Покана само ако имаш/немаш деца

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snowflake99, 25 февруари 2023.

  1. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Појава што станува се почеста во околината.
    На свадба те канат без деца ако ги имаш, а порано сме оделе цели фамилии и никаков проблем немало. Да речеме ова е од финансиски аспект и можеби до некаде разбирливо, но има ситуации кога е многу навредливо.

    На пример, неодамна ми се случи другарка од средно заедничка на мене и маж ми да прави роденден во кафич. Нас не не викнала зошто сме имале мало дете и сум била бремена, што ќе сме правеле таму, се биле слободни луѓе без деца, до доцна ќе се забавувале. Имав спремено и поклон знаејќи дека и се ближи роденден и да не можев да отидам во кафичот, планирав на гости да и го однесам подарокот или ќе најдев некоја друга прилика. Многу се разочарав.
    Први сме во друштвото што имаме дете и многу често ни се случило да не не викаат повеќе заради оваа причина, не сакале луѓе со деца, завиено во културна форма "имате дете сега, сигурно нема да можете да дојдете".

    Има и обратни ситуации кога луѓе со деца никогаш не викаат луѓе што немаат деца. Секогаш се трудев да не сум овој тип на човек и никого да не навредам на таков начин, никој не бил изоставен и не двојам така.

    Дали ви се случиле вакви ситуации? Дали се навредливи според вас? Доколку да, како сте постапиле и дали уште сте во контакт со таквите личности?
     
    На little women, chokova93, Seli20 и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Не сум размислувал на темава, интересно.
    Имам само еден другар што се ожени од друштво и има дете. Правеше син му прв роденден скоро, бевме викнати сите другари, а немаме деца и жени.
    За излегувања не доаѓа самиот толку со нас, сега со мало дете и жена му е поразличен животот нормално.
    Имаме различни интереси во животот, несвесно може се случиле вакви ситуации. Не си замеруваме ние мажите ова.
     
    На Anie93, Евроазија и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.929
    Допаѓања:
    36.030
    Пол:
    Женски
    Од каде ја знаеш причината зошто не ве викнала? Според твоја претпоставка или таа ви кажа така?
    Би се почувствувала неубаво и би прекинала контакт. Сите имаме граници, да ги почитуваме.

    Јас никогаш за ништо не сум помислила дали е во брак или деца дали има и нема. И свадба без деца не ми е ок. Да ме викне некој без деца не би отишла. Значи тој некој не е на иста фреквенција со мене и подобро ич да не отидам отколку лице да му правам.
     
    На SummerGirl, little women, Seli20 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Таа ми кажа да. Не ве викнав заради таа причина, кога сте слободни ако сакате ќе се видиме да ве почастам нешто посебно вас. И реков нема потреба, размислувам да прекинам целосно контакт, некако ме навреди тоа.
     
    На BlackNight, Seli20, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  5. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.166
    Пол:
    Женски
    Сме имале и ние такви случаи каде што маж ми се налутил и не сме пошле.
    Ако децата не ни ги сакаат тогаш не мора ни нас рече тој. Навистина е навредливо да делат дека сме имале или немале деца. Подобро на поканата да пишат дека се викани само сопругот и сопругата па после сами да си одлучиме дали ни одговара или не. А нејзиното веке чим ве делела не е пријателски
    Твое е што ќе одлучиш во врска со неа
     
    На SummerGirl, little women, Cosmic Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  6. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Имаш секое право да прекинеш контакт бидејќи и јас би била навредена кога би дознала такво нешто.
    Се разбира ако е од финансиски аспект секогаш имам разбирање и никогаш не би се налутила, но вакви причини/изговори се банални. Ако не сака деца на забавата, можела само Вас младите да ве покани, па ако имаш каде да ги оставиш децата во ред, ако не ќе и' кажеш дека нема да дојдеш на забавата па накнадно да се видите. Се' на се' нејзино било да покани(дури и рече дека сте прво друштво), па Вие да одлучите.

    Јас би прекинала контакт или би се дистанцирала од таа особа. Некој ако се менува во зависност од состојбата не е вистински пријател, а такви најмалку ми ги треба во животот.
     
    На SummerGirl, Seli20, Ceci16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Jane Doe.

    Jane Doe. Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2023
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    926
    Јас се имам решено доколку правам свадба, дефинитивно ќе е без деца.
    Твој ден е, и имаш право да бидеш хоуст со свои правила.
     
    На Snowflake97, naturally, Miss666 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.303
    Пол:
    Женски
    Искрено ако сте блиски седни и кажи и дека и да имаш сопруг, деца дека ќе се потрудиш да најдеш време и за неа. Зашо некад ти треба и на требе промена на сцена а и нели сакаш да си тука и за неа.
    Ко чоек шо нема деца а има веќе тројца личности што имаат деца,
    Малце е безобразно знам многу што така прават, нема што она да прњтпоставува се вика и толку, ако некеш деца ќе кажеш слушај тоа и тоа така вака и оставаш да одлучи другиот.
    Ја еве ебавам сојки по игротеки на две другарки шо имаат деца и брат ми, реално ми викаат знам дека тапа ќе ти е али би ми било мило да дојдеш има за јадење има и пијачки.
    Би се увредила да не ме викнат или такво нешто да ми кажат, и би ги седнала и би им рекла. Its the respectful thing to do.
     
    На SummerGirl, Осе, Sesil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Има места и време каде со деца не би одела и да ме поканат. Пример горе членката за роденденот во кафич...другарка ти не постапила добро што не те поканила заради детето но ако знам дека ќе одам на место каде ќе бидеме собрани само возрасни и ќе биде ноќна журка не би се лутела. Секако нема да ги земам децата што би правеле таму. Пример што би правела некоја другарка без деца да ја поканиш на 3 роденден во игротека? Ако ти е блиска и сака да дојде ок ама вака, јас кога немав деца освен на прв роденден и крштевки не сакав да одам по игротеки ќе отидев после на гости и ќе однесев поклон. Све зависи и од луѓето еве сега исто имам другарки кој немаат деца и сами викаат што ќе правиме во игротека ќе дојдеме друг пат ќе се видиме.
     
    Последна измена: 25 февруари 2023
    На SummerGirl, awkey, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако сте блиски и ве викне без деца или ич не ве викне, имаш право да се навредиш, ако сте стварно блиски.
    Ако не можете да одите со детето, вие треба да одлучите, не таа за вас.
    Па да понудите друг термин кога ќе сте слободни.
    Ама имам видено и родители на свадба со децата пуштени низ сала, превртуваат, трчаат, газат на фустанот на невестата, родителиве кулираат на свадба се дојдени.
    Или пак родители што цело време се поканувани, ама одбиваат пошто никако не можат да дојдат од обврски со децата, а очекуваат да се поканувани и натака.
    Или договорени другарки да излезат само жени, и некоја го зема и детето со неа зошто не може да се оддели.
    Ако сте толку блиски кажи и дека си се навредила.
     
    На tanjita, Oneo, Fraxinus и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Зошто да не дојдат во игротека на роденден? Јас сите планирам да ги викам, па за возрасни има дел во игротека каде ќе седат и ќе јадат и пијат, не мора деца да имаат. Нивна одлука ако не сакаат да дојдат, мое е да ги поканам. Зошто да ги делам така...невкусно е и не сакам јас лично.

    Па и да не одевме во кафич, добро ќе беше да не повика, нас воопшто не не викна. Кога и се јавив да и честитам на денот ми кажа зошто не ме викнала и дека прославила роденден пред некој ден, само на интернет ќе објавела вечер слики, затоа не сум видела.

    Блиски сме да, со неа и три девојчиња во средно бевме најдобри другарки, но откако имам дете вака се почесто се двојат. Незгодно ми е да и кажам, размислував и за тоа...
     
    На SummerGirl, little women, Nana1156 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Зошто не сакаат немаат деца не им е "интересно" како да кажам...Сами ми рекле дека не сакаат да доаѓаат во игротеки.
     
    На SummerGirl, CameliaMiller и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  13. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Добро, едно е некој сам да ти каже, невкусно е сам да си претпоставуваш. Сепак, не е лошо прво сите да се поканат, па потоа самите да предложат опција друга освен игротека пример во твојот случај ако не сакаат да дојдат таму. Воопшто да не се поканат зошто немале деца е малку навредливо, на тоа мислев.
     
    На SummerGirl, Осе и VDT2906 им се допаѓа ова.
  14. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Мислењата не ми се сменети и откако имам дете. Времето со детето ми е непроценливо дома или кај што шетаме. На вечерни искачанки, родендени на возрасни, свадби, не го носиме и не сакаме да оди. Ми треба и време за себе и да се видам со возрасни луѓе, не да се бркаме. Сме се снаоѓале за чување за неколку саати, дали мајка ми или другарка, го чуваат.
     
    На awkey, Lotus Girl, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.303
    Пол:
    Женски
    Зошто ми е мерак да ги видам малите на луѓето шо ми се блиски, цел живот сме заедно. У секоја иготека има и дел надвор и внатре одам оставам поклон седиш со возрасни пиеш нешто и си одиш. Покана треба , а на деугиот е да одлучи да каже дали ќе дојде или не.
    Бар со тие луѓе што сум блиска знам дека ќе им значи да дојдам, али и да не ми се оди нема да ми се налутат…
     
    На SummerGirl, Осе и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  16. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.515
    Допаѓања:
    9.209
    И јас би била навредена од каде знае таа дали некој можеме или не да дојдаме иако сме со дете?
    Може ќе го оставиме некаде на чување на 2-3 саати, може ќе одиме покасно и порано.
    Нејзино е да покани и да не ве дели.

    Во игротека да сум одела без дете, едноставно ми биле блиски ме почитуваат и ме повикале. Го ценам тоа дека пак ме ставиле во таа група. Има мајки на поголеми деца и со нив сум била на маса.
     
    На SummerGirl, Осе, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Женски
    Доколку ми се блиски роднини или пријатели со кои постојано се дружам би ги поканила,а тие нека си одлучат дали ќе дојдат или не.Би се навредила доколку не ме поканат,а мое е дали ќе отидам или не,секако ќе бидат на време информирани дали ќе одам или не.Кога ќе имам деца,ако има деца на прославата каде што сум поканета ќе ги носам и децата,ако нема ќе ги оставам да ги чуваат моите родители или на маж ми родителите.Доколку сега ме поканат некаде во игротека кај детенце на роденден,има посебен дел за возрасни и би отишла.За на свадба исто ако е напоменато во поканата да не ги носиме децата не ги носам децата,а ако не е напоменато ќе ги носам.Јас се уште немам правено свадба,ама ако правам еден ден сакам и старо и младо да присуствува на свадбата што ми се мили и ги сакам,а посебно дечиња да трчаат насекаде сакам т.е обожавам и нема да напоменала во поканите без деца да доаѓаат поканетите.
     
    Последна измена: 25 февруари 2023
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Вака другарка/роднина да ми одбие покана за детето одма менувам однос. Немала што да прави во игротека, што има да правиш појави се, честитај роденден, разубави му го денот со твоето присуство. Некој те испочитувал и те поканил, не се врти светот околу тебе.
     
    На SummerGirl, Seli20, mKdevojce и 8 други им се допаѓа ова.
  19. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    255
    Нејзино било да ве покани па ваше да прифатите или одбиете дали да одите( со/без дете), сепак е нејзина грешка што не ве известила .
    Во врска со носењето деца по свадби да биде доколку пишува на самата покана.Порано се лутев кога ке добиевме покана на која не пишуваше со децата тоа значеше автоматски дека не одиме... сега се молам да не ме поканат. :D..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Баш на моево дете му е битно дали другаркиве ќе дојдат, битно му е деца да има да се изнаигра. Ако не им се оди во игротека ок не им се лутам тоа не значи дека не ме почитуваат или не го сакаат детето. Ќе дојдат друга прилика на гости.
     
    На awkey, CameliaMiller и ForeverYoung им се допаѓа ова.