1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување после царски рез - природно или пак царски?

Дискусија во 'Бременост' започната од iloveyou29, 3 август 2017.

  1. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    По породувањето со царски рез постои избор - породување повторно со царски рез, или обид за породување по природен пат.
    И во двата случаеви постојат и предности и ризици.

    Дали вие што се породувавте царски првиот пораѓај, вториот ви беше повторен царски или се породивте природно?
    Дали вие што имавте само еден пораѓај царски, вториот би бил повторно царски или пак би оделе природно?
    Како сметате дека би било подобро породувањето?
    Какви се вашите искуства?

    Јас сум породена царски рез пред 19 месеци, и за втор пораѓај се консултирав со гинекологот и тој инсистира прво да се проба природно. Само напомена да поминат барем 2 години од царскиот рез.

    Темата нека послужи за мајките што се породени царски рез и планираат или имаат друга бременост.
     
    На fina erika, cresa-jagoda и ma4e1311 им се допаѓа ова.
  2. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Имам две деца и сакам трето. Од причина што двете ми се родени со царски рез, гинекологот ми рече дека доколку имам и трето дете ќе се пораѓам со царски и дека во тој случај ќе ми ги подврзат јајниците.

    Дали некој има слично искуство да сподели.
     
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Најчесто тоа го прават, да. Кога веќе си отворена па и тоа да завршат работа бидејки никој не препорачува четврт царски а после 3 сечења природно па ич. Дваес минути работа е тоа. Јас би се нафатила.
     
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Да, тоа е паметна одлука. Бидејќи после три царски веќе е ризик.
     
  5. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Тоа е всушност трајна стелиризација?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    @♡BuBaLe♡ , не знам дали успеав да ја тагнам.
    Царски ќе биде поради претходните две операции, матката не може да издржи природно породување поради пресилните контракции. За подврзување на јајници не знам, ама можеби се прави тоа превентивно, бидејќи ако останеш трудна по четврти пат, тогаш со породувањето ја вадат и матката, така ми кажа мојата матична. А тоа води до предвремен климакс ако не сум грешка.
     
    На iloveyou29, jb82 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Да. Мислам може и да се одврзат ама зошто!?
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    За подврзување на јајници сум читала дека е ризик за настанување на вонматерична бременост.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Предвремен климакс, предвремено стареење...мајка ми е со хистеректомија. Се рачуна 40% без органи.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298

    Некако идејата за трајна стелиризација ми звучи застрашувачки. Не дека би сакала четврто дете (јас уште ни трето немам :) ) ама сепак малку ме заплаши идејата за трајна стелиризација.
     
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    @jb82 А после два царски, третото мора да е царски? За после еден царски знам дека може природно , ако помине подолг период.
     
    На malifesent и jb82 им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Хм, некако ми нема логика ова. Сперматозоидите навлегуваат во јајцеводите и од таму во јајникот каде ја оплодуваат ј.к. Со подврзување на јајцеводот всушност му се отстранува патот кон ј.к. и не може да настане оплодување т.е. бременост.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Вазектомија е можеби подобра опција. Инаку подврзувањето на јајцеводите (погрешно се изразив горе) не е трајна стерилизација, со тек на време може јајцеводите повторно да станат проодни. А може да се направи и пресекување на јајцеводите, но колку е сигурно тоа, не знам.

    @iloveyou29 може природно после еден царски. После два е веќе потешко, постои опасност од пукање на матката од контракциите (веќе два пати е сечена и ослабена), со тоа има ризик од големо крварење. Јас имав такво нешто со второво, скоро пукање после само еден царски рез. Ризично е, без оглед колку време е поминато.

    Јасно, лошо е во секој случај, особено ако жената е помлада.
     
    На LiliBoz, kukla21, jb82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Незнам, не сум многу упатена за ова само знам дека го читав некаде.
     
  15. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    298
    Јас ни после првото не можев природно иако премногу сакав, и го надминавме прилично трминот. А со трето гинекологот ми рече дека нема да може природно туку царски рез.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Незнам јас како што сум паничарка, ако некогаш одлучам за второ дете незнам дали би се нафатила природно. А па сите што имале такво искуство со два царски, велат дека вториот пат повеќе болело. Што е и нормално, два пати сечено.
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Јас се нафатив и сакав природно, почнавме така, ама не се отворав, па како што кажав, на време ме фатија пред пукање на матката. Прилично искрварев. Ама немој ова да те плаши, има и позитивни искуства. Дека повеќе ме болеше второто сечење, ме болеше. И потешко ми зарасна раната. Ама тоа го припишувам на годините.
     
    На jb82 и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Среќа што се добро завршило. А колкав временски период имаше од двете бремености? Мислам и тоа има голема улога. Секако дека има и позитивни искуства, секој е индивидуално.
     
    На Dushi0102 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Пет и пол години точно растојание меѓу двете породувања. Секако дека има влијание, но не секогаш.
     
  20. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Аа па подолг период поминал. Значи сепак нема правило.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.