1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поклон на стан

Дискусија во 'Правни совети' започната од ilievska52, 5 август 2016.

  1. ilievska52

    ilievska52 Нов член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали некој ако може и има да ми прати договор за поклон на стан? Фала многу
     
  2. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Дали мислиш на пример од договор за поклон на имот?

    Договор за дар на недвижен имот
    Склучен на ден 12.09.2010 гоидна во Скопје помеѓу 1. _____________ од Скпоје, ул. ___________, со лична карта бр. ______ и ЕМБГ________, како дарувач 2. ____________________ од Скопје ул.__________, бр. ___ со ЕМБГ____________ и број на лична карта _____________, како страна на даропримач
    Договорните страни се во крвно сродство, односно дарувачот е татко на даропримачот па денеска при чиста свест и здрав разум, неприсилени од никого се договорија за следното
    Член 1 Дарувачот е сопственик на недвижен имот кој се наоѓа во Скопје чл. ______, бр____ со вкупна површина од 122 метри квадратни, во зграда 1, влез 01, кат 02, на КП. Бр. 001, КО Карпош, за што поседува Имотен лист бр 1*** од ДЗГР – Сектор за премер и катастар Скопје.
    Член 2 Со овој договор дарувачот недвижниот имот опиѓан во член 1 од овој договор го подарува на даропримачот, со што имото преминува во сопствености владение на даропримачот, без никаков надомест.
    Член 3 Даропримачот со овој договор изразува особена благодарност спрема дарувачот за чинот кој го чини со овој договор, го прима дарот што е предмет на договорот во сопственост и владение и ветува дека во иднина кон својот татко – дарувачот ќе се однесува со посебно внимание и почитување.
    Член 4 Даропримачот, врз основа на овој договор, е овластен и без присуство на дарувачот да го упише правото на сопственост на недвижен имот што е предмет на овој договор на свое име во јавната книга при Катастарот на недвижности.
    Член 5 62 Свесни за значењето на овој договор и од никого неприсилени договорните страни изјавуваат дека се откажуваат од правото да бараат раскинување на истиот по било кој основ, освен поради изразување крајна неблагодарност од страна на даропримачотспрема дарувачот.
    Член 6 Дарувачот му гарантира на даропримачот за правните својства врз недвижниот иот, предмет на овој договор и се обврзува во случај на потреба да му пружи на даропримачот заштита од евентуална евикција од страна на трето лице.
    Член 7 Во случај на спор по одредбите од овој договор надллежен е основниот суд Скопје 1.
    Член 8 Овој договор е составен од 6 еднообразни примероци од кои еден за дарувачот два за даропримачот, еден за заверка кај нотар, а останатите за пред надлежни органи.

    Дарувач Даропримач _______________ _______________
    *Забелешка за формата: Според член 556 од Законот за облигациони односи: "(1) Договорот за дар се склучува во писмена форма. (2) Договорот за дар за движен предмет склучен во усмена форма е полноважен, ако тој е предаден на даропримачот. (3) Кога дар се прави со договор во корист на трето лице, прифаќањето на даропримачот не мора да биде во писмена форма, освен ако предмет на договорот за дар е недвижност. (4) Кога предмет на договорот за дар е недвижност на формата од ставовите (1) и (3) на овој член, соодветно се применува одредбата за формата на договорот за продажба на недвижности."