jAS IMAV ENDOMETRIJALEN POLIP,ZNACI VO VNATRESNIOT SLOJ NA MATKATA,ENDOMETRIUMOT,,,,BEV VO REMEDIKA MI GO OTSTRANIJA SO HISTEROSKOPIJA,SE VRSI SO OPSTA ANESTEZIJA ,VECERTA SI ODIS DOMA,TOA ME CINESE NEKADE OKOLU 20.000 DENARI,,,,,,,,,,,,,,,,,,,
Имам ендометријален полип во матката со големина од 2см, немав никаква мака претходно и онака си отидов на преглед и ми кажаа дека го имам многу се исплашив,докторката ми реце да го отстранам и ми препораца во св. лазар. ај ве молам некој ако претходно го имал овој проблем нака ми даде совет сто да правам оти страв ми е
Јас имав ПОЛИП на грло на матка беше голем колку бадем , бев во СИСТИНА и ме исповадија од памет ко нездрави се однесуваат само за да ти земат еден куп пари, однос никаков према пациент, кај женски гинеколог бев и не знам како се вика ,нооо беше ужас односот... кога седнав на таа столицата за брис да ми земе одма само што ме отвори го виде и вика леле девојче па ти имаш полип и овде вика ке треба хирушки зафат !!!!!!!!!!!!!! И јас испаничив ама викам што е тоа , бенигно ли е малигно, како се лекува, зошто хирушки зафат, како ќе се одвива целата таа работа и таа ми вика ама што ќе ти објаснувам и онака нема да ме разбереш :О Среќа имав познат гинеколог па ми текна на крај на неа у целата таа паника и отидов кај неа она е приватен гин. и ме смири рече не е страшно имав тогаш 25 год и ми рече дека не се очекува да е малигно и дека секоја втора жена го има тоа и дека не е воопшто страшно и по нејзина препорака бев во државна кај др.КУЗЕВСКА жената работи одлично , ме прегледа на вагинално ехо, 2дена пред зафатот ми препиша ЈАСМИН таблети, тие ми ги даде за да ми се зацврсти матката бидејќи тој зафат се рачуна ко абортус (гребење на матка) не е баш исто но сепак тоа место каде што е полипот ќе треба да се изгребе, ми рекоа еден ден пред зафатот да јадам само супа и ми дадоа анални цепчиња за протерување за да се испразнам скроз , следниот ден бев прва за во сала, сите беа фини бидејќи ми беше прв пат да се соочам со таков проблем, ми ставија целосна анестезија и целиот тој зафат траесе кај 10-15мин, ме вратија во шок соба додека да се освестам седев таму 1час не беше ништо страшно имав улошка на себе и многу малку крв на неа, болки имав мали во стомакот исто ко да имам мензис прв ден ,значи такви беа болките и трае само 2часа, после ме префрлија во собата ,седев 2-3часа и кај 16часот веќе си бев дома . Се помина добро , и ден денес кога одам на гинеколог тоа гледаат дал е добро отстранет бидејќи ако не е има шанси да се појави пак,и кај мене е одилчо се и така да не се плаши девојче не е страшно . А мислам дека мојата докторка е сега во св.Лазар
Мене ми најдоа полип 12мм,докторот ми рече дека може да се прати но е боље да се извади.Ми даде и упат,ама ја мн се мислам,Дали некој може да ми казже дали би имала после некакви последици,дали би влијаело врз бременоста во идина..и ако може некој да ми препорача добар гиниколог во државна,некој кој се соочил со овој проблем,за да не идам кај било кој..фала ви..позз
Би сакала да добијам одговор од некоја од членките која е веке оперирана од полип на матка.Како ви утврдија дека имате полип (дали од ПАП тестот може тоа да се види ?) ,дали при прегледот ви ја полнеа матката со вода? Исто така дали ви кажаа од што се ствара полипот?
Mi najdoa polip od okolu 20mm imi rekoa treba da pravam histeroskopija.Pregled napraviv kaj dr Vasilevski od remedika a treba da odam za zafatot posle ciklusot.Dali ima nekoj praveno hiserokopija kaj nego i kako pominavte.Vi blagodaram
има уште една иста ваква тема со мислења од девојки кои веќе го отстраниле полипот. можеш да си прочиташ prasaj-ginekolog-f68/polipi-na-matkata-t19605/20.html
Една моја комшивка имаше полип на грлото на матката. Отиде во Плодност и со обичен вагинален преглед го видоа полипот и веднаш се реши да го отстранат. Не била ништо страшно самата процедурата како што ми кажуваше таа. Си дојде дома истиот ден по зафатот.
Здраво Феминки. Гледам дека топиков од дамна не е посетувам, ниту некој пишал, но ако има некоја да сподели искуство одн приватна болница или државна каде и отстраниле полип. Ми открија пред неколку дена полип кој е малку поголем и ќе чекам нареден месе после менструација контрола, но ми кажаа дека секако ќе треба да се отстарни хируршки. Добро би ми дошле искуства и доктор.
i jas sum vo istata situacija.. mi zakaza maticniot na klinika i sega se mislam sto da pravam??? sto napravivte vie?
Гледам не е активна темава одамна. Ако некоја прочита и има искуство да ми каже дали може заради полип да се има продолжено менструално крварење кое трае подолго време?
Ти благодарам на одговорот. Овој месец ми се поремети циклусот, бев кај Татјана во Њу Борн на преглед, вооедно и на консултации за ин витро, ми рече гледа нешто како полип, но можело да биде и коагулант. Ми даде капки против крварење, но од нив крварењето ми стана пообилно. За денес закажав преглед во Систина, па да видиме таму што ке ни кажат. Многу сум исплашена. Пред две години ми се има исто случено, но тогаш имав циста на јајникот Сега као, немам циста. Можно ли е да е од стрес? Многу бев под стрес овој месец, дури и за ситници почнав да се нервирам.
Јави се кај Тања, прашај дали од капките ти се случува тоа, не сум чула за капки. Они даваат све сега, ама мора да се консултираме зашто секој е различен. И јас имам нешто као полип, ама не сум била на преглед од н. г. Чекам одморите да пројдат. Иначе Димитров одма рече операција, ама кај мене си стои со месеци, ќе одам кај матичниот, он ми е најсупер. Поздрав
Баш убаво ако имаш матичен во кој имаш доверба, јас на мојот искрено не можам да се потпрам. Па мене тоа ми е многу чудно, почеток на март се спремав за трансфер и ми одложија заради стрептокока, тогаш матката беше супер, чиста, немаше ништо. Од тогаш не сум била на ехо се до сега, правев само брисеви. И сега наеднаш ми вика полип 1, нешто на 2 см. Можно е за 4 месеци толкав полип да се направи, и толкави проблеми да ми ствара ???
Јас сум кај Ложанковски, го препорачувам. Не го знам одговорот на прашањето кога и како се ствараат, ама оди на второ мислење ако ти е шубе. Баш и јас ќе се јавам неделава да видам кога ќе бидат на одмор. Се најдобро https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Полип_на_матката
Ти благодарам, исто и тебе многу срека и се најубаво Заврши мојата голгота со полипот . Денес бев во Систина кај др. Јован Костадинов. Можам да кажам дека сум многу задоволна од односот на докторот. Уште кога му реков дека проблемот ми е продолжено обилно менструално крварење ми рече, не се плаши летово знае да се поремети циклусот, жешло време, одиме по одмори, менуваме клима и сл. Најпрво колопоскопски ми го гледаше грлото на матката, рече тука се е чисто, потоа на ехо јајниците во ред и матката чиста. Ми вика тука јас не гледам никаков полип. Ме праша за тироидните хормони, тие ми се во ред и за пролактинот. Му реков дека пролактинот го одржувам со четвртинка апче достинекс, ми рече обавезно да провериш пак можеби треба да се зголеми дозата. Ми препиша дабростон апчиња за да престане крварењето па да видиме. Битно полип рече дека нема. А утрово кога зборував со др. Татјана ми рече штом не престанало крварењето обавезно ке треба киретажа за да застане крварењето, па потоа хистероскопија. Ептен ме преплаши некако, дури и доктор кој да ми прави ми препорача и тоа пак на приватно. Овие докториве, ми изгледа како бизнис да си терат.
Dali ima nekoj praveno laparaskopija vo sistina i kolko cini,prasuvam zasto imam polip na matka fala vi mnogu