1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Понуда за секс од директорот

Дискусија во 'На работното место' започната од taya, 25 март 2013.

  1. taya

    taya Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Еден ден идам на работа, влегувам во канцеларија и го прашувам газдата што треба да сработам за денес. И ми вика, што викаш за секс со директорот (т.е со него), бевме сами, во моментот се изнервирав ама се обидев да ја свртам на зафрканција, му реков да не се зафркава и да каже што да работам. Рече дека не е зафрканција. Јас се повлеков во другата канцеларија, почнав да работам нешто ама неможев да се сконцентрирам, ми идеше да го удавам, си викав ај копук е не знае што збори ама колку и изговори за муабетот да му наоѓав никако неможев да се помирам. Да не ми беше директор може и да не се налутев, зошто станува збор за асоцијален тип,непрошетан по нашки, па си викам ај не знае со жени, не знае до кај се границите. Ама директор да ти каже такво нешто и не личи баш на зафрканција. Инаку е женет и жена му работи со нас ама не беше тука во моментот (т.е цел месец).
    Останав на работа ама почнав да го игнорирам, изолирам ама нетрпението ми растеше секој ден. Предходно бев најпаметната жена што ја сретнал, а сега почна да се натпреварува со мене да се чатали, да ми покаже колку го бива, дека е подобар од мене, да ме омаловажува, за секоја грешка јас сум крива, за секој успех е он заслужен и сл. и тоа пред луѓе. И така пукна, еден ден се испокарав со него, не за лични работи туку околу еден проект и толку од работата. Ми даде плата само за пола месец. Сега треба уште да соработуваме ако сакам цела ама јас незнам како да реагирам, дали да ќутам и доработам што имам (од дома, не одам на работа) и да си одам, дали да го пријавам и на кого. Зошто му пишав писмо и се' му објаснив, од каде тоа нетрпение спрема него и колку увредена сум се осетила и место да се извини според него јас сум крива, не сум знаела да се зафркавам, грешка сум протумачила, тоа било чиста зафрканција и се осетив уште поувредено. Сега па и будала ме прави.
    Ми тежеше ова цело време и на никој не кажав зошто се чувствував некако извалкано, нечисто. Ама па е тешко да лажеш и да се објаснуваш зошто си одиш од фирма без да најдеш работа и во време кога тешко се наоѓа истата. Незнам што да правам, дали на сите мои блиски да им кажам зошто навистина си одам, затоа и пишав на форумов. Зошто како жена во машки свет, електро-инженер сум, и очекував такво нешто во нашата средина ама бев позитивно изненадена, супер бев прифатена,со почит, како колега се' до овој момент.
    Да не кажам и дека сега е во позиција да каже дека ме отпуштил зошто не ме бивало и сл. па јас што и да кажам демек му се светам.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    Со тоа т.н. надмудрување сака да ти ја намали самодовербата за да те натера да мислиш дека твојата работа не е доволна за да ги задоволи критериумите за тоа работно место. Треба да покажеш став и самодоверба и верба во сопствените квалитети. А квалитетот секој го бара и добриот работник не пати за леб. А он ако е неизживеано татино синче и ја користи фирмичката да брка женски а не да креира плодна почва за напредок и победа над конкуренцијата, па и фирмата не е најдобриот избор за тебе.
    Нормално ќе негира и ќе вика зафрканција е. Его е во прашање.


    Само напред и самоуверено. Ваквите гниди се ништат со самодоверба. :*

    Среќно!
     
    На Lolo5, Ruby.rose, rici.aaaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.300
    Допаѓања:
    101.406
    Пол:
    Женски
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    Сум имала сличен проблем. Не со директор, но со колега (потрчко и полтрон на директор) кој знаеше да прави неумесни муабети. Еднаш го изигнорирав, втор пат пак ама трепит пат кога ми префрли нешто на цел глас го избламирав пред сите колеги околу. И он знаеше да откачи, Нена, ајде ова ајде она и тоа пред други не на само. И на крај ја пред сите му реков е ајде де ама не те бива само знаеш да лаеш, а жена во живот не си видел !! Од тогаш бега од мене на километри !!!!

    Не си требала да му попуштиш од прва туку да го срозаш, па макар бил и дирекотр, а се понатаму да снимаш на мобилен. Па после да го пријавиш. Вака немаш доказ, а ова е класичен мобинг.
     
    На Lolo5, Anon и tessie им се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    Директорот на писмено или усно ти кажа дека се зафркавал со изјавата?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    Се согласувам со нена, си требала да го избламираш и тоа по можност пред сите па после ако треба и да си заминеш оттаму. Вака му создаваш плодна почва да рече сешто. Пример, на жм да рече дека те отпуштил затоа што си забушавала со работа и си му се додворувала. Ѓубриња се тие. Не верувам дека е добра идеја да останеш таму. Не се плаши да продолжиш понатаму, не се сите такви верувај. Мене барем досега ми се нема такво нешто случено.

    А си има и некои кои (за разлика од овој) само ќе испитаат терен и ќе се повлечат. Ова знам од случка со една друга личност.
    Дечково ја примил на работа и после некое време почнал да и` се пушта, ама таа од прва му дала отворено до знаење дека нема да може ништо да има со неа и го прашала ако сака да си замине па да си бара друг човек. И он на смеење и` рекол „Какво идење? Јас да си прашам, ако не ти, друга има што ќе се најде за таа работа. Ти работи си ја твојата работа како што треба.“

    Ама и девојчево има супер квалификации и богато образование, дечково сакал да добие 2 во 1 ама не му се испуштал таков работник. А секс сигурно може да добие од повеќе (со сегашниве модерни жени во подем) отколку да најде таков квалификуван човек. Да, уште работи кај него.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    уф нема нема нешто што по презирам од вакви луѓе или вакви изјави. мене никогаш не ми случило да имам непристоен предлог од директорот или било кој друг и се надевам дека нема да имам оти како што сум импулсивна незнам што може да му се случи. на мојот сегашен директор му е кажано (уз муабет коа сме дискутирале нешто) дека не толерирам такви работи и дека при првиот непристоен коментар или нешто слично давам отказ одма.

    така да не му ќутите не ваквите стоки дајте му на знаење дека и вие можете да се зафркавте со инспекции на пример или тужба за мобинг и коа ќе му стигне опомена речи му па јас само се зафркавам не разбираш ти од шала ? па да видиме....
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    Директорот ли е крив што сами му се нудат?Поради таквите девојки и жени патат тоест ги става во ист кош кои се интелигетни и сакаат да си ја работат работата како секоја работничка за една плата,и мене не ме чуди воопшто вакви работи затоа што и порано се случувале вакви работи,најпаметно е да си бараш друга работа.поздрав

    Пс мое мислење.
    Не го оправдувам директорот но тој е навикнат на такви работи,и исто така не ги оправдувам жените кои сами му се нудат на директорите,да бидеме на чисто тука,а не сега мажите или жените се криви.
    Дај разбериме што сакам да кажам.
    За жал тоа е реалност,без разлика дали нас ни допаѓа тоа или не.
    Кај мене во фирма каде што работам имаше ваков сличен случај,само таа му беше секретарка,отпочеток наводно го одбивала,за по некое време ги гледаш заедно во кола одат на скришно место и се сексат,и ги имаат видено,мислам се збори на големо.
     
    На hermosa, rici.aaaaa и tessie им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    Moe мислење е дека, да, директорот е крив. Затоа што негова работа е да си ги познава вработените, а таа досега штом не му се пуштила сама и дисциплинирано почитувала рокови и самата му барала да и` даде обврски да не седи и џаболебари таму, значи не е таков тип. А таков тип можеш лесно да процениш, некогаш дури и од моментот на самото интервју за работа (како што има некои што одат како за на писта). Мислам стварно ми е доста од муабетите дека мажот може да биде само жртва на ѓаволштините на жените. Ѓубриња, користат прилика и уценуваат девојчиња во време на безработица. :@
     
    На Traveler91, Lolo5 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.300
    Допаѓања:
    101.406
    Пол:
    Женски
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    Теси јас се сложувам со Витомир. За жал има многу како одредена персона овде на фроумов која се дичеше со нејзиниот начин на просперирање во кариерата и нормално, директор кој има низок морал и во секое женско гледа сексуална прилика нормално дека ќе провоцира.
     
    На tessie и vitomir им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    кога ве читам драги феминки, страв ме фака ако некогаш успеам да се вработам по струка-биснис коресподент(во превод секретарка, личен асистент) а тоа дека е општо познато дека директорите по фирмиве се губриња невидени што користат прилика за да им се доближат на вработените-дали било девојка, жена
    криза е , невработеност и мислат дека се недопирливи.
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.192
    Допаѓања:
    10.813
    Пол:
    Женски
    Sto vikas za seks so direktorot ?

    Од типот на непристојна понуда не сум работела во фирма со директор за да доживеам, ама сум имала слична дешавка со познаник на дечко ми. Културата не ми дозволуваше да се расправам, кратко му дадов до знаење дека не сум заинтересирана. И од тогаш го избегнувам. Му кажав и на дечко ми дека не ми се свиѓа неговото однесување (точниот муабет не му го кажав зошто знам дека ќе биде на големо работата), тој му искоментирал нешто и сега дотичниот повеќе од добар ден не ми вика кога ќе ме види.
    Во ситација кога би ми се случило истото со надлежен (директор, шеф на работа) знам дека пак така смирено и одлучно би го одбила, ама како што кажаа во мислењето погоре, не знаеш како после тој муабет ќе се прошири, и на крај затоа што сум била доволно културна да не направам сцена, ќе испадне дека јас сум му се запуштавала на директорот и за тоа да ме отпуштат.
    Никогаш нема да сме на чисто, поготово во бизнис свет кој е воден од мажи. Ама сега бар е лесно, сними го на мобилен и пријави го. Ако барем јас ја изгубам работата, да не му текне никогаш веќе да малтретира некоја друга девојка. :)
    И мал поздрав од феминистката во мене : Матријахатот изумрел зошто попаметниот попушта ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.220
    Леле за тој случај, со кариера и спиење со деловни партнери, јас па дури и ја поддржав дека за кариера мора жртва, а после сфатив за што се работи. Ма тоа не е кариера, тоа е обично курвање. Мал е светот, се се дознава. Кариера е едно, проституција е друго. Има девојки работат по секкави шупи и кокошарници, спијат со старци, за да се шетаат дотерани и да бидат сити, и тоа ли е кариера?
     
    На Vindetta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. taya

    taya Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Уште не ми ја дал половината плата, му ѕвонам и демек ќе ми се јави за некој ден и на тоа останува. Веќе 2-3 пати јас му ѕвонам и станувам се полута, ем он крив, ем јас како да му се молам. Исплашен е изгледа ептен, појма немам, да не го пријавам и слично т.е да не кажам на жена му. Да ми ја исплатеше цела плата и чао ќе прекиневме контакт и готово. Ќе го заборавев, ќе заборавев што се случило и готово. Вака ми продолжува нервозата. До сега ќе го пријавев ама жал ми е за жена му, многу е фина, пријатна. Да не беше она до сега 100пати ќе го кажев кој е.
    Се надевам ќе ме исплати зошто не сакам повеќе да се замарам. А ако не, незнам што да преземам.

    Инаку скоро секаде е исто. Мислам на односот спрема жените. На неколку места предходно што се јавив на оглас и дури бев и на тестирање, не ни се јавија, на жените мислам. После дознавме дека политиката им била жени да не вработуваат, само тоа неможеле да го пишат во огласот, а тие малку жени што им се вработени биле преку пријатели и потпишале договори дека нема 2год да забременуваат. Какви ли се тие договори незнам, како ги склопуваат...зошто сигурно има закон против тоа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    Боже сачувај.
    Иди во канцеларија и побарај си ги парите. Закани се дека ќе го пријавиш ако не те исплати. Остани да работиш, ама ако продолжи со тој однос поарно пријави го или барај си друга работа. :x
    И, добро ли е фината и пријатна женичка да се остави без да знае што прави маж и? :geek:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buli4snow

    buli4snow Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    И јас го имам овој проблем. Пред пет месеци се вработив во фирма на доста одговорна позиција. На почеток немав проблеми од газдата и беше задоволен од мојата работа. Но пред месец дена ми вика кога јас и ти ќе пиеме кафе заедно.Мислев се шегува и му реков јас не пијам кафе. После тоа на состанок во неговата канцеларија отворено ми кажа дека му се допаѓам. Мене тоа ме шокира. Му реков дека не сакам да имам никаков друг однос со него освен професионален и не сум личност што меша работа и задоволство. Тогаш сакав да дадам отказ, но сестра ми ме предомисли, ми рече да почекам да видам како ке се одвиват работите. После тоа почна да ме малтретира, да ми вика, да ми наоѓа грешки, без врска работи што немаа никаква смисла. Како тој само работи, тој се знае и не можеше никако да се работи со него и да се соработува.Имав тежок мобинг на работа. На крај ми скурчи се испокарав со него и ме отпушти од работа со образложение дека јас имам доста знаење и познавање и добро образование но јас не сум била за тоа вработена во фирмата. Тоа многу ме изреволтира. Сега сум многу разочарана.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Со таквите треба само самоуверено и да се покаже став. И јас мислам дека треба да отидеш во канцеларија и да му се заканиш дека ќе го пријавиш ако ен ти ги доисплати парите па дури, сега може ова малце ќе звучи смешно ама јас би го направила, ако имаш некој диктафон уклучен да го оставиш во ташна кај што ќе снима се што ќе се збори и ако не сака мулум тогаш силум ќе му покажеш. Мора таквите да се стават во ред, затоа што инаку ќе изгазат преку сите. Убедена сум дека не си единствена ова што и се случило, ама си ќутат за жал :|
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Taya жал ти е за жена му??? На него не му е жал на тебе зар треба да ти биде ?

    Закани му се дека ке го кажеш на жена му. Или кажи дека си се откажала од работа (изврти го муабетот) бидејки те терал на секс, а ти не си сакала и не си можела да го поднесеш притисокот.

    Како викаат, жена си снајди се.

    Срека кај мене директорката е жена
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Со ваквите само тактика треба и стрпение.Прво да му се сплете мрежа, за сам да падне во неа. Размислите дека со тој проблем тешко ке останете на работа.Морате да побарате помош, за тоа ќе треба малку храброст и трпение, но верувајте на крај ќе се исплати.Може да ви помогнат вашите браќа, дечковци, пријатели, татковци и во потешките случаеви милиција.Закажете му состанок понастрана, дека има помалку луге, или пак на ваш терен.Кога ситуацијата ке кулминира, нека настапат вашите херои :muscle: .Еден добар ќотек ќе му биде лекција за друг пат.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Таја, јас преку меил би ја начнала темата, би се обидела да напоменам дека имало понуда од негова страна за секс и сето тоа би го испринтала и така би отишла кај него на работа, ако се побуни да рече кој ќе ти верува, да рече дека е фалц, закани му се дека се си стои на маил. Нема кај да бега, ама биди си истрајна, не попуштај, ваквите се прават само дека се мажи иначе нема ни М од мажи во нив. Јас имав еден луд директор кој не правеше вакви работи ама знаеше да ни рчка по прватните профили на ФБ, да пробива пасворди и слично, да манијачи хистори да види што сме правече и така натака, во неколку меила му објаснив што и како стои па престана да се заканува со казни и намалувања. Конкретно и имав пишано приватна порака на колешката која беше на породилно дека би го задавила дента од што ме измалтретира и менталниот ми го отворил профилот и прочитал се, сакаше да ми намали плата заради тоа, се закануваше, во неколку меила му објаснив како стојат работите и готово, при првата прилика и му го кажав тоа лице во лице, со оглед на тоа што после тоа не доаѓаше повеќе денови на работа, па си се повлече како попче. Нажалост такво говедо и си останува говедо па затоа и толку му е успешна фирмата ама тоа е за друга приказна. Ти посакувам многу среќа во ова и се надевам дека ќе излезе се на подобро ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Затоа ќе си отварате new incognito window на chrome ;) и никој нема да ви чепка во history. Уствари, нека чепка, ама нема ништо да види. Е така, малку надвор од темава, ама..
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.