Полесниот или потешкиот пат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prominent, 8 ноември 2017.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    36.129
    Разгледував, но не најдов ваква тема. Се надевам дека ќе се развие добра дискусија.:)

    Забележувам дека многу луѓе секогаш сакаат да го изберат полесниот пат т.е. да вложат што е можно помалку труд, а очекуваат да добијат многу. Не сакаат да се "испотат", да се потрудат за да го добијат тоа што сметаат дека го заслужуваат. Со чест на исклучоци.

    Нели е поубаво чувството кога по вложен труд, па и непроспиени ноќи и "малку" нервози, конечно ќе го добиете она што го посакувате? Нели е на тој начин добивката послатка, зашто знаете дека тоа нешто сте го заслужиле, сте се бореле за тоа, сте граделе со свои раце, а не сте чекале на некој друг да ја заврши работата?

    Јас секогаш сум за второто, иако тоа ми донело и многу тешкотии во животот, но токму тие тешкотии ме граделе како личност, ме зацврстиле, ме направиле поголем борец. Сакам да се вложувам целосно во се` што правам, да не се штедам кога станува збор за мене и моите најсакани. Резултатот секогаш е одличен, иако патот дотаму е тежок.

    Што мислите вие на темава?
     
    На nightingale, SnowWhite8, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Justicija

    Justicija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    2.881
    Допаѓања:
    11.483
    Пол:
    Женски
    Тој што ви е најблиску
     
    На Bloom19 и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  3. Vitomir2

    Vitomir2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Машки
    Незнам за вас но јас секогаш сум на потешкиот пат,но не по своја воља,судбина јебига....
     
    На Victorian, littleflower, makedonkamak и 6 други им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    28.530
    Пол:
    Женски
    Џобс рекол дека секогаш се стреми да вработува мрзливи луѓе зошто тие секогаш ќе го пронајдат најлесниот и најкраткиот пат да ја извршат задачата :)
     
    На Victorian, AURUA, boo3 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Машки
    Јас сакал неќел секогаш по автоматизам ми се наметнува потешкиот пат :D
     
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    94.295
    Пол:
    Женски
    Секогаш сакам да го постигнам нештото сл свој труд и по своја заслуга. Пример еве да речиме завршување факултет, некој,за една седмица остава очи над книга деноноќно а некој со врски без да се појави на полагање добива десетка. Но,мислите ли дека оној со десетката го минал полесниот пат? Според мене,да должиш некому услуга е и те како потешкиот пат :nod:
    Сепак, неправеден е животот, тоа е факт. Некој цел живот едвај една кола успева да купи, некој па од тинејџер менува коли, поседува станови и сл. Но сепак, сметам дека она што сам ќе го заработиш со свој труд повеќе го цениш и е вистински твое. Така да според мене, потешкиот е всушност полесниот, и впрочем единствениот вистински пат!
     
    На Victorian, AURUA, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  7. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.268
    Zasto treba da se frlam vo ogan i ziva da goram ako se moze ednostavno i lesno. ;)

    Sto i kolku se steknalo vo zivotot ne zavisi koj pat go fakate, zavisi kolku ste mudri. 8)
     
    На AURUA, marchi-cool, friendy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.646
    Допаѓања:
    13.999
    Пол:
    Женски
    Па, не е поубаво, факт е дека поубаво им е на тие што добиле на готово, непреспани ноќи и нервози водат кон стресови и болести. Од друга страна, тоа на готованите обично не е она вистинското, не е успех кој поминува неоспоруван... Но, на крај, поважно е колку фино човек го поминал животот, отколку што мислат другите за неговите остварувања...
     
    Последна измена: 9 ноември 2017
    На Victorian, Anacid, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.060
    Допаѓања:
    97.371
    Лично, не чувствувам задоволство ако добијам нешто без заслуга, или ако сметам дека не вложив доволно. Верувам во совршено сработена работа. Но, има одредени работи за кои не ми е доволно грижа, па да сум подтурната, или подобро да речам истркалана на полесниот пат, и не ми смета баш.
     
    На Victorian, Someonespecial и prominent им се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    9.494
    Пол:
    Женски
    Нема "полесен" и "потежок" пат. Ако сакам можам и лесниот тежок да го направам, и обратно.
     
    На blonde_supergirl, daylight, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    36.129
    Лесното не е интересно:) За мене, самиот предизвик е многу важен. Чувството дека се борам за нешто. Не ми е важно што мислат другите за тоа.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Feminka192

    Feminka192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ајде признајте кој не би сакал да оди барем на моменти по полесниот пат.
    Еве за испит не мислев да препише туку да го научи оној дел кој подоцна би му користел во работата без да учи секакви информации. Кој не би сакал да добие мала поддршка при вработување. Не мислев да не работи ништо и да зема плата туку да работи на местото кое го посакува без да мине низ 100 интервјуа и уште толку работа на позиции кои немаат врска пример со неговото образование.
    Кој не би сакал неговите родители да имаат можност да му подарат автомобил на 20 или пак да шета низ светот без грижи место да се мачи до 30+ за некој половен и стар и едвај да може да мрдне до некоја соседна земја. Кој не би сакал да познава партнер или пријатели кои ќе му бидат поддршка без да мора 100 пати да му се забие нож во грб.
    Никој не сака да оди по потешкиот пат но за некои луѓе тоа е единствениот пат.
     
    На sleepingbeauty, Anacid, AURUA и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Afrodite¥

    Afrodite¥ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    2.926
    Пол:
    Женски
    Повеќе го сакам потешкиот, посигурен ми е.
     
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.411
    Пол:
    Женски
    Лева нога на полесниот пат а со десната на потешкиот пат...па каде ќе ми се посречи...;)
     
    На toogood и elimkd им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    4.152
    Нема спореден пат до успех. Мора да се измачиш. Инаку не е тоа успех ако на готово си постигнал нешто. Додека одиш по потешкиот пат, учиш многу, се носиш со секакви ситуации, и тоа е животна лекција која не се купува со пари. Човек треба да се гради, а со полесен пат и шминка не се гради ништо. Ќе се постигне некој моментален ефект, но не е тоа тоа.

    Пример. На работа имав една колешка која си даде отказ, така наеднаш. Беше резервирана, не зборуваше многу. По две години откако даде отказ, препоставениот ми кажа дека таа имала врска со еден шеф кој е женет, а патем и жена му работи тука, и тој е татко на две деца. Значи девојка од 22 спиела со маж од 40 години. Кога сопругава дознала, веќе била откриена и си дала отказ, замина во друга фирма. Му велам на претпоставениот, можеби кога раскажа, а тој вели не можеби, ова е сигурно, фатена е. Реков што ќе добие, вели ејјјј што ќе добие, ќе и покачи плата, ќе напредува. Се зачудив, јас не озборував на работа, не ме интересираа такви работи. Во тие две години сите знаеја зошто таа замина во далеку послаба фирма, со пониски плати, а јас последна дознав. Ден денес е во истата фирма каде едвај плати даваат, сега името да и го спомнам дали и ќе се сетат на неа колегите, а и ако се сетат ќе биде тоа со потсмев. Еднаш случајно некој ја спомна и сите кажаа еден по еден „еееј знам нешто за неа, ама нема да кажам сигурно знаете и вие“. Пократкиот пат до целта му успева на 1 во 100, а на другите планот им се удира од глава.
     
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.737
    Пол:
    Женски
    Во Македонија можеш да успееш ако и само ако, го бараш полесниот пат, имаш длабоки конекции и играш прљаво. Не е битен ни факс, ни просек, уште помалку е битно што тоа некој мислел за личноста.
    Одамна помина тоа време, кога луѓето се замарале дали се озборувани. Денес, мислам и дека баш им прија.

    Надвор од Македонија, успеваат само вредните и истрајните. Јер, таму има сосема различни критериуми. Поинакви вредности, каде трудот и способноста се ценат. Амбициозен и интелигентен човек, не би издржал во оваа земја.

    @Tanjamm Не заборавај дека има мажи-предатори. Цел срам се става на девојката (чиј потег не е за оправдување), ама што мислиш ти, кој бил иницијатор? Ваљда си дала отказ поради тоа што имала каква-таква совест. Тој женетиот со деца, веројатно немал никаква.
     
    На Annath, AURUA, YoungandBeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  17. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    38.291
    Пол:
    Женски
    Секако дека е полесно да се избере полесниот начин, т.е. партијата те вработува, одиш на работа ради реда, земаш плата, живееш со мама и тате, ама сепак гледаш во рацете на оној што сам се изборил за нештата кои ги има. Цело време префрлаш со, лесно ти е на тебе со странска плата, се марка носиш, ауу пак нов телефон, ние тоа тука неможеме да си го дозволиме.
    Од сабајле е таа песна, а попладне мења песна, ааа вие во странство мизерувате, не излегувате никаде затоа што е скапо, ние тука живееме, шетаме, со своите се гледаме секој ден. Вие шетате само кога доаѓате мкд, инаку сте куча-посо, посо-куча.

    А кога погледнеш, нема никакви посебни квалитети, ни знае јазик, ни пак се труди нешто да научи, клати плата земај плата е, па и наоѓа маани, сад пала влада све се променило, не свиџа ми се више.
     
  18. sjdgo

    sjdgo Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.646
    Допаѓања:
    13.999
    Пол:
    Женски
    Секаде во светот некои луѓе се раѓаат со сребрена лажичка во уста, додека други почнуваат од нула. Само што некаде настрана е возможно од нулата да се надмине и врвот со многу труд и квалитет. Мкд е пост- или неофеудално општество, едни исти го држат и вртат профитот, другите лапаат трошки или бегаат мигранти во странство, како и да вртиш просечен живот водат, и тоа е.
     
    На Црна Ружа, Nausicaa, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    4.152
    Жената на шефот исто беше во многу добри односи со газдата, и веќе девојката беше фатена на дело, така да знаеше дека ќе добие отказ. Таа решила сама да си оди пред да биде избркана. Денес ако некој се сети на неа, ќе се сети по таа афера и по ништо друго.
     
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.730
    Пол:
    Машки
    Work smart, not hard - моето животно мото, кое досега не ме изневерило. :D
     
    На Annath, JollyGirl, AURUA и 6 други им се допаѓа ова.