1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поскапување на цената на електричната енергија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Albona, 8 август 2020.

  1. Albona

    Albona Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Регулаторна комисија за енергетика одлучи да ја зголеми цената на електричната енергија за 7,5% со што граѓаните ако во просек плаќале сметка во износ 1000 до1500 денари сега ќе плаќаат 100 денари повеќе.
    Во одредени градови веќе имаше и протест против ова покачување но и ССМ побараа да не се зголемува цената или да се зголеми минималната плата за исто толкав процент.
    Што мислите вие за поскапувањето на Електричната енергија?
     
    На t.a.m му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.625
    Допаѓања:
    129.385
    Многу се радувам. Откако не плаќаме РДТ некако како полудени сме од многу пари, ова ќе не врати у колосек.



    Тоа се 200 денари месечно за нас дома, тоа е мала сума. Е сега сите ќе поскапат работи, бидејќи мојата сметка и сметката на индустриите не е иста, ама па не е страшно ако се поскапи.и во ЕУ се е скапо, па ене ги среќни се.
     
    На bicycle, jacqueline.s, Albona и 3 други им се допаѓа ова.
  3. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    И на мене ми е многу мило што нема РДТ, али пак затоа имаме покачување на акциза ; покачување на цени на сите артикли , а капак на се е покачување на струја...Битно радио дифузија не се плаќа :D
     
    На teaiva, candy.cane, Damata so marama и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.625
    Допаѓања:
    129.385
    Ама жено.... што е битно сега се!!! РТД не се плаќа!!! (танцува ко луда).
     
    На Роберт 7, candy.cane, Albona и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Albona

    Albona Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Народот дефинитивно не смее да дозволи покачување на електричната енергија бидејќи и онака луѓето немаат доволно средства за и постоечките цени на електричната енергија да ги подмират. ИМАМ ДОСТА УЧЕНИЦИ КОИ НЕМААТ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ДА ИМААТ МОЖНОСТ ДА СЛЕДАТ ONLINE НАСТАВА.
    Но граѓаните не се ни свесни дека со одлука на уставен суд од 2007 година исклучувањето на електрична енергија е КАЗНИВО СО ЗАКОН. Истото тоа е пишано и во казнениот закон членот вели.
    ( Кој ќе уништи, оштети,направи неупотребливо или спречи во направата на јавна употреба вода,плин топлина, електрична или друга енергија или електронски комуникациската опрема и со тоа предизвикува пореметување на нормалниот живот на граѓанинот ќе биде казнет со затворска казна од 6 месеци до 5 години.
    Така да на секој што ќе му дојди екипа на EVN може да се повика на законот и да не му дозволи на вработениот од EVN да го стори тоа кривично дело, а во случај да се обиде да го стори може граѓанинот да превземе апсолутно се и да го брани својот имот.
     
    На 1112 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    ЕВН одамна исклучуваат струја на копче . Не знам дали остана општина во Македонија веќе каде сеуште се качува вработен на бандера и сече кабел .

    Во врска со поскапувањето на струјата , многу сум лута . Ги поддржувам протестите на граѓаните ( дури и бев излезена на протест ) на Тетово и мислам дека треба да се излезе во сите градови во Македонија на протест . Или струјата надолу или платите нагоре .
     
    На Роберт 7, cresa-jagoda, t.a.m и 3 други им се допаѓа ова.
  7. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    nam definitivno ke ni ja iskljucat od mart navamu ne sme vo moznst da plakame, rekoa na rati ke se plakalo a sega ne moze na rati se da se plati .."ubavini"
    pa i ja poskapea =uste pogolemi "ubavini"
     
  8. Albona

    Albona Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    И да исклучат со копче големото чудо струја се вклучува така наречено на диво што и не е тоа на диво кога некој ти сопрел нешто што не смее да ти сопри ти само си го вклучуваш тоа што ти следува и што EVN не смее да ти исклучи.
     
    На t.a.m, CrazyGirl15 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  9. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.262
    Пол:
    Женски
    Не е големо покачувањето.

    Ај што не ја намалат цената на интернет и телефон - тие се највисоки.
    Мене за вода и смет ми е повисока од сметката за ел. енергија.
     
    На candy.cane и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Не е големо, буквално една сметка плус...
    Како бе не е големо... Како?
     
    На Laufinam, 1112, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  11. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.262
    Пол:
    Женски
    Поголем дел од времето сум надвор од домот, сметката за струја не ми е висока.
     
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека треба да се намали сметката за интернет и телефонија , но во време на корона криза , не е баш соодветно и зголемување на сметката за струја . Можеа да почекаат да се дојде до некаква стабилизација на ситуацијата , многу луѓе останаа без работа или се со намалени приходи ..
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    И мене не ми е, ама сеедно, зголемувањето е преголемо за просечно семејство.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.262
    Пол:
    Женски
    Има поефтина тарифа, повеќето ја користат и добро е што ја вратија како опција.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Кога? Кога сите се на работа?
     
    На cresa-jagoda и fana им се допаѓа ова.
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Не бе, кога спиеме (facepalm) ама има битно.
    Таман коа ќе си дојдеш од работа да зготвиш скапата почнува :)
     
    На raww, cresa-jagoda и fana им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Не е толку поскапена, шо... Само една сметка годишно плус...

    Јас до 5 сум на работа :rofl:
     
    На SummerGirl, candy.cane, Cka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    20.201
    Пол:
    Женски
    Ноќе ќе си готвите, ќе си перете, ќе си чистите, на ефтината. Па барате преку леб погача, да му се невиди. И во недела имате ефтина... ќе си зготвите за цела недела, ќе си исчистите, бојлер ќе си пуштите да си се искапите, доста е. Преку недела на свеќа (само да не поскапат и свеќите тогаш што ќе правиме).
     
    На Роберт 7, Cherry333 и Mantub им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.961
    Допаѓања:
    41.171
    Пол:
    Женски
    Јас готвам на плин, не користам бојлер за туширање освен зимните месеци, не се греам на струја и повеќе од годината сум сама со брат ми, два пати ми дојде сметка околу 6000 денари, и велите не е скапо?
     
    На raww, candy.cane, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.328
    МЕПСО од што немаше како да го оправда ова се избаци со Па за интернет и телефон трошите повеќе. Мислам еве, пошто за телефон не трошам повеќе од 300, ако може и струја толку да биде.

    Они беа тие што лани набавуваа мебел од 200000 евра од чиста кожа.
    Следно гледаш - скапа ви е струјата, а со два бубрега можете да живеете.

    Не е работата само дали се 5, 7 или 10%. Стотици луѓе се отпуштија од работа, за нив таму на телешките фотелји не може да нема работа. Башка не верувам дека се во толкава загуба.
     
    На Mami3, raww, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.