се случи, да ме остават моите на улица само и само затоа што немам јајца? :o Бесмислено ми е ова. :^) За среќа, немам околу мене вакви ситуации. Кога имало поделба на имот се' си одело на сите по толку колку што следувало, подеднакво.
    Дедо ми (татко на татко ми) на тетка ми и' остави толку колку што му остави на татко ми и неговите двајца браќа. Мајка ми доби исто колку што доби и вујко ми, нејзиниот брат. Не знам.....навикната сум на таков однос-се' да биде подеднакво за сите, да не се прават никакви разлики меѓу децата, секогаш да се дава подеднакво на сите.

    А што прават ваквите родители кога имаат само женски чеда, немаат синови? :)
     
    На lovely girl M, eloves, detektivdaniela и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Малце незгодна тема за сериозните луѓе :) .Јас ке дадам само мое машко мислење за ова .Мислам дека тоа што го имаш напоменато кај нас полека почнува да не важи.Значи и женските ги имаат истите права како и машките деца по законскиот ред.Менталитетот ни е таков да функционира поголем дел на наследството на машка страна да остане.Но тука зависи и од други фактори .Реално гледано и од големионата на наследството и видот на наследство.Не секогаш станува збор за имот.Јас ке кажам дека навистина би ми пречело мојата :inlove: да има проблеми со своето семејство порди имот.Не би сакал да и се мешам во одлуките но пред да започне нешто да прави би сакал добро образложение <сепак нема да живее сама и доколку направи проблеми нема сама да трпи >.Разбирам дека ги влече потеклото и местото каде се пораснати и дека така ке се чувствуваат сигурно за не дај боже да тргне лошо со бракот но едноствно ке ме разочара ако се испокара со цела фамилија поради некој стан кај што треба да го подели со својот брат или сестра кој едноставно не му успеало мн во животот за да обезбеди подобро утре за себе и своте .Пред се угледот на фамилијата да се зачува одколку да се тера инает и да се стеснува кругот на оние што господ ни ти подарил за да ги чуваш и сакаш а не да ги отргнеш од себе.
    А и за крај би додал не знаеме каде не чека среќата , доколку е подарено од :l: да се покаже почит а не само да се земе бидејки ти подариле .
     
    На hunny-bunny и Sarasweet им се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Зарем се уште го има ова? :?:
    Што да речам, освен чиста дискриминација :x Остави си ја ќерката да не речам, на улица, па после нека ја мавтосува мажот, ама битно синовите обезбеди ги.
    Можеби ова функционирало порано, но во денешни услови, сигурно не. Со свое наследство, жената е независна и самостојна, па утре не мора да го трпи мажот само зашто нема каде да си оди ако се разведат.
     
    На lovely girl M, friendy, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Се согласувам со тебе green.
    И во моето семејство секогаш се било подеднакво.
    Исто и моите родители не не' делеле мене и брат ми, ниту планираат еден од нас да добие повеќе што се вели.

    Инаку за тие што имаат женски деца најверојатно делат меѓу нив.
    Имам пријателка која има сестра и имотот е поделен меѓу нив двете.

    Девојките во овој случај се дискриминирани само кога имааат брат. Не зборувам секогаш, туку во некои семејства.
    Познавам такви случаи кадешто откако се омажила сестрата е како гостин (странец) во куќата на родителите иако дотогаш живеела во таа куќа.
    Истотака и случај кадешто сестрите се откажале од дел од имотот за да остане се на братот, пошто нели машко бил :!:

    Ова и не ми е баш сватливо. Сите се деца на тие родители без разлика дали е машко или женско и треба подеднакво да се третираат.

    Dvolicen мило ми е што и машки се вклучија во дискусијата точно е дека таков ни е менталитетот иако полека мислам дека се искоренуваа таа традиција.
    Во право си дека тоа се чувствува како некој вид заштита, за не дај Боже ако тргне нешто наопаку во животот, и секако дека полесно би се изреализирала таа поделба со добар компромис.

    Femina 90 иако поретко сеуште го има.
     
    На detektivdaniela и green.eyes им се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Како е кај нас???

    Правиш деца, деца...се додека на ред не дојди машко дете, оти мора некому да се остави имотот!!!

    А, ако е прво па машко - ти си вистински среќник.

    Делба: На ќерката спална и малку роба за мажење, а на синот куќата (целиот имот).

    Не дај Боже ќерката да има проблеми во бракот или да мисли на развод, зошто нема кај да оди, кај да си ја чука главата.

    Е, така е кај нас сеуште...
     
    На SunnyGirl2, eloves, Sarasweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Извини што ке те цитирам ,но жената не е независна ако добие имот од наследство.Независна жена е со свое јас ,кој што ке го постигне со свој труд и среќа.Инаку дефитивно не те разбирам со ова што велиш :

    жената е независна и самостојна, па утре не мора да го трпи мажот само зашто нема каде да си оди ако се разведат.[/quote] Едноставно лошите мисли на луѓето прави и да им се случуваат лоши работи понекогаш.Сите се стремиме за успеси и среќа а не за неуспеси и ова АКО утре .. ми делува мн песимистички пишано.Не сум женет но само љубопитен да прочитам од мажените дами на форумов мислење дали теоријата и праксата успеваат да бидат едно исто на ова поле .
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Среќа јас сум единец,па се останува на мене 8)
    Инаку мислам дека наследството треба да се подели подеднакво.Многу ме нервираат оние семејства кога ќе ги прашаш што ви се роди ти викаат дете(се мисли машко)и прават огромни прослави,па мекици,а кога е женско ќе речат само девојче е без многу прослави. |(
     
    На Lolo5 и Sarasweet им се допаѓа ова.
  9. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    И јас би сакала да слушнам мислење и од мажените девојки на форумот, па доколку не' читате навалете. :lol:
    И сите останати секако. :)
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.654
    Пол:
    Женски
    Прво ќе пишам дека се зависи од условите и од тоа кој колку имот има.
    Читам некои работи овде се пишани без добро да се размисли.
    Секој родител сака да им даде и на двете деца подеднакво. Но ретки се тие кои можат и имаат за да дадат. Јас верувам кога некој родител би имал два стана или две куќи рамномерно ќе им ги распредели и на двете деца независно дали се машки или женски, зошто сепак сметам дека во денешно време барем родителите не прават разлика кога станува збор за полот на децата(барем повеќето).
    Денес е проблем тоа што обично сите имаат по една куќа или еден стан и по некоја логика после таа куќа или стан си останува на синот, што по мене е сосем нормално и не гледам тука никаква дискриминација на жените. Мене понелогично ми е да видам сестра да се бутка и да бара една соба од станот на братот, стан во кој тој оформил семејство и го средувал. А има многу такви случаи. 50м2 стан во кој живее синот со родителите, а сестрата мажена на друго место, и по смрттта на родителите сестрата си бара дел, а тој дел не е ни повеќе ни помалку туку една соба. И што ќе ти е собата? Ќе се обогатиш со неа? Или пак ќе одиш да се буткаш и да живееш со братот и снаата само за да му докажеш на мажот ти дека си самостојна жена?
    Доколку и девојчето нема услови за живот или место за живеење, тогаш ај донекаде да разберам, ќе си речеш од мака зама дел, ама во друг случај :x
    Или ај вака да ги наредиме работите, се мажиш, формираш семејство, реновираш, уредуваш, вложуваш и утре ти доаѓа золвата и ти бара соба :) Не иде.
    Ама пишав и претходно, се зависи од условите, ситуацијата и од тоа кој колку имот има.
    Јас немам брат, мајка ми има, по смртта на дедо ми и баба ми целата куќа му ја остави на вујко ми, зема само една нива, не дека некогаш ќе работи, повеќе симболично за да има нешто спомен од родителите.
     
    На lolyta777, Sarasweet, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Hас веќе ни е поделен, јас имам стан од 40м2, спрат од куќа и викендичка, брат ми стан од 80м2 и спрат од куќа :) Cтанот уште не е готов, ама ајде му остапив на брат ми дупло повеќе квадрати, па утре тој ќе се жени, ќе има и деца нели?
    Hе сакав да бидам себична и да се карам за квадрат по дома |( Eдноставно ми се селски тие работи.
    Tатко ми убаво 100 пати ме праша дали се согласувам, да не дојде после до караници, и јасно и гласно реков да :)
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не ве разбрав точно што барате мажените жени да ви кажат :D дали го очекуваме најлошото па си бараме дел со време? Да имав брат ќе си барав дел од моите чисто да имам црно на бело за недај Боже...Макар било тоа и некоја мала никаква собичка, доградба некоја-ако се работи пример за мала куќа и ништо друго, и не би ја побарала на користење доколку вистина не ми затреба...Со нашиот стандард, со разводите овде кои не се нели како на филмови каде жената си заминува со половина имот, би сакала да имам каква таква сигурност иако не се оптоварувам со помисли на развод ниту пак да се вратам во куќата на моите да живеам, но не знаеме што носи животот...
    Сум за тоа да се остави поголем дел на оној (без разлика машко или женско) кој останува во куќата да живее со старите а со тоа и да се грижи за нив, иако овие работи ретко кој кога е засегнат може да ги размисли со ладна глава, туку едноставно секој си бара што повеќе, некогаш со еден единствен аргумент-и јас сум нивно дете...Ама не секогаш е така, кога ќе се разгледаат многу работи, кога ќе се земе во предвид големината на имотот и можноста за поделба на истиот, не е така лесно и едноставно да се реши без некој да се чувствува обесправен, а оттаму и честите кавги помеѓу браќата и сестрите околу оставина...
     
    На ibanez и Sarasweet им се допаѓа ова.
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Малце се претерува со поделба на имот во МКД .Неможе да се отиде со половина имот на мажот бидејки бидејки не е стекнат во време на бракот туку е пред бракот ,најчесто на родителите од машката страна.Мешаат баби и жаби жените што се разведуваат .
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Знам де, затоа реков дека не е како на филмови...
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.464
    Aко дојде до развод, не верувам дека има родител кој не би си ја примил ќерката и внуците назад, без разлика на тоа колку се лути синот или па жената :)
    затоа најубаво е да си единка, ех, пусти ние што не сме едно дете е работава :D
    братска делба да, ама сепак, тој што останува мислам дека заслужува повеќе.
    жената ќе си оди кај мажот (доколку е то во можност, и материјално е стабилен нели) Tака да не гледам причина зашто да се граба за повеќе и повеќе, нека се задоволи со делче во случај на црни дани, не дај боже :)
     
    На tessie и Sarasweet им се допаѓа ова.
  16. detektivdaniela

    detektivdaniela Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    Кај мене дома е исто така поделено помеѓу татко ми и тетка ми ОК таа тоа што сакаше си зеде, но кај мајка ми немаа многу и немаше што да делат. Меѓу мене и братми секогаш не гледаат исто и не учеа да делиме па дел од имотот има и на наши имиња. Кога јас би имала деца на сите подеднакво че им дадам да нема дискриминација и проблеми!
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. detektivdaniela

    detektivdaniela Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    доколку имотот е стекнат во текот на бракот тогаш при развод се дели на двајцата. Ако е пред бракот си останува на тој сто го има
     
  18. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    BoaVista нормално дека се зависи од условите и од тоа кој колку има и сето тоа треба да се подели пред да се омажи сестрата или ожени братот, (или и да се браќа или сестри, сеедно) за да не дојде до тоа да, некој гради, доградува,реновира како што рече ти, а потоа да го даде она што тој го создал.

    Секако дека со една соба плус не си ни побогат ни посиромашен но некогаш и една соба на некого му значи.
    Повторно да дадам пример. Имам познаници, средовечен маж, женет, потекнува од друг град, тука има изградено своја куќа, но нели сака некогаш со сопругата да си го посети родниот крај макар и на викенд.
    Другиот негов брат што останал да живее таму, поради тоа што сеуште не е поделен имотот и куќата, се однесува како целиот да е негов и буквално тие се како туѓинци таму.
    Секогаш одат на еден ден и ќе се вратат изнервирани бидејќи немаат ни интимност, ништо, немаат услови да поседат повеќе...

    Секогаш повторуваат "ех барем една соба да си имавме, да знаеме дека е наша, ќе си отидеме ќе си отклучиме, заклучиме, средиме, никој ништо не ти пререкува што си правел, колку си седел... "
    На нив таа една соба им значи.

    MSkorpionka не прашуваме дали го очекувате најлошото, скраја да е, само убави работи да се случуваат :) Прашањето беше да ни кажете ваши искуства по вашето мажење како се одвивала поделбата помеѓу вас и вашите браќа, сестри... (како што има пишано Лудото погоре)
    Инаку поделбата на имотот после развод, не дај Боже, доколку е стекнат имотот во брак тогаш би се делел подеднакво доколку не, не може да се бара нешто што не ти припаѓа.
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    По примерот на мојот сакан и ценет татко |( , кога всушност дел од причината за неговото спобудалување и отцепување од комуникација со цела фамилија и правење милион глупости и тортури врз своите а богами и врз мене, е едно ебано станче од 50 квадрати во кое ако прднеш во кујната мириса до спалната, и една куќа која додека ја поделија се сруши, имам само едно да кажам - Да сме живи и здрави, се тоа се печали и се прави.

    Не можам да замислам да се колам и да се бесам со сестра ми ради куќа или кој било друг имот. Ако куќата ти е побитна од мене, земи си ја, мене не ми треба. Тоа доволно кажува се за тоа каков човек си и кои ти се приоритетите во животот. А и домашниве гледам, барем од финансиски аспект, исто пари ни тргаат месечно со сестра ми за штедење и слично. Ако некој ден настане проблем, прва сум да се повлечам и попуштам и нека биде кое на кого сака, битно јас сестрата да си ја имам до мене. (Абе многу се сакаме во последно време со неа, цимери сме сега :rofl: )

    Ако мајка ми, не дај Боже, некој ден е неподвижна и треба да и менувам памперси, многу нормално дека ќе ја чувам и ќе и ги менувам и ќе ја бањам и ќе се грижам без разлика дали ќе добијам спрат од куќа или што ти знам. Како што сум запознаена, и таа мене ми ги бришела каките и мочките, па не добила куќа ради тоа.

    Жално кога парите пак се причина за кавга. А знам мал милион примери кога односите се заладени ради тие куќи и викендички и ниви. Едни роднини им стигна покана на суд, зошто не ја поделиле нивата со некоја трета братучеда која живеела во куќата до нив, па што ти знам некои глупости. Се изнервира човекот и зема цела нива и ја поклони на нотар. :D Сакаше нива во некое Свирипичино на кое само данок плаќаа ради големината, еве ти ја, повели.

    Будали луѓе.
     
    На imelda, maryJ, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не би зборела премногу детали зошто сепак не сум баш скроз анонимна на форумот но си имаме цел живот проблеми дома во врска со тоа. Да се прави галама и ука бука за секое квадратче од куќата, за секој сантиметар тоа ми се граничи со лудило. А имам таков пример :!: .

    Па мислам дека реално по некоја логика машкото е тоа на кое останува куќата, нели ако се работи како и во повеќето случаеви во МК кога родителите имаат обично една куќа. Јас стварно немам ништо против тоа или пак да сум љубоморна или којзнае што. Кога се има само една куќа нормално дека така ќе биде, обично женското е тоа што оди во друга куќа. Можеби за некој се застарени овие сфаќања ама сепак во ситуација како нашата мора да биде така. Друго е ако имаш доста кеш и можност да се купиш стан или пак да си изградиш друга куќа, тоа е веќе друга работа. Секако мислам дека и ако се повеќе деца, без разлика дали машки или женски нема да им ја затворат вратата родителите во случај ако се разведат или нешто се случи во иднина.

    Јас не би се карала за соби или пак спратови во куќата во која сега живеам. Немам ни сила, ни воља, ниту пак сакам да бидам алчна и да се замарам со тие работи... Ќе живеам овде додека е редно, за натаму ќе видиме.
     
    На Sarasweet му/ѝ се допаѓа ова.