http://www.filmofilia.com/wp-content/up ... aris_m.jpg http://1.bp.blogspot.com/-os9gK5bvyZQ/T ... 80x800.jpg http://cdn.theatlantic.com/static/mt/as ... -53668.jpg http://4.bp.blogspot.com/-dj7GhJurulE/T ... +Paris.png Филмско остварување на Вуди Ален, номинирано во повеќе категории за оскар оваа година. Роматнична комедија за носталгичен писател кој талкајќи низ улиците во Париз се соочува со илузијата дека минатото е подобро од сегашноста и дека во сечиј живот има повеќе бенефиции отколку во неговиот. Лесен и едноставен филм, спој на модерното време и златните години, со добра поента и изобилство на интересни ликови-Хемингвеј, Пикасо, Дали... Интересен спој на актери Owen Wilson, Rachel McAdams, Corey Stoll, Marion Cotillard, Adrien Brody Откако го гледав посакав да живеам во 1920 и да имам љубовна афера со Хемингвеј или барем Marion Cotillard
Ммм ми се свиѓа филмов многу! Овен Вилсон ми е многу убав Убава приказна и убави времиња, добра поента има филмов и мило ми е што го гледав токму сега кога почнувам да живеам, сфатив дека секое време во себе си носи убави и лоши работи, само луѓето повеќе зборуваат за лошите работи и за тоа како минатото било подобро.. Иначе тој што не го сака Париз, после филмов ќе се заљуби во неговите тајни од минатот, токму како што се заљубив јас
Преубав филм.. воопшто не очекуваш што ке се случи на крај, те држи во неизвесност.. Прекрасно, немам зборови
Мене искрено филмот ми беше малку досаден.Не беше лош но е исто така далеку и од одличен филм,вторпат не би го гледала.Премногу едноставен за мој вкус.Океј,пораката е дека некои од нас копнеат за тоа да живеат во друго време како главниот лик но некако цел филм ми се вртеше околу едно исто. Овен Вилсон мене ми беше добар во оваа улога,го видовме во малку поразлично издание.Можеби најмногу ми сметаше тоа што ликот на една од моите омилени актерки Рејчел Мекадамс ми беше крајно антипатичен.Интересни ми беа разговорите кои ги имаше со Хемингвеј и тој актерот што го глумеше Хемингвеј беше многу шармантен.Сепак просечен филм,не сум баш фан на филмовите на Вуди Ален.
Прекрасен филм, за романтични души полн погодок Јас искрено го предвидував крајот, но и покрај тоа во ниту еден момент не ми се здосади. Ми се допадна темата на филмот,начинот на кој сето тоа беше претставено... Секоја чест
Прв пат кога зедов да го гледам - заспав Навистина, уморна бев, ама и филмот си имаше удел, морам да признаам. Вториот и последен пат го гледав од што немав што да правам друго. Овој пат го изгледав до крај Морам да признаам дека не беше до толку досаден како што ми се чинеше првиот пат, ама па и ништо посебно. А читам номиниран за Оскар Де, кај бил овој филм за Оскар. Глупости Овен не ми се вклопува во улогата. Некако навикнавме да го гледаме во комедии и вака сериозен ич не му стои. Додека го гледав филмот, во секој момент очекував да одвали нешто. Приказната: нит ме фасцинираше, нит научив нешто. Подолу од просечна. Она што најмногу ми се допадна во филмот е Париз Преубави кадри од градот. И музичето на почетокоt убаво е. Насловот мислам дека му е промашен. Мислев дека ќе гледам романтики некои, а не time travelling. Очекував барем мааааааалце повеќе од филм на Вуди Ален. П.С.Постојаното извештачено смешкање ме вадеше од такт!
Мене филмот ме воодушеви, можеби баш затоа што сум уметничка душа. Вуди Ален ни нуди романтични и сентиментални слики како да произлегуваат директно од неговото срце полно со светлечка уметност и нежна фантазија. Приказната сместена во срцето на Париз го прави филмот уште поромантичен. Мене ми беше возбудлив филмот баш заради тоа што ги видов на едно место спомнати најголемите сликари и писатели, и сигурна сум дека режисерот Вуди добро се забавувал пишувајќи го сценариото за овој филм. Филмот е препорачлив за луѓе кои ја сакаат и разбираат уметноста.
Ми се допадна филмот..доби и оскар за најдобро оригинално сценарио ако не се лажам. Го делам мислењето со Glenn би сакала и јас во 1920 со Хемингвеј
Не ми остави некаков впечаток филмов...освен Овен Вилсон кој си го сакам како актер... инаку не би го гледала пак филмот
Обожавам се што е од Вуди филмов не е исклучок . п.с. Овен Вилсон многу добро ги фаќа гримасите, движењата па и говорот на Вуди. Или мене само ми се приини тоа?
Еден од ретките на Вуди Ален кој ми се допаднал. Добра приказна, што убаво си патуваше низ времето, ги запозна најјаките личности и доживеа многу искуства. Крајот беше супер.