Не сум во брак, ама наскоро ќе бидам, па сакам да споделиме некои мислења во врска со улогата што ќе ја имам како домаќинка. јас сум вработена исто и тој, па сметам дека не треба се дома јас да работам, еве уште сега тој мие садови, јас перам алишта, понекогаш готви , ама не претерано. Кога го чистиме станот ги делиме просториите за чистење по пола. Мислам дека е тоа исправно, да не сум вработена , би прифатила да средувам се јас сама , вака не сакам да се чувствувам како слугинка, што мислите вие, ваши искуства ?
Потполно се согласувам со тебе. Порано кога мажот бил глава на куќата - тој ги носел парите дома, жената била таа што седејќи дома по цел ден чистела, готвела, чувала деца.... Но денес е сосема поинаку, па доколку и двајцата партнери се вработени не е праведно само жената да ги извршува сите „домаќински„ работи, ама кај нас сеуште владее „Балканското„ понашање. Јас лично кога ќе бидам во брак, ако сме вработени и двајцата, па кога ќе се вратиме од работа тој да се фати за далечинскиот и да гледа фудбал а јас правец во кујна или на чистење.... мало морген.
Денес веќе нема машки или женски работи,за ништо.Иако имам само 17 год. скоро 18 мислам дека убаво е да се поделат работите во домот.Не е лошо и мажот да знае да готви и жената да смени сијалица,од проста причина утре да се разведат,мажот зар треба да умре од глад или жената да седи во темници..
ciribiribela, одлично сте ги поделиле работите. Само така ќе имате и повеќе време за двајцата и ќе бидете поодморени. Домашните обврски се заеднички, како што е и домот. Подоцна и грижата за децата ќе мора да ја поделите. Ние имаме две. Мажот ми навечер го средува постарото, а јас бебето. Единствено што не прави е готвење (само вечера прави) и пуштање машина (машината му е покомплицирана од компјутетрот ), ама пак затоа ги спружа алиштата на тераса. Најважно е да се знае дека ниту ти него му помагаш, ниту пак тој тебе....МЕЃУСЕБНО СИ ПОМАГАТЕ.
Кај нас нема машко-женска работа. Јас кога сум на работа, а он е дома он си средува. Јас кога ќе дојдам садче нема во кујната. И обратно нели Кога сме си двајцата дома си ги делиме обврските, јас ова ти тоа. Уште пред да живееме заедно си имавме договор. Знаеше дека нема да биде далечинското во едната рака, другата се знае каде
Ми се допаѓа што гледам дека и вие функционирате како нас , мислев да не претерувам , ама поарно од сега да си знае што го чека, па кога ќе се земеме да нема проблем Доста беше она од турско време , жената е за во кујна , станавме доста рамноправни
Дали оние жени кои се залагаат за рамноправност во бракот во однос на машко-женски работи во смисол сопругот да пере, готви, чисти и сл. имаат поминато час или два во поправка на автомобилот (кој и двајцата го користат), чистење на снег во дворот, цепење дрва, качување на кров и чистење на оџак, поправки низ домот (расипана перална, бојлер и сл.) итн. Јас лично не правам ни една од горенаведените работи. Ако не ми се готви денеска, нема да готвам-не е проблем, ако го замолам него, нема да ме одбие-пак не е проблем...Но да го терам да го работи тоа исто колку и јас-не. Си сакав алфа мУжјак-си добив (вие наречете го балканец ако така милувате) и немам намера да го претварам во папучар (таков и јас прашање е дали би го сакала) како што не сакам и тој да ме претвара во машкуданка со чекан или штрафцигер во рака... Помош-да, замена на улогите-не...
Кај нас нема некоја си типизација и поделба на работите. Се е договор и кој што може и кога може. Некои типични женски работи што е право право е не му дозволувам да ги прави (пеглање, перење на рака ) а и обратно (не цепам дрва за зима, не чистам снег ). Што и да побарам од него знам дека ќе заврши и не му е тешко (да оди на пазар, готви, ...)
Секако дека за се треба договор па и околу обврските во домот.Не треба да има машки и женски работи .Е сега ,сигурно дека жената нема да земе да го преместува сама шифоњерот од една во друга соба или пак тој да....(не ми текнува ни една работа која е исклучиво женска ,која мажот неможе да ја работи ,освен раѓање и доење на дете) Како и да е ,совет до помладите-разговарајте од самиот старт на заедничкото живеење за обврските околу домот.Ако си ги заучите партнерите од самиот почеток(седи ти ,јас ќе завршам)после малку потешко ќе оди тоа да стане и да пушти правосмукалка ,да собере алишта и сл.Ова ви го кажувам од искуство. Јас како јас ,се можев сама,се знаев,се умеев.Ама едно дете,друго дете,на работа и стварно веќе немаше смисла.Кога почнав да барам помош од него ,олеле мајко,не дека не сака да помогне,туку нема поим што и како. Уште еднаш ,совет,стартувајте од почеток со договор ,па лека полека ќе си се поднаучи и машина да пушти и да усиса и да изџогира и то
кај нас обврските се поделени он уклуцува масина за перење и спрузира, јас пеглам он уклуЧува масина за садови, јас распределувам потоа јас Чистам, он фрла губре тој сто го поминал денот дома, или попрв се вратил од работа готви(иако најЧесто јас правам пред јадење, главно јаденње, десерт..а он набрзина некој стек, пица или тестенини, ама Човек кога е капнат не наога мана,вазно се потрудил, колку толку), а ако никој нема волја јадеме надвор. пазаруваме заедно не ми текнува за други работи во домакинството, мегутоа отприлика се е распределено
дома кај нас од прилика да речам сме за некој работи поделени...на пример мм ја коси тревата во паркот,тој поправа нешто ако треба,може да помине со смукалката,и некој така работи...е сега јас сум дома по цел ден со детето,ама пример кога ке ручаме ке ја раскрене масата...не готви,не пери на рака,не ја пушта машината за перење ама ке ги извади и ке ми помогне да ги спружиме...и на вечер ко ке седниме пред компјутерите двајцата
Извини ама морам да те поправам никого неправис папучар, зашто да не си помагате еден на друг неразбирам, еве јас сум слободна не работам цело време сум со децата така речено, но знае многу да ми помага знае купатило да очисти знае да ми помогне околу кујната оклу децата да ги избања и др. Сами сме од наша 3 година брак и секогаш ми помага, сега има повеке работа на работа и затоа јас си земав жена за средување не секогаш, за поголеми работи сепак имам помош. Кога треба да излезе неправам проблем и не му викам дека треба да се среди тоа и тоа слободно иде но и јас кога треба некаде да идам одам без проблем, Девојки и жени помагајте си едни на други тоа е мојот совет
Особено ме нервира кога некој ќе рече: „Каква домаќинка е мажот чисти„. Значи во истиот момент би станала да му скршам глава за да се освести дека заостанал некаде на почетокот на 20 век. Значи се е до човекот. Понекоаш мажот има такво банално мислење ама може да се промени. А ако не се промени и само жената работи по дома тогаш со двајцата нешто не е во ред