1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Политичка релаксација - вицови, карикатури, видео клипови

Дискусија во 'Политика и настани' започната од BoaVista, 31 мај 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Ајде малку да се релаксираме и во политичките теми :)
    Значи без препукувања и дебати, овде можете да оставате интересни клипчиња, изјави од политичари, слики, карикатури, да пишувате интересни вицови за нашите политичари :)
    Да се обидеме да избегнеме караници во оваа тема, затоа се што е постирано сфаќајте го како зафрканција и шала, а не да се најдете лично навредени, па да се препукувате :)
    http://www.youtube.com/watch?v=ppH40ljq ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=x04-tnW4 ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=CG52_Sq8 ... r_embedded
    http://www.youtube.com/watch?v=7awv-QeS ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=_ci0OEv3 ... ure=fvwrel

    [​IMG][​IMG]


    Писмо до непознатото партиско другарче

    Здраво непознато партиско другарче. Ние не се познаваме лично, но дознав дека си бил најактивен во нашата партиската организација во твојата општина. Чув дека двојно си ја натфрлил нормата за лепење плакати во една вечер и дека пред тебе никој не смее да каже лош збор за нашата партија. Се раскажува и дека не си пропуштил ниту еден предизборен митинг и дека ги знаеш наизуст сите говори што ги одржал нашиот лидер. Ми кажаа дека имаш богата колекција маички со нашето партиско лого од сите досегашни изборни циклуси и дека насекаде со гордост ги носиш. Јас секогаш сакам да се дружам само со најдобрите. Ете затоа ти пишувам.

    Од здодевност, во партија

    Ме викаат Трпе Лопта, имам 23 години и веќе пет години сум член на партијата. Прекарот го добив уште во седмо одделение кога наставничката по математика ме остави на полагање. Тогаш таа ми рече дека главата ми била како „пилатес лопта“, и во габарит и во когнитивни способности. Главата навистина ми е голема, а тоа второто, да ме утепаш, не знам што значи. Ги оставав децата од одделението да мислат дека сум глупав, ама јас еднаш ја слушнав мајка ми како на сосетката Маре од трети и објаснува дека сум многу бистар, ама ме мрзи да учам. Тоа ќе да е. Татко ми тоа лето и ја измалтериса викендичката на Скопска Црна Гора и наставничката ме „пушти“ уште во јуни. Потоа моите ме запишаа на занает. Така ги посоветувале, исто како и родителите на Ајнштајн. Едвај ги издржав тие три години во средно. Многу бегав од часови, а не знаев каде да одам. За во кафуле немав пари, па почнав се почесто да се вртам во локалниот партиски штаб каде што се собираа невработените „стари алкоси“ и маалските фраери што ни „маваа рекет“ на голем одмор.
    Знаеш како е на почеток. Ќе ми удреа по некој „ластик“, ме праќаа по семки и пиво, па потоа почнав за нив да го собирам „рекетот“. Тогаш веќе не ме задеваа и ми правеа здраво.
    Еднаш на клупата во паркчето пред нашиот штаб седеа некои „лигуши“ од факултетот во близина и еден од нив за нашиот лидер рече дека бил безрбетник. Иако беше 5-6 години постар од мене, му се внесов в лице и му реков ако и понатаму мисли така, да излезе со мене на „ферка“. Постарите од партијата се вчудовидоа кога студентот го повлече зборот и не сакаше да се расправа со мене. Уште и ми рече дека не сака да дојде на мое ниво зашто ќе сум го „тепал“ на искуство. Ќе го тепав ами како, со мене нема лабаво.
    Од тогаш почнаа да ме почитуваат и кога наполнив 18 години веднаш ми дадоа партиска книшка. На минатите избори залепив повеќе плакати од сите членови на подмладокот заедно, плус кинев и од тие на другите. Ама, сепак, најголема почит во партијата здобив кога претепав двајца активисти на другата партија и ја плукнав девојката што беше со нив. Девојката беше навистина згодна, ама јас не се плеткам со луѓе од противничката партија. Шубе ми е, како да се шугави.

    Сите ме знаат

    За овие избори ме унапредија. Сега сум логистика. Ги возам „копиљаците“ што лепат плакати и внимавам некој да не ги задева. Кога одиме на митинзи ми чуваат место во автобусот, можам да земам сендвичи и сокови колку сакам, па дури и луѓето од врвот на партијата ме поздравуваат. Еднаш кандидатот за пратеник од нашата населба не однесе на кафе. За пет минути му се јавија на мобилен. Некоја многу битна работа. Знаеш како е, висока политика. Тој е многу добар човек, искрено работи за доброто на партијата и види до каде стигнал. Ни вети дека ќе се заложи, во сендвичите што ни ги даваат за на митинзи да ставаат шунка наместо посебна, и тоа по три парчиња. Рече дека ние сме први за вработување ако победиме. Ни го плати кафето на сите, се извини и мораше да замине. Ми падна криво. Да знаев дека ќе плати, ќе нарачав ирско кафе. Никогаш не сум пробал.
    На сите што ги знам им дадов партиска маичка, запалки и пенкала. Им поделив и плакати да си ги залепат во соба наместо постери. За мене си зедов десетина маички. Од тие убавите, со јака како „Ла коста“. Две и дадов на вујна, за братучед ми. Ми се сврте кога видов дека идиотот си ја варосуваше собата облечен во таа маица. Му реков дека мислев дека со таа маица ќе дојде со мене на централниот митинг на плоштад. Потоа сакав да одиме некаде на кафе, да го запознаам со едни девојчиња од партија, кои се распрашуваа за него. Ми рече дека би излегол од дома облечен во партиска маица само ако мозокот му е во тегла во некоја научна лабораторија. Се налутив. Ама кога видов дека плакатот со ликот на лидерот го залепил врз пикадото, веќе беше премногу. Се развикав. Бадијала му е факултетот ако не знае да ги препознае вистинските луѓе што и мислат добро на оваа земја. Му реков дека со вакво однесување никогаш нема да се вработи, па и пет факултети да заврши. Ми рече дека добил стипендија за постдипломски во странство. Во септември си оди и не планира да се враќа. Предавник. Но и покрај тоа, знам дека го цени мојот политички ангажман. Еднаш ми рече дека таквите како мене прават силна држава, а тој студира политички науки. Барем за толку знае.

    Повторно на почеток

    Изборите завршија како што завршија. Идните пратеници се уште не се појавиле во нашиот штаб, иако претходно секојдневно навраќаа. Ако, нека одморат луѓето. На следните избори повторно ќе се дружиме. До тогаш можеби ќе се вработам во партиското обезбедување. Штабовите не ги затвораме додека не заврши европското. И ние да погледаме фудбал како луѓе, во климатизирана просторија и со пиво на партиска сметка. Јас навивам за Холандија, а не како овие предавниците што навиваат за Франција, Хрватска, Турција или, не дај боже, Грција.
    Те молам не испраќај ми го одговорот на домашната адреса. Сандачињата ни се искршени, а соседите од другата партија ми ја кинат поштата. Испрати ми го писмото на нашата партиска адреса: ул. „Арамиско гнездо” бб, со назнака за Трпе Лопта.
    Жолта Дуња, зелен бор, чекам брзо одговор.

    Па продолжете :)
     
    На maca cvet, Buttterfly, Dadi4ka43 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Само јас мислам дека е ова индиректно препукување? :lol:
    Едните ќе ставаат само клипови од ВМРО,а другите само од СДСМ.

    Ако сум грешка,не ме напаѓајте де.

    Еве некој виц,да се насмееме малку. :lol:


    Отишол Грујо во посета на македонските војници во Авганистан и го прашува еден од војниците:
    - Војниче, колку е часот?
    - 1 и 45, одговорил војникот.
    - Е мој војниче не се одговара така, требаше вака да ми одговориш: “Благодарение на владата на РМ сега е 1 и 45″.
    Никола го прашува другиот војник:
    - Војниче, колку е часот?
    - Благодарение на владата на РМ, јас немам саат!
    ____________________________________________

    За време на студената војна, стравот од комунизмот и Советското влијание беше распространет во повеќето западни земји. Следниов разговор се води во канцеларијата на американскот претседател.
    - Господине Претседателе, Русите штотуку се спуштија на Месечината и почнаа да ја бојат во црвено. Работат брзо и една четвртина е веќе обоена во црвено.
    - Ок па што е проблемот?
    - Но г-дине Претседателе ако ја обојат во црвено, комунистичкиот симбол има да виси над глава врз целата светска популација.
    - Не се грижи за тоа, остави ги нека си работат.
    После два дена советникот влетува повторно во канцеларијата на Претседателот.
    - Г-дине Претседателе, скоро се готови со половината.
    - Не се грижи и остави ги да работат.
    Подоцна истата недела советникот тажно објавува на Претседателот.
    - Г-дине Претседателе ако погледнете нагоре ќе видите дека Месечината е цела црвена. Русите завршија.
    -Ок, сега кога веќе завршија испратете шатл и нека нaпишат Кока Кола низ целото.

    _______________________________________

    Како за најкратко време да ги затвориш сите криминалци во Македонија?
    - Стави решетки околу Влада и Собрание. :lol:

    ____________________________________

    Како Бранко ќе го победи Грујо на избори?
    - Ќе ја стави Шехерезад за носител на листа.
    ________________________________________

    Грујо фатил алергија и отишол на доктор. Докторот го прегледал и му рекол:
    - Слушајте г-не Премиере, алергијата ви се појавува од прашокот за перење.
    Кога се вратил дома ја прашал жена му:
    - Злато, каков прашок користиш?
    - Дуел злато, дуел!

    :rofl:
     
    На Роберт 7, sugarlips, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
  7. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Ццц се се ама овој човек секогаш ми предизвикува смеа. Онака секогаш збунет и растревожен во изјавите и трепет во гласот заради страв од нов гаф. :rofl: :rofl: :rofl: :lol: :lol:
     
  9. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Ај нека го стави некој тој рекламен спот со баба на Обединети за Македонија, не можев да го најдам а ги изгледав сите...овој со пенкалото посебен впечаток ми остави :rofl: :rofl: :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=nmAaITBzWJU
     
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Речникот на Фрчкоски

    Јеби га
    шутрак
    сељаштво :lol:
    морони
    аналистичка помија
    јебо те
    министерче
    дибеци
    шупци
    дркаџии
    калакурница :D
    сељачишта
    г-.
    газ
    село гори баба ја боли :lol:
    у меѓуножје работе ли работе :rofl:
    ебате идеалите
    посрани гулаби
    да испушат
    јебала вас информација :rofl: :rofl: :rofl:
    г-луп
    политичко дупенце
    најслатко е кога се дупчи збунета особа

    Фрчко рулз :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Ицолгудбејбе, Buttterfly, cveke123 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
  12. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Аааааах првото за космодиск!
    http://www.youtube.com/watch?v=9R5dhDE7 ... re=related
    Е неможам! :rofl: :rofl: Да си ја крене кичмата. Па за да користиш космодиск треба да имаш кичма ахахааха леле :rofl:

    0:52 ЕПИК
    http://www.youtube.com/watch?v=K5psb4CX ... re=related

    Џани, врв е :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=uDNYTy0f ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=npAaGzSQeZg

    Џорџе бе Џорџе треба да оди во историјата :D
    http://www.youtube.com/watch?v=0cfq2858 ... re=related
     
    На Buttterfly, Cia-ra, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    На Buttterfly и lolyta777 им се допаѓа ова.
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
  19. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    ......[​IMG]
     
    На Buttterfly, MacaLove и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    Министерот за финансии и премиерот се шетаат низ еден град за време на предизборна кампања и доаѓаат до една градинка.Воспитувачката им се жали како нема услови во градинката, треба да им се обнови игралиштето, да им се подобри храната и сл... Премиерот се врти кон министерот за финансии и му вели Дај 200 000 евра за нашата младина.
    Продолжиле со прошетката и доаѓаат до еден затвро. И таму шефот на затворот почнал да се жали за тоа како немаат кревети, туш кабини, и сл...Премиерот повторно се врти кон министерот и му вели: Дај му 2 милиони евра. Кога излегле од затворот министерот го прашува премиерот:Премиере, зошто на нашата младина им дадовме 200 000 евра а на криминалците 2 милиони евра?Премиерот одговара: Што мислиш ти, после изборите каде ќе завршиме, во градинка или во затвор!? :D
     
    На Buttterfly, BoaVista и SunFlower94 им се допаѓа ова.