1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош за семејството Накови!

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од RainBow, 14 февруари 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    АЛЕЛ ЗА ПОМОШ!
    ЗА НАШИОТ ЛЕБЕД СО СКРШЕНИ КРИЛЈА, ЗА ИРЕНА... АПЕЛ ЗА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ... Семејството Накови од Валандово, во Чикаго - САД, ја изгубија својата ќерка Ирена, која имаше само 21 година.
    Се апелира до сите хумани граѓани, да му помогнат на семејството да ги пренесе посмртните останки во родниот град Валандово. Апелираме за помош, до сите граѓани да му помогнеме на несреќното семејство да си го донесе своето чедо во МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА.
    Солидарните финансиски средства можат да се испраќаат на сметките: Bank of America, Account Number: 237023631766, Routing Numbers: 053000196 (paper & electronic), 026009593 (wires), или на сметка: НЛБ Тутунска Банка, 210700000598529, на име Александар Наков, Валандово, со назнака за хуманитарна помош.

    Иницијатор: BeYourself
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.703
    Пол:
    Женски
    Оваа година е тешка за нашиот град, за неполни два месеци два млади животи згаснаа, најпрво Македонскиот легионер Стојмир, сега и Ирена. Навистина трагично, иако сум многу време надвор од Валандово многу ме погодија овие две несреќи. Да се обидеме, да помогнеме Накови да се поздрават со Ирена и да ја испратат во своето вечно почивалиште...Постирам колку што можам со надеж дека некој ке прочита и ке одговори на повикот....Почивај в мир Ангелу!
     
    На bubemconia му/ѝ се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Парите се соберени. :)
     
    На BeYourself и Hipica им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.703
    Пол:
    Женски
    Дали може да ме известите што се случува во Валандово, дали се обезбедија сите средства....Сеуште не ми се верува каква е оваа несреќа во мојот град....Веќе некое време не сум во Валандово но сеуште ги паметам барем децата кои се 3-4 години помали од мене, па така и Ирена, и таа беше дел од моето детство, прекрасно детско лице кои сега живее на небото заедно со Ангелите...
     
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Средствата се обезбедени, а дури имало и вишок на сметката, па таткото на девојчето решил сите оние вишок пари да ги даде на луѓе со посебни потреби. :)

    Нека почива во мир, што друго да кажам..
     
    На Hipica и teddygirl им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.646
    Допаѓања:
    95.703
    Пол:
    Женски
    Не се ни сомневав дека средствата нема да се обезбедат, нели во несреќата сме најсилни, а за постапката за татко и на Ирена секоја чест, јас не го познавам лично, мајка и ми беше воспитувачка во градинка, една прекрасна личност, исто така и брат и, за неа веќе зборовите се излишни....Пак ќе кажам, нека бидат Ангелите со тебе во рајот убаво девојче.....
     
  7. DEBELUSKA

    DEBELUSKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    273
    Секој збор е сувишен да се кажи...можам да кажам почивај во мир ангелу :(