Полова рамноправност

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Go-Girl, 5 март 2010.

  1. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    Еве во оваа тема можете да го искажете вашето мислење за половата рамноправност кај нас и во светот.

    • Дали мислите дека има еднаквост помеѓу половите или пак сеуште постои дискриминација?
    • Дали се почитуваат правата на жените кои се признаени и загарантирани со закон?
    • Каде мислите дека е најголема нееднаквоста (во кои области)? Можете да кажете примери од ваше лично искуство.
     
  2. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    А зашто очеувате секојдневно мажите да ви ги подобруваат правата.Тоа е многу многу грешно.И вие самите си се дискриминирате секој ден,а што тогаш останува на мажот.Зашто секогаш вие у бракот и врската се фаќате да перете,готвите и чистите.Нели можете на мажот да му кажете да сам си се испере и си готви(не е никаков проблем сам се перам и готван у глобала веќе 2-3 години).И што има врска дали се 30,50 пратенички кога ниту една од нив се нема ништо корисно изборено за жената.Тие само се борат за функции и им е гајле за жените или нивните права и се слуги на мажите пратеници тоа е факт непобитен.Еве кажете што се имаат изборено нашите пратенички за жените.И рамноправност и родова еднаквост не се остварува со фејсбук,мсн,скајп,гледање мини здолништа,фустанчиња туку се секојдневна борба на улица,во семјството,во фабриките и друго.И еднаквоста се остварува со образованието,со амбициозност,со квалитет.Секое второ машко има желба да почне сопствен бизнис.А кажете колку жени имаат храброст или пак ги интересира да почнат свој бизнис.Многу ретко многу ретко.Кај нашата жена свеста е на најниско можно ниво.Дискриминацијата е голем поим многу голем.Денеска модерна жена не значи само ако си манекенка(модерна проститутка) и носиш високи потпетици напротив тогаш си само сексуален објект за задоволување на машките потреби.Вака со седење дома и кукање колку сте дискриминирани нема ништо да постигнете ;) .Кога ќе гледам секој ден илјадници жени на улица како протестираат,јадат ќотек,гладуваат само за да се изборат за своите права е тогаш ќе кажам секој чест.Така можете да ја смените свеста кај мажот.И знајте ниту еден закон неможе да ве заштити од дискиминација туку само со менување не свеста можете да се заштите.Ова е голема област може да се зборува со денови али сега толку ;) .

    МОДЕРАТОР:
    Преместено мислење од друга тема.
     
  3. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    31
    Taka e! Ne deka nemat prava,tuku samite se diskriminirat,promenete nesto,samo od sebe nisto ne se menuva
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    не ја гледам поврзаноста на овие два поста и зошто си ме цитирал.....јас убаво си пишав дека има доволно квалитетен женски кадар кој може да биде многу успешен во политиката, НО НЕМААТ ДОВОЛНО ХРАБРОСТ ДА НАВЛЕЗАТ ПОДЛАБОКО ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ВОДИ!!!
    то гледам си почнал да пишуваш за дискриминација и полова нееднаквост...бла бла бла....каде виде такво нешто во мојот пост???? :worried:hock:
    и уште веднаш да кажам не се согласувам со сето ова кое го имаш пишано...жените требало да се борат за своите права,за еднаквост :o зашто да се борат кога тие права им следуваат и со закон се утврдени (нивната НЕреализација е друга тема)....случајно мажите да не се бореа за тие права а???...нееее нив по дефиниција им следуваат, а жените треба да се борат и како што викаш ти да протестираат на улици и да јадат ќотек....каква иронија нели, ама и тоа се случи во минатото и на таков начин жените ги добија своите права :!: сега веќе не е потребна борба и докажување на правата, само треба да имаат храброст да ја покажат својата способност на ова поле (политиката).
    ај уште ова да ти го кажам....намали со навредиве (манекенки, проститутки и сл.)
     
  5. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    boyfromtown,nekoi tvoi postovi se dobri ama so ovoj totalno ja utna rabotata,mislev deka si kulturen decko,gradski coek neli(po prekarot) ama ocigledno si bil sovinisticki nastroen... :( kako prvo,zenite odamna se izborile za svoite prava,i protestirale na ulici,taka da sea sme ramnopravni i ednakvi pred zakon!,taka da neznam zaso bi iskacale na ulica ili po fabriki da se borime?koga veke go imame toa..da ne ja pomesa makedonijava so nekoja muslimanska zemja na bliskiot istok slucajno,sto velis deka ne sme ramnopravni i deka treba da se borime za svoite prava? :D e za tamu moze da se kaze deka zenite se potcineti,ama nie fala bogu sme daleku od niv.......vo razvienite i moderni zemji,zenata gi uziva site prava koi gi uziva i mazot,i za rabota i za obrazovanie i za se..kazi mi koe pravo go imate vie mazite sto nie zenite go nemame ili ni e zabraneto?zeni vo makedonija ima direktorki na uspesni firmi,doktorki,dekani na faklutet,ministerki,eden den i pretsedatel ke ni bide zena sigurno,zaso togas mislis deka nie gi nemame istite prava ili moznosti,sposobnosti za da bideme nesto?ili slucajno vie mazite ste popametni a nie poglupi? :lol:
    naucno e dokazano deka obemot na maskiot mozok e malku pogolem,megutoa isto taka e dokazano deka mozokot na zenata e porazvien od maskiot,taka da mu doaga na isto,nitu vie popametni nitu nie. vsusnost mora da dodadam deka sepak vie ste poglupavi zatoa sto mnogu cesto mesto so mozokot razmisluvate so toa megu noze :D gledas i vo tvojot post se nesto mini sukni,zdolnista i stikli se vrtat..zasto?zasto se tamu vie e pametot :D i poim za moderna zena ne e nekoja manekenka,tuku delovna zena,(vo kostum,a ne mini zdolniste)koj i raboti i odrzuva dom,semejstvo..
    e sea zasto zenata go odrzuva domot?i toa malce veke e promeneto,pogledni primeri kolku ima semejstva kade zenata raboti a mazot sedi doma bez rabota,i sakal nejkel mora da vrsi nekoi domakinski raboti..ke zemam za primer po drugite gradovi vo makedonia,pomalite,so tranzicijava se ispozatvorija golemite fabriki i lugeto ostanaa bez rabota.. novopecenite tranziciski gazdi si ispootvorija konfekcii,ama tamu primaat pretezno zeni,i zenive se ispozaposlija a mazite ostanaa doma..za 20-30 godisen e tesko da se najde rabota ne za 40-50 i neso god.covek taka da mazite stanaa domakinki,a zenive rabotat.
    e sega zaso mazite ne sakale da rabotat domasni raboti?zarem za toa treba da protestirame na ulica?zeni so transparenti-"ne cistime po doma veke,mazi cistete si sami|.. :lol: more jas sum za ..
    taka ste si nauceni taka ve naucile majkite,po toj balkanski mentalitet,navik,on e masko ne mora da raboti po doma,ostaj go..
    i prinesi mu na maskoto dete jadenje,i razdigni mu go,nebere ne mozelo toa samo..i posle deteto stanalo maz,i nejke gazot da si go mrdne od fotelja"zeno donesi mi voda".. tie raboti ne se promenuvaat na ulica,tie raboti se menuvaat vo semejstvoto.
    jas moeto dete nema da go vospituvam taka,i maskoto i zenskoto isto da rabotat,a ne-masko e ostavi go-a veruvam i poveketo idni i mladi majki.....i decko mi na mene mi pomaga po doma,si ja delime rabotata jas ke napraam jadenje primer,on ke izmie sadovi,znae i so pravosmukalka da mi iscisti i sredi ako jas nemam vreme a on e sloboden,bez nikakov zbor i bez molenje i poplaki,jas nema nisto ni da mu recam, se vrakam od rabota gledam sve e sredeno i cisto..se zavisi kako ke si gi postavis rabotite...
    i uste da dodadam zasto e pogolem brojot na mazite negoli na zenite vo politikata ili biznisot?zasto premnogu cesto zenata ja zrtvuva svojata kariera zaradi karierata na mazot,nazalost..zosto ako i dvajcata se aktivni politicari ili biznismeni,koj ke im gi porasne iscuva decata?dadilki?ne e isto roditel i dadilka...koj ke e stozerot na domot?i taka iako i dvajcata steknale obrazovanie mnogu pocesto e mazot toj sto go brka biznisot a zenata gi cuva decata i go podrzuva vo se i raboti isto,no sepak se racuna deka mazot e nositelot na biznisot..ama i tuka ke se promenat rabotite vo idnina..
    i uste sakam da kazam vo nasive makedonski uslovi mnogu cesto igra uloga i ljubomorata posesivnosta na mazot,kao posledica na tie zaostanati balkanski svakanja.."ako raboti zenata mu,ke mu ja gledaat drugi mazi,moze ke go izneveri bolje neka sedi doma.. jas imav edna drugarka so ne se zapisa na faklutet iako nejzinite mozea i sakaa da i go priustat toa,posto decko i(segasen maz)ne ja pustase,demek ke mu izbega,ke najde nekoj drug na faklutetot,i poskoro da si ja zeme za zena.. :D
    ama pak ke recam tie raboti ne se menuvaat na ulica so protesti,tuku vo semejstvoto,vo samoto razmisluvanje na covekot,so osovremenuvanjeto na opsestvoto..
    jas na primer nikogas ne bi dozvolila da decko(maz)me spreci da se zapisam na faklutet,ili da rabotam nekade,ama ne sme site isti..neznam dali e do toa sto spomna nekoj,deka ni fali hrabost,ama mislam deka poveke e zivotot po inercija,kako sto zivele nasite roditeli i nie taka,tesko se menuvaat nekoi zakoraveni tradicii i svakanja,megutoa vo poslednive10-20 godini rabotite pocnaa da se menuvaat i i te kako ke se promenat vo narednite 10 godini da receme :D aj dosta e se zaboraviv ja pisejki veke.aman :lol:
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Не те цитирав тебе туку другата девојка.И како прво јас никаде не реков дека жените не треба да бидат рамноправни туку напротив.Само финтата е што никој не ја сфати вистинската поента на мојо пост .Претходните генерации жени јадеа ќотек за да се изборат за подобри права на жените,а вие сте таа генерација што треба да се борите за еднаквост меѓу половите ме сфаќаш тоа ми беше поентата зашто жената е далеку далелку од рамноправност со мажите да не се лажеме.Јас никаде не кажав дека мажите треба да бидат супериорни врз жените напротив сум многу против тоа.Секој човек треба да се цени спрема квалитетите ,а не дали е машко или женско .Законот е само парче хартија има милион закони против дискриминација па не се почитуваат воопшто.Јас кажав треба вие активно да работите да ја смените машката свест.И само ќе ти кажам дека НИКОЈ НЕ Е ТАКА БЕЗНАДЕЖНО ПОРОБЕН СПРОТИ ОНИЕ КОИШТО ВЕРУВААТ ДЕКА СЕ СЛОБОДНИ ;) .Да жените за разлика од минаотот имаат далеку далеку поголеми права али да кажеш дека сте рамноправни со мажите тоа е чиста илузија(не велам дека така треба да биде) напротив жените се далеку од рамноправност(читај не права рамноправност) со мажите што не значи дека во иднина нема да биде така.И ако го познаваш доволно феминистичкото движење ќе видиш дека сите тие се против манекенството(што се и у право и тоа како) и сметаат дека они се само сексуални објекти ништо повеќе ни помалку и дека индустријата го злоупотребува нивното тело.Може до утре да се зборува али сега не е битно.Поздрав
     
  7. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Од каде заклучи дека сум шовиниста .Кога би ме познавала лично би го сменила мислењето за 360 степени зашто по природа сум голем љубител на жени(не сексуално туку како човечки суштества).Во светот 97% од капиталот,бизнисот и фабриките се во сопственост на мажите и тоа се факти.Тоа не го велам јас туку сите истражувања ;) .Само почни од кај нас.Кај нас у Македонија 98 % од приватните фирми,капитали газди се мажите .Многу многу многу ретко некоја жена да е газда на приватна фирма.Дали за тебе тоа е рамноправност Па баш тоа сакав да кажам дека рамноправноста не се остварила само со еден закон туку тоа секој ден се остварува во семејството,работата,кариерата,образованите.Тука треба да се борите со тупаници(од зборови) .И децата не се само деца на мајката туку и на таткото.Тоа си е ваша вина што неможете да ги превоспитате мажите.Колку што вие перете,чистите и ги одгледувате децата толку можат и мажите тоа да го прават(мене не ми е никаков проблем).Кога секој ќе си ја знае својтата обврска во семејството многу полесно ќе ви е и на вас.Кога секое машко дете ќе знае дека после секое јадење е должно да си ги измие садовите,дека си е должно само да научи да се пере и чисти,а не да очекуваат сите од жената(мајката) тогаш може да правиме муабет дека се постигнала некоја полова еднаквост.Вака во Македонија па и ресто во светот тоа ми изгледа прилично далеку .И тоа си у право дека не само последните 20 години туку последните 50 години константно се менуваат работите на тоа поле али треба да поминат генерации и генерации,децении и децении зашто традиција којашто била вметната со векови неможеш да ја искорениш за 50 години.И баш тоа сакав да кажам ЗАШТО вие секојгаш мора да се жртвувате за кариерата на мажот ЗАШТО И ТОЈ не се жртува за вас.На овие теми може да се зборува една недела и тоа многу многу работи не кажав зашто не сакам да тупам ,Тоа можеби во иднина.Поздрав.
     
  8. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    епа дечко за да нема недоразбирања следен пат ќе го извадиш само постот што сакаш да го цитираш ок :?: :)


    не реков ништо за професијата, туку СЛУЧАЈНО да не упатиш некоја навреда кон жените, да те предупредам ;)
     
  9. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    89
    Првин да ти кажам дека ме насмеа со твоите постови.
    Второ, во денешно време жената може да биде успешна исто колку и мажот што зборува за нивна рамноправност.Успехот се цени според креативноста, напливот на нови идеи, издржливоста односно истрајноста, организациската способност која е особено важна, истовремено и комплицирана кога се во прашање луѓе, исто така и рационалното користење на времето; и не гледам причина зошто овие способности би се делеле на машки и женски.
    Постојат мажи кои на некој начин се плашат од ваквите жени поради фактот дека ќе ја изгубат доминантноста.Ако жената добро заработува, ако гради цврста кариера, остварува високи социјални контакти, има доволно самодоверба тогаш зошто да не седне на маса и да разговара потполно рамноправно со еден маж.
    И за крај феминизамот е доста дискутабилна тема, но да не бидам аут оф топик накратко: припадничките на понежниот пол ги имаат совладано сите машки вештини и се навлезени во сите области на животот, кои некогаш важеле исклучиво за машки територии- значи нема потреба од вакво движење за рамноправност кога веќе ја имаме, оставаме место за борба за доминантност. :D
     
  10. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Незнам зашто те изнасмеав со моите постови :?: но тоа не е ни толку битно.Во денешно време жената може да биде толку успешна како и мажот НО ДАЛИ Е?Женската популација во светот сочинува околу 50-55% од вкупната популација,а во светот 97% од капиталот,бизнисите,фирмите,фабриките ги држат и се сопственици мажите ;) каде што треба миниум 20-30% да се жени сопственици според некојси реципроцитет.Од 1000 најбогати луѓе на светот нема ниту една жена незнам дали си го знаела тоа ;) ,а треба да има миниум 200-300 жени.Од 1000 најбогати фирми и успешни фирми нема ниту една жена газда незнам дали и ова го знаеш.Феминизмот не е воопшто дискутабилно тема затоа што никој не го сфатил вистинското постоење на ова движење но за тоа тука не е ни место ни време да се зборува.Тоа си многу во право дека постојат многу мажи што се плашат од тоа дека една жена може да биде многу поуспешна од нив и дека ќе ја изгубат доминацијата врз жените.И јас не викам дека треба жена да седне со маж и да го гледа него како господар туку напротив има многу многу жени што се поспособни од мажите бар у мојава струка ;) .И жената секаде во светот за иста завршена работа со мажот зема помала плата од мажот и се помалку платени .Да жените се навлезени во сите области коишто претходно важеле за машки области и се покажале во многу случаеви дека се и многу подобри од мажите во тие области но тој број е сеуште релативно мал но незначи дека нема да биде обратно за некоја деценија.Како што кажав неможеш една традиција што важела 21 век да ја смениш за 50 години за тоа треба генерации и генерации.Како што кажав и не се водете спрема некои поединки гледајте генерално.Поздрав
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.450
    Еднаквите права се загарантирани со устав, а нерамноправност гледам на сите страни.

    Дали сум почуствувала дискриминација? Па да. Кога се породив останав без работа. Да бев машко немаше да се случи тоа :D Едноставно немав избор затоа што сум жена.

    Традиционалната поделба на улогите е длабоко вкоренета во нашиот менталитет, но се надевам дека работите ќе се сменат. Сепак потребно е време.
    И се' додека свекрва ми ме прашува дали имам нешто за пеглање (дали имам, не дали имаме), мајка ми ја учи ќерка ми да поставува маса бидејќи била женско, колешките ме прашуваат дали маж ми ми помага кога читстам (ми помага подразбира дека е моја обврска) не се чувствувам рамноправно. И не е само тоа. На работа кога ќе седнам да разговарам со мажи, сите на раковони позиции, колку и да се културни и не го покажуваат тоа, им читам од очи дека мислат дека не сум за таму.
    А да не зборам за коментарите за жени политичарки, или на функција... ма жените се за во кујна! На пример во моментов нема ниту една градоначалничка, а жена премиер или претседател.... Па ни во америка немало уште, попрво го победија расизмот.... а и на стар трек прво имаше капетан црнец, па жена :lol:

    Имам другарки со „машки“ професии кои едвај успеваат да си најдат работа. И ако најдат, колегите им дофрлуваат коментари од типот ај оди работи во маркетинг, или ај свари кафе и слично...

    А за прашањата на интервју за работа - дали ќе се мажиш, дали планираш наскоро да раѓаш деца...
    Коментарите од типот кај е кола за жена...
    Огласите за работа - барам атрактивна девојка за работа во кафич...
    Тоа што каде и да одам, главно жени варат кафе (мислам на работа)...

    Е сега напредок има за разлика од порано, ама сепак има ште мнооогу работа...
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.807
    Мислам дека сите му се нафрливте само поради тоа што е машко на женски форум и се осмелил да каже нешто за жените, а вие сите заслепени не можевте да проникнете во тоа што сакаше да каже. Дечкото не сакаше да каже дека жените се глупави и не можат да го постигнат тоа што и мажите, туку дека сега за сега ситуацијата е таква што мажите се уште владеат во фирмите и факт е дека има многу повеќе мажи споственици на некој бизнис него ли жени. И никој не рече дека оваа состојба и нема да се смени. Точно е дека се уште многу жени се стремат само кон тоа да основаат семејство, а немаат некои поголеми амбиции за кариерата. Ќе треба уште долго време за ова да се измени, но како се развиваат работите и свеста кај жените, во наредните години секако дека ќе има напредок.
     
  13. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    јас сватив што сакаше да каже дечкото, ама морав да му вратам зошто го цитирал мојот пост а немаше врска со неговото напишано :x

    иначе за темава потполно се согласувам со постот на Ариел истото го мислам....и за жал правата постојат но не се применуваат...треба многу време за да се промени нешто во менталниот склоп на луѓето :?
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Оф луѓе мои,менталитетов на нас македонциве ни е двесте години назад.Сеуште одредени мажи не можат да се помират со тоа жената да биде нешто повеќе од готвачка,перачка и единствено да се занимава со децата.Па секоја мајка,без разлика на својата работа си знае да си ги чува и воспита децата,и мислам дека на кариерата воопшто не и пречи домаќинската работа и обратно.Всушност,успешна сопруга,успешна кариера!
    И патем,Ариел,потполно се согласувам со се останато во твојот пост!
     
  15. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    reinbow jas ne mu se"nafrliv"posto e masko,ili posto sum zaslepena pa ne sum mozela da proniknam vo sustinata :lol:
    tuku zatoa sto ako si go procitala ubavo negoviot prv post,napisan a so mnogu potcenuvacki ton kon zenite,ete zatoa....zaso ne napravi deka nie zenite ne razbirame nisto poveke od facebook,msn i fustancinja i mini zdolnista,i deka treba da rabotime na naseto obrazovanie i sl(kao demek nie zenite sme neobrazovani) a i glupi na nekoj nacin zaso spored negoviot post nie zenite mislime deka poim za moderna zena e manekenkata so stikli i mini suknja :lol: kao demek toa e najgolemoto dostignuvanje na zenite ispadna,kao da nema zeni politicarki,biznismenki i slicno..i demek samo sedime doma i kukame..ako tebe kao zena toa ne te pogoduva i tangira,mene da,zatoa i mu replicirav..
    e veke negovite postovi posle toa se so poinakva sodrzina,poinakov ton,i nemam sto da im zameram,vo postot so koj mi replicirase na mene vsusnost se slozuva so poveke raboti koi sto jas gi spomnav vo mojot post,za domasnoto vospituvanje na maskite deca,za zakoravenite balkanski tradicii koi ne se menuvaat preku nok tuku im trebaat godini i sl..
    moze ne e do tolku sovinist,ama da receme neubavo se izrazi za nekoi raboti :D i zatoa moravme da koregirame..
    i jas samata se prasuvam sebesi nekogas zasto zenata najcesto mora da se zrtvuva za semejstvoto,zasto ne mazot koga sme isto sposobni i intelegentni..zaso na nas ni e vo priroda da popustame postojano?
    za da go smenis svetot treba prvo da pocnes od sebe,od svojot dom,,jas veke deckomi si go nauciv kako treba(ako mi bide utre maz neli)da cisti i raboti niz doma.. :lol: se nadevam deka ke mi uspee i so decata koga ke gi imam.. :)
    bidete mi pozdraveni..
     
  16. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Прееска гледав на вести жените од СДСМ штрајкуваат поради тоа што сметаат дека жената е дискриминирана и не рамноправна во општествово... епа ете една капка надеж дека можеби нешто ќе се смени :D
     
  17. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Браво Ариел многу подобро кажано од мене :up: .
     
  18. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Тања кога би ме подобро познавала не би мислела дека сум шовиниста туку феминиста ;) .Има жени политичарки,бизнисменки само нивниот број е многу смешен наспроти мажите ;) .Тоа е факт.И што кога ги има кога ниедна не им е гајле за вас ;) Еве ако сакаш заедно ќе прошетаме низ Македонија и низ светот за да те уверам ;) .У Македонија има еден куп образовани жени што се школувале па пак останале или сакале да останат домаќинки(колку одвратен збор)и не развиле никаква свест за своите права.Напротив денеска жените се уште поголеми робови од порано.И перат,чистат,мијат,одлгедуваат деца и плус работат 12 часа ;) .Со образованието сакав да кажам дека само со образование,квалитет,амбициозност можете да ги смените работите на никој друг начин не.Нормално има поединки али генерално е така на жалост.Тие традиции се длабоко вкоренети во општеството така да треба генерации и генерации да поминат за да се сменат работите.
     
  19. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    И требе да знаеш дека тие жени не штрајкуваат заради правата на жените туку се политички пратени од Сдсм ;) да зборуваат против власта ;) .
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    За ова потполно се согласувам. Кои права им беа ускратени на тие што протестираа?? Како сака некој да и поверува дека се грижела за социјалните случаи (значи незнам како беше точно, не ме држете за збор), а излегла на протести со бунда од 1000 евра. Ако се загрижила толку за нив, нека ја продаде бундата, доста ќе им помогне. Имам уште многу вакви примери, но не сакам да навлегувам во вакви теми засегнати со политика.