Здраво девојки нова сум во форумов и се надевам дека вие ќе можете барем малку да ми олесните бидејќи ќе пукнам уште малку... Имам дечко веќе 6 месеци и до пред 1 месец се беше океј како што вели и самиот имавме цврста врска, но сега таа цврста врска почнува да оди надолу. Проблемот е во мене малце претерувам со тоа моето каде си ај да се видиме денес постојано се обидувам да му извлечам некој збор од уста и тропам глупости а тоа многу го нервира и постојано ми вика мени се не ја бидува вака ама јас незнам како да се сменам! Се обидувам но неможам, или ете денес пробав а тој веднаш ме сецна во старт ми вели: и што сега да направам јас? (инаку се пожалив дека другарка ми откажа за на кафе со цел да почнам муабет...) Мноооооогу го сакам ептен многу и супер ми е со него ама последна шанса ми е кај него и ако ја оплескам и сега толку од мене... Знам дека звучи глупо сето ова но ве молам вие сте ми последна надеж. Не сакам да го изгубам
Срцуш,прво и основно и после 5 години врска не можеш да кажеш дека врската е цврста,ако на некого му претставуваш товар,за да ти каже кај бил,што правел и дали те сака.Сега не знам дали во прашање е твоја посесивност или дотичниот избувнува при секое твое прашање кое се однесува на неговата приватност?За да се изгради една цврста врска пред се е потребно многу љубов и доверба,кое во твое опишаното,можеби грешам,ама јас не ја видов.Ај обиди се да не ја бараш грешката во себе,туку размисли во последно време на што е насочено неговото однесување?Можеби зад цела оваа маскарада се крие нешто сосема ново,за тебе непознато.Како одеднаш почнуваш да му пречиш?Зашто последна шанса?Ти поставува услови,дека ако не го прашуваш за ништо ќе остане покрај тебе?Мислам дека премногу се трудиш да си ја спасиш врската.Ако на него не му е гајле во која насока ќе се движи вашиот љубовен живот,тогаш нема причина да спасуваш брод кој тоне.
Лидија ако тој те сака и му значиш нешто ке те сослуша, не ке мора да му извлекуваш збор од уста,ке се смее на твоите глупости и ништо нема да му смета што ти правиш ,се разбира ако тоа не е навреда неверство итн.А тоа дека претеруваш со твоето каде си што правиш и тебе би ти предизвикало нервоза ако некој на 5 мин те препрашува, но ако тоа е во одредена мера тогаш нема зошто тој да се лути , и ти имаш право да знаеш каде е што прави .Запрашај се дали тој се интересира за тебе дали тој ти ги поставува тие прашања ако не се интересира не вреди да се бориш за него . А и зошто мислиш дека последната шанса ти е кај него.
Значи вака срцки заборавив да спомнам дека и од негова страна ги има тие каде си со кој си што правиш каде беше преска дури и ми ги отвора очите кога грешам, љубов има, кога сме заедно се е супер и секс и се само ете ова ме мачи и незнам тој има малку проблеми а јас сум тука бебето кое не разбира и незнае да се стрпи за да добие нешто... Тој сака се да е мирно да тече перфектно ама јас успевам така да ја закашкам да го направам љубоморен за глупости и незнам веќе што да кажам збркана сум цела! ;*
Искрено, јас не разбирам што е тука проблемот и каде грешиш ти? Сега велиш има такви прашања и од негова страна, тогаш зошто да му сметаат. И ти не можеш да го направиш љубоморен за глупости, туку тој може да е љубоморен за глупости. Ако сакаш објасни поубаво што бара од тебе тој да промениш, како да се промениш. Бидејќи од ова јас не видов ништо толку страшно за последна шанса и прекинување врска.
Па не ми е јасно зашто бараш наше мислење кога ти веќе си го имаш сама одговорот,дека он е фин,супер,нежен,а ти си таа што го тупи у врската.Значи клучот е во тебе,ти треба да го промениш твоето однесување,ако е веќе така.Не знам што да мислам.Ме збунуваш ептен,прво ти си жртвата,а сега он уствари е супер,ама јас ја отежнувам целата ситуација.Ако ова не ти помогне,оди на Психологија и барај параноја
Значи вака Гами тој од мене сака разбирање ( а јас ретко го давам многу сум брзоплета и се сакам да добијам во моментот), сака доверба а јас искрено не му верувам (нема причина не ме изневерил не ме излажал за нешто големо ама јас не си верувам ни на очите), тој е 4 години постар од мене... јас сето тоа сега пробувам да го исправам кај мене се обидувам да внимавам како се однесувам бидејки тука тој е сериозниот а јас сум онаа која е постојано насмеана и се правам дека ништо не е а тоа го нервира... со него се е во ред туку кај мене е проблемот.. како да се сменам бе луѓе не ми е јасно
Не можеш да смениш нешто што е во тебе длабоко всадено,единствено да се преправаш дека нешто се менуваш.потруди се да ги избегнуваш тие прашања и остави го малку да диши.Ако не го замараш,тој самиот ќе почуствува потреба да ти каже кај бил и што правел.
Ова го имам пробано со оставањето... Два дена не му се јавив ни му пишав а тој веднаш прашувал другари другарки каде сум била па прашува трети дали стварно сум била таму ја ѓњави сестрами абе кај е сестрати де ај нека се јави и ете функционира, туку нема нема па ќе ми се јави еј срце јас сум тука со тие и тие ке си одам у толку дрн дрн леле викам овој се мрднал. Само ете ме мачи оваа цела недела сме у криза за секој збор се караме јас ке оставам не пишувам туку нема нема ќе пиши абе срце оти вака па ке запраиме муабет по 3 саати. Јас незнам до мене ли е или што е раб и сама се чудам? ( И срцки извинете сите што ве бунам со овие глупости ама ке се мрднам веке од нервоза )
Лидија постои едно правило: Тој што го сакаш, прифати го со сите маани и доблести и не се обидувај да го менуваш. Значи дечко ти ако те сака би требало да го прифати твојот карактер, бидејќи воглавно сите бираме партнери кои ни одговараат. Друга работа е тоа што довербата е најважна во врската. Ако немаш доверба постојано ќе избувнуваат караници и нервози. Размисли зошто не му веруваш, бидејќи без доверба не правите ништо. А, во врска со сериозноста, не значи дека секогаш годините играат улога, но ако ти самата се сметаш за несериозна и сакаш да се промениш и вреди да се промениш, обиди се. Само едно ќе ти кажам ако си насмеана или постојано зборуваш не значи дека си несериозна личност. Ако сакаш да продолжиш со дечко ти и сметаш дека така треба, промени некои работи во однесувањето и најважно од се обиди се да веруваш, бидејќи нема да издржите долго без доверба.
Секако дека сите бираме партнери кои ни одговараат и се беше супер до пред 2 недели.. Ама сега незнам што се случи со мене наеднаш станав избувлива нервозна проблеми еден куп ми се собраа. Незнам искрено што се случува со мене и колку повеке мислам толку повеке се збркувам сама...
Мислам дека нервозата и избувливоста доаѓаат токму како резултат на недовербата. Бидејќи ти и да не ја искажуваш љубомората, со самото тоа што не му веруваш, се нервираш и некогаш и за ситници ќе се скарате. И натаму ќе ти биде уште потешко ако продолжиш без доверба, мислам дека мора да има причина што не му веруваш.
Нема причина за недоверба барем не од негова страна... јас сум многу голем скептик и песимист и не верувам на никој немора да има причина, многу луѓе ме имаат повредено и станав тоа што сум... Девојки извинете повторно што ве збунувам и вас со ова...
Епа мораш да поработиш на тоа, бидејќи не само сега ти утре и со друг дечко да си пак нема да веруваш, а со тоа и нема да ти успеваат врските. Таков скептицизам не ти е потребен уште сега, како 30 години да си па ај колку си била повредена и се што си доживеала.
Не треба твоето незадоволство од нешто друго да му го рефлектираш на него.Велиш,ми се насобраа еден куп проблеми.Решавај ги проблемите со тие што ти ги предизвикале,а ако дозволиш тој да ти биде Жиле Живац дежурни кривац за се,тогаш спакувај си ги куферите и бегај од неговиот живот.
Ќе пробам да се променам девојки... Се надевам дека ќе успеам! Инаку фала за овие совети многу ми помогнавте