Посебно седиште во автомобилот за деца

Дискусија во 'Дете' започната од wolf4e, 5 септември 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.872
    што мислите за вашето бебе да е во седиште дали тоа е побезбедно или онака би го носеле в раце?сега извинете незнам дали тоа се практикува во мк :$ ама мислам дека тоа треба да се практикува и да се стави налепница за да знаат другите возачи да бидат повнимателни.кај нас дури децата до 7 седат во седиште и мислам до 12 год,не смеаат да седат напред :^) што мислите вие за ова? се извинувам ако е глупава темава,слободно избришете ја
     
  2. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Посебно седиште за бебе

    Сметам дека бебето задолжително треба да си има посебно седиште во автомобилот. Кај нас во Македонија не верувам дека има ваков закон, а и не би имало услови да се спроведе.

    Дали некој знае од каде може да се набави вакво седиште и каква му е цената?
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    81.968
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има ваков закон, ама не сум сигурна. Како и да е, такви седишта мислам дека може да се најдат во продавниците на Chicco и слични, кои покрај облека и играчки, продаваат и детска опрема (мислам дека така се вика :?: ). Тие седишта се прилагодени да можат да се користат некаде од 10-12 месеци (можеби може и порано), па се до 3 години, можеби и повеќе. Имаат делови кои можат да се вадат и со тоа се прилагодува седиштето на големината на детето.
     
  4. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    129
    Јас сум за посебно седиште.Син ми е во посебно седиште од кога е роден ама не живеам во Македонија.А ти wolf4e кај живееш?Мислам дека секаде мора да има таков закон и казните да се многу високи?А зошто не би имало услови во Македонија да се спроведи тој закон?Седиштето за бебиња за во кола мислам дека е нешто најважно не би го возела детето вкола без седиште НEMA ШАНСИ.Има премногу видеа на YOUTUBE ако сакате ке пуштам линкови СТРАШНО!!!
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.783
    Допаѓања:
    79.045
    Има закон и кај нас.Последнава година особено строго се применува.
    Неопходно е,не треба ни да стане збор дали треба или не.Дури и ретардирано ми е кога ќе видам мајка како се вози позади со малото,тоа се испентарило на седиштето,а оваа со две раце го држи,го тегне или па бебуш мал легнат на седиште.Релаксаторите, за многу мали бебиња имаат можност за прицврстување на автомобилско седиште(бар поголемиот дел од нив),така да нема изговори повеќе.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    4.124
    Моето дете израсна во седиште во автомобил. Почнав да го ставам уште на 6-7 месеци. Кога сакав некаде да одам а немаше кој да го држи одпозади и седиштето беше закон. Ем безбедно нема кај да бега а на подолги релации и спиеше во него, ем не малтретира никого одпозади.
    Е сега скапи се, добро анатомско седиште неможеш да најдеш испод 6000ден. ама ако го често користиш тогаш се исплатува.
     
  7. chiccush02

    chiccush02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    10
    убаво е и безбедно но џабе .. бебчето несака и несака да седи ни минута во него .
     
  8. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    117
    Секако дека ќе купам,и тоа 2 ќе треба :D ,безбедно е ,а и немора да се мачам и јас да седам позади(и така ми се лоши и повраќам,не бебчињата прво јас ќе повратам :D ) како и да е многу е послесно имањето на седиште!! ;)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    4.124
    Ќе го научиш, за почеток некој нека седи до него и нека му дава играчки да се забавува.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    11.373
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    да да секако е потребно. јас купив вакво исто пред 1 месец


    [​IMG]
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    46.823
    Пол:
    Женски
    Во Австралија без baby capsule неможеш новороденче да изнесеш од болница, и до 6 месеци мора вака да биде поставено седиштето, гледајќи наназад а не напред.
    [​IMG]
    После 6 месеци или 1 година може да седи со седиштето свртено напред, и мора да е врзано.
    [​IMG]
     
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    40.521
    Пол:
    Женски
    Јас да го споделам моето искуство со вас.
    Имавме транспортер кој го користевме до 6 месеци,и најискрено не го искористивме многу.
    Потоа купивме седиште,кое многу го искористивме и за двете деца.И сега кога се поголеми им остана навиката да се врзуваат со појаси кога се возат.
    Така да мислам дека убава работа е седиште за во кола.
    А доколку детето се противи да седи,бидете стрпливи,за се треба време.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.748
    Гледам и мк законите сега за детето да има свое седиште се построги. Сепак, најважни се златушките и мора се за нивна безбедност. Еве мала помош од мене за сите мамички идни и што работат на случајот
    Првото Група 0 е за новороденчиња до 10 кг или 6 месеци. За оние бебуши кои се уште не се почнати да седат

    Втората група е 0+ за новороденчиња до 13 кг или од 12 до 15 месеци

    Третата група 0-1-2 за деца до 6 годинки или до 25 кг

    И последната група 2-3 за деца од 15 до 36 кг или од 6 до 11 години

    Се надевам бев од помош
     

    Прикачени фајлови:

  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.104
    Ние имаме Nania Driver SP седиште група 0-1 (0-18kg) и ептен сум задоволна. Неодамна го свртевме бебушот да гледа напред и сега помирно седиме и поинтересно ни е.

    [​IMG]
     
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    46.823
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Во Австралија не можеш ни да го изнесиш бебето од болница ако немаш транспортер, после 6 месеци мора да е во седиште и така до 5 години, дете испод 12 години не може да седи напред во автомобил, се ово е за заштита на самите деца.
    Првиот пат ако те фатаат без транспортер/седиште казната е $1500, вториот пат ти го одземаат детето заради reckless endagerment, неодговорно загрозување на животот на детето, јас за до татко ми на 2 минути го ставам во седиште, не би да си играм со животот на син ми.
     
  16. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    198
    Труднички муабети

    Да и јас би купила да живеам во било која држава освен во македонија затоа што во нашата ни мила државичка ни породилно неможиш да земиш а не камоли нешто друго а во другите земји си плаќа самата држава не ти да ги молиш за бебињата а и плус платите тамосни и овдешни не се исти :^) Како јас би зела сега и количка и седиште и релаксатор и креветче ко само мм е наработа :(
     
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    542
    Труднички муабети

    да и јас сум за тоа, меѓутоа кај нас во македонија е друга приказна, навистина многу едвај можат да си дозволат да купат се, а се земаат мали плати :( и нормално нели на секој родител му е безбедноста на детето на прво место...
    јас ако немам пари за седиште кога ке одам некаде ке го чувам во раце цело време, ке си седам позади со него, што и најголем дел гледам така прават, тоа е реалноста ...
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    46.823
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    ^Не би да ја споредувам финансиската состојба тука и во Мк се знае каде е подобра, меѓутоа залагање за безбедноста на бебето би требало да е исто секаде, сум видела во Мк и луѓе со скапи автомобили кај што ги држаат бебињата во раце, сакаш да ми кажеш и ним им е проблем да купаат седиште???
    Бебето во седиште има шанса да помине и неповредено при сообраќајна несреќа, бебе држено во раце сигурно ја нема истата таа шанса.
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    542
    Труднички муабети

    е тоа е веке друго, ама јас и претходно кажав тоа е избор на родителите, јас секако сум за тоа сите да имаме седиште за во кола, нормално дека така е далеку по безбедно, ама кога некој нема финансии ке мора да го чува и во раце, тоа е тоа...
     
    На anule88 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    752
    Труднички муабети

    е сега вие правите муабет овде, за шта би било кад би било. А кога е во стомакот на мајката при сообраќајна несреќа кој го пази бебето? На секоја мајка инстинктот и работи многу јако додека детето е со неа, и при секаква несреќа попрво ке се жртвува таа самата одколку да дозоли нешто да му се случи на бебето. Чист пример имавме пред некој месец бебето седнато во транспортер на задните седишта, доаѓа до судар на 2 автомобили, и цедеата од напред летаат наназат од ударот и му го исекоа челото на бебето. Значи кога треба да се случе нешто лошо ни транспортерот не е 100% заштитена гаранција.