Дечки нова сум на форумот, ми треба вашата помош имам 5 годишна врска и пред 1 месец мојот дечко отиде да работи во друга држава...ми понуди брак и незнам што да правам а сеуште студирам а и неможам без него...помагајте
Понуда за брак..помагајте Прифаќај сестро и бегај од пустелијава Од тука нема ништо да видиш, само ќе учиш и ќе рмбаш за без пари
Понуда за брак..помагајте уф е бас да знаеш и јас за тоа се двоумам и јас сум во слична ситуација па затоа неможам разумно да те советувам
Понуда за брак..помагајте Ногу е тешко да се одлуче секако уште сум 20 години времето е пред мене незнам дали ке избрзам и после ке се каам за тоа..а секако нема фајда од факултето во нашата држава...
Понуда за брак..помагајте читни ме и мене и види зошто неможам да те советувам хахахаххаhttp://forum.femina.mk/brak/dali-da-zamineme-vo-druga-zemja-t14764/
Понуда за брак..помагајте Видов но во твојта ситуација нема со да се мислеш веднаш земај ги децата и право оди секако тамо ке имаш подобар живот отколку тука...
Понуда за брак..помагајте Абе убаво е љубов, романтики вие двајцата далеку од тука. Ама! Зрела ли си за брак? Зрела ли си да се обврзеш со некого за до крајот на животот? Зрела ли си да функционираш во заедница? Стабилна ли си ако утре се случи нешто и останеш буквално на улица, да работиш и да се издржуваш сама? Реално на страна факултетот чини многу, а ако навистина сакаш да го завршиш претешко ќе ти е да работиш во исто време. Ако те финансира партнерот, сигурна ли си дека нема да очекува од тебе да бидеш домакинка по дома? Колку е стабилен тој таму после само еден месец работа?? Имаш само 19, со него си од свои 14 години, колку и да се тоа романтично сигурна ли си дека сакаш да се врзеш уште сега и да не видиш ништо самостојно во животот? Твоја одлука, сепак биди си на јасно со нештава и со среќа!
Понуда за брак..помагајте Незнамм што да правам тој отиде тамо кај неговите и сеа почна да работи и секако ми кажа дека ако сакам да одам на факс дека или таму ке продолжам или овде ке го завшам но вонредно...
Aко си сигурна дека го сакаш и те сака, а воедно и се чувствуваш зрела да се сносиш со таа одговорност околу бракот мислам дека веднаш ќе си го кажала одговорот дали сакаш или не.А, вака ако прашуваш на форум нема да си го решиш проблемот.Тоа е големо прашање кое ти е одлучувачко во животот.Не е нешто што може друг да ти помогне.Треба сама да видиш кои се работите кои влечат за да влезеш во брак, а кои се оние кои те одвраќаат, бидејќи како што се гледа ти си во дилема каква одлука да донесеш. Ако мислиш на пречките како факултетот има многу што познавам што студираат, а се во брак дури некои имаат мали деца.Значи ако се сака ништо не е пречка. Лесно е од страна да се каже нешто,ама секогаш има плус фактори кои влиаат на конечната одлука.Мој совет е не барај мислење за вакви прашања од други размисли си убаво и сама донеси си ја одлуката.
А зошто би морала да се земеш со него, за да отпатуваш таму? Не бо можеле да пробате прво да бидете заедно, без официјално врзување?
^ Не бе Љубам, ќе гласаме овдека јавно и ќе решиме дали ќе ја мажиме. Искрено - Заврши си факултет а друго мислам дека не си зрела за брак. Ако ти можеш да му дадеш подршка за работа во странство тогаш и тој нека ти даде да завршиш факултет. Мажачката нема да ти избега никаде
Одлуката си е твоја, разгледај ги сите можности, не влетувај пребрзо во било што, сепак си многу млада. Разбирам јас дека многу се сакате и се тоа, ама брак е животно прашање, размисли си убаво прво. Многу важно, не се залажувај со мислења од типот "да си одам од државава, да се спасам". Во странство мед и млеко не тече, пари на дрво не растат. Очекувај да се соочиш со еден сосема друг менталитет, мошне различен од нашиов. Вака од страна може ти изгледа како не многу значајно тоа, ама различно е на твоја кожа кога ќе го осетиш. Работа на тацна нема да ти понудат, ќе треба да си го научиш јазикот на државата и тоа со нивен акцент за да најдеш било каква работа. А таму нема никој да застане зад тебе, сама (читај сами, нели со сопругот потенцијален) ќе треба да си го пробивате патот, без ничија поддршка. Што и да одлучиш имај го ова во предвид.
19-20 години и веќе и врска од 5 години ? Зарем мислиш дека си го одбрала правиот на 14-15 години за да се врзеш уште сега до крајот на животот? Зошто да брзаш? секоја чест како некоја детска љубов од 8 одделение издржала толку време, меѓутоа ако е навистина правата и единствена животна љубов, тогаш ќе издржи и уште некоја година додека завршиш школо,а врската на далечина ако успее ќе си знаете дека навистина љубовта е појака од се. А искрено мислам дека и тебе ќе ти дојде добро за промена да видиш како функционираш и сама, бидејќи од многу рана возраст сте се врзале многу сериозно.
Не знам дали точно ја погодив темата одејќи по насловот, бидејќи ми треба совет во врска со предлог за брак но не за мене туку за близок пријател на дечко ми кој го смета за брат. Не сме во контакти како парови да се дружиме но ќе ја пренесам ситуацијата како што и мене ми ја пренесоа. Ме интересираат мислењата ваши како и вашите искуства. Значи вака тој има 27 во 28 години а таа 22 во 23. Во врска се повеќе од две години. Врската им е нормална, стабилна навидум значи е се ок. Човек да ги гледа од страна ќе речи дека мед и млеко им тече блазеси им. Но не е така како што секогаш, изгледа па посебно од страна кога некој друг тоа го гледа. Е сега проблемот е бракот. Бидејќи тој притиснат од годините а и од околината дека време е да се жени, отворено ја прашал дали сака да се земат, дека нема тој повеќе време што да чека. Нејзиниот одговор бил дека не е време сеуште а и најбитно е што таа не сакала да живее во неговата куќа (мислам со неговите родители и брат му). Е сега одговорт на тоа дека не сака да живее во неговата куќа, тој го бара во нејзниот однос спрема неговите. Девојката значи е исто така навидум ок, фина добра но по малку затворена во себе и не комуникативна. Тешко се снаоѓа во околината. Сирак е со еден родител и тоа тешко го поднесува и многу и се одразува во животот. Дечко ми не знаел како да го советува, побара помош од мене. Тој западна во криза, веќе подолг период (проблеми со притисокот, нервозен). Факт е дека годините му врват, се плаши дека ќе остане сам па ја притиска. Можеби таа се уште не е спремна, но не поради живеалиштето, бидејќи имало решение на тоа да живеат сами на спрат без никаков проблем, туку можеби не се чувствува спремна на таков чекор. Што мислите како совет му треба на овај човек, чисто онака за помош.
не свакам зошто го притискаат него да се жени кога има и повозрасни од него што се женат, 30 над 30 јас барем знам дека во Мк не постои старосна граница за тоа-додека завршиш факултет, најдеш работа, секако и девојка која би одговарала според критериумите за сопруга-времето лета како што прочитав дека ако дојде работава до брак, ке треба да живеат во семејна кука сите на купче-како таа се согласува со неговите,со брат му дали е вработена/студент, има ли свои приходи? што вели нејзиниот родител на сето ова? од што би живееле кога би се венчале? треба од сите агли да се разгледа ситуацијава за да се донесе вистинска одлука-мое мислење
И јас не сфаќам зошто притисок за брак,бидејќи бракот не е само за еден ден,треба добро да се размисли и да се согледаат сите можности. Во овој случај баш и не знам што да кажам,доколку девојката сеуште студира може да почека бракот и секако се додека не е зрела.Некој може да има и 35 години па сеуште да размислува како 5. Годините не се секогаш индикатор за интелегенција и емоционално созревање. Колку што разбрав дечкото е 28 години,па не е и така стар,сеуште не му е поминато времето,може да почека барем уште една година.Исто многу важен аспект е стамбеното прашање а потоа и финансискиот дел.
Поздрав Миличка19. Искрено не го разбирам притисокот да се жени. Има 27 или 28 години, што воопшто не е некоја стара возраст за стапување во брак (ни за женско, нито пак за машко, без разлика). Ако девојката чувствува дека не и е време да се мажи И АКО ЈА САКА би требало да го почитува тоа, и да и даде време. Најважно од се, според моето мислење е дека, причина за брак е ОБОСТРАНА ЉУБОВ, А НЕ ДЕКА ДОШЛО ВРЕМЕТО. мој совет е да се почека уште некој период, па потоа пак да ја отворат темата.
Девојката е вработена но не знам колкава плата зема, значи не е студент и не се чека да заврши. Додека во поглед на живеењето вака стои работата. Како што прашав и дознав имале куќа на 2 спрата и едниот бил за него. Брат му веќе почнал да се дели да си го прави спратот тој бил сеуште неженет, но на праг да се жени сигурно кога почнал да се средува. Додека тој ќе останел да живее сигурно со неговите родители. Мислам дека тука е проблемот повеќе. Со мајка му не се слагале баш најдобро а и со женската на неговиот брат кога како биле во добри односи. Како што кажав пред тоа девојката малку била затворен тип. Нејзиниот родител не знам колку се согласува, девојката само одела повеќето кај дечково тој не кај неа и не знам како им стојат работите во врска со нејзиниот родител. Но ако чекаш така секогаш да бидеш среден тип-топ дома според мене нема да треба во ова време никој да се жени, башка еве да ги оставиме годините. Така да не знам кој ќе им биде исходот. Бракот сепак е сериозна работа и е нешто за цел живот па добро треба да се размисли дали навистина е тој/таа вистинскиот човек со кого ќе го делиш остататокот од живот. Мислам дека и љубовта игра најголема улога па ако ја нема неа ќе ја нема и хармонијата во семејните односи. Сепак годините не треба да се индикатор но тој сигурно се плаши дека ќе го остави. По се тоа што му рекла таа дека нема да седи тука макар и да се сами си мислел дека таа не мисли ништо сериозно во врска со него и дека секој момент ќе го напушти. Мој совет беше да ја почека уште 1 година еве максимум и веќе ако тој смета дека навистина нема сериозни намери со него нека разговараат пак и тогаш сигурно ќе знае што да одлучи. Ако го сака таа треба да се обиде да ги попорави односите со неговите сепак уште не е дојдена таму како снаа а почнала да не живее со неговите. Малку и тоа мие најглупаво во целата ситуација да биде пречка. А и како што дознав постојано биле сами и затворени и со никого не комуницирале ни излегувале. Ни тоа не ми изгледа така добро. Има денови кога сакаш да сте сами но постојано да си затворен сам и да немаш ни друштво ни човек да комуницираш како ќе опстаниш така не знам.
Девојката штом не сака сигурно има некоја причина. Можеби кај дечково дома и не е се така поделено на спратови. Можеби девојката си проценила и не сака проблеми. Нема зошто да се привикнува на неговите родители. Можеби не и одговараат карактерно и толку. Паметна девојка. Камо среќа сите жени да размислуваа вака "себично". А не после свекрвата вака, деверот онака...бла бла. Инаку на дечково уопште не му дошло вретео. Јас сум сигурна дека неговите од дома го притискаат, а девојкава тоа го знае и затоа не сака. Можеби на нив им треба куќна помошничка? Можеби им треба заморче? Можеби им треба 1 плата плус. Јас да сум на нејзино место и да ја знам оваа причина според која ме побарал мажов, не само што нема да сакам, туку и ке му раскинам. Пази "мене ми дојде времето, ајде да се земеме". Глупости.