1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поскапе такси превозот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од love23, 18 април 2011.

  1. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Што мислите за поскапувањето на текси превозот, јас до пред некој ден давав по 50 денари ,а сега за истата релација дупло повеќе, па се парашувам каков е нашиот стандард што се поскапува?
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Уф, темева ми е погодена.
    Па дали се нормални, ни во Виена не е толу скапо таксито. Башка што немаме алтернатива, немаме трамвај, метро ... да не зборам за некој посовремен вид на превоз.
    Ако решам да го користам ЈСП , немам автобус после полноќ, после 10 јуни уште повеќе ќе ги редуцираат автобусите, а тоа што и по 30 минути дремам на автобуска и чекам автобус е срамота да кажам.
    Ајде да доцнат 5-10 минути, ама 30-40 , е тоа е претеризам.

    Инаку такси редовно си користев, не ми беше проблем да одвојам стотче за некоја релација, а живеам на 2 км од центар.
    Сега нема шанси да влезам во такси.

    Да се стопли уште малку временцево, ќе си го обновам пријателството со моето старо другарче - велосипедот.
    Така да си знаат, веќе не им влегувам во такси. :!:
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Не поскапе изгор е! Веќе е луксуз да се возиш во такси :@ Буквално таксиметарите штоперици станаа. Срамота се буквално се поскапна само платите останаа мизерни
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Oва младиве ептен не загрижи, дигнавме огромна узбуна. Огромно е покачувањето не викам не, јас порано плаќав од кај мене до ГТЦ 200 денари дека сум во периферија на Скопје, сега 380. Ама таксито секогаш се сметало за луксуз бе. Во странство секаде е скапо таксито, не може сите да си го дозволат. Затоа има нови автобуси.
    Ама реално им го качија дупло на таксистите бензинот нормално е и таксито да поскапи.

    Никој од младиве не се бунеше за дуплото накачување на струја, која мора да ја плаќаш, воедно таа се плаќа во илјадарки, без неа неможеме, ама сметката мама и тато ја плаќаат и затоа не обрнуваме внимание. А немаш тука избор мора да ја користиш, една фирма е монопол.

    Јас па ич не се замарам за таксиво, јас не возам кола, ама затоа постои ЈСП, постои приватни автобуси, имам нозе ќе си пешачам. Таксито не е треба да смета за превозно средство за сите луѓе од сиромашни до богати. Постојат и други превозни средства.
    Нема да ви падне стандардот ако се возите во автобус некад, како и секој нормален човек.
     
    На Lacrimosa и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Прво таксистиве сите се на плин, второ не поскапеа пораси порастот на цените на нафтата, туку поради новите правила за унифицирање на такси возилата.
    И се е тоа во ред, ама прво нека ги уништат дивите таксисти, па после нека има правила што ќе важат за сите.
    Не може некој да стави табла и да биде таксист, а некој да регистрира фирма, да плаќа фирмарина, унифицирање на возило, фискална и замисли таксистите плаќаат сметка за МРТ. Нема логика, демек додека возат гледаат " Гласот на народот ".
    Нормално дека од некаде мора да се покријат сите трошоци.
    Точно е дека таксито е последна алтернатива за превоз во европските градови.
    Еве ќе си кажам за себе, кога бев во Барселона, користев метро, ни на крај памет не ми беше такси да фатам. Од местото каде што беше сестра ми, до Барселона имаше автобус на 20 минути, цела ноќ - 24 часа на ден, цената на билетот беше смешна за релација од некои 50 километри.
    Друг пример, некое време бев и во Прага, кога ќе ми се посакаше одев во еден шопинг ценнтар на гругата страна на градот, значи Скопје е минијатура за таа релација јас што ја одев, повторно метро, воз на секои 10 минути , и цената беше колку што кошта една картичка за ЈСП кај нас.

    И јас не би користела такси , ако имам друга алтернатива. И не ми е срам да се возам во автобус, срам ми е да седам на станица 30 минути чекајќи го автобусот, како моето време да не вреди, како јас да го имам цел ден за чекање, а ако треба да сменам два автобуси тогаш обавезно си рачунам минимум еден час да потрошам во чекање.
    Ете тоа ме нервира .
     
    На MonnaSi, teddybear и femina90 им се допаѓа ова.
  6. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Катастрофа...дури и некои што возат на диво, се занесуваат по нова цена сакаат...мрш!

    ај да имаше ноќни линии со автобуси..таксито можеби ќе ни беше последна алтернатива али во ваква држава што е 100години назад со јавен транспорт..тоа е...ќе мора да се снаоѓаме.
     
  7. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Кога ќе се разубави времево за недела-две ќе почнат таксистиве да молат да те возат.Ептен поскапеа и сега ретко одам со такси негде,само ако каснам во школо и навечер за викенд.Во Центар живеам и си одам пешки сегде ако евентуално треба да отидам подалеку негде си идам со ЈСП.Многу би сакала да имаме трамвај,ама не знам што се случи со проектот,нели ќе правеа?! :^)
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Не си фраер ако возиш кола, фраер си ако имаш пари за такси :lol:
    Се пресмеав! :D
    Какво такси бре, пред некој ден се качивам за релација што ми зима 50 денари, 80 ми зема сега |( !
    А да да, златни нозе имам, пешки ќе си одам :D
    Ем си слабеам, ем не трошам пари!
     
  9. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Такси?? Што беше тоа :^) :^) ? Е ова ке ни е одговор на сите коа ќе не праша некој што е тоа такси :D. Епа извинете али сте забегале, ќе се качам само ако немам друг превоз до саканата дестинација, дури и тогаш би се подразмслила. Со јсп не ми е срам да се возам, нема зошто, само штета што нема навечер после 12 ни еден автобус. Да се воведе тоа, некоја си 3та смена на автобусиве, па ја мислам дека во такси никој нема да влезе, ама баш никој. Па тогаш да ги видам, што ќе праат. Знам дека некој такси возачи возат од тоа дека МОРААТ а не дек САКААТ, за да обезбедат парче леб дома, ама тоа не значи дека треба да збеснат со цените :!: !!!
     
  10. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Рossonerka но кога веќе го поскапуваат таксито очекувам и во подобри услови да се возам, нели ?! :) Неможе нови цени а стари коли!!! Нека донесат закон и за тоа,нека не не возат во стари коли каде што мислиш вратата ќе се откачи ако ја затвориш посилно или пак се најал возачот кромид па така ќе ме вози пфф .. еднаш кога влегов во една кола тој ко да чувал зелки позади,смрдеше цела кола на кисело , а и кога пушат страшно ми смета!!! Инаку баш кога го поскапеа таксито стопирам една кола и излезе едно девојче и јас продолжив со истото и гледам лета таксиметарот и му викам-извинете не го пуштивте од ново таксиметарот? и он ми вика пуштен е ]:) ( со потсмев) а таа релација што ја одев порано ми беше 50 ден а сега ме фати 90ден :o :devil: инаку пешки ми е 15минути и од тогаш се немам качено во такси.
    Ќе им се намали работата гарант! :P
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Па ете се намали акцизата, бензинот поскапе 6 денари и што?Да дадам 250 денари за 5км, ни на сон.Па уште да ми вози 30 на саат и да гледа сите црвени семафори да ги фати.
    Ги гледам како си седат на паркинзи на купче, да видам колку работа ќе имаат.Кога ќе им опадне прометот, ќе видат они што е скапо, па ќе спуштаат цени.
     
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Леле колку сум се изнервирала за ова поскапување на таксито :@ на 1 Април јас прва даго фатам поскапено |( до дома ми зимаше 180 ден.а сега 260 :o бог да чува го претераа,и што сега навечер ако излезам пола од парите за такси да ги чувам :^)
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Јас ретко се возам во такси, и со било кое превозно средство воопшто, дека се ми е во близина. Пред некој ден бев на саемот на книгата, надвор врнеше и нормално се качувам во такси, релација од саемот до центар, поточно рекорд ме фати околу 150 ден. Не се нормални....ајде тогаш истураше па немав избор, ама при здрав памет да се качам во такси уште еднаш - не!

    Јас разбирам дека им го накачуваат бензинот, ама колку пати бензинот го намалат за некој денар, а цените им остануваат исти :) а потоа го накачат и овие одма и они накачуваат, е небива така

    И точно дека секаде во светот таксито е луксуз. Каде и да сум била низ европа, америка....такси многу ретко да видам. Незнаат ни број на такси да ми кажат луѓето што ги прашувам :D за нив тоа е крајна опција, коа размислуваат за превоз такси не им паѓа на ум. Ама си имаат тие метроа, кои функционираат цело време и на време, си имаат организирани автобуси, си доаѓаат на време, си имаат патеки за точаци...
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Со покачувањето на цената на таксито беа вклучени и промените во однос на старост на возило, не смее пушење, дрес код бла бла. Државата мора да си реагира и за тоа и се надевам ќе биде тоа во брзо време.
    А возат на плин да, ама плинот нема комисија која ќе ја регулира цената па така да ако во странство плинот е 10 денари литар кај нас е 45/50 денари и си се качува постојано.

    А ги мрзи младиве газот да го мрднат и да пешачат 10 минути дневно.
    Сите од централното градско подрачје со такси се возат за километар до два.
    Јас најискрено и баш сум среќна за тие мрзи и фуфици што го покачија таксито. Би сакала еднаш во автобус да ги видам. Зашто најчесто тие од центар во живот не се качиле во автобус.
    Па уште кога ќе речам на некој еве одам од ГТЦ до Беверли или до Универзална или до парк пешки најчесто паѓаат у несвест. Абе фати си такси што ќе одиш пешки беа зборовите.
    Јас и вака и така си обожавам одење пешки.
    Нив да ги видам сега дали ќе одат со такси :)
    Има и се прават патеки за велосипеди, неможе да возите велосипед изговор да ви се патеките и да барате патеки ко во Амстердам. Македонија сме сепак. Автобуси имаме нови сакате еднокатни сакате двокатни ваша желба и не се за жалење линиите а и сега имаат и клими не е топло или ладно во нив. Трамвај треба, не дека не треба, тоа веќе 30 години се гради, којзнае до кај е проектот. Имате секаде тротоар... па пешачете :)

    Зашто за струјата и нејзиното накачување узбуна не кренавте? И за секое накачување на бензинот? И за накачување на лебот? И за накачувањето на млекото? И за накачување на парното? И за накачување на водата? И за такса за телевизија?
    Само сакаме луксуз и возење во такси ако треба и 500 метри. Испадна тоа најбитно во животот |(
     
    На AlicaInWonderland и Mini-Mouse им се допаѓа ова.
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Женски ова за цела Македонија или само за во Скопје? Ако е за цела Македонија, како што давам 150 за два правци ... сега ќе давам по 300 -.- ... Ти се чини како во Парис да си се возел ... Повеќе се исплаќа да си купиш кола на старо и парите за такси,на бензин да ги даваш!
     
  16. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    Прилеп не е поскапено :^) баш сношти слегував во центар со такси ми зеде исто како и секогаш,а си живеам со газдарицата па не ја пашав дали ќе го поскапуваат :?: ама изгледа само Скопје му се зголемиле трошоците па го поскапеа, по другиве градови можи шверцаат бензин :D :D :D
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Ако не па , нека го укинат такси превозот. Нека не постои, штом сме мрзливи и циции.
    Кој има пари за кола и бензин-ќе вози, кој нема ќе се моли да дојде автобусот.
    Такси, што беше тоа ?
    Еве ајде да ве прашам, утре треба да ја одам следнава релација К. Вода- Систина- Факултети ( од факултет пешки ќе се вратам, не ми е проблем ). Ништо, ќе си станам во 6, опинците на нозе, лебчето во ташна и шпартаааајјјјј. И сериозно кој автобус да го фатам ? Кое бројче оди до таму и на колку време ?

    Шала на страна, ќе им се намали обемот на работа на таксистите, не е финтата таксито да биде скапо и недостижно, туку просечно и достапно за секој. И не се возам секој ден во такси туку во крајни потреби.
    Премногу е скапо, не е до тоа дека некој е мрзлив или се срами да се вози во ЈСП, немаме алтернатива , тоа е проблем.
     
  18. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Со покачување на цените на таксито беа вклучени и промените во однос на старост на возилото и др. работи али само цените си се променија сега за сега... Епа неможе така или паралелно ќе се сменат тие работи или нека не ги покачуваат само цените.Мене лично ми смета ова поскапување бидејќи не возам кола(немам),ај преку ден си одам пешки до работа и назад (со такси одев само на минус башка и 50ден ми беше) или ако е подалечна релација со автобус но навечер кога одам во град неможам да си дозволам одење и враќање до дома со такси зошто ќе банкротирам.И сега што? Не треба да излезам?Мене тука ме удира по џеп а неможам во 04h сабајле да се враќам од град пешки нели ;) Факт е дека се се покачи кај нас само платите ни останаа исти ;(
    Дефинитивно таксито кај нас е веќе луксуз што неможе секој да си го дозволи. Сега и автобуските карти ќе се зголемат по некоја логика.
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Оу ШИТ! Се качувам во такси (дека не живеам во градот) и претходно ми земаа 60 ден. Сега лудаков ми вели 100 денари!?! Му дадов 80 и си излегов. Е па сега што е многу многу е, за 4 км 100 ден, а друг начин да стигнам до градот ми е со сопствено возило или со такси.Велосипед или пеш не доаѓа во предвид (нема тротоар 2 км од патот).
    Сума сумарум, е па многу е. Како до вчера му се исплаќаше да вози таа релација за 60 ден, а сега и 80 му се малку ? Да накачеа по 10-20 ден од релација, да сфатам, ама 40% од цената? :x :x :x
     
  20. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Изгледа само овде во Штип е поскапен превозот за 10-20 денари. На другите места како што читам е поскапено премногу :x не ти се исплати да се возиш со такси. Ќе почне и во Македонија возењето со такси да биде превилегија за оние кои имаат подлабок џеб.