Форумџика на годината

Поминување време сами со себе

Дискусија во 'Слободно време' започната од Srckata28, 11 август 2022.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Дали сметате дека е важно да поминуваме време сами со себе?

    Психологијата вели дека бенифитите од дружење сам со себе, е што подобро ќе се запознаеш, можеш да си ја развиваш креативноста и да направиш "recharge" на твоја социјална енергија.

    Овдека спаѓа хоби што не вклучува други луѓе, различни активности што ги правиш сам, седење во своја соба, што мислам дека е прилично познато за сите од нас, НО, сакам да ве прашам и дали би можеле да сте сами без никакви надворешни стимули - без социјални мрежи, серии, филмови, книги, музика, туку само вие и вашите мисли и да уживате во тоа? Пример, пиење на кафе во тишина, прошетка во природа без друштво, набљудување на ѕвезди (трескам :D).

    Знам многу луѓе што едноставно не можат да бидат сами со себе, во смисла, нон стоп мора да се меѓу луѓе, преокупирани со муабет, а и тогаш кога остануваат сами од практични причини (од тоа што јас сум сведочела), мора нон стоп да се преокупирани со нешто, знаете она кога бледо гледаме нешто на ТВ или несвесно скролање на ТикТок, а мозокот на пасење?

    Според мене тоа е многу нездраво и нема врска со екстровертност и интровертност, туку повеќе со бегање од свои мисли односно од сам себе. Сите знаеме дека е нездраво да се скока од врска во врска и сите знаеме некој што го прави тоа и не може да биде сингл поради некој страв, епа јас би го споредила тоа со вакви ситуации, само што повеќе се работи за секојдневна „самотија“ отколку со долгорочно нешто како врска.

    Некои луѓе едноставно не се навикнати да не се меѓу луѓе и кога се сами се осеќаат изолирано, не знаат што да прават со вознемирувачки мисли и грижа, но и социјална стигма, доаѓа некој срам со тоа да си сам.

    Јас лично многу практикувам здрава доза на самотија, дури и ја романтизирам. Секојдневно шетам сама и го обожавам тоа и се трудам да бидам присутна за се што се случува околу мене (иако знам некогаш да се изгубам во негативни мисли додека шетам) и редовно си планирам дејтови сама со себе (малце сум излуфтирана :D) и на пример ќе си запалам свеќи за да гледам серија, сама ќе седнам во кафиќ и секако најобични активности како читање книга, пишување во дневник итн. Искрено, тоа погоре што го спомнав, да сум сама со своите мисли, го практикувам редовно, но не можам да кажам дека секојпат уживам во тоа, затоа што често мозокот ми работи 200/h, се вежбам. Ама на крајот на денот тоа е поентата, да се научам да се справувам со негативни мисли. :)

    Па повелете, дали мислите дека е важно или сеедно ви е вас лично, дали ви е удобно да сте сами, што ви е омилено да правите во сопствено друштво итн.?
     
    На GirlVolley, Cosmic Girl, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Можам да поминам време сама со себе, ама да не биде без телефон, интернет, книга. Тоа би било премногу.
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.253
    Пол:
    Женски
    Многу ми е битно да поминам сама со себе, дали е до навика, дали е карактер не знам.

    Живеам сама, што значи практично од доаѓање од работа до спиење сум сама дома. Преубаво ми е дури и мртва тишина кога е .
    Читам книга, гледам филм, слушам музика. Некогаш и баш ништо не правам и воопшто не ми е проблем. Секогаш сама пешачам за да избистрам глава, секогаш сама идам на шопинг пошто мн побрзо завршувам и не губам непотребно време за да влагам у секој можен бутик. Едноставно скоро се правам сама и немам проблем.

    И кога живеев со моите, 90% од времето го поминував у моја соба. Едноставно ми треба време за себе. Дали со дечко, со другарка или со родители морам да имам минимум саат време сама со себе.
     
    На lovely91, GirlVolley, Traveler91 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Многу си го ценам времето поминато сама со себе. Незаменливо ми е.
    Така напразно без нешто да правам не седам искрено. Читам книга, гледам филм/серија, пешачам сама со музика на слушалки, сама на шопинг, сама си пијам кафе, уживам во некои вакви ситници. Колку сакам да поминам време со блиските и добро друштво, толку сакам и сама да се релаксирам и уживам во тоа време што си е само за мене.
     
    На Snowflake99, JoanaS, Lotus Girl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Секогаш правам пауза од светот кога ќе ми се потрошат 'батериите'. Поубаво ми е и после посвежо се чувствувам.:angel:
     
    На lovely91, Cosmic Girl, Scorpiongirl12 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Jasmin88

    Jasmin88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.091
    Сама живеам, сама сум претежно цело време. Убаво ми беше кога бев во 20ти, сега веќе ми здосадува времево сама со себе, тишината и самотијата ме гушат некогаш. Не е интересно секогаш да си сам. Секој период со свои желби, последни 2-3 години сама ми е здосадено.

    Сега сакам галама дома, детски гласови, да немам мира од деца, па и тие 10 минути на вц шоља да ги ценам додека деца тропаат на врата и те бараат. Се заситив од самотија и времето поминато со себе. Ми помина периодот кога гледање серија цел ден сама со лаптоп во рака и лежење во пижами ќе ми е интересно и ќе ме релаксира.
     
    На Miki_mat3, Snowflake99, Гладиоли и 3 други им се допаѓа ова.
  7. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Сам сум речиси цел живот. Другари не успеав да стекнам во вистинска смисла на зборот и да секогаш јас да ги терам да излеземе негде, па не му се допаѓало местото на седење и слично за да стасам во фаза да излегувам сам. Театар,кино,кафичи,кафани буквално сегде последно бев на одмор тотално сам. Ме убива самотијата.... Се прашувам каде ми е проблемот што не успеав да создадам пријатели , да создадам љубовна врска. Ме убива гледајќи ги другите како веќе формираат семејства , а јас? Незнам ни како да и пријдам на девојка едноставно се плашам за себе си и дека ќе останам така сам и отсечен од се....
     
    На GirlVolley, Scorpiongirl12, _beautyy_ и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    На моменти, потребно ми е да бидам без ничие присуство во моја близина. Тоа буквално не подразбира да гледам во една точка сама со мислите. Преубаво ми е кога имам време само за себе, да прочитам убава книга, да изгледам некој добар филм или да си приредам некој ритуал за убавина. Уживам сама да отидам во шопинг или сама да се прошетам низ град баш онаму каде што ми е ќеф, без никој да ме заморува со свои желби и потреби.
     
    На _beautyy_, Snowflake99, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Boka98

    Boka98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Често поминувам време сама со себе..најчесто тука ми се мисли од минатото и иднината кои страшно ме маваат на психата overthinking нервоза и знам да заглавам со мислите...а шо понекогаш и ми е досадно па немам друштво за муабет за некои нови мисли одговри прашања и слично..
     
    На _beautyy_, Snowflake99, Гладиоли и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Ако се мисли на самотија без музика, без медиуми, без читање, учење, работа, дури и тоа го правам повремено. Сонувам будна, си вртам филмови мои во главата (ова е топ искуство, може ќе ми се најде доколку напишам книга/станам режисер :)), или пак филозофирам нешто, контемплирам за светот и животот.
     
    На Cosmic Girl, Bezimenka90, _beautyy_ и 6 други им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.440
    Допаѓања:
    24.927
    Без никакви стимуланти за мозокот како книги, подкастови, музика, серии, филмови, итн, можеби евентуално би издржала ако престојувам во куќа некаде во посебно убава средина, покрај море на пример, или во шума на есен. Иначе нема логика да блееш во ѕид без ништо да правиш, тоа е залудно потрошено време.
    Не би сакала да сум сама постојано, да немам фамилија. Но потребни ми се периоди на самотија; да измедитирам, да пишувам у дневник, да читам книга, да ислушам подкаст.
    Пред неколку години искачав сама да фотографирам; шпартав низ разни делови од градот, сама со апаратот, мислам дека спиритуално се поврзував со градот, откривав ситници, детали, креативно се испразнував чкрапајќи.
    Исто така, порано терапија ми беше точакот. Возев по 15-20 километри, слушав подкаст цело време, па откако убаво ќе се изморев, седев у парк сама, впивав зеленило. Во студените периоди без точак, пешачев и седев по паркови, тоа ми беше филтер за стрес.
    Несоницата си ја излечив така што секоја вечер 2 саати пред спиење, си палев етерично масло во ламба, си пуштав bossa nova jazz, си пиев чај од маточина и читав книга. Сама.

    Мислам не е здраво да не издвојуваш време кај што сам ќе бидеш, макар и да е само за да послушаш музика на раат.
    Секој треба да си биде сам на себе најдобро друштво.
     
    На forumce, Cosmic Girl, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Исклучително важно.
    Имам богат внатрешен свет и ми треба време само за мене, да сонувам со отворени очи, да фантазирам, да планирам... да си ги средам мислите...
     
    На Milobebence, Cosmic Girl, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Мене ми се малку напорни луѓето кои не можат да се сами. Озбилно, до толку да зависат од другите па да мора да зборат на телефон додека одат и по улица. Е сега ни другиот екстрем не ми е во ред, кај што прават било што само за да избегнат човечка интеракција.
    Здраво е да се биде со луѓе, ама исто толку здраво е да се биде и сам. Ако не можеш сам да си го направиш интересно времето, на кого чекаш? Или да не поседиш сам со мислите, чувствата, стварно ми е без врска.
    Така да, балансот е најубава работа, како и за сѐ друго.
     
    На forumce, Milobebence, Cosmic Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    23.381
    Пол:
    Женски
    Ќе те цитирам да дообјаснам затоа што знам дека медитираш.

    Кога мислев без надворешни работи, не мислев целосно таков да ти е alone time, туку баш одредено време да си само ти со мислите односно дали ќе можеш да не те изедат мислите тие 10, 15, 30 минути. Еден прост пример се луѓе што кога ќе се разбудат имаат рутина да варат и полека пијат кафе во тишина и така се спремаат за денот - за мене тоа претставува вид на медитација, присутност (иако јас лично не го практикувам овој специфичен пример). И не секој е способен да го прави тоа без да размислува какви проблеми го чекаат на работа или што лошо се случило вчера, па затоа ќе гледаат телевизор уз кафе или ќе чекаат на работа со колешки да пијат кафе. Според мене не е залудно потрошено време. :)
     
    На Tinaaa, Bezimenka90, MissChievous и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    5.446
    Пол:
    Женски
    Обожавам да сум сама, ама во тоа време не се однесува да не правам ништо. Сакам да се одделам во друга соба, во тоа време или да се средувам јас, да прочитам дел од книга, да изгледам епизода од серија итн. Значи да сум без присуство на луѓе околу мене, а сепак да имам некаква занимација
     
    На _beautyy_, Guns N` Roses и WildMk им се допаѓа ова.
  16. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    Многу ми значи времето сама со себе.
    Кај моите собата ми беше на спрат плус и такви си се ми ја почитуваа приватноста максимално. Имав денови кога воопшто не се симнував долу освен за ручек , така сум се чувствувала. Не дека цел ден гледав во ѕид. Сум учела , сум читала па пауза од неправење ништо 20 тина мин па средување на себе / соба итн.
    Сега се помалку време имам и за да се средам не па за сама да сум.
    Заедница со жена која не знае за граница, ми се лупа во соба и гола кога сум, мало дете , мал простор на еден спрат. Значи и да не е во собата слуша и исто ми доаѓа...
    Ми фалат тие денови кога си се изолирав од се.
     
    На Cosmic Girl, _beautyy_, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Кога не бев уште мажена цело време си бев сама во својата соба. Сакав да поминувам време сама. Утринското кафе секогаш сама го пиев на тераса. Утринска медитација ми беше.
    Сега со бебе и маж, не сум никогаш сама. Не можам да кажам дека не ми фали некогаш и малку мир и време за себе како кога бев девојка.
    Секој период со своја убавина. Ќе порасне и малечката, ќе имам пак време за себе. Уживајте додека сте млади и слободни во времето со себе, потоа не е исто, мало човече зависи од вас, се се менува, немате време за пиење еден час кафе сами со себе.
     
    На Cosmic Girl, Lotus Girl, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ама ќе порасни, како што рече и сама. :hug:
    Мојата е веќе 16 и имам слободно време на претек... веќе години наназад.
     
    На mira.mira и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.994
    Пол:
    Женски
    Од луѓе особено напорни се прегорува.
    Времето сама со себе не да е удобно, туку ко во рајот е.
    Си имам вакви моменти.
    Има денови кога можам да го поднесам само мачорот.Тој до мене, некакво кафе, нешто за грицкање и пуштен/а музика/серија/филм/документарец.Или книга ако ми се чита.
    Целосна тишина сакам само кога учам. :D
     
    На Srckata28, Гладиоли и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.396
    Пол:
    Женски
    Времето поминато сам со себе е многу важно за менталното здравје.
    Во тишина сам со себе, мозокот се регенерира.

    Во свет каде што сме бомбардирани со секакви дразби и нашите сетила се под постојан напад, и каде што благодарение на зголемената (да не кажам „подобрената“) комуникација со другите, нашите мозоци се обидуваат да фатат чекор со информациите и да функционираат беспрекорно во нивниот прием, обработка и меморирање. Ама се хиперстимулирани и со време се случува премор. Па почнува да се заборава, да се намалува ефикасноста дури и за активности кои се основни, да се крахира..

    Од толку оптеретеност не само што нема време мозокот да се регенерира, туку нема ниту кога да го слушне внатрешниот говор. А тој е многу битен.
    Од она што го примаш од надвор, не можеш да го чуеш тоа што доаѓа од внатре. Не сме свесни како се држиме, дишеме (дишеме ли воопшто!), дали не копа желудникот или сме жедни, дали одложуваме некоја потреба...
    Не слушаме што ни зборува телото, ама ни нашиот ум.
    Не слушаме што си зборуваме на себе во огледалото, како се осеќаме и што чуствуваме за нештата...
    Не оставаме простор за ментален одмор, за дијалог со себе, за преиспитување, за една внатрешна контрола како си, каде си и на што си, за анализа, за планирање..

    Начини има безброј. Не треба планирање, само да се стисне пауза малку..
    Некои седнуваат на клупа во парк или во црква, некои редат лего ноќе откако ги собрале играчките од децата, некои тоа го прават дур се средуваат себе или нешто во домот.
    Затоа и сликањето, рачните изработки, уметничките активности се сметаат за некој вид на психотерапевтски активности и се пропратен дел од терапијата.

    Можеби има вистина како што вели @Srckata28 дека некогаш луѓето сами се изложуваат на повеќе стимулации, комуникации и избегнуваат да останат сами со себе, а не само зошто навистина немаат време и простор за тоа. Во таков случај најверојатно се работи за одбрамбен механизам, а тој не претставува добар начин за решавање на проблемите и е само привремено решение.

    Познавам вакви луѓе. Ако останат сами со себе почнуваат да мислат на работи кои ги вознемируваат и одма бараат некого или излегуваат само за да го спречат текот на мислите.
    Ова е одбрамбен механизам и во ред е некогаш во ситуација кога не можеш да издржиш.
    Но, вистински не го решава проблемот. Анксиозноста си останува внатре, мислите се навраќаат.
    Контролата доаѓа однадвор, наместо одвнатре - од себе во ваквите случаи.
    Ако ова е редовен начин на справување со своите непријатни и непожелни мисли, мислам дека на тој начин се поткопува сопствената способност да се има контрола врз мисловните токови и врз своите емоции.

    И самоконтролата се учи, мислите и емоциите истотака може да се научи да се контролираат ама мора да се започне тоа да се прави.
     
    На Milobebence, elenaklasik, Tinaaa и 2 други им се допаѓа ова.