Dali nekoj ja ima citano ? Уште како дете Мини Пани била мистерија за својата мајка, за наставниците, за докторот, кој се чудел зошто бебето не сака да плаче? Кога има веќе дваесетина години, таа е сè уште внимателна, наизглед кршлива, но дефинитивно со оригинален шарм – таа сега е ѕвезда на холандската уметничка сцена. Бестрашна и со страсна љубопитност, Мини го става својот живот на лабораториска маса, правејќи го суровина на својата уметност. Во своите дела ги испитува прашањата на спојувањето на животот и уметноста, директно инспирирани од нејзиниот живот. Фотографот со кого почнува слободни сексуални односи ѝ доаѓа како нарачан во новиот проект. Но последиците не може да се оценат како ефикасни. Прашање е: кој со кого манипулира? И колку може да се игра со стварноста без да се избега од себе? „Последици“ е добитник на наградата „Антон Вахтер“ за дебитантски роман, а бил во најтесен избор за највисоките книжевни награди во Холандија. Книгата е објавена со поддршка на Холандскиот литературен фонд.