Здраво на сите Не забележав ваква тема па заради тоа решив да ја отворам Јас сум 12 недела бремена и пред една недела ми открија децидуален полип од неколку милимитри на цервиксен канал кој протидуира. Мојата бременост е постигната со инвитро во Њуборн. Ова ми е прво инвитро и прва бременост до сега. Па ме интересира дали некоја од вас имала вакво искуство кое завршило со позитивен идход
Бејби јас мислам ти пишав во другата тема Да не се повторувам, кај мене се реши со серклаж. Јас би ти препорачала да појдеш и на уште некое мислење, не знам каде ја водиш бременоста но ако ти е на мисла обавезно консултирај се макар и со уште еден плус доктор. Утрогестан користиш? Докторот што ми го правеше мене серклажот вака ми објасни, полипот може но и не мора да предизвика отворање на цервикалниот канал што во мојот случај никако не смеевме да оставиме на случајност. Поради растот на хормоните и тој може да расте се повеќе. Откако едниот дел (надворешниот) за време на поставување на серклажот го отстрани докторот ми објасни дека со тоа се прави прекин во крвотокот па и тоа што останало од полипот во внатрешниот дел би требало да се исуши.
Јас за полипит дизнав пред две недели. Инаку бременоста ми ја води др. Трајковски во Њуборн. Земам Циклогест вагинално на сабајле и навечер(тие биле пиефикасни од утерогестан- така ми кажа др). Преф циклогест прскам Вулвоваги спреј( ова е спреј за да не добијам некаква инфекција) Не ми спомна дека имам проблем со цервиксниот канал ( во смисла да се смалува отвара или сл) Но знам дека полипот може да расте и да се инфицира ( што ме мора да значи) Наредна недела имам втора контрола за ова па ќе го прашам Трајковски дали треба да сравам сирклаж. Мада мислам дека ќе сака да следи пред да се стави сирклаж Ова ми е прва бременост и прво инвитро без претходни компликации фала му на Бога. А тебе кој ти го правеше овој зафат?
Супер, штом си покриена со терапија. Инаку др.Панчевски од Систина, кај него сум од тогаш и он ќе ме пораѓа исто така.
90% од времето лежам. Но, пак ќе речам јас сум со серклаж, 3цм грло од 13 недела и полип, како и едно предвремено породување. Овде ќе прочиташ различни искуства, не е кај секој ситуацијата иста и не секое тело исто реагира. Затоа пак ќе ти предложам да си побараш уште едно мислење за да бидеш мирна.
Пробав да закажам кај др Ивановски во Систина ама нема слободен термин Ми ги понидија само ристевски, кузевска и бојаџиев Некоја пропорака за гинеколог/ не мора да е приватно може и на ГАК или Чаир?
На ГАК и Чаир од лично искуство немам некој да ти препорачам. Можеш да пробаш кај Симонида во Ремедика супер докторка е и многу смирена и баш е детална и се објаснува. Од Систина немам искуство со тие што ти ги предложиле.
И мене вчера ми виде докторката мал полип на грлото на матката, 16та недела сум, немав никакво крварење, ама баш ме исплаши некако. Одам паралелно и во систина па ќе видам таму што ќе ми кажат за две недели. Матичната ми рече само повеќе одмор периодов и никако кревање тешко, контрола кај неа дури за еден месец.
Јас бев на контрола во њу борн сеуште е тука полипот. Ми кажаа дека можам да се движам ама повеќе да одмарам. Никаква апликација на вагиналети и да се избегнува вагинален преглед кога може и без односи до крај на бременост Утре сум на прв скрининг во Систина кај др. Димчев кој исто ќе го прегледа и полипот па ќе видиме што ќе кажат.И многу хигиена и одржување на силен имунитет за да ме дојде до инфекција Изгледа полипите се чести во бременоста. Ама многу често кога хормоните ќе се подсмират исчезнуваат. Да се надеваме дека сите што ја имаме оваа мака таму 20 недела ќе исчезнат и сите ќе сме без полип и со мирна бременост
Кога бев трудна со првото во 13 та недела ми виде докторот полип на цервикс. Како што поминуваше времето растеше по малце, што од хормони што од бебето шо притискаше. Во Германија сум и тука е како на друга планета нема многу стресови и замарање. Едино ми рече да се воздржиме од односи. Си се движев нормално си бев активна не залегнав. На сите контроли и кај него и по дежурни шо одев не ми го ни спомнуваа сама ги прашував дали е таму. До крај без проблем истерав фала богу се породив природно и со самиот пороѓај се изгуби. Со второто немав полип.
Дали земаше некакви лекарства за полипот, во смисла пробиотик да се подобри имуниот систем за да не се инфицира полипот? И доколку не е тајна која недела се породи? Инаку Баш тоа го зборам со мајка ми сега. Порано се инсистирало жената да биде активна во бременост за да бебето биде поголемо. На се имале по природен пристап- за разлика од денес. Не ја негирам медицината- благодарение на неа многу жени кои порано никогаш не би имсле деца денеска имаат. Ама понекогаш се е во главата. Не знам кој во групава пиша “знаеш колку жени никогаш не дознале дека имаа полип или не им кажале дека е ризично па имале уредна и успешна бременост?”
Се породив 38+0 ми пукна водењакот. Иначе не земав апсолутно никакви лекарства освен пренатални витамини. Кога дознав дека сум бремена некаде 7 недела прокрварев многу ми открија хематом. Лежев само 3 дена дури да де среди крварењето и после најнормално се движев. Притоа никакви хормони не ми дадоа за поддршка иако прокрварев бидејќи хормоните ми биле во ред. Сосема поинаков пристап за се. Многу ретко се даваат медикаменти, се препорачува движење и се им е нормално. Чудно но сепак функционира незнам што да кажам. Со првото трчав на секои 2 недели на дежурен. Со второто бев толку лабава неможев толку стрес да си правам. Здрави прави еве ги трчаат.
Драго ми е што кај тебе поминало толку лесно ❤️ Секде е различно Јас денеска бев со Систина кај др Димчев на прв скрининг. Се е во ред. И цервиксниот канал ми рече дека има нормална големина и баш спомна дури и да не го отвара полипот каналот може од инфицирање да направи проблем Остави на мене да одлучам ама ми препорача сирклаж како превентива. Одлучив да им верувам и ќе ставам сирклаж. Треба само микробиолошки брисеви да направам и ако се е ок ќе го стават