Јас, помагам секогаш и секаде каде можам и колку можам, но ова е нешто што ме допре ептен, затоа сакав да пишам и тука поради тоа што сум одгледана од баба и ја немам веќе, а женичкава е таква ко што беше баба ми, скромна, добра, чесна... Пред некое време (така дознав за неа) и почина сопругот, живееле само тие двајца, само тој пензија, па починал, а женичкава кутрата сама, пошто имаат еден син ама не е способен за работа зошто и не е малце во ред, а живее со неа и плус се грижи и за него. Кога со синот биле во црква да платат за трошоци за погребот, женичкава си го изгубила новчаникот со 16 000 денари внатре. Последни, позајмувани, собирани, штедени... Комшии нејзини кажале на луѓе, па од еден на друг се дозна и јас направив акција да се собери некој денар за неа, па за среќа и ги вративме сите пари и нешто плус, собравме успешно, и купивме новчаник и парите внатре и женичкава почна да плаче од среќа, од благодарност... Јас, од тогаш и помагам редовно, со храна, со некој денар, има и многу други добри луѓе кои исто помагаат. по нешто, мои блиски, пријатели, роднини, познаници.. Женичкава сама, со синот, без никакви приходи, социјално не им даваат зошто синот е проценет како работоспособен, а не е значи навистина не е во ред, едвај крпат сега крај со крај, јас редовно им носам храна, нешто ситно друго што им е потребно, ама се насобраа сметки и ја исклучија струјата. Имам собрано некој денар, ама далеку сум од сумата што треба да се плати за струјата (поситните сметки вода, комунали и ги плативме) и кажав насекаде, кој сака, кој може, може да ни помогне со нешто ситно, колку има, колку сака... Жената е прав ангел, преблагодарна е, предобра, намачена, чесна, кога одам да и носам работи кутрата само ме гушка и плаче, ете животот доволно и е тежок, јас секогаш ќе бидам тука за храна и за се што можам, ама ве молам да и помогнеме да си ја плати овој пат струјата, да не седат во потполен мрак и да може да си зготви некое манџиче. Сама не можам.. Доколку некој сака да помогне, пишете ми.
Ако некој изрази желба за помош, да и испрати пари, сметката е оваа: Зора Станковска 210501661247075 НЛБ Тутунска банка
Штом мажот бил пензионер таа треба да ја наследи пензијата, посоветувајте ја да се распраша во пензиско да си поднесе документи.
Со чек од пензија од мажот (го има пензискиот број на него) и копија од изводот од м.к на умрени ќе си пополни формулар за семејна пензија т.е она ќе ја земе пензијата од мажот и. И следуваат 70% од пензијата на мажот и. Постапката трае месец до два.. Можеш ти да и помогнеш околу формуларот ако женичкава не може @irrelevant .. Од Скопје ли е?
Социјалната помош се дава на лица без основни месечни приходи кои немаат имот од кој би можеле да се издржуваат. Така да работната способност не е од важност за доделување на социјална помош. Второ жената како сопруга на починат пензионер има законска можност да наследи 70% од неговата пензија. А и целава приказна, погреб, ќесе со пари, добра жена и на крај неплатени сметки за струја
Не велам дека лажеш ама има некои работи за неверување низ приказнава… Како што веќе кажаа погоре, украденото ќесе, пензијата, социјалната помош… Инаку ако има помалку од 26 години детето пак нека проба да оди пред комисија па можеби покрај пензијата или социјалната помош ќе земаат и за него 4-5-6 илјади денари За да се плати струјата нели имаше некоја страна и таму доброволец плаќа сметки? Никако не ми текнува кај го видов ова, знае ли некој? Дали беше на самата страна од евн или каде? Ќе искористам и да прашам, кога зема некој пензија нели погребот е платен? Или прво се плаќа па поднесуваш да ги вратат парите или дел од парите?
Прво се плаќа, после се поднесува и ти враќаат 30.000 денари. Ама се чека додека да ги префрлат на трансакциска сметка.
Затоа се двоумев дали да пишам, и дали воопшто пари вака да се собираат, затоа инсистирав секој што сака да даде лично со мене да дојде кај неа. И така и ќе биде, кој сака да даде нешто, повелете контактирајте ме да ви кажам адреса па да си одите и да и помогнете. Поради вакви коментари некогаш и губам воља да помагам....
@irrelevant Еве го линкот за струја за загрозени семејства. Веројатно директно се пишува на ways2help за да се аплицира. https://ways2help.us/plati-smetka/?...2Qekio6U6or62yaylAYPpfRGKTKWShBmsq4xQ7gFuLMBY Може да пишете за состојбата и на Проект Среќа, знам дека организираат купување на пакети со храна/средства од доброволци и слично. Пишете на ова за струјата, знам дека плаќаат често доброволци.
Имам пратено на мн места, во општина молба пишав, изјава од неа, од мене, во центарот за социјална работа исто, во триста установи и организации пишав/бев, се снаоѓав секако и ќе се снајдам и сега со сметките.
Навистина не можам да се објаснувам, да се правдам или да се бранам, доколку би донирале голема сума за неа или би ги платиле сметките, радо би тогаш секако да ви докажам. Вака, само за празни муабети не би губела време.
Никој ништо лошо не пиша. Сите сакаа да помогнат со тоа што искоментираа дека треба да зема 70% од пензијата на покојниот маж и дека работоспособноста не е поврзана со социјалната помош. И линкот за сметките за струја е од голема помош. Доколку би сакал некој да помогне би бил мн посигурен дека парите одат на вистинското место. Покрај нас од фемина ќе видат и други луѓе доброволци кои би платиле некоја сметка. Ако веќе ја зема пензијата од маж и не ја следува социјална помош.
Сега ми текна, хуманитарната Св. Спас исто фукционира многу добро, мислам дека и на подолг рок помагаат колку што можат, а имаат и многу донации во продукти кои ги распределуваат сами колку што знам. Ако не сте пишале таму, пишете, зошто знам дека навистина помагаат каде што треба. Може и да се поврзе семејството со некој преку тоа.
Дај жити се. Не, понеделник ќе одам да видам што треба за да почне да зема. Само во социјално сум и поддала документи за права што и следуваат, за ова не знаев.
Ти кажав се што имам да кажам, ако сакаш да помогнеш повели се ќе ти биде и пратено и објаснето и докажано. Мислам дека нема потреба од верглање исто та исто на секој пост. Ми кажа еднаш во ред, ќе пробам што е во моја можност да помогнам да земе се што и следува.
Никој не те нападна, баш напротив сите дадоа добронамерни совети. Не ми е јасно ајде ти можеби не си знаела за тоа дека жената има право на пензијата на мажот, ама ни таа самата ли не знаела нити некој друг? Тој закон не е од вчера доннесен. Нека оди жената во пензиско да си поднесе документи, плус парите за погребот ќе и ги рефундираат.