1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поделба на имот по смрт на родител

Дискусија во 'Правни совети' започната од si.exs, 21 декември 2013.

  1. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Ме интересира кои права ги имам во врска со дел од имотот што ми припаѓа со оглед на тоа што сум полнолетна,по смртта на мајка ми ...( на кој беше препишан имотот-еден стан и куќа ,и од заедничкиот стан со татко ми ,за кој мислам дека на нејзино име беше 1/2. )
    Имам неколку прашања ,доколку би знаел некој со сигурност,премногу би ми помогнало со оглед на тоа што сум под притисок да го потпишам мојот дел(ветувајќи дека подоцна ќе биде препишан на мое име-изјава во кој и толку многу не верувам ,со оглед на многубројните случки од типот бркање на улица,по смртта на едниот родител.)
    Значи ме интересира

    -Од имотот кој претходно беше на име на мајка ми ,дали дел припаѓа и на татко ми ,или тоа важи само за заедничкиот стан?
    -Кои се можностите и најлошите варијанти и последици кои можат да настанат доколку јас не сакам да потпишувам ништо? Дали можи да ме тужат сопствениците на другите делови ,или нешто слично ?
    -Колку се наплаќа приближно во годината порез ,односно какви обврски имам јас доколку имам дел од имотот (а воедно не живеам во нив)?
    -Колку изнесува финансиски кога сакаш да препишиш имот на друг ? Информирана сум дека кога поклонуваш не се наплаќа воопшто,заради што и проиѕлегува таа желба од татко ми да го подарам мојот дел.


    Доколку знаете уште нешто во врка со ова,секоја информација е добредојдена.
    Се надевам дека нема иста ваква тема. :?:
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    На si.exs му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CherryPop

    CherryPop Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2015
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Татко ми почина пред неполн месец,разведени се моите,има и поранешна жена и две ќерки од тој брак,е сега куќата кај што живее и уште некој плац не се негови,туку на мојот дедо(татко му) и ништо не се води на негово име..Исто така има и една сестра,па има ли шанси барем нешто да добијам?Јас сум уште малолетна,а исто така дедо ми е човек во години и можно е тетка ми(сестрата на тато) да си препише се,таа е судика тука во градот..
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Мислам дека ако татко ти плакал алиментација на твоите полусестри нив не им следува од имотот. Не знам баш сигурно но ке се распрашам.
    Е сега за тетка ти судивката, нема право таа се да земе и не може сама се да си препише, туку ако дедо ти не остави тестамент, целиот имот се дели на децата од дедо ти ( татко ти и тетка ти). Потоа од таа половина на татко ти, тебе ти следува се ( барем така мислам дека читнав некаде), но можно е и тој дел да се дели на три, помеѓу тебе и твоите полусестри
     
  5. CherryPop

    CherryPop Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2015
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Тие го немаат видено последните 10-15 години,се немаат ни слушнато,буквално никаков контакт,ниту на нив ниту на мене ни нема плаќано алиментација,бидејќи мама е самохрана мајка и зема социјално тоа,но сепак и мама и јас бевме во многу добри односи со тато,и нормално секогаш кога има ми даваше пари колку толку,исто така и дедо.
    А за тетка ми,мислев на тоа дека дедо не е добар ни тој,го труе со апчиња и инекции,не може ниту да зборува човекот веќе,едвај оди,можно е да му лупне тие листови кај некој нотар и овој да си потпише(така направија со мојот прадедо)...
     
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Сакаш да кажеш дека и тоите биле разведени?
    Нема врска дали тоа тој контактирал или не со децата, а штом на ниедно дете не плакал алиментација, тогаш неговиот дел ке се дели на сите деца.
    За тоа што тетка ти го труе дедо ти со апчиња и инекции, тој не смее да потпише тестамент вотаква состојба. И да потпише тој е неважечки ако докажете дека кога го потпишал бил болен.
     
    На anakonda88 и MilaP им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Вака, ме интересира доколку нема документ потпишан за поделба на наследство, но пред смртта е кажано дека ќе се подели 40-60% имотот, а после смртта тој што живее таму одбива да го подели и дури физички се заканува, но битно делот не го давал...
    Со муабет работата е завршена, следно треба да се оди судски и да се бара тоа што припаѓа на тој што не му го даваат.
    Дали ако се тужи законски се добива делот? :)
     
  8. Spielrein

    Spielrein Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Секој има право да тужи за нужен дел според Закон за наследувањето.
     
    На eliesaab, cresa-jagoda, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    10.183
    Пол:
    Женски
    Законот не ги дели луѓето по пол.
    Ако нешто останува на децата од родителите и децата се машко и женско исто им се дели.Мислам дека ако не се сложат да се поделат сами може да се донесе одлука и да се продаде.
    Бидејќи куќа не се дели пример ама пари се делат.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Не е за машко и женско...
    И да, требаше пари да се дадат, никој не барал друго ама и тоа е одбиено.
    Не сакам да пишувам детали ама одвратна ситуација е и иако сме мирна фамилија, со години не се разговараше за тоа и се чекаше мирно, после ова толку ескалираше ситуација шо првпат сме спремни и на суд да се иде.
    Само ми требаат повеќе совети и искуства на темава.
     
  11. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Дрим, по закон доколку не е оставен тестамент, имотот се дели пропорционално меѓу наследниците. Во случајов ако се двајца, 50:50. Е сега бидејќи се договориле 40:60 тоа може да го бараат на суд, и така ќе биде поделен имотот. Во секој случај, доколку двајцата се наследници, не може едниот да земе се.
     
    На cresa-jagoda, Gosh, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Доколку нема тестамент пред тоа, имотот се дели подеднакво на сите наследници. Така да може да се оди на судење.
     
    На cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Законски судот дели 50:50 доколку се двајца наследници, а тоа што се разговарало дека ќе биде 40:60 не важи доколку претходно нема оставено некој пред договор или тестамент како да се дели имотот после смрта.

    Многу полесно ќе се пресуди ако се дели 50:50 и двете страни се согласни на тоа, а во овој случај делото ќе ви оди неколку години сигурно.
     
    На Кена Рис, cresa-jagoda, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Ако нема документ на суд се дели 50:50. Џабе му е да се заканува, ако е "поделен" само на муабет. Без тестамент се дели 50:50.
     
    На Кена Рис, CameliaMiller, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  15. yourfavoritegirl

    yourfavoritegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2020
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    797
    Пол:
    Женски
    Делот си е ваш, само треба да се има документ црно на бело, имотен лист... По правило колку што знам треба да се најди адвокат, судот прави „идеална половина”, не 40:60 и потоа може да се покрене постапка за физичка делба. Тоа може да потрае некој месец, но не сум сигурна, нека каже некој правник за посигурно. Како и да е ако сте законски наследници, никој не смее да ви го земе делот.
     
    На cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  16. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Доколку нема оставено тестамент пред смртта се оди на суд и судот дели еднакво на сите деца, во случајов би било на два дела.
    Ако веќе е договорено 40-60 може и така, ама тој да каже дека ништо не дава не може.
    Тој нема никакво право да одбие да го дели наследството кога нема ништо на негово име и доколку се оди на суд ќе се подели правно без оглед дали тој сака или не.
    Ситуацијата можеш да ја објасниш убаво на некој адвокат и да се договорите за постапката.
    Немој да се грижиш воопшто, кој што сака нека каже правото одлучува на крајот.
     
    На Dream-Girl, yourfavoritegirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    5.307
    Постапката е неколку месеци.
    Сега зависи како работат.
     
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Секоја постапка може да се реши и со едно рочиште, но мислев на тоа дека обично две страни кога ќе се заинатат, секој бара своја правда, таквите случаи се одолговлекуваат.
     
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    5.307
    Нема тука кој што да се согласува.
    Ако не е оставено тестамент се дели по пола.
    И да. Најчесто постапката трае неколку месеци, освен сега со короната ако нема некоја промена.
    Ако една од страните е незадоволна и поднесе тужба одлуката ја донесува второстепена комисија.
    Тоа трае неколку месеци.
     
    На Dream-Girl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.769
    Допаѓања:
    259.724
    Дали е започната оставинска постапка?
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.