Пред некоја недела, (од прилика четврти април), на порталите осамна вест која во почетокот се чинеше 'наивна'. Во екот на оваа пандемиска криза кога фокусот е центриран на здравје и пронаоѓање лек, јавноста е дистрактирана и оваа ситуација изгледа безопасна, но дали е навистина така? Како одминува временскиот интервал, забележуваме дека и покрај обидите на пожарникарите и пилотите да го стават под контрола пожарот, изгледа тоа не е лесна задача. Според истражувањата и статистиките (кои ако се веродостојни сме веќе во сериозен проблем), нивото на радијација е за минум 16 пати повисоко од досегашното. А за проблемот да биде уште поголем, според тврдењата на медиумите остануваат само неколку километри растојание до "главната зона". Затоа сакам да чујам ваши мислења. Дали мислите дека постои реална шанса за да доживее 'реприза' на 26 април 1986, или сето ова наскоро ќе 'заврши'? Секако, доколку се изостави фактот дека веќе имаме повишено радијациско ниво кое и онака го имавме претходно во оваа зона, како и низ целиот Европски континент. https://www.bbc.com/news/world-europe-52274242 Воедно ја користам приликата да се извинам на модераторите доколку веќе постои ваква тема.
wow Во нормални услови ова би било тема број еден. Сега дури ја читам веста, се осеќам многу неинформирано. За среќа, прочитав дека веќе го изгасиле пожарот, осносно помогнало тоа што заврнало дожд Страшна ми е помислата колку сме обземени со коронава, што една ваква катастрофа од овие размери може да помине скоро неприметно.
Точно Безименка. Под ваква панична хипноза може работи буквално да се случат дур трепнеме и потоа да не знаеме што не снашло. Медиумите се одговорни за целокупниот дефокусирачки хаос. Меѓувреме, пожарот сеуште не е згаснат.
Баш ме чуди зошто не известуваат за пожаров, кажаа само еднаш на вести и толку. Мислев дека е изгаснат, ама ете за жал не бил. Треба да се сврти вниманието кон пожаров и што повеќе држави да се вклучат за да се изгаси... доста е веќе со Коронава. Ако се повтори истата катастрофа не ни сакам да помислам што се ќе се случува, последиците од радијацијата ќе се чувствуваат и траат со години. Ќе има голем број жртви, мртво родени деца, разни болести и мутации, животните ќе страдаат итн. Коронава е нула во споредба со ваква катастрофа. Штета што од преголемата паника за вирусов ние сме "слепи" да ја видиме вистинската опасност.
Не ми се верува еј Украинциве ја прават повторно истата грешка. Кријат за големината на пожарот, а јасно се гледало на сателитската снимка. Пак радијацијата не била зголемена после пожарот, аха да сигурно
https://www.google.mk/amp/s/amp.the...ain-has-helped-extinguish-flames-says-ukraine Прочитав дека дождот помогнал да се изгасне пожарот, а сега па ми излезе некоја статија дека имало уште некои, ама биле под контрола. Колку може да им се верува на тамошните власти не знам, според претходното искуство. Нема доволно медиумска покриеност, сепак Украина е таму некаде подалеку за Западна Европа. Секогаш медиумите се фокусирани само за тоа што директно нив ги засега. Веќе ќе дишат радиоактивен чад, ќе пропатува низ Украина, може и околните земји. Не сум стручна да знам до каде ќе отиде, ама дефинитивно е потенцијално полошо од коронава за жителите таму.
Ќе прикачам утре фотографија од AirCare, и известувањето кое го добивме на 23 март околу патување на ,,чудни аеросолни честички" низ Европскиот континент. Украина може многу лесно да направи и заташка било што доколку сака овој период. Иако нема зошто, доколку пожарот не е предизвикан од човечки фактор. Пресметката на степенот на радијација очекувајте го во писмен извештај од прилика крајот на јули.
Сериозно сте си ова? Вистина е? Гледам пишува пред некоја недела избувнал пожарот и никој медиум не извести за оваа вест, можеби во ваков период не е тема бр 1 ама да не се спомене ниту еднаш не е во ред. Да не отворев случајно немаше ни да знам, никаде не налетав на веста. Инаку мислам дека не е можно да се случи истото сценарио од 1986 година. Искрено на некој начин разбирам доколку Украина се обиде да сокрие нешто, не го подржужувам но на некој начин разбирам, во ваков период ова е една од работите кои не сакаме да ги слушнеме е ова, психичкото здравје моментално на многумина не им е во ред, а оваа вест може да биде капката што ќе ја прелие чашата.
Yup. Dead serious. Според фотографијата делува како да има само чад, иако е ова нов пилот скрин од височина направен пред 15 часови од прилика. Патем, не инсуинирав на буквална реприза, бидејќи реакторот веќе нема јадро, па така и нема што да експлодира... Но, самиот факт дека радијацијата е зголемена за минимум 20 пати со секој километар приближување, треба сериозно да не замисли околу последиците. https://www.nbcnews.com/news/world/...dfire-highlights-dangerous-tradition-n1186036