Поплаки, забелешки и пофалби од институциите

Discussion in 'Општи дискусии' started by winnie02, Feb 6, 2021.

  1. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Joined:
    Jan 9, 2021
    Messages:
    366
    Likes Received:
    1,976
    Gender:
    Female
    Темава ја повлече една претходна за колку им верувате, повеќе од јасно е дека не.

    Толку е опширна што можете буквално секогаш кога ќе ви дојде преку глава да си поплачете овде.
    Секојдневно користиме услуги, чекаме пред шалтери пола вечност, сме претрпиле некоја неправда.

    Од каде да се почне?
    1. Правосуден сисетем - го зедов бидејќи ни е свежо настанот со јавна соба, давачки и давачки за обичниот човек, ако се дигне некоја поголема прашина на проблемот можда ќе се биде обештетена жртвата.

    2. Образование - не стручни кадри, полуписмени, булингот вришти меѓу тинејџерите, психолози само на хартија.

    3. ЈСП - Морам да го спомнам, иако не спаѓа во институции. Возачи и контролори-ужас. Не чекаат стари лица да се качат, затвараат врати пред нос, односот безобразен.

    4. Здравство - Сеа со ситуацијста малку подреновираа установи, барем е почисто и хигиенски.

    Некоја лична случка или проблем, секако е добредојден. Пофалби или начин на кој што може да се регулира нешто, за ако сакаме поубаво место исто така.

    Јас секогаш велам дека лесно е да се каже дека нешто не чини, ама дали ти проба да го смениш?
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,310
    МВР - за сексуално вознемирување, вработените во Одделот за крвни и сексуални деликти, ја убедуваа жртвата дека џабе ќе пријави, немале начин да докажат.

    Здравство - од кај да почнам... Од непристоен однос, дерење на пациенти, немање опрема, немање терапија, немање соодветни услови

    Образование - исто проблемот со 'немаме опрема, немаме услови, немаме незнамшто', нереагирање на булинг, до толку и наставник да учествува во булингот со отворено потсмевање кон жртвите, несоодветно оценување, непредавање материјал, 'подготвување' на учениците за кога ќе дојде образовен инспекторат, да се претстави наставникот како соодветен, посветен и културен.

    Администрација - фамозната фраза 'ние не сме надлежни'.

    Вака кога го читам пишаново, се чудам како воопшто имаме држава?
     
    jarec6 likes this.
  3. Blackandwhite123

    Blackandwhite123 Истакнат член

    Joined:
    Jul 8, 2018
    Messages:
    60
    Likes Received:
    113
    Gender:
    Female
    Разочарана од сите институции,најмногу од центар за социјална работа каде што "тие ништо не можат да направат", "не е до нив" , самиот нивен однос и слично. Дно дна.