Форумџика на годината

Помош за малата Тамара Димовска

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од fighter, 18 ноември 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Тамара Димовска има 9 годинки и вродена маана на Рбетниот столб.Првата операција на Тамара беше извршена тука во Македонија пред 2 години. Родителите тогаш за прв пат се обратија за помош до сите хумани луѓе но сега поради немање доволно апаратура тука, Тамара треба повторно да оди на операција во Хрватска каде што чини 30. 000 евра.Семејството апелира до сите хумани луѓе да помогнат.Ситуацијата е аларманта поради појава на нови здравствени проблеми.
    Телефонски броеви за донации
    T-Mobile- 070143115
    Вип : 077143123
    Трансакциска сметка за донации: 380477149401140
    Прокредит банка Велес на име Тамара ДимовскаДевизна сметка: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, улица: Водњанска бр 1 Скопје, Македонија IBAN CODE MK 07210501622216118SWIFT TUTNMK 22
     
  2. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    263
    јас пробав да донирам на телефонските броеви но ми вика дека не постојат , во Велес ќе има и хуманитарен концерт со познати имиња на 27.11.2014
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    10.199
    И вчера се жалеа за истиот проблем на фејсбук, ама јас сепак успеав да донирам. Можеби имаат некој моментален проблем, веројатно ќе го средат :^)
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.946
    Допаѓања:
    133.197
    МЗ ќе ги покрие сите трошоци за Тамара. Секако ке има и хуманитарни насатани, веројатно тие пари подоцна ке и требаат за терапии и рехабилитација.
     
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Кој телефонски број е на One?
     
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    http://www.plusinfo.mk/vest/7286/ma...jat-lekuvanjeto-na-kjerka-mi-nema-nishto-novo
    "Мајката на Тамарa: Освен изјавата од министерот дека ќе го покријат лекувањето на ќерка ми, нема ништо ново"
    Тешко на детето и родителите...како беа рекламине...лекување во странство за 200евра.
     
  7. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Штотуку прочитав дека Тамара починала.. точно е?;(
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.304
    Пол:
    Женски
    Тамара отиде на небото, почивај во мир мало убаво девојче! Таму каде што си сега сигурно е поубаво од овој суров свет ;(
     
    На fighter, girl-miri и galapce им се допаѓа ова.
  9. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    http://fokus.mk/zbor-dva/pprosti-ni...ava-ne-ti-dozvoli-da-odish-ispraveno-i-gordo/
    До кое дереџе стигна Македонијо! Каде ќе им оди душата на институциите? А да, па тие немаат душа! За помочани 30.000 евра згасна еден детски живот, ама битно има споменици и патни трошоци од милиони евра во државава. Срамно и жално ова што се случи со малата Тамара. Почивај во мир. :(
     
    На SV1911, shushu, Bojana.20 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.362
    Пол:
    Женски
    ИДИОТИ! Господ дупло да им врати! Почивај во мир Тамара :(
     
    На Viki693 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.834
    Пол:
    Женски
    И кој беше тој што пишуваше дека здравството ни е супер? М?

    Жал ми е, многу. Нека почива во мир и искрено се надевам дека нема веќе да слушаме вакви вести.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Жално за девоjчето почина младо :(
    Голема болка на родителите
    Жално.. нека почива во мир ;( ;(
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  13. PreciousDiamond

    PreciousDiamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува ова, девојчето 2 месеца да чека и мајката вели дека после не ги контактирале за ништо конкретно. Па срамота е бе, во Скопје плочи некои за 2,5 милиони евра, за државата што се 30.000 евра за ДЕТСКИ ЖИВОТ? Не сакам да живеам во ваква земја. Нели ги е срам, остај пред народот, пред самите себе како ќе живеат што знаат дека индиректно завршиле живот на дете од 9 години? Па со вакво здравство на 1 милион ќе спаднеме кај и да е. Нема смисла ова веќе, уште колку вакви случаи ќе бидат потребни за да се свестат?? :x:punch:

    Почивај во мир Тамара. ;(
     
    На Rama, fighter, Night Rider и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Sto pokri sega MZ?

    Ne e mesto za diskusija,no makedonskoto zdravstvo nit bilo humano a sega pak uste po malku e.
    Sre dodeka nie narodot ne se svestime,nema ni instituciite.

    Neka pociva vo mir maloto angelce..
     
    На SV1911, RedWine, fighter и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки

    Суровите и ладни бројки не кажуваат ништо иако кажуваат се`. 18+ милиони за панорамско тркало и 26.000 евра за ``патни трошоци`` годишно за само еден пратеник?

    Бројките нема да кажат ништо за загубата на детскиот живот. Неми се и дводимензионални како и самите ние кои дозволуваме сето ова да се прави.

    Што и да се напише џабе е повеќе, нема враќање за многу лица кои си заминале на ваков начин.
     
    На SV1911, fighter, sanjaeva и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Не мора веднаш да се служиме со ниски емоции. Чекај да ја слушнеме верзијата на министерството, па тогаш да зборуваме.

    Колку гарантирале успех докторите во странство? Колкава е стапката на преживување? Дали некој од вас ги земал во обзир тие податоци и информации? Ако грешам исправете ме слободно.

    Ако е одговорноста во нашето министерство тогаш немам што друго да кажам освен дека се најлошо да им се врати на нивните следни поколенија.

    П.С. Во Македонија треба да се гради се. И, патишта, канализација, училишта, сали, спортски терени, згради, споменици. Немојте со такви прости изјави. Зошто тогаш вие сите пари не ги донирате во хуманитарни цели, туку си шеткате по одмори, кафичи, дискотеки, шопинзи?

    Нека почива девојчето во мир најискрено од мене(
     
    На Bojana.20 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Тркало едно, јавните пари собрани од давачки треба да имаат приоритет кој се вика човечки (детски) ЖИВОТ во споредба со беспотребни украси кои служат за трансфер на пари во нечии џебови.
    Животите имаат предност пред панорамски тркала и врби, дали разбираш? (очигледно не, но што да се прави).
    Да ги донираме сите пари за хуманитарни цели? Со што те хранат само кажи ми, ова не е нормално, навистина ваква неможност за логичко расудување.

    Парите кои се даваат во вид на даноци и за здравствено се парите кои ГРАЃАНИНОТ ГИ ИЗДВОЈУВА ЦЕЛ ЖИВОТ за да кога смртта ќе чукне на врата да има начин да се спаси.
     
    На blackwave, MilaP, joy1 и 18 други им се допаѓа ова.
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Zarem ocekuvate MZ da prezeme odgovornost?

    Ete tokmu ova ne unistuva nas..
     
  19. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Реков дека треба да се испита од што починало девојчето, да чуеме мислење колку операцијата нуди успешност за преживување, па тогаш ќе расудуваме. Можеби девојчите починало од некои други компликации. Може државата да ти плати 100.000 евра за лекување од леукемија, а да починеш од друга компликација, затоа што тие болести носат разни компликации.

    Не исклучувам никаква одговорност на институциите, т.е. на македонскиот менталитет, но првин треба да сочекаме, да чуеме официјално соопштение, но убаво е да се врши притисок на секаков можен начин за да се дојде до што појасна слика.

    Перфектно здравство нема, не си бил очигледно на друго место да видиш колку е посурово само. Парата врти секаде за жал.
     
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.946
    Допаѓања:
    133.197
    Тоа е, ќе пренесеш информација и некој ќе посака да умреш.
    Жал ми е за Тамара, не дочека. :(
    Ужте пожал ми е што има луѓе кои јавно кажуваат дека сакаат да умрам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.