1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за Томче Костадиновски

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Tanjamm, 10 февруари 2014.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.998
    Допаѓања:
    11.117
    14 годишниот Томче Костадиноски од тетовско Долно Седларце поради болеста Душенова мускулна дистрофија постојано се движи со моторна количка, но настојува да биде редовен на училиште. Сака да биде меѓу своите соученици и да го открива светот на знаењето и науката. Но додека неговите другарчиња се на часот по физичка култура во спортската сала, Томче е во својата количка и заедно со едно другарче во училница стрпливо чека за новиот час. Болеста му била дијагностицирана кога тој имал 6 години. Симптомите кои се јавувале кај малото момче, не навестувале дека ќе боледува од тешка болест.

    Ова е од вестите на ТЕЛМА
    донирајте на 077 143 706

    Кој може нека донира, 100 денари ви одбиваат од сметката. Јас веќе донирав.
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Еве и јас ти се приклучувам со донацијата. :)
     
    На Igrata и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    Ми се допаѓа солидарноста на форумов, фалат вакви работи почесто, ќе пишам на мој пријатели ако можат да донираат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    7.998
    Допаѓања:
    11.117
    Не ги знам лично луѓето, ама ме потресе прилогот и споделив. 100 ден и така ке отидат за едно кафе, вака барем со тие пари помагате на некој да собере пари и да оздрави.
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.