1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Помош после породување

Дискусија во 'Бебе' започната од blond, 11 декември 2011.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Дали имавте помош од некого после породувањето? Некоја блиска роднина, најмена жена?

    Јас најголема помош имав од золва ми бидејќи е најблиску до мене и од нејзината ќерка.И од мајка ми секако. Од свекрва ми немав речиси никаква помош (ајде да речеме некоја си минимална). Исто е и ден денес така.
    И да не го заборавам и маж ми, ми помагаше понекогаш повеќе, понекогаш помалку :lol:
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.759
    Допаѓања:
    38.781
    Пол:
    Женски
    Јас и незнам колку помош ке имам кога ке се породам, пошто моите се далеку , Свекрвами :^) може ке помага ама познавајки ја и нема нешто многу .. Највеке од сопругот :lol:

    Планирам кога ке се породам мама да си ја викнам кај мене Највеке пошто нејзината работа е токму работа со бебиња и ке ми биде најсоодветна помош :) :)
    За другите ке видиме :)
     
    На girl.23 и soco им се допаѓа ова.
  3. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Помош ке добијам само ако ја барам :(
    Свекрвата не ги видела внуците не па да помага, мајка ми од проклета скромност мисли дека ако дојде, ке пречи :^)
    Пред породување се си купив и подготвив бидејки знаев дека немам помош. Првата вечер кога дојдовме од болница со керкичката, самите ја капевме, а јас царски рез породена пред 4 дена :@ Утредента ја повикав мајка ми.... Oд тогаш доаѓа и помага неколку пати во неделта по неколку часа, дури и остана во пензија (наследна од татко ми) кога се породив со синчето после 18 месеци.
     
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Јас не би советувала да се ослонувате многу на помошта од другите. Бабите помагаат, но и одмагаат. Ако сте со нормален пораѓај (без цезареа), брзо ќе се вратите во нормала и ќе можете да си ги превземете обрските. Во почетокот е тешко, но ќе си го фатите редот, ќе се организирате и ќе биде полесно. А колу повеќе луѓе се мешаат толку полошо, а и детето станува пораздразливо кога има она - земи го еден, земи го друг.
    Доволно е првите денови да ви покажат широк повој или помош околу бањањето. Плус тоа кога има толку луѓе околу вас, мажот обично се трга на страна. Значи тој треба да ви биде главната помош и поддршка.
    Помошта на бабите треба да се состои од помош низ домот, ручек, пеглање, а не да се врткаат околу вас и кажуваат теории како било во нивно време, па бабини деветини.

    Во мојата ситуација, доаѓаа и двете баби, една кажува едно, другата друго, хаос. Само што заплакало бебето, тие трчаат како на крос, која попрва ќе го земе. Тие околу него цел ден бу, бу, а јас низ дома, пелени, јадење и сл. И еден ден кога ми дојде преку глава, и ај гитла и двете. (сега не баш така културно им кажав).

    Значи помош во почетокот кога е најнеопходно, потоа кога ќе бидете спремни психички и физички сами да си ги вршите работите, јасно и гласно ќе им ставите до знаење дека си превземате се околу детето, а тие можат да си доаѓаат само на гости.
     
    На kozuf, warrior, galapce и 8 други им се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.443
    Допаѓања:
    105.760
    Пол:
    Женски
    Јас имав помош од маж ми , иако бев во добра состојба и не ми требаше некоја помош. :) Свекрва ми првите 2-3 дена ни даваше јадење ( за да не готвам јас ) и секогаш ми викаше јави ми се ако ти треба некоја помош. А мајка ми и да сакаше да помогне нешто - заради далечината не можеше. :(
     
    На LUCI 99 и galapce им се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Се породив со царски рез, но веќе третиот ден од породувањето се чувствував одлично. Осум дена лежев во болница и кога не пуштија дома и моите и неговите ни се „вселија“. Седеа по цел ден и навечер си одеа.Бебето спиеше дење, а ноќе цело време беше будно. Уште не се разденило мајка ми и свекрва ми ѕвонат на врата, една понела доручек, друга тенџере со ручек и ми викаат:
    -Ти легни спиј, одмори, ние ќе го чуваме бебето! :angel:

    Таман сум склолпила око, ќе ја слушнам едната како се провикнува со намонтирани високотонци како да голтнала појачало:
    -Миииилллооооо, бабино роденоооо внучеее! Глеј сваќе, глеј какво е! |(

    Пааа, нема нема, еве ја сега другата се јавува:
    - Бабиииии, мала мојаааа принцезаааааа!!! |(

    Ништо од моето одмарање, шанса нема око да склопам, а знам дека навечер ме чека уште една долга ноќ.
    И така ги толерирав неколку дена, ајде знам дека им е мерак за внучето,бев се поуморна и поуморна, ама еден ден ептен ме извадија од такт и тоа мајка ми:
    - Сине, па ти ја пушташ машината за садови три пати дневно.
    И нешто во мене зовре:
    - Па вие поседете уште малку кај нас, па и 5 пати ќе ја пуштам. А сега слушајте ме и двете, од утре - РАЗЛАЗ!!! Нема потреба да доаѓате ни едната ни другата, од вас неможам да одморам. Кога бебето спие, ќе спијам и јас, кога е будно, ќе сум будна и јас, а вака, преку ден неможам око да склопам од вас, навечер од бебето, капнав од умор. Ќе доаѓате само по најмногу 2 саати во тек на денот или ако ве повикаме. Вака више не бива.

    Фаците им беа замрзнати едно 2-3 минути, а потоа,една по една станаа, со носевите напрчени до плафон и си заминаа. Се навредиле.По два дена дојдоа и двете, размислиле и сфатиле дека сум била во право и се си беше ок.
    Како и да е, секоја помош е добредојдена, но само во исклучително нужни моменти. Но најубаво е сам, па како знам!
     
    На warrior, mmacichka, Tinushka и 18 други им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Не ја добивав а и не ја барав.
    Мајка ми небеше во можност да ми помага (тераше хемотерапии), свекрвата уште првиот ден ми кажа дека и е страв да го бања (сконтав дека е повеќе таа збунета што се случило отколку јас како тазе мама :) ), а мажот :D после 3 дена фати света :D :D се зезам, отиде на работа во туѓина.
    Почнаа да ми висат на врат свекрвата и золвата додека го бањав, менував памперс, цица...а навечер кога плачеше по цела ноќ никој никаде немаше.
    Колку пати само јадев набрзинка на маса додека тој цицаше (зашто беше голем плачко) или пак земав чаша со корн флекс и со едната рака јадев а со друга го заспивав на рамо.
    И сватив, сама сум, ок, и играме по мои правила. Така е и ден денес ;)
    После породување незнам која помош треба на една мајка. Тоа е сепак бебе и освен мама и цицката не сака ништо друго. Доволно е некогаш помош да ти спреми јадење иако 2-3 жени во кујна се гужва и избива куршлус, најобично :) или пак да го причува набрзинка колку да се заврши некоја работа (чистење, пазарување,,,,)
    И на крај следува шлагот на тортата и легендарната изјава ,,внуците ги чував,, :D Кога бре жено, кога барав помош да одам да какам :D
    Секоја чест на исклучоците ама каде има баби таму има и проблеми и алења на малите ;)
     
    На warrior, Smiley11, nana2112 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Јас да си признаам, малку се плашам...... Мајка ми е далеку и може да дојде само кога ќе се породам некое време да земе одмор пошто сеуште е во редовен работен однос, а свекрва ми исто работи, ама и да не работи, на нејзината помош не можам баш да сметам.....Сопругот ќе ми помага кога нема да е на работа, ама некако целава ситуација ме плаши....А и јас после породилно, ќе морам да тргнам на работа, а на свекрва ми не можам на чување да го оставам......Мора да иде во градинка........
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.119
    Допаѓања:
    138.031
    Со првото дете живеевме кај моите, па помошта секако беше таму. Затоа и се преселивме, ми требаше помош затоа што требаше да тргнам на работа бебето кога имаше 3 месеци, па моите требаше да го чуваат.

    Моите многу ми помагаа, башка тогаш нешто бев во криза, па помошта од мајка ми посебно ми беше добредојдена, и за бањање, и за домашни обврски.

    Тогаш колку и да ми помагаа, мислев дека не е доволно. Со второто кога бев сама и не сакав помош, сфатив колкава помош сум добивала првиот пат.

    Сепак, помошта е меч со две острици, и кога би имала можност, би избрала да бидам сама, со сопругот без помош. Додека јас и мајка ми ги вршевме најголемиот дел од обврските, тој некако се тргна на страна, а мојата замисла како треба да изгледа одгледување бебе беше поинаква.
    Од друга страна можеби и подобро, зошто со бебиња ептен е нервозен. На почеток ми беше чудно, ама кога пораснаа малку сфатив дека не се вади од обврски, туку едноставно таков си е.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам дека некои луѓе не се свесни дека ти одмагаат а не ти помагаат, посебно кога детето уште нема ни 40 дена а секој ден ти висат над глава наместо да те остават на мира да се воспостави нормална врска -мајка -бебе....неможам само да сфатам кај им е умот??? А посебно уште ако ти се прават памени и ти кажуваат ова вака ова така ТРЕБА!!!! Уффффф!!! :@ Ако им се спротивставиш тогаш си едноставно лоша..........катастрофа!!!!
     
  11. violetbeauty13

    violetbeauty13 Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    21
    Имав помош од најдобрата другарка, многу сум и благодарна, а секако имав помош и од свекрва ми - нема што да се пожалам од неа, се беше нај нај, од маж ми секако и од мајка ми
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Првата недела од кога се вратив од болница маж ми зеде одмор, кој го чуваше токму за таа намена, да ми помогне првите денови. Да бидам искрена тие денови сеуште не бев свесна што се случува, а и не ги осетив, ептен ми беше лесно со него дома.
    Од кога отиде он на работа, јас сум по цели денови сама со бебушот, додека тој да се врати од работа во 18ч.
    Напорно е, навистина многу е напорно, би лажела ако кажам поинаку. Бебето си приспива преку ден, но додека да заспие има триста процедури, а кога она спие јас колку и да сакам неможам да заспијам, гледам да јадам, да одам до вц, да потсредам по дома.
    Викенди кога е маж ми дома е друга песна, јас сум многу по одморена, по релаксирана, зошто јас сум потребна само кога треба да цица и за нешто ептен што тој неможе, друго се превзема во свои раце.
    Мислам дека сум повеќе психички уморна одколку физички(тоа веќе не ни осеќам). Повеќе замара тоа што секој ден е ист, по цели денови дома, пелени, доење, заспивање и пак одново.
    Исто така кога доаѓа мајка ми на еден ден е многу полесно, имам време да одспијам, а и имам човек, т.е. имам некој да направам муабет, па ми е многу полесно.
    Од свекрва ми не барам помош, од причина што не ми се допаѓа начинот на поммагање. А и со самото тоа што би седела дома да ми помага повеќе би се нервирала, зошто знае да тупи со некои муабети кои страшно ми одат на нерви, па кусо да е такво помагање.
    Вака сама тешко ми е многу, но се надевам дека ќе биде полесно кога малата ќе порасне малку, ќе си фати ред за спиење, па и кога би ја преспивала ноќта би било подруго.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    јас имав и сеуште имам голема помош од свекрвами. и мислам дека сите што се во заедница колку толку помагаат.
    2 месеци пред да се породам бев со лежење и ништо не праев и 2 месеци од ко се породив таа се правеше.
    е сега почнав и јас да подфаќам низ дома ама ко требаше многу ми се најде
     
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    мене ми помагаа мајками и мм..
    Првите 3 недели мајками зема одмор и бидејќи живееме заедно ми беше од голема помош..
    Навечер ако не се наспиев ќе ја земеше преку ден ќе ја чува па јас спиев ..
    Откако тргна мајками на работа мм почна навечер да ја рани (бидејќи сме на АД) јас се одспивам па така цел ден се снаоѓам некако :)
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Свекрвата и мм кој зема 3 недели одмор. Јас бев неспособна цел месец за било што па среќа што имаше кој да ми помага.
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.759
    Допаѓања:
    38.781
    Пол:
    Женски
    сопругот имаше две недели одмор , едната недела пред да се породам и другата недела после ...
    Мајками беше кај нас првите 40 дена и многу ми помогна ..со бањање ,буквално во се .
    е после тоа :( останав буквално сама со бебе , мм на работа до 16ч..коа ке се врати колку толку ке помогне ама цел терет на мене остануваше ...
    Ама се навикнав со тек на време :D
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Кај мене мм зеде две недели одмор, точно од денот на раѓање на малово. Првиот ден бевме сами дома, а после дојде свекрва ми, го избања ама мн и плачеше и си превзедов јас после и бебе целосно уживаше, особено во масажите после капење. Беше недела дена, помагаше околу станот со чистење дури се соземам малку од се оти само малото го гледав и пазев др се во втор план беше, а на мм ужасно го нервираше што не знаеше каде му се поголемиот дел од стварите. После си останавме сами, си фативме одма ред и со чистење, спиење, јадење и малку време за мама. Понекогаш кога е 2ра смена испаѓа по цел ден да сме сами ама си се дружиме и никогаш не ни е досадно
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно мм ќе земе или денови или одморот да го уклопиме (бидејќи кај нив одморите се пишуваат однапред по 5/6 месеци и ќе видиме ако можеме да го истемпираме одморот). Инаку уште од сега си збира слободни денови има околу 35 собрано.
    Свекрва ми е од пон. до сабота на работа. во 15ч. си доаѓа и сигурно ќе ми е од помош.
    А и мама ќе видиме што ќе може да направи...здравје,некако ќе се искомбинира ќе се помогнеме. :)
     
  19. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Од маж ми најмногу, од мајка ми колку што ми треба помош имам и ден денес, имам и од свекрвата ама она бидејки презафатена со работа, навечер знаеше да го причува кога ние излегуваме.
    Првите денови и кај мене беше калакурница, баба ми дојде, тетки стрини сите како да го родиле се понашаат |( Еди ќе го облечат му било ладно, други ќе го соблечат, едни вака други така...хаос!
    Ко сум разбркала све еден ден, викам сега јас и мм поставуваме правила!!!
     
  20. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    67
    Уште малку имам до крајот. Веќе размислувам за првите денови и мислам дека ако се се одвива нормално и ако јас се чувствувам добро помош можеби ќе треба на почетокот, ама не и како што се научени на некои си адети, требало 40 дена бабата да го бања па ова требало па она требало. Па јас едвај чекам да се роди малото и да си се грижиме за него, особено бањањето. Може да се случи после да се плаши од мене кога ќе го бањам. Во ред е да се помогне и ако прашам да ми се покаже нешто,ама само кога ќе е потребно, и јасно ќе го кажам тоа. Се надевам нема сите да ми висат над глава. Тие бабите посебно :D Тие своето го завршиле кога требало чувале деца, да си бидеме живи и здрави сите, секој ќе му се радува ама треба да се знае кои се мајка и татко а кои баба и дедо. После се удираат во гради еееее ние сме го исчувале младите ништо не разбираат :^) Ај доста е. :tmi:
     
    На heppymom му/ѝ се допаѓа ова.