Форумџика на годината

Помош за лекување на Димитар Димоски

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Gordana10, 15 март 2012.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Димитар Димоски има 20 години и од 2005 година боледува од Кронова болест со фистулозни форми заради што повеќе пати е хируршки третиран. Досега е лекуван со 5-ACA препарати, кортикостероиди, а од 2010 година е на континуирана имуносупресивна терапија со азатиоприн(имуран), но без соодветен одговор.Согласно светските искуства и протоколи за третман на оваа тешка болест и нејзините компликации, неопходно е започнување со терапија со Infliximab (Remicade) која чини околу еден милион денари.

    Покажете ја вашата хуманост и завртете на следните броеви:
    - 070 143 115 (За корисниците на Т Мобиле)
    - 077 143 705 (За корисниците на VIP)

    Жиро сметка:530 5000 151 92 970 - Охридска банка

    Иницијатива на Towelie
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јас денес не купив чоколадо.
    За мене калории помалце, а олеснување за Димитар.

    Можеме сите да се откажеме од некоја глупост за нечие добро.
     
    На didi1982 и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Димитар ми е другарче од друг форум, па и росоњер плус, најголемиот филмоман кој го познавам, а и душа од дете е. Кога прочитав се скаменив, не знаев за ова.
    Постојат хумани луѓе, знам и сигурна сум дека набрзо ќе се соберат средства. Дел од мојот кредит отиде, а и многу пријатели мои завртеа на броевите.
    Набрзо се надевам Димитар ќе ужива во младоста во Охридон наш без никакви здравствени проблеми.
     
    На didi1982 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  4. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Има хумани луѓе јас верувам во нив...па дај боже се да биде во ред со Димитар и да се постигни целта.
    Донирав колку што можев, од мене толку а од Господ уште повеќе.
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Луѓе оваа болест е мноооогу ретка! и мнооогу лоша, зашто го напаѓа целиот организам, мама од срце почина, тромб и се откачи... и на срце. Ама се тоа беше поради оваа болест
    Мајка ми почина од оваа болест, во последната фаза и беше. Така да јас би ви кажала да му кажете да не оди во Државна зашто само ќе го унаказат за сва времена.Доколу детето има губење на протеини, зашто тоа е вообичаено за оваа болест, ако сакате поврзете ме со него, ние имаме лекови од Америка донесено, Јас мислам дека колку толку ќе му помигнат, зашто се за оваа болест.
    Кај баба ми се апчињата....
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    не пишувам на секое ама навистина донирам за секој човек што му треба и што е отворена тема за да дознаеме. едно јавување мене не ми значи ништо а некому се ...

    мислам дека подобра и покорисна тема од оваа на овој форум нема да има.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  7. adrijans

    adrijans Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    браво за темава,да направиме се за да стане помасовно и да се молиме да се соберат средства! :sweat: