1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Познавање на повеќе јазици - работна перспектива во МК

Дискусија во 'Образование' започната од Verdzini, 24 јуни 2012.

  1. Verdzini

    Verdzini Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира вашето општо мислење каква е перспективата со познавање на повеќе јазици кај нас во Македонија. Се наоѓа работа лесно или пак можеби некоја струка е подобро решение? Хелп ве молам ;(
     
  2. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    Sovet !!! :\

    па незнам зависи кој јазик..кај нас во државава и онака се е со пријатели и врски..по мое мислење кај нас нема никаква перпесктива не само за јазиците туку за се општо..така да ако имаш шанса заминувај што побрзо од тука оти нема аир :D
     
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Sovet !!! :\

    Па добро, сепак не се работи за толку голем проблем што ти дошло до плачење и до отварање нова тема кога веќе има неколку на кои можеш да го напишеш својот проблем, зарем не?
    Ама ајде, да го одговорам и прашањето. Се наоѓа работа како професор во основни и средни училишта, преведувач во фирми (а, речиси на сите фирми им треба преведувач), судски преведувач, преведувач на книги во зависност од тоа кој смер си одбрала да го учиш на факултет.
    Е сега, има разлика меѓу ПОЗНАВАЊЕ повеќе јазици и поседување ДИПЛОМА за завршен филолошки факултет. Со само познавање нормално дека никој не ти дава работа, секој работодавец ќе го интересира дали имаш соодветно образование за таа работа.
    А, ако останала работава на познавање може да се вработиш некаде како рецепционер. Друго не знам што да ти кажам. Всушност има уште една работа. Друг пат пишувај со кириличното писмо! :)
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Зборувам 2 јазика одлично, плус трет послабо и не мислам дека има некоја голема корист, освен ако еднаш во година негде случајно сретнеш некој странец па си направиш муабет. Вреди да се снајдеш кога си надвор од држава, во очите на комшиите ќе бидеш многу паметен, ако збориш 2-3 јазика, ама фајде големо нема во пракса. Од јазици тешко се вадат пари кај нас.
     
  5. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Зборувам течно англиски, француски, италијански и дански, а знам малку и германски и шпански. Помагат, но неможе врз база на тоа да добиеш добра работа... Но ако имаш и некој факултет, полесно можеш да влезеш во фирма која има и интернационална соработка.. Плус, никоаш не знаеш когам ке ти дојде паметот да извадиш бугарски документи, со знаење на јазици имаш повеке можности потоа :)
     
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Ми ја погоди поентата. Помагаат малку јазиците, добро е за себе да знаеш повеќе јазици. А дека ако отидеш на интервју и кажеш дека знаеш 3 јазици ќе те ценат повеќе не верувам. Да имам сега 22 год, ќе загреам столчето и ќе аплицирам преку агенцииве наши иако се многу малку.Е за такво нешто, работа на брод или слично си треба јазик и тоа течно говорење.
     
  7. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Со поседување диплома за завршен филолошки факултет може да се најде работа како професор, преведувач и т.н, а со само познавање на повеќе јазици може единствено да си го збогатиме CV-то при аплицирање за работа иако не верувам дека тоа игра некоја којзнае каква улога, но сепак ете...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.