babylove овошни кашички

Покачена температура

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од xxx-ba, 1 април 2016.

  1. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    257
    Побарав наназад до 5-6 страна но не ја најдов темата, избришете ја ако веќе има.
    Веќе година дена барем два пати во месецот имам блага покачена температура, од 37 до 37,3. Обично одеднаш ќе осетам дека ми пристудува, ќе се допрам за челото и ќе видам дека сум малку жешка, па откако ќе измерам температура ми покажува толку од прилика. Прашањето ми е, од што би можело да ми се случува ова и што би можела да направам за да ја проверам причината? Крвна слика правам на 3-4 месеци бидејќи сум хипохондрик, последната ја направив во јануари и се' беше во ред. Планирам сега во понеделник пак да правам бидејќи месецов денес ми е трет пат да имам 37,1 (а не се чувствувам баш најдобро, не дека не можам да функционирам но осеќам дека не ми е во ред), дали да кажам некои параметри плус да се направат?
     
  2. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    257
    И да напоменам, на јануарските резултати пишуваше дека имам бактерија во мокрача, па направив урино култура и испадна дека немам ништо. Единствениот органиски проблем е што имам циста во јајник (ендометриоза) и пијам хормонална терапија, ама не верувам дека тоа има некаква поврзаност со температурава.