Забележав дека на форумот често се форсира тезата дека кариеристите се некои немилосрдни луѓе, вообразени, самобендисани, па тие или немаат деца или се лоши родители, па тие само работат и немаат приватен живот, итн. Тоа ме натера подлабоко да размислам на темава. Со мене учеа деца на кариеристи и деца на работници. Првите децата ги воспитуваа со совети и насочување, другиве со некои забрани, нема ова, нема она... Децата на кариеристите беа лагодни, живееја самостојно, мама, тато, две деца, а другите кои беа од семејства без кариери, во заедници, каде има повеќе генерации и ако ти сакаш да учиш, друг си пуштил музика, ти пречи, ама мораш да трпиш. Кариеристите секогаш поцврсто стоеја зад своите деца. Ако треба студии во странство, за нив не беше проблем, додека другите дури и за студии во Скопје негодуваа поради немање пари. На пример една другарка уште како дете секое лето одела на море, многу летувалишта во регионот ги посетила уште тогаш, татко и ја внесе во бизнис, и отвори фирма, ја подучи како да работи, а од друга страна со мене учеше девојче кое секој ден минуваше по 5-6 км до школо назад, за да не плати градски автобус и да има за ужинка. Родителите и беа чевлари, денес таа е со кариера. Можеби темава ќе звучи сурово, но ете сакав да ја разбиеме дилемата дека кариерата е нешто лошо, грев, не таа бара жртви, но носи и благодети. Можеби нема да се согласите со мене, но кое е вашето мислење? Зошто нечија амбиција за подобро веднаш добива етикета во ова наше општество со некаков став "ма тој, таа брка кариера".
Поглупаво поставена тема одамна не сум прочитала. Богати, средни, сиромашни, испомешано се на куп. За кариери ли збориш за воспитување ли, за сиромаштија ли, за која предрасуда попрво да почнеме да збориме? И каде тоа на форумот се потценуваат кариеристи?
Нормално е ако имаш кариера да имаш кеш и утре детето да може да студира каде сакаше. Многу ми фалеше мајка ми одреден период во животот. Се беше на работа. Ама па се што ќе посакав имав..Едно време посакував да сум братучед ми. Да живеам во трошна куќа ама мајка ми да е дома. Сега, како родител, не сум кариерист, да патувам, да работам по 15 часа на ден... ама сепак можам да речам дека детето може да студира каде сака (макар и приватен). Едноставно е. Или ќе се откажеш од многу заеднички моменти за да пружиш се, или обратно. Вака кога зборам, сфаќам дека сепак моево има среќа...
Јас не сум кариерист, а како друг ме доживува, субјективно е. Темава не е за мене. Има тема кариера и родителство, така нешто и беше пишано дека кариеристите никогаш нема да имаат семејство во вистинска смисла на зборот. Не само што кариерата не е лоша, според мене, туку на Македонија и требаат вистински кариеристи за да тргне напред. Без работа нормално дека немаш кариера, немаш пари, сиромашен си. Тоа е врзано донекаде. Ако повеќе знаеш, повеќе можеш, повеќе заработуваш, повеќе си прошетал, па и на крајот со поголемо животно искуство ти ба детето ќе му дадеш совет, ќе го насочиш, ќе му овозможиш повеќе.
Баш така. Ако треба на сите приоритет да ни е 40 часа неделно, кој ќе гура напред!? Само тие што немаат родено ли...
Ќе имаш многу пари, отворени врати секаде и лична сатисфакција. Друго позитивно нема. Инаку глупавото е што вришти од предрасуди темава во воведот, а самата тема е убава, но не верувам дека ќе поттикне некаква дискусија. Што да кажеме? Ќе имаат пари, малку слободно време и тоа е тоа. Кој каков сака живот, таков си води.
Темата може да се гледа од повеќе агли. Може воведот ми е предолг со цел да објаснам без кариера и со кариера каков е животот. Е сега, кај нас секој различно ја дефинира кариерата. Не секоја жена што сама си купила гаќи и влошки има кариера, не, тоа е задоволување на елементарни потреби. И да бидеш кариерист не значи дека ќе работиш 20 часа во денот, кариерист ќе бидеш и со 8 часа ефективна работа. Кој работи по 12, 15 часа кај нас? Евентуално текстилците сосе прекувремено, кое не е ни платено. Тоа не е кариера. Тоа е измачување со цел едвај крпење крај со крај. Еве сега како поединец би била благодарна кога некој кариерист би седнал и би направил фер даночна реформа, а тоа веројатно нема да се случи. Муабетот е Македонија е полна со профитери, а не со кариеристи. Да имаше толку кариеристи како што се коментира ехх, кај ќе ни беше крајот? Темата не вришти од предрасуди. Што и да пише човек, сегде се наоѓате повредени. Еве јас не студирав надвор оти моите не беа ситуирани, да беа ќе беше друго. И сега предрасуда е или вистина?
Колку потценуваш. Најизмачени се текстилците, повеќе чесна кариера од мафијашите политичари сигурно имаат. Ама за нивната кариера ќе викаме основни елементарни потреби задоволувале, а за политичарите кариеристи биле. Дајте клуч на темава, нема смисла.
Ама зошто се е потценување за вас?Па нормално дека се измачени, и со празни џебови. Еве текстилци ми кажувале дека имаат работено на Нова година, товарале камион во 21 навечер. Кој кариерист работи на 31 декември во 21 часот, па демек се пребиле од работа и немале време за семејство? Што и да пише човек абе се е потценување, како да не знаеме каква е состојбата во Македонија. А кој спомна политичари? Експерт ќе ти направи добра даночна реформа, не политичар.
Ај среди си ги мислите, напиши си на лист па после отварај тема и пробувај да развиеш дискусија. Многу кариеристи работат по 15 часа на ден, многу обични работници работат по 8. И што е битно во случајов, времето или парите? Не знаеш кај тераш. И зошто воопшто мешаш текстилни работнички? Демек имале најголем дел од нив во посранава држава избор помеѓу машина и кариера светла па ај од мрза машина одбрале.
Положбата е илузија. Пак работиш за други пак зависиш од друг дали ќе ти покачи плата или не. Зависиш од нечија милостина. Илјадници има што немаат пред своето име BDM или CEO или м-р па млатат десеткратно повеќе пари од нив.
Ти објаснуваш дека може без титула да се прави кеш. Ок, тоа го знаеме. Ама темата не е конкретно за тоа...
Извинете ако некој се навредил, се препознал, но, сите кариеристи кои ги знам на 31 декември се надвор од Македонија, се шетаат со семејства, се релаксираат. За празници најчесто патуваат. Но, можеби е тоа само мое искуство. Текстилци наведов како пример, исто е со чевлари, трговци, па и обезбедување, и ред други кои работат за мали плати и се цело време на статус кво, а работа колку сакаш.
Кариеристи се мои комшии. Три фабрики, станови во Грција и Бугарија, патуваат цело време. Тоа е економска слобода. Разни титули, унапредување и се останато нишо не ти вреди ако нема економска логика.
Kade potcenuva citiraj mi Ubavo pishuva deka se izmacheni, kaj vide potcenuvanje. Eve ti citirana poraka, preprochitaj si. Inaku temava e super. Poddrzhuvam karieristi (da se posveteni i na karierata i na familijata). Poddrzhuvam lugje koi sakaat da vlozhuvaat vo sebe, da se podobri vo svojata profesija i kariera, voedno i zatoa sho karierata mnogu go olesnuva zhivotot i na roditelite i na decata.