Посесивноста на родителите кон децата

Дискусија во 'Дете' започната од kiki_riki, 6 мај 2018.

  1. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    14.429
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од дискусијата која се разви во совети 6-12 решив да ја отворам темата и да прочитам ваше мислење.

    Колку вие како родители сте посесивни кон вашите деца?

    Како тоа влијае сега и како би се одразило во иднина, при оформување на нивниот карактер ?

    Мајки со поголеми дечиња какви се вашите гледишта сега и порано кога биле дечиња?

    Не зборувам само за односот со баба-дедо туку и со други луѓе. Затоа што знам мајки што не оставаат да им се приближиш на нивните деца.

    Знам дека не секој може да си дозволи баба-сервис, некои живеат во странство некои иако се тука ја немаат таа опција. Сепак сакам да прочитам ваше мислење.

    Ќе почнам јас со моето искуство.
    Признавам дека кога се роди малата бев доста посесивна кон неа, не само јас туку и мм. Бев со неа 24/7. Дури и кога ми се нудеше помош во врска со неа несакав да прифатам. Не доаѓаше предвид некој друг освен мене или мм да и смени пелена, да ја нарани, заспие и сл. Имаше моменти кога паѓав од умор, заспивав со неа в раце ама не попуштав.
    Каде и да одевме ја носевме со нас. На кафе, на ручек, доколку имавме некоја обврска, на свадба, по гости секаде. На дожд, на сонце не одбиравме време. Кај сме оделе ние и таа со нас. Сега сваќам дека во одредени ситуации сме ја малтретирале неа влечејќи ја со нас.
    Доколку некој ја земеше в раце, а таа заплачеше одма скокавме не давајќи им шанса да ја смират.

    Реалноста ни удри од глава кога дојде време да ја навикнуваме затоа што јас почнував на работа. Тоа беше плачење, зајдување.
    Среќа полека полека се среди се.

    Сега знам дека не е здраво тоа што сме го правеле. Не мислам на тоа да ги предадам родителските обврски на друг ама кога се нуди помош треба да се прифати.
    Децата сакаат да поминуваат време и со други личности освен мама и тато. Гледам по мојата колку е среќна кога ќе види некој друг. И нив им е досадно кога има монотонија. Не само децата туку и ние како родители заслужуваме време за нас сами од време на време доколку постои таа можност.
    На крај и ние како жени заслужуваме слободно време кое сакаме да го посветиме на нас самите макар тоа било и 5-10 минути.
     
    На Dust, Mari*, tina-63 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    5.413
    Допаѓања:
    24.873
    Пол:
    Женски
    Посесивна бев на почетокот повеќе, сега не толку. Најмногу ме нервираше свекрва ми кога ќерка ми плачеше да ја земела таа |( не нема да ја земиш оти ако плачи кај мајка кај баба уште повеќе. А советите од 87ма (ко се родил мм) ај шо не ги прифаќав дури почнав и да не обрнувам внимание. Ја оставам кај мајками или свеќи да ја чуваат сега ако имам работа. Иначе мм е попосесивен од мене:D
     
    На КикиМаус, Lolo5, karak и 6 други им се допаѓа ова.
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    23.964
    Јас не се сметам себеси за посесивна, ама моите деца се многу приврзани за мене и маж ми. Ова е затоа што откако се родени се исклучиво само со нас и никој друг. Едноставно немаме опција друг, тие роднини што ги имаме не се заинтересирани за децава и тоа е тоа.

    Искрено, јас не мислам дека децата треба да ги навикнуваме со други силум, особено не бебиња во првата година, туку тоа да се случува спонтано. Кој колку има шанси и сака нека се социјализира, нека ги дружи децата и најважно, да го следи нивниот карактер. Без инсистирање дека мора да оди кај некој кај кој детето не сака. Некои се природно повлечени, претпазливи, а некои се покомуникативни. Тоа секако се менува со растењето, некаде повеќе некаде помалку.

    Јас лично многу би сакала да можам да оставам дете на некој да ми причува, ама не знам како изгледа тоа. Видов и гледам многу мака затоа што еве цели четири години сум нон стоп и секаде со дете. Се дружиме со луѓе нормално, ама не инсистирам да одат кај нив или да играат со некој друг ако тие не сакаат.
    Син ми до 2.5 години беше страшно див и плачеше само ако му се приближи некој. Ни мене на улица не смееше никој да ми рече здраво. Одма лутки. После нагло се смени. Се надевам и со малата дека ќе биде така иако она е доста посамостојна од него.
     
    На M&M, Someonespecial, tina-63 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    4.975
    Допаѓања:
    37.121
    Пол:
    Женски
    Isto.Ako samo glas pusti malata odma skoka da ja zeme.Neli da ne place tatinata maza:!:
    Ne da bev posesivna...Uste bolki od carskiot,nemozev danemozevkoga ja zemavme od bolnica posle 12 dena otkako se rodi.Majka nudi pomos,sveki isto.Ne be tie ne znaat,jas znam poveke:lol:
    Koga odevme negde i nie isto,so nas i kaj treba i kaj ne treba.Vikam nema da ja ostavam nikogas.Prv pat se osudiv duri koga imase negde 4 ,4ipol meseci.Do togas malata placese 24casa dnevno.Site vikaa daj im na babite da ja cuvaat odmori ti.Nema sansi kako ke ja ostavam a jas ke spijam.A sega,majka ja zima jas u spalna pustam roletni i koma hah.Mislam deka ne e dobro tolku naviknuvanje na deteto so roditelite.Eve mojata gajle nema.Po cel den se slucilo da e kaj majka mi.Osobeno sega mm koga otide.Vtora majka i e.Duri na nea poveke se raduva:D
    za od luge nikogas ne ja branev.Od mala ko kukla site ja drzat :lol:
     
    На iki26, kristii, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    14.572
    Пол:
    Женски
    Не би го рекла тоа посесивност,туку повеќе дека мајката најдобро знае за своето бебе додека е малечко.
    Јас имам само свекор кој максимално ми помага околу се во врска со децата додека сме сами и мм е на пат.Ги шета ги храни си игра во крајни случаи и пресоблака.
    Малово сега цело време вика деде деде и тоа страшно ме нервира или кога седнеме да јаде дете не сака во столче ни кај мене туку седнува кј дедо му.
    Кога треба да идам на доктор заболекар или било каква обврска да завршам тој го чува малото јас со големиот одам.
    Мајка ми е тука во одредени ситуации но мн ретко.Оди на работа плус дома има работа по поле еден куп и така јас сама немам излезено 3 год.Освен 2 3 пати на свадба со мм сами.И тогаш големиот беше болен со тт па золва ми место дома кај нас да го чува таа го зела и го однела кај нив.Е мислев тогаш ке пукнам и така тогаш ние одма си тргнавме.
    Поголемиот седи и спие кај мајка ми по 2 3 дена може и повеќе нема проблем.
    Ако имате и сакате оставајте ако не носете со вас како мене и мн други.
    Тоа е.Немаме сите помош.
    Не значи дека сме посесивни кога животот ни налага такви предизвици...
     
    На КикиМаус, kristii и kiki_riki им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    23.278
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа родителите да си го чуваат и воспитуваат детето и да не претеруваат во барањето на помош од баби и дедовци. Во ред е да побараш помош ако навистина ти е потребна но не да злоупотребуваш и да очекуваш некој 24/7 да се грижи за твоето дете. Да требало стари да чуваат деца ќе можеле и да ги имаат.
    Во врска со посесивноста, имам пример на кој неможам да се начудам. Девојкава роди дете и до кај 6 месеци не дозволи ни бабите и дедовците да го видат, сите ги прашуваа како е бебчето и сл. а тие немаа поим како воопшто изгледа. Кога конечно реши да го покаже тоа го стори само онака од далеку, во никој случај да му се доближи некој а камоли пак да го пипне. Ниту го има извадено надвор ниту ништо. Ова веќе пак на психопатско однесување наликува, ајде нека го затрвори засекогаш и нека го изолира од целиот свет.
     
    На M&M, Luna91, КикиМаус и 4 други им се допаѓа ова.
  7. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.503
    Допаѓања:
    6.969
    Пол:
    Женски
    Jas uste i koga nemase 40 den go ostaviv so majka mi dva saata da se cuvaat so mm da prosetame. Ko bebe ostavav babite da go zemat da go pocuvaat ama nikogas za nisto ne mi solele pamet ili pak nedaj boze na svoja raka da napravat nesto sekogas jas sum go imala posledniot zbor posebno vo vrska so hrana. I den denes sekogas koga imam potreba go nosam na cuvanje kaj majka mi ili svekrva ili oni doagaat da go cuvaat. Nemame nikakov problem odi so lugje ne place, ne se srami, saka deca saka da si igra. Sekoj den sme nadvor vo maalo e gungula imame igraliste i ljuljaski pozadi zgrada i vrie od deca i vozrasni pa so site se druzi. Nekogas znae i na random covek koga ke pomine pokraj nas da mu napravi cao :) Ne mu branam go ostavam da se socijalizira da se uci. Gledam niz malo deca duri i pogolemi od nego se vo kolicki se vo race i nikako da gi poigras a kamoli da gi pipnes da gi pogalis ko bozem suga imas. Ili pak da ne se isprljaat. Ete vcera na ljuljaski eden tatko ne go pustase deteto se tegnese za vo pesokot ovoj go drzi za raka ke se isprljal :o a sin mi vise zakopan sonse glava vo pesok :lol: Spored mene ova voopsto ne e psihicki zdravo za deteto. Mislam deka treba i da gi ostavame so lugje i da se isprljaat i da se udrat i koga ke padnat da gi ostavame sami da stanat. Jas koga ke padne ako ne e zivotozagrozuvacki :) mu vikam ajde opa ajde stani ke poplace i ke si stane pa sega naucil i racete si gi trese hahaha. Decata od mali se ucat da bidat sposobni i samostojni za se zosto utre koga ke se vozrasni mama i tato nema da bidat sekogas tuka za casa voda da im dadat.
     
    На Lolipop23, Luna91, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    1.730
    Допаѓања:
    14.429
    Пол:
    Женски
    @zuto Се согласувам и јас дека секое дете и различно карактерно и не треба ништо со сила. Некои се поповлечени, некои се по комуникативни. Како што рече треба да го следиме нашето дете и да реагираме според неговиот карактер без присила.
    Пр. ќерка ми е доста дружељубива да речам, се смее на непознати, се гиба, им вика меѓутоа има една жена комшивка кај мајками од која не знам зошто се плаши. Кога и да ја види почнува да се пика во мене и да плачи. Нормално дека со сила не пробувам да ги зближам туку полека полека. Кога гледам дека не фунционера начинот ја земам малата и бегам. Нема потреба да и правам дополнителни стресови и нервози.

    Муабетот ми беше дека има и познавам лично родители кои се посесивни кон своите деца. Тоа е нивни избор, а не поради тоа што немаат можност за да остават дете некаде, или дека детето им е такво карактерно. Нормално дека сите знаеме најдобро за нашите деца, ама неможи само ние да сме нивниот свет. Мислам дека тоа е себично.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    23.964
    Разбирам, ама не верувам дека некој до толку е да ги држи децата во карантин. И да има тоа веќе е друга болест.

    Моиве ако не сакаат да се поздрават со некој или не сакаат да си играат со децата во паркче не ги терам. Ама ги изнесувам секој ден. А секаде има народ. На нив оставам дали и колку ќе се дружат. Ако гледам покаже детето интерес, а се срами, јас му помагам да се спријатели...ама ако не сака нешто нема шанси да го терам. Ете, моите деца најчесто не сакаат да се дружат со други деца, само кога ќе најдат некој ненападен и на иста фрекфенција со нив.

    Кога се гледаме со роднините, исто не инсистирам да играат или зборуваат со нив, само затоа што им се баба, дедо, вујко, тетка или слично. Моиве деца и онака не знаат што се овие титули и одвај ги знаат роднините. Не ги гледаат често и не секогаш се опуштаат пред нив. Јас лично не се чувствувам виновна за тоа, иако ми е многу криво за децата.

    Што се оденсува до коментарот на @TheSecret мислам дека тоа со валкањето нема врска. Моиве дома не се прибрани, секој ден под туш одат, како прасиња се секој ден, ама ете не се многу комуникативни со други деца. А на другарка ми малата е толку питома и дружељубива, сама бара да оди кај секој во раце, да игра, без разлика дали првпат го гледа или не, а мајка и не и дава да се валка оти ја дотерувала во облека поскапа од нејзината.

    И на крај ќе се поправам од првиот коментар. Всушност не знам дали сум посесивна, сум немала шанса да видам. Може и сум ;)
     
    На Bozica1980, Someonespecial, КикиМаус и 2 други им се допаѓа ова.
  10. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.503
    Допаѓања:
    6.969
    Пол:
    Женски
    Nema vrska so komunikativnosta na deteto da, sakav da kazam deka roditelot e toj sto ne go pusta za da ne se izvalka a deteto saka da si igra. Fatilo vo pesokot i odma ajde race na fontanata da mu mie pa vadi od ranceto dezintal da mu gi dezinficira. Mislam toa e veke zabegano. Ednas vo race go drzese za da ne odel vo pesokot zosto patikite novi mu bile prv pat mu gi oblekol :o Epten e ova ali negov problem.
    I nie sekojden sme pod tus, dodusa od koga zatopli i dva pati dnevno nekogas. Ama sto da mu pravam izlagame sabalje i pravo me tegne na ljuljaski a ljuljaskite ni se vo pesok, pa lom e, doma presoblakaj,mij, pa koga ke vidam nekoe kamce vo pelena piknato ajde pod cesma cel hahaha. Popladneto pak isto. Mene ic ne mi smeata neka igra neka se prlja se se pere se se mie. Vazno on da e naigran, zdruzen so deca, sreken.
     
    На КикиМаус, kiki_riki и zuto им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    20.753
    Пол:
    Женски
    Ова е веќе психијатриски случај. :x Ова не е ни здраво за бебето.
    Епа ако сака да му бидат нови патиките нека го води во кафана или кафич, а не на игралиште. Бог да чува од вакви родители што не им дозволуваат на децата да бидат деца.
     
    На dayla, Someonespecial, КикиМаус и 4 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.969
    Допаѓања:
    47.890
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервира булингот кој им се прави на децата од најмала возраст за социјализација. Морало детето со сите да сака да оди да се поздрави, баци, да си игра со сите деца, такво дете е одобрено од општеството, ако не е такво одма е диво. Види го ова диво дете, не сака да се поздрави.
    Епа guess what, ни јас не сакам со сите да се поздравам, не се дружам со било кој и не правам муабет кога не ми се прави муабет. Не го ни терам моето дете да е такво.
    Ама си е дружељубива по природа, сака деца, сака луѓе. На татко и изгледа има нешто.
    Баба и дедо има во близина, ама не седи без мене повеќе од саат, само со татко и седи повеќе без мене. Никогаш не ја терам ништо со сила, колку сака седи со било кој, ако сака се поздравува, ако не сака не, нападни луѓе страшно ме иритираат кога ќе се запнат да се бацеле, или поздравеле, па на крај има аууу ама диво детево, а мислам дека децата баш осеќаат и не сакаат со такви луѓе да седат. Јас знам некогаш да им речам, не е диво детето, може до човекот е, хмм... И баш ми е гајле дали се навредиле. Ако можат моето дете да го навредат, можам и јас нив.

    Па, да, би рекла од тие посесивните сум. :D
     
    На Macito007, kalinaka, Bozica1980 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.153
    Допаѓања:
    4.923
    I jas kako @kiki_riki isto se odnesuvavme so deteto samo za toa imav pricina ziveeme so svekrva mi i od doaganje od bolnica nekako sakase da mu bide majka znaes ponekogas go imas toj vnatreshen instikt koj ne te laze.... Posle mnogu diskusii malku i nejze ja sredivme jas se opushtiv a deteto mi e druzeljibivo 100 posto komunikativno i onaka kako sto treba taka da smetam deka poveke se postavuvame zastitnicki okolku posesivni
     
    На stevemila, kiki_riki и kristii им се допаѓа ова.
  14. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.896
    Пол:
    Женски
    Само јас изгледа строго стојам до тоа да не давам ни саат време баби - дедовци да ми причуваат децата :^) Причина секако дека има што вака сум одлучила , а причината е што немам скоро ништо добро видено ни од мајка ми ни од свекрва ми , едната постојано бара за секоја услуга да и се одолжиш , а другава се и пречи дете што и да направи и недај Боже цвеќе да и се пипне , а не па дете да и се остави , со мм бираме кога идеме некаде да биде погодно и за деца па фала богу не сме се нашле во лоша ситуација .
    Првото синче ми е повлечено и од срам не сака многу да зборува со други т.е бира со кого ќе зборува , а со деца си игра и се прилагодува на секое дете , второто синче е мирно и исто се игра со дечиња .
    Невработена сум , си ги чувам дома дечињата , а посесивна не сум повеќе би рекла дека сум строга што сакаат сите мајки да ми глумат на децата и мене директно и индиректно ме навредуваат па така да подобро сама ќе ги чувам одколку некој да ми се меша .
     
    На dayla, КикиМаус, Lolo5 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Посесивност е кога се инсистира на индивидуалноста на детето и му се допушта самото секогаш да бира како ќе се однесува. Често сме горди кога имаме дете со навидум јасни ставови, " свое " си е, нели?
    А тоа можеби има некоја блокада и срам, па му е потребно да го подбутнеме, понекогаш и на сила.
    Погрешно е да се игнорираат бабите и роднините кои со своите навидум глупави совети, можат да ни ја "објаснат" генетиката на сопственото дете. Бидејќи тоа не е само наша копија, не можеме со сигурност да знаеме што му е потребно и најкорисно во секој момент.
    Родителите се најважни во секое детство, но најдобро е кога не се единствени идоли.
     
  16. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    3.975
    Јас првите 4 месеци бев ептен посесивна, тежок царски малото се нешто му беше, не ја држете вака, не ја фаќајте итн. Јас пола човек се направив. Маж ми цело време околу нас околу куќа помага, во се учествува ама од страна моите и неговите едвај им давав дете да допрат. За шетање пак не ја штедев сегде ја носев, Охрид, Грција, Банско ама од тоа да ја чепкаат ко да имав фобија. Од 5ти месец веќе се се смени. Може и мене ми се стабилизираа хормони, почнав дете оставам на свекрва како ќе ја гледа така, па и таа е мајка си реков толкав син израснала. Почнавме со маж ми почесто сами да си излагаме со договор на излазак не збориме за детето. Кога почна и со дохрана намерно викав другарки свекрва кој може да дојде и они да ја ранат, да не очекува дека само јас тоа ќе го правам. Кога излагаме цело време е кај други луѓе во раце јас на раат да јадам кафе да испијам што се вика да одморам. Али едно знам да кажам и не може никој во ништо поинаку да ме убеди. Од кога ќе се родат децата си имаат карактер и секое е приказна само за себе. Како родители можеме да го модификуваме тој карактер ама не можеш да ги смениш. Мојата се погоди мирно и кротко дете, сама заспива, спие по цела ноќ, не знам што се тоа непроспиени ноќи на секој му се смее, кај секој во раце сака. Ама освен улога на родител имаме и други улоги, и сопруги сме и сестри и другарки и колешки, треба малце и нашиот живот да го гледаме, зошто факт е да им требаме на децата ама не можеме да го живееме нивниот свет. Опуштете се нека се живи и здрави само ќе си пораснат и они ќе си го фатат нивниот пат.
     
    На dayla, Luna91, stevemila и 2 други им се допаѓа ова.
  17. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.442
    Јас мислам дека сум нај не посесивен родител од повеќето мајки што ги познавам.
    Големата воопшто не е зависна по мене. Кој сака ја шета, оди со сите, кај моите во Гостивар седи без мене со денови без проблем. Со свеќи седи по цел ден, не ме бара да ме слушне или кај сум-што сум.Така од мала ја научив и немам проблем. И маливе ги учам исто. Кој сака нека ги чува,држи,облекива-пресоблекува, рани....Не ми смета ако се е во граница. Бабите без провлем ги чуваат,непозната личност може да ги поддржи не плачат...
    Се е мислам како ќе ги научиш од мали.
     
    На Плавуша123, Luna91, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.969
    Допаѓања:
    47.890
    Пол:
    Женски
    Дефиниција за посесивност: Што е обземен од потребата да има, да поседува.
    Директна спротивност од она што си го напишала. Посесивен родител нема да инсистира на индивидуалноста на детето, ќе гледа тоа да ја нема и да биде врзано само и само со него.

    Прво, јас ја разграничувам потребата на детето од потребата на родителот. Детето може да има потреба од родителот, да сака да е само до него, може да е анксиозно, може да е пречувствително. Тоа не значи дека родителот е посесивен.
    Од друга страна е потребата на родителот детето да е секогаш до него, и да сака да оди негде да не му допушта, да гледа само тој да е најважен во животот на детето чисто од свои себични потреби.

    Родителите си ги познаваат децата. Мојата најчесто кога некое дете ќе и се види интересно оди сама, но некогаш ги гледа, се смешка, ја гледам дека сака да оди, но се срами. Тогаш и викам, Сакаш да дојдам со тебе да направиме здраво? И она вика да и ме фаќа за рака да одиме заедно.
    Мислам малку каша попара ти беше постот. :)
     
    На Jas!, theowndemon, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Ова не е секогаш и во потполност точно. Затоа и сметам дека сме посесивни кога не дозволуваме мешање на оние кои се блиски и кои исто го сакаат тоа дете, а се под изговор дека детето си има своја индивидуалност, која единствено родителот ја препознава.
    Индивидуалноста ќе исплива ако постои, а ниту едно дете нема да има траума ако е подбутнато на дружење и на општо прифатени правила.
    Премногу сме субјективни во однос на децата, никој веќе не се радува на просек, особеност бараме, најмногу знаеме....
    Еден ден тоа исто дете ќе ви каже дека сте требале де постапите спротивно од неговите тогашни желби, бидејќи како родител сте морале да му дадете поттик и правец.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.969
    Допаѓања:
    47.890
    Пол:
    Женски
    Како знаеш дека ниту едно дете нема да има траума? Што ако детето е сензитивно и повлечено, а ти упорно го буташ со сила да се дружи, мислиш така ќе се ослободи? Не, ќе се повлече уште толку во себе, а тоа понатаму ќе има ефект врз неговата способност за социјализација. Не секое дете е исто и не треба да има шаблон за нивно воспитување, туку се воспитува според детето. А родителот треба да си го познава детето.
     
    На dayla, Someonespecial, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.