Да и помогнеме на малата Мила Сибиноска која има потреба од операција на лицето. 075 143 123.. Оне корисници, 070 143-191 за корисници на Т-мобиле, 077 143-193 корисници на Vip operator или на жиро сметка 300001000023282 Комерцијална банка Бидете хумани и донирајте! Спојлер Иницијатор: Veki4kaa
раинбоу фала многу што ја отвори темава и на сите што дониравте, а тие што не донирале нека донираат - па нели е слатка Мила
Јас се надевам дека успешна ќе биде мисијава,и ќе се соберат доста средства зошто во Македонија има сеуште хумани луѓе со големи срца Душичка мала...
што му е тоа на душичево? белег марка со која е родена? Има ли IBAN број за донации или е само во мк за донации апелот?
Родителите на ова мало бебенце молат за вашата помош. Родено е со голема бемка преку дел од лицето и главата. Постои опасност истата да прерасне во тумор. Специјалните операции за оваа намена се изведуваат во Чикаго, САД. По операцијата, ова ангелче ќе може да живее нормален живот и да има нормален лик. Потребни се повеќе хирушки зафати, кои многу чинат. Родителите на ова прекрасно бебе ве замолуваат сите, во рамки на своите можности, да донирате. Телефони за донации: ONE-075 143 123 VIP- 077 143 193 T MOBILE-070 143 191 Бидете хумани и донирајте! кога србите и хрватите можеа да соберат пари потребни за нивните девојчиња, можеме и ние! ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ОВА ПРЕКРАСНО МАЛО ДЕВОЈЧЕ ДА ИМА УБАВО ДЕТСТВО КАКО СИТЕ НИЕ ШТО СМЕ ИМАЛЕ!!
Јас веќе донирав, и ја споделив приказната на Мила на фб за да ја подигнеме свеста кај граѓаните... Планирам да ја повторам донацијата. Мила е многу слатко и убаво детенце греота е ако не и помогнеме
Колку е донацијата преку телефон?Сакам и јас да донирам преку мобилен на при-пејд,ќе ми земе кредит или на сметка?
Извини,сакам само да прашам,преку телефон,колку инзесува сумата и ти зема од кредитот или на сметка доаѓа?
Само што донирав преку мобилен. Ќе споделам на фејсбук сега. Како што рече некоја членка кога србите со малата Тијана успејаа да го ’соединат’ Балканот и да се соберат средства, верувам дека ќе може и малата Мила. Едит: Има број за од странство? И дали преку таа жиро сметка може да се донира од странство, оти не се разбирам многу?
Парите што досега се собрани се сепак премалку. Заминувањето требаше да биде овој период, ама сеуште немаат уплатено. Донирајте што повеќе за да и овозможиме среќен живот на Мила!
јас ја прашав тања, мајката на мила, како оди и ми рече дека супер оди со донации... до душа тоа беше пред неполн месец.... дали значи дека е ова неуспешна акција? дали има шанси воопшто да се дознае колку средства се потребни и уште колку фалат?
па ќе видам јас ќе го прашам дечкоми па тој нека ги праша и ќе ве известам до кај се - се надевам дека ќе се соберат толку колку што треба па за да си биде Мила како и сите други деца. И кога ќе порасне кога ќе се погледне во огледало да биде како и сите други девојки и да се дотерува шминка.