„Полна месечина“ е приказна за Ферит и Назли чија љубов е подеднакво слатка како и горка, подеднакво смешна како и драматична. Назли е млада и весела девојка за која секој ден е борба со животот. Сонува да биде успешна готвачка па затоа студира гастрономија а паралелно посетува курсеви по јапонски јазик и работи дополнително како би обезбедила пари за нејзините две сестри Фатош и Асуман. Нејзиниот едноставен живот се менува дента кога добива понуда да работи како личен кувар за богатиот бизнисмен Ферит. Но таа работа бара од неа да се почитуваат одредени правила. Мора да ја готви храната во претходно доставена листа од газдата, не треба да се шета низ куќата, не смее да излегува надвор од куќата, а работата треба да ја завршува внимателно и да си заминува од таму пред да дојде газдата. Така започнува нејзиното интересно секојдневие. Таа ги почитува правилата, а Ферит ја обожува нејзината храна. Таа мисли дека газдата е некој старец, а Ферит мисли дека готвачката е некоја постара особа. Ферит и Назли ќе се запознаат и ќе се заљубат еден во друг. Таа за него е симпатична , а тој за неа е голем ситничар. Сестрата на Назли - Асуман, ќе направи една грешка со тоа што Ферит ќе го изгуби старатлството кон неговиот внук. Кога Ферит ќе дознае дека Назли знаела за тоа, тој одлучува да ја оттргне од него. Но нивната љубов ќе надмине се *Ја гледате серијава? Многу е добра, могу ми се допадна мене, ја гледам и на јутуб, ја има со англиски превод. Инаку оригиналното име и е „Dolunay“ можете да ја побарате, ако сакате да ја гледате.
Слична како Сезона на црешите и Вљубениот ерген. Ништо поразлично и интересно. Овој главниов Ферит симпатичен е ама далеку од убав, а и Назли не ми е нишо посебно. Инаку глумецов наводно потекнувал од македонска фамилија, баба му била Македонка, така прочитав. https://www.tvpaket.com.mk/ferit-od-polna-mesecina-poteknuva-od-makedonska-familija/
Мене Џан ми е убав,а и ми се допаѓа како глуми. И јас имам прочитано дека баба му била Македонка на повеќе портали. Со оглед на фацата и избувливиот карактер што го има,се гледа дека има нешто Балканско во него. Озѓе ја рачунам за една од најлошите глумици.Значи,ич не знае да намести соодветна фаца.Сè некои чудни,стаклени изрази има на лицето.Може да ја биде само за негативка во сериите. Не дека серијава не е интересна,ама можеле да смислат подобра приказна.
А баш супер лик беше на почетокот сеа стана умоболен манијак, којзнае на што све е спремен да направи да ја придобие Назли. И со Ферит ги расипа од односите, ај нека се здружи со идиотот Хакан и да го докрајчат Ферит. А таа па Демет колку ми е антипатична, само се меша кај шо не и е место и праи сплетки, гуска глупава. А Дениз братучед му беше на Хакан? Спојлер Темава воопшто не е активна, изгледа не ја следат многу серијава и онака не е нишо посебно, добра е само за тепање време.Нема некоја посебна содржина.
Спојлер Да ќе се венчаат. На почетокот ќе глумат дека се заедно само заради Булут, ама после вистински ќе бидат заедно. Мене баш ми е интересна серијата и има некаква содржина. За разлика до другите серии каде има само убиства, силување, киднапирање, неверства... оваа е позитивна серија. Според тоа колку е актуелна темава се гледа дека луѓето повеќе ги сакаат сериите во кои има блунд и неморал отколку вакви серии.
Не, Демет му е сестра на Дениз. И мене Дениз ме нервира уште од самиот почеток кога почна само со Назли да се опседнува, веќе нека сфати дека таа не го сака и нека се откачи од неа. Па и на Ферит му рече работите што Назли ја засегаат и него го засегаат Инаку, Спојлер На крајот ќе се докаже дека Хакан ја наместил сообраќајката на Зејнеп и Демир, а оној Дениз глупиот верува дека не е тој виновен.
Дениз ми е . Со мм кога го гледаме викенд секогап му коментирам за Дениз дека е гаден а на тоатој ми враќа супер дечко е . Одвратен е мал збор . И ко некој чичко ми е .
Булут ми е едно од најслатките дечиња од серииве. Уште и детете што го преведува не знае убаво "Л" да ја изговори и дополнително ми е сладок поради тоа Овој глумецов што го глуми Хакан ми е преантипатичен, можеби затоа што глуми само некои психопати.