1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полигамија

Дискусија во 'Брак' започната од digitron, 22 јуни 2011.

  1. digitron

    digitron Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    5
    Многуженство или полигамија (старогрчки: πoλυ,γαμoσ - повеќе бракови) е брачна врска од еден маж со повеќе жени или обратно. Постојат
    три специфични видови на полигамија: полиандрија (кога жена има повеќе од еден сопруг) и полигинија (кога маж има повеќе од една сопруга), и групен брак (некоја комбинација на полиандрија и полигинија). Спротивноста на
    полигамија е моногамија.
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сум слушнала за групен секс, ама за групен брак?! :^) :D

    Немам големо познавање на оваа област.
    Знам дека е најприфатена кај муслиманите, со тоа што одобрена е само полигамијата, додека на полиандрија не смее ниту да се помисли. :D Е сега не ми е разјаснето тоа да Куранот вели дека секој маж треба да има една жена, кога баш тука е тоа најраспространето, ама добро. Затоа што како што знаев до пред некое време во Куранот е наведено дека може да се бираат повеќе жени, така што секоја тогаш ќе биде мажена и ќе има happy ending.
    Не знам дали има податоци за полигамија во Библијата, Танахот или некое друго вакво пишување. Валда не, штом немаме такви бракови и од други религии.

    Во Египет дозволено е да се има повеќе жени, претпоставувам и во другите арапски земји само доколку се имаат средства да сите бидат третирани подеднакно и со раскош. Треба неколку пати задолжително да купат на жената злато, дури и најсиромашните, ако не тоа претставува јавен срам, а знаеме како тие размислуваат за ова нешто. Да не должам со офтопици. :)
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Кога ќе се замислам...мене најмногу ми одговара полиандрија,ама да не ги се*сам сите или не под еднакво. :D
    Која е поентата да имам 10 различни мажи кои ќе ми задоволуваат исти потреби на просечен начин,кога можам да имам 10 различни мажи да ми задоволуваат 10 различни потреби на врвен начин?!
    Пих...ај некако да го легализираме?!А?!
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Cka, zaki96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Дефинитивно не е за мене, мене и еден би ми правел гужва на моменти, јас и сама сум си често премногу.
    И со оглед на некои модерни тенденции во кои модерната жена ги презема обврските на семејството ќе треба да работам двократно и не ќе ги користам благодетите на зголемената сексуална активност од просто проширен умор и згора на се‘ што ако тие се преориентираат чисто од досада и вишок слободно време кон сопствениот пол па гледаш потоа двократен или трократен развод ми стои во салдо, па кој ќе ме ожени мене повторно :fubar: ?!
     
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Во Јужна Америка има племиња кој практикуваат полиандрија, и тоа жената се мажи со повеќе браќа.Демек да се зачува семејството.Ха ха.И несмее да има секс со наредниот додека не добие месечен циклус, да се знае од кого е детето во случај на бременост.Си мења секој месец различен брат.
    Ајде бе , тежко неа!!!Некогаш неможе човек да се справи со еден а камоли да ти се погодат 10 браќа!хаос
     
  6. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    И да знаеш дека би ти правел гужва :wasntme: :)

    Искрено неможам да сфатам. Ај да, гледаме по индиски, турски, шпански серии полигамија, али мене ми е тоа несфатливо. Па за кој к* се мажам, така? Па ич нема да се мажам ако сакам полиандрија(или како и да беше), или пак да го делам мм со уште 2 ?!
     
  7. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Полиандријата скоро и да не постои , додека обично се јавува полигинијата , која е нормална појава во арапскита земји и е поткрепена со религијата и традицијата , но не и во Западниот свет каде секаков вид на полигамија се казнува со закон . Најчесто овие престапници практикуваат бигамија ( брак на еден маж со две жени , за што сите знаеме ) . Казната во САД за бигамија во просек изнесува пет години .
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Гледам една американска серија каде што е прикажан животот на едно полигамиско семејство и заклучив дека јас нема шанси така да живеам.Три жени се, седум деца и еден маж, тој носи пари во куќа, вие се за се поделени во врска со домашните работи и секоја од нив наизменично поминува ноќ со него.Го даваат како сабајле има секс со едната, излегува од спална, ја бакнува другата :x На се тоа, мораат и да се кријат од комшии и пријатели.
    Од мене големо НЕ.
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    LILIT for PRESIDENT :lol:
    кога можат мажиштана зашто не и ние бе 8)
    и наместо јас имам 10 девојки, песнана од Владо Јаневски, ќе си пееме јас имам 10 дечковци(или мажиња :$ :rofl: :lol: :clap: :dance:
     
    На Male4kaE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    па што знам ја некако сум повеќе за полигамија отколку за полиандрија....не можам да замислам бре толку мажишта да ми се плеткаат во креветот :D
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Еден е вреден моногамија си почитувам јас ;) :rofl:
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.486
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам видено таа емисијата Sister Wives се вика. Погрозно амин. И плус покрај трите жени сега има уште една !!! Болесник бе !!!

    Инаку што се однесува до муслиманството, според Куранот смеат да имаат повеќе жени но најмногу до 4 и тоа ако може да ги издржува подеднакво. Исто така првата жена ги бира останатите и доколку првата жена не дозволи мажот нема да земе други жени. Исто така полигамијата во муслимнскиот свет (арапские земји) била зачестена во време на војни, кога девојки останувале сираци или останувале во заложништво после воинствените походи. Така да тогаш ги "женеле" за да бидат згрижени, затоа според Куранот не смеело тогаш девојка да не е мажена односно било грев да се остави така. Е ега во модерно време мислам дека е сменето, мада можи да има исклучоци.
     
  13. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Сметам дека луѓето се полигамни,само со тек на времето го избираат она што го наметнало општесвото а тое е моногамијата.Докази за тоа дека луѓето по природа се полигамни има насекаде околу нас па и ние самите.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  14. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Полигамијата не може да функционира кај нормален човек без проблеми , секогаш тука постои и чувството на љубомора и себичност кои сепак си се основни човекови карактеристики , она што е за мене си е за мене ... Дури и кај животните кои се далеку под нашето ниво на свест , се јавува чувство на љубомора , сите знаеме од биологија а и гледаме документарци кога мажјаците се борат кој ќе и пријде на женката ... а не пак луѓето ...
     
  15. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Љубомората и себичноста не се основни човекови карактеристики!Никој човек не се раѓа љубоморен и себичен,тука си грешка.
     
  16. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Ти си грешка . Како може во тој случај едно мало дете од една годинка или две да му љубомори на своето штотуку родено братче кога гледа како вниманието на неговите родители е свртено кон малечкото ? И покрај тоа што на дете од две години се уште не му е развиен ни мозокот ни свеста како што треба , сепак знае што е себичност и љубомора . Секако дека се тоа човечки карактеристики ... Инаку што мислиш , зошто постои моногамијата воопшто , ако човековата природа налага да бидеме полигамни :^) ?
     
  17. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    Затоа што општеството на некој начин ни налага така....бракот е само еден вид начин да се смири таа полигамија!Ако сме по природа моногамни,тогаш ќе запознаеме еден човек и со него ќе бидеме засекогаш.Ама само еден...нема сменување дечковци!
     
  18. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    А зошто општеството воопшто така ни налага ако е во спротивност со нашата природа ? Ти можеш што сакаш да зборуваш , но љубомората и себичноста постојат кај секој човек и се јавуваат порано или подоцна . А тоа со менувањето дечковци ( се надевам не мислиш на пречесто менување дечковци ) , каква врска има тоа со полигамија , не си со повеќемина во исто време ... Завршуваш една врска , започнуваш друга , каде е тука полигамијата ? И не употребувај повеќе извичници , нема потреба да ми го повишуваш тонот секогаш кога ќе забележиш дека не си во право ;) ...
     
  19. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    55
    девојко се надевам немаш проблем со моето мислење.Јас така гледам на работите без разлика дали ти се допаѓа тоа тебе или не.Не забележувам дека не сум во право....реков дека љубомората може и да постои од мали нозе..но никако не може да биде основна човечка карекеристика.Така да нема потреба да се возбудуваш премногу јас си кажав мое мислење и така и ќе остане....неколку твои постови нема да го сменат :)
     
  20. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    :D Девојко ти си таа што се возбудува , што се гледа од употребата на извичниците . И не гледам од каде јас би имала проблем со твоето мислење кога ти си таа која упорно мене ме цитира , јас никаде пред тоа тебе лично не ти се обратив , само изнесував логични аргументи . И после упорното одење оф топик од твоја страна , мило ми е што барем си ја признаваш тврдоглавоста , со тоа воедно и недостатокот на аргументи ;) Поздрав :hai:
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.