1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Половите предрасуди на работно место

Дискусија во 'На работното место' започната од kikikikirika, 2 јули 2012.

  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Студирам технички факултет, за некоја година ке работам како инженер. На кого и да му кажам што студирам сите ми викаат ‘‘Кај си нашла баш тоа, тоа не е работа за жена, тебе нема ни да те примат на работа‘‘. :( :(

    Од една страна се во право, женско сум како утре друг ден бремена да одам на индустриска постројка каде е потребно да се качуваш на голема висина по тесни скали Ние жените сме понежни .Од друга страна, жените се и фудбалерки, и авиони возат, и пукаат со снајпери без око да им трепне.

    Дали на вашето работно место има полови предрасуди?
    Дали и самите чудно реагирате кога ке видите како жена на градежно место како инженер, или машински инженер да е жена (дури и поимот Инженер толку машки звучи)?

    Јас немам мое мислење на темава :(
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    6.311
    Баш размислував на оваа тема пред некој ден, зашто и јас пред некое време сакав да работам работа која ја работат повеќе машки. Сакав да се обидам со аматерски, а потоа и професионален бокс. Сега ќе речете кај е бокс работа :^) ама штом зимаш пари од него, од борби, не ти е само хоби нели?
    И на тренинг каде што одам сите се машки, има само две женски, ама најискрено мислам сите девојки јасно да ги изразуваат своите желби и да не се плашат да се искажат, ќе имаше многу повеќе девојки, не само во боксот, туку и во многу други 'машки' професии. E, пример вујко ми оди со мене на тренинг и ми вика за една девојка што оди со нас, демек иста си остана уште од почетокот, не напредува, кај можете вие женски сте, толку ви е капацитетот (мисли на физичката сила) ,јас ваква останав :o ,како ме изнервира немате поима.

    А инаку, еве пример твојава работа што ја спомна иако имам многу слабо познавање, ама по ова што го спомна, ете ризична е. Јас најмногу сум против :!: полова дискриминација, ама ова е повеќе за твое добро, ете прво зашто заради тие предрасуди можеби потешко ќе си најдеш работа,па и тоа за бременоста што го спомна. Ама како и да е, не сум јас таа која треба да те обесхрабрува и да ти кажува ти што да правиш, сепак твоја одлука е.

    Јас, освен боксот еве ако веќе бидам аматер, како професија сакам да сум психолог, барем тука немам да имам проблеми околу половите предрасуди, тоа да, ама работава не дај боже да одбереш некоја 'машка' работа.. Ко ние женските неспособни да сме!
     
    На Valerin и kikikikirika им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Нема поделба на машки и женски работи, колку што можат и мажите толку можат и жените. И тоа од тешка физичка работа, па сè до некоја комплексна работа која бара високо ниво на интелигенција.
    Во животот самите решавате со што сакате да се занимавате и што најмногу ви лежи - гледам дека уште од старт сте подлегнале на предрасудите кои за жал ги има многу во нашето општество и тоа може да ве кочи кон остварувањето на вашите желби и соништа. Блу, зошто да не бидеш профи боксер ако навистина го сакаш тоа? Кикикикирика, исто и за тебе важи - зошто да не го работиш тоа што го сакаш, макар вклучувало одење на терен? Оставете тоа што велат другите - важно е како вие се чувствувате и што навистина сакате.
     
    На kikikikirika, anabel-a, Waka-waka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Благодарам за охрабрувањето Анат. За жал во такво општество живееме. Јас се чувствувам способна да работам во погон, кај нас и ретки се фабриките кои имаат опасни постројки, ама на работодавачите оди објасни им. Попрво маж ке примат отколку жена.

    А и сама се имам фатено како имам полови предрасуди. Пример машко да работи како бебиситер, ми е смешно и чудно. Да ми е мене потребен бебиситер сигурно прво на жена ке ја дадам работата, ке се сомневам во работата на машкото.
     
  5. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Точно е тоа дека работодавачите попрво ке примат машко отколку женско.
    И јас работам како инжињер и порано многу се нервирав поради тоа,машките колеги напредуваат, стануваат директори а јас си останав обичен инжињер.
    Но сега кога имам деца свакам зошто е така,и точно дека фамилијата и децата ми се на прво место а на второ работата. Јас неможам да замислам да одам два месеца во Америка и да ги оставам дома сами двете деца со ММ а при тоа немам баби што ке се грижат за нив. Мене ми е поважно да поминувам повеке време со децата место на работа да седам од 8 сабајле до 8 вечер.
    Слично размислуваат и работодавачите, си вика ке остане трудна,ке оди на породилно,ке треба да и барам замена,па неможе да останува по цели денови па подобро да си примам машко.
    Затоа за жена е подобро женска професија,како професорка.
     
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Се соочувам со проблем на работното место. Нешто го менуваа законот за називите на работното место (сеуште не е изгласан) и како што прочитав се вели за жените во оваа институција има само едно работно место. Ниту нагоре, ниту надолу може да оди. Со други зборови, не ти признаваат ако си со високо образование, ниту пак е спомнато некаде во предлог законот дека жена по било кој основ може да е повеќе од тоа што е.
    Се нервирам искрено поради тоа. Сакам да напредувам во кариерата, а државата ми го крати тоа. Во исто време, мажите колеги ги имаат сите бенифиции.
    Се обратив на синдикалната организација, ми рекоа не можеле они ништо да направат.
    Дали би ме советувале да покренам некоја тужба за полова дискриминација? Не сакам никаква отштета да земам, си ги барам само моите права.
    Да напоменам, сите работи што ги работат мажите ги работам и јас (освен што не одам ноќни смени, ама тоа е поради мајчинството, додуша и колешките други не одат).
     
  7. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Мене ми е малку чудно да се изгласа таков закон во кој се наведува дека жените не може да се стекнат со одредена титула или работно место само затоа што се жени. Е сега не знам за кое работно место се работи ама сепак не ми е логично во денешно време да постојат такви ограничувања, можеби зад скриени врати сеуште постои дискриминација во некои фирми и установи, ама јавно со закон да се изгласа такво нешто не би останало незабележано.

    Kikikikirika мислам дека работите се помрднати напред, еве и јас сум инженер и кога ќе размислам во фирмата кај што работам има подеднаква застапеност на мажи и жени инженери, а и сите колешки од факултет се вработени, која повеќе - која помалку успешни. Можеби моето искуство е такво, ама се зависи од личноста, барем во мојата професија - шанса секому се дава, работата е кој како ќе ја искористи.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Како што одат работите не постои полова предрасуда- скоро и да ја нема туку годишна предрасуда
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Знаете, една девојка никогаш нема да може биде успешен растоварач на камион, исто како што еден дечко никогаш нема да биде добра негувателка. Едноставно, тоа е природа, не можеме да бираме дали мажите ил жените ќе раѓаат, тоа е веќе одредено. Ама па, зошто по ѓаволите некоја девојка би сакала да растовара камион?!? :$

    Исто така, мислам дека во 21. век нема полови предрасуди на работните места, дури и кај нас. Ако некој е способен, ќе напредува. Да, можеби како девојка ќе мора да даде екстра напор за да успее, ама никој нема да и` рече на способна девојка „нема да одиш напред, ќе оди овој неспособниов балван зашто има полови органи кои се гледаат“. Секако, во тој случај, на тој шеф, може да му кажете дека е латентен хомосексуалец, чим повеќе сака мажи во своја околина. :rock:

    Не дозволувајте глупави стереотипи да ве обесхрабрат и особено не ја барајте вината во некој друг. Ако сакате да сте инженери, запнете да му ебам мајката, ако сакате да сте боксерки, тепајте ги повеќе машките, особено овие шефовиве на инженерките кои се гејови и им ја кочат кариерата. :P
     
    На tessie и kikikikirika им се допаѓа ова.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    јас си ја отворив темава па дојде ред и искуство да пишам :)

    За жал има стереотипи :( Имам на работата лабораториски дел и инженерски дел. Првиот најчесто го работат жени вториот мажи. И кога ке дојде ред машко да измие нешто ситно со тие дебелите прсти сите се тресеме дека ке го скрши :D Исто како што машите се тресат кога жена се качува по тие инженерските скалички :^)

    И некако мака ми е што сум ги следела моите желби, што викаат ‘‘Внимавај тоа што го посакуваш да не ти се оствари‘‘. Некогаш ми е тешко со некои машини да се справам, и малку се чуствувам глупо кога викам некој од работниците да ми отвори некој вентил бидејки јас немам сила :(

    Тешко е, многу е тешко за жена да работи со машко опкружување...
     
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Не дека сум имала некое големо искуство со работни места ама дефинитивно сметам дека постои полова нееднаквост во светот а да не зборуваме пак за Македонија која сепак е традиционална земја каде сеуште патријахатот е исклучително вреднуван а со самото тоа му се дава предност на мажот.
    Ја имам таа среќа да имам можност да добијам многу важни животни лекции од страшно независни и силни жени, првенствено мајка ми а и баба ми.

    Мајка ми има достигнато многу, и тоа во релативно машка професија. Ми има кажано: It's a Man's World, прифати го тоа. Особено во некои професии, ќе треба дополнително да се докажеш како жена за да ја стекнеш туѓата почит.
    Затоа ако сакаш да успееш, некогаш ќе треба да работиш многу напорно, ќе треба да се бориш со иста па и поголема жестина од машко и да, ќе треба да бидеш ладна опортунистка и кога треба, манипулативна кучка. Ако си подготвена на ова, најверојатно ќе успееш.
    И не, не е лесно да си жена во бизнис светот. Не сум фемистка ниту се удирам во гради и проповедам радикална еманципираност ама сакам рамноправност и сакам кога ќе ја стегнам туѓата почит, како жена.
     
  12. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    не ви држат муабетиве вода особено неможете да се носите со физичките работи :)
    за клати врата зимај плата може и внук ми :)
    случај у Канада во една фабрика..
    на некоја и било тешко на машината кај што работела и барала од некој каѓананец да се заменат она да работи на неговата и тој несакал, ја сменил еден наш и му било чудно зашто така другиот изреагирал дека ипак жена и му рекол дека не е хумано.
    каѓананецот на тоа му рекол сами си се криви бараа полова еднаквост и ја добие нема сеа бирање :)
     
  13. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Секој си знае колку може да голтне, воопшто мислам дека темава не е за физичката способност и подготвеност на жените на работното место иако постојано го споменуваш тоа. Ама кога веќе е спомнато, познавам мажи што не можат да држат алат во рака а не па да управуваат со цели машини, значи секогаш има исклучоци.
    Темава мислам дека поевеќе е за професии од типот на инжињери, банкари, брокери итн. каде што мажите ги има во најголем број и ја гледаат жената со потценување, за нејзиниот труд добива помалку одошто заслужува и за тоа е целава тема.
     
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    па полова еднаквост значи секаде исто а не сеа ке си бираме :?: мајакатааааа
    точно има мажи што незнаат алат да држат али има и жени што незнаат да готват али па никој не вика дека жените не се добри во тоа :) значи да не неавлегуваме во таа тема..
    јас ти дадов конкретен пример и темата е за секоја работна позиција, штом барате полова еднаквост тоа значи дека вие треба на секоја позиција да се носите со машките без обзир за кое работно место се збори у спротивно и машките би се бунеле дека од една страна барате полова еднаквост а од друга страна се жалите дека тоа е за машки работа и барате милостина :)
     
  15. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Каква црна милостина?
    Јас велам дека секој треба да го работи она што е способен да го работи, без разлика дали е машко или женско, без полова дискриминација и не знам што не е јасно тука.
     
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Жени може до утре да се удираме во гради ама ИМА разлика во некои професии, но дефинитивно се согласувам дека таа разлика не треба да е пречка за вработување/напредување од проста причина што има секакви исклучоци кои можат одлично да ја сработат работата колку и да не лежи на полот.
    Но не претерувајте со тоа дека општо жените боље коваат железо од мажите. Има жени кои тоа одлично би го сработиле, подобро и од некои мажи, но тоа застанува кај тие жени. Не сите жени се таленти за се (нормално, истото важи и за мажите).