Bonjour, Наредниот месец треба да го полагам т.н. испит за докажување на ниво по француски јазик DELF. Дали сте го полагале овој испит? Ако да, може ли да споделите начини на кои успеавте да се подготвите? Кои книги или литература ги користевте за таа намена? Секој одговор е добредојден.
@fast_and_curious се спремав едно време за да го полагам, ама така остана. Учев од постара литература (ако ги знаеш оние постарите на српско-хрватско) во комбинација со понова. Гледав од јутуб, читав на француски најразлични теми. Едно време одев и на приватни часови, чисто да усовршам акцент, но не ми посветуваше внимание и по кратко време прекинав. Среќно! Биди опуштен само.
Па прилично подолго време. За В2 се спремав, можеби скоро 2 години (но имав претходно познавање од јазикот, така да основната граматика ми беше солидна). Проблемот е што овој јазик и не се совладува лесно, ако претходно не си имал некоја допирна точка. Ако ти е од денес за утре, би можел еве да речам максимум А2 да полагаш. Ти за кое ниво конкретно се пријави?
Да бидам искрен, малку се чувствувам изгубено во целиов случај па затоа побарав помош за од каде да почнам. Се ближи времето за испит, а морам да бидам спремен.
За А2 не би требало да е тешко. Расчепкај овдека. Види и од страна, на линковите. https://www.frenchfaster.com/delf-a2-production-orale
Побарај материјали во француски институт, имаше книга и едно за вежбање, мислам дека можеш да ги најдеш таму. Исто така онлајн вежби за граматика, читај си текстови, видеа на јутуб за полесно да разбираш при слушање... А имаш и опција да земаш приватни часови, кај професор/ка што подготвува и други и знае најдобро како да те насочи.Ако сакаш пиши ми да ти дадам контакт од таа јас кај што одев.