1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Позитивни и негативни искуства со адвокати

Дискусија во 'Правни совети' започната од Luciferka, 15 јули 2021.

  1. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    На оваа тема можеме да дискутираме за позитивните и негативните искуства со Адвокати.
     
  2. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.940
    Пол:
    Машки
    Со оглед дека ја работам истата професија малку е иронично да дадам прв свое мислење, али треба да се ,,крши" мразот :)

    Значи сум имал и позитивно и негативно искуство, и на адвокатите им треба адвокат понекогаш во живот, негативното искуство ми е не кревање на телефон откако веќе сум го ангажирал мојот полномошник, значи нередовно информирање до каде е работата по предметот, другиот случај ми е поднесување на тужба без докази, за кое буквално се извадив од такт, а се дадено од моја страна.
     
    На eliesaab, Tanjamm, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.788
    Само негативни искуства со адвокати од угледни фамилии :) Со другите и такви и такви.
     
    На Guns N` Roses, smile:), Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  4. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Се изнасмеав :rofl:
    Многу реално кажано, во различни професии кај нас често (читај со исклучоци) тоа што е професија со генерации наследена најчесто е со мала мака и ука и олеснети околности :angel: добар совет :!:
     
    На Anie93, Nikolina35, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LadyMau

    LadyMau Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2020
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    136
    ако не е доволно вреден и доволно сигурен предметот,
    не се нафаќаат.
    јас искрено мислам дека и намерно одбегнуваат ефтини
    предмети бидејќи судиите, ако не се поткупени, еднаш
    има даваат победа еднаш губиток за да се порамнат
    „вагите на правдата“.
     
    На Tanjamm и Luciferka им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Не сум имала негативно искуство лично, но членови на мојата фамилија кога одеа кај адвокат за оставинска постапка, тој буквално почнал да им се дере. Ок, може тие се прости, не ја знаат материјата, ама не е во ред да се дере. Тој адвокат потоа си стана директор на едно ЈП.

    Не знам зошто, ама често адвокатите се смета дека се арогантни, од интерес, дека се нечесни, фаќаат врски кај судии и слично. Друго, фамилијарно кога ќе видам мајка и татко правници, па и децата правници, тоа ми создава сомнеж дека луѓето имаат врски и дека ги користат врските кои нивните ги создале. Мене тоа ми е некако нечесно. Ако грешам поправете ме.

    Друго, дали адвокатски соработник е всушност само потрчко во адвокатска канцеларија или сепак не е така?
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Што е со мислењево? Никој не е роден експерт-сештолог, ако не се упатени во некоја материја, немале време во животот да ја проучат, не значи дека се прости. Плус, не е забрането да имаш нејаснотии. Тој се дерел зашто самиот е прост и умоболен, се надевам твоите не продолжиле да одат кај него.
     
    На Biljarkata, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Па тоа сакав да кажам, штом им се дере, сигурно ги смета за прости. Тие се обични луѓе, не се правници, а отишле кај него и му платиле за да им помогне.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Искомплексиран, осетил потреба да се издигне над некого за да му биде подобро со самиот себе. Оној што не може да се справи со фрустрациите и напаѓа рандом жртва, згора на тоа клиент од кого јаде леб, е всушност прост, нема што он некого да смета за нешто. Не продолжија да ги користат неговите услуги, нели? Штета што во оваа т.н. држава претежно вакви неотесани, опинци се докопуваат до функции ради среќна околност (врските) и после не ја бива. Епа нема да ја биде.
     
    На Guns N` Roses, cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Toлку беше. Таму и застанаа со постапката и до ден денес не се поделија целосно.
     
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Епа ради такви луѓето не си ги бркаат работите на време и цело мк општество е несредено.
    Ќе речев да го пријавеле во адвокатска комора, но јасно дека е бадијала тука, само проблем можат да си направат.... али барем да го обрукале.
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Кај ќе пријават? Пред извесно време ми требаше адвокатска комора, сакав да прашам нешто, и никој не крева телефон.

    Инаку, пред повеќе од 10 години службено имав соработка со адвокати. Ѕвонко Давидовиќ ми остави најдобар впечаток. Човекот сите закони од А до Ш на памет ги знае, а не како некои, за материја која секој ден ја работи, дали ќе се имотно правни односи или бракоразводни парници, абе кога ќе отвори да се потсети во законот, за некој член, 20 минути не може да најде што бара, да се потсети, а секој ден тоа го работи. За мене Ѕвонко Даводовиќ е име и поим за многу адвокати. Често се појавува на Тв дебати, и тоа е плус, сепак ќе го види народот.
     
    Последна измена: 18 јули 2021
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Адвокат што се дере на своите клиенти, тоа се граничи со здраворазумно адвокатот во никој случај не смее да го направи тоа а доколку се осмели такво нешто треба веднаш низ врата, не може да ви се дере некој што вие го ангажирате и му кеширате.
    Точно е дека адвокатите се арогантни, но нечесни не би рекла, Врзани со се и секого.
    Адвокатот треба да биде Арогантен кон спротивната страна да му направи страв, стрес, наметне свое мислење на судија и сл.
    Не би се сложила дека адвокатскиот соработник е само потрчко во адвокатската канцеларија, тој е тука да го совлада правото на практичен начин, и да биде со просек 10 повторно му е потребно практично усовршување, сосема нешто е друго е тоа што се учи на факултет од тоа стекнување на вештини преку пракса која ќе те осамостои во иднина да можеш и своја канцеларија да си отвориш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Токму таа ароганција влева страв и несигурност кај странките. Инаку, велам дека се нечесни затоа што во поширокото мое семејство, еден роднина кој беше на функција си средил со адвокати, нотари, и туѓа нива си ја префрлил на свое име, си завел во катстар. Жената која е сопственик на нивата, а ниту ја подарила, ниту ја продала, беше разочарана и бараше да и ја плати кога веќе така направил, но тој не сакаше.
     
  15. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Треба да влева страв и несигурност, но само кај другата страна. Вас напротив вашиот адвокат треба да ви дава сигурност и доверба во текот на целата постапка ако не е така ако имате несигурност и недоверба во вашиот адвокат најдобро е веднаш да се побара друг адвокат.
     
    На JoleneM и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.223
    Допаѓања:
    165.818
    Така и на доктор може да ти се дерат, јер не ја знаеш материјата па си се разболел, или на каса, јер немаш точно пари, или во ресторан, јер не знаеш моментално баш какво кафе сакаш, итн, и така наваму...
     
    На Luciferka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Колку време би требало еден човек да биде адвокатски соработник? Колку години? Што ако некој цели 15 години пример е адвокатски соработник? Дали тоа значи дека тапкал во место и не се докажал?
     
  18. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Зависи од човек до човек колку и како ќе биде адвокатски соработник за колку време ќе стекне пракса и искуство да може самостојно да се снајде и да има искуство во реалното право а не на правото од учебник, тоа треба сам приправникот да го осети кога е способен самостојно да се снајди.
    Сепак 15 години е нешто премногу ако толкав период и не се чувствува самостојно да работи најдобро е и до пензија да биде приправник одколку да запусти сопствена кариера и животите на клиентите.
    Значи ако се чувствува способен треба моментално да почне самостојно да работи.
    Еве јас би рекла до 5 години да биде приправник после 99% се способни самостојно да настапат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214


    Јас познавам таков случај. Родители правници и двете деца правници, при што постарото дете работи кај помладото како соработник. Нелогично ми е тоа што некој на 42 години е соработник во адвокатски биро на сестра си која патем е неколку години помлада. Можеби и родителите си ги форсираат децата, не знам. Ако јас се занимавам со нешто, не мора да значи дека и моето дете ќе има капацитет за истото.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Baby....2

    Baby....2 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво, незнам дали ова е за овде ама би сакала да ве прашам за искуство во врска со адвокатот васил панчевски?