Темава сакам да ја отворам, за ставање слики од храна и пијалоци кога одиме некаде во ресторани, кафичи, кафеани. Гледам дека сепак се прават грешки на Фемина инстаграм каде ЗАДОЛЖИТЕЛНО е ставањето на домашно правено и се става слики од други места. Затоа, овде да пофалиме доколку некаде нешто ни се допаднало, доколку нешто само на изглед било убаво и слично. Задолжително е да се напише и името на ресторанот/кафичот за да не се создаваат многу оф-топици. ----------------------- Потсетување од модератор Почитувани членови, Би сакала да Ве потсетам дека е пожелно пишување на името на локалот и локацијата на сликите кои што ги прикачувате во темата. За сликите кои не содржат име и локација, може да не исконтактирате во порака, и името ќе биде додадено. На ваков чекор се одлучивме со цел да се намали шансата за злоупотреба на слики, како што имаше случаи во минатото. Со почит, Модераторски тим @Dust и @CrazyOne
Мене темава ми се допаѓа, ама само ќе додадам ако не е проблем да пишувате што јадење/пијалок е и во кој кафич е Пример ти оваа слика што си ја поставила ептен ми се допаѓа и ме интересира каде е порачано ова? За шејк се работи така?
Пица, пастрмајлија и шопска; Начос, печурки на скара и печени компири со сланина; Њоки со четири вида сирење и бело вино; Пица и пастрмајлија; Помфрит; Шеф салата и помфрит; Чизбургер оброк; Топено сирење со додатоци; Профитероле и банана сплит; Чоколадна лава со сладолед, или топло-ладно;
Не би било лошо да се пишува и местото-ресторанот. И по некој коментар дали е вкусно, барем да знаеме каде е вкусната храна
Едно големо браво за темава,иако јас мислам дека фемина истаграм не треба толку да е битно дали дома си го правел или си во кафана колку што е битно како изгледа сето тоа,а како што е фемина истаграм е наменето да се ставаат само домашни работи немам јас досега слушнато дека на истаграм се става само домашно ако е за така нека се вика фемина истаграм домачица