Прво да Ве поздравам сите бидејќи сум нова на форумот. Сакам да прашам малку повеќе на ова тема!Ме интересира дали некој имал искуство лично или од свој близок.Читам многу се чека.Ме интересира усвојување на здраво дете!Запознаен ли е некој дали таму овозможуваат начин тоа да се провери.Да речеме посвоителот да си плати тест од тие сега поновите што ги има за проверка за генетски заболувања. И најважното прашање за крај,детето ќе има само мајка!Посвојувањето е за жена што не е во брак но сепак како што ги прочитав во Правдико условите-ги исполнува сите.А и документите што се бараат се некои слични за ин витро постапка така да познати ни се. Фала однапред на сите,можеби темата е дискутирана но сепак постојано нешто се менува во законите и во процедурите па викам ај да биде нова тема.Пријатна вечер и извинете на долг пост.