Последна посетена дестинација и импресии

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од kitty.lover, 25 септември 2012.

  1. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    346
    Одамна се мислев да ја отворам темава и барав, нема друга иста или слична- па ја отворив.

    Тука ќе можеме да ги пишуваме последните посетени дестинации. Независно дали е летен одмор, зимски, викенд, излет или обична еднодневна посета на некој град во или надвор од Македонија.
    Сите позитивни и негативни страни и импресии од местото, а можеби и некоја случка во истото.
    Би можеле да споделуваме.
    Па, повелете.
    :)
     
    На nene88 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.918
    Допаѓања:
    5.371
    Последно во Кичево бев и ми се допадна. Бев во убав хотел “Куќа на уметноста“, посетив црква го градот. Имаат убава шума нагоре до хотелот.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Неготино и панѓурот во Неготино.
    Убавина бре, гужва, сВе и свашта, расположени луѓе, скара, шеќерна волна, чорапи 6 за 100.
    :D

    Пријатна атмосфера и многу фини луѓе.
    Временцето се погоди, преку ден печеше, навечер за спиење застуде ко за јорганче.
    Чист воздух, евтина храна и кафиња, убави работи низ бутиците, убав им е базенот... да го посетите ова фино и убаво градче, во близина е и винаријата Попова Кула, нема да се покаете.
    ;)
     
    На bubica13, anuskaNESTLE, Umbrella22 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    346
    Еве јас вчера бев во Штип, на школска екскурзија не носеа и многу ми се допадна. Ептеен.
    Градот е убав, тиок, мирен. Има убави кафиќи и пицерии, место за прошетка, како и убави бутици со облека по достапни цена.Ја пробавме прочуената штипска партармалјлија. Прекрасно :inlove:
    Малку беше мачно по тие жештини да пешачиме по угорниците, но се исплати. :)

    Немам никаква друга замерка, Штипјанки-па вие сте имате преубаво градче бре. :lol:
    Ќе дојдам пак! ;)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    734
    Пол:
    Женски
    Грција...инаку импресии не знам не сум нешто многу воодушевена попрво би го избрала Охрид одколку сеа грција...МК си е МК :*
     
  6. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    588
    Пол:
    Женски
    Италија.. :inlove: :inlove: :inlove: Бев во Венеција,Верона и Лидо ди Јесоло..Абе убавини.Венеција е посебна ми се допаѓаат градбите,тесните улички,гостопримливите италијанци,и да мостот на воздишките и црквата Св.Марко..јас сум фасцинирана од се што видов таму.Верона е убав и пред се многу романтичен град..куќата на Јулија и нејзината гробница се дефинитивно местата кои треба секој да ги види кога ќе доаѓа тука..Сета таа приказна околу Ромео и Јулија ја прави Верона толку романтична,а особено куќата на Јулија каде што можат да се видат нивните облеки,креветот,балконот од каде што Јулија го гледала Ромео,аххх...Лидо ди Јесоло е убаво туристичко градче со мноогу хотели,и прекрасни плажи...Нивната национална кујна ја обожавам,особено доручекот составен од италијански кроасан со кафе,мммм...Потоа тука се шпагетите,секако пицата,пастата,сладоледот,слатките..Италија,да тоа е местото каде што дефинитивно повторно би отишла :inlove:
     
    На Lella, Jule.Sk, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.918
    Допаѓања:
    5.371
    Последно бев во Охрид, и уште цените во кафичките не ги поскапеле. Сигурно дека рано е уште, предсезона. Има што да се види, и странците ќе се воодушеват. Само патот натаму многу црвено - црно, се знамиња мислиш на Косово патуваш, а не низ МКД. Којзнае што мислат странците кога преку Тетово, Гостивар, Кичево патуваат за Охрид.
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    849
    Виена. Можам само да кажам - прекрасен град. Преубав. Се заљубив во него. Од една страна модерен, од друга традиционален. Сите некаде брзаат, а сепак градот изгледа мирен. Пак би одела, дефинитивно.

    И мојот долгогодишен сон - Венеција. Поминав преубави два дена овде. Ќе се согласам со Barbie07, мостот на воздишките, мостот Риалто, Св. Марко, Дуждевата палата... Прекрасни слики, уште поубави спомени :inlove:
     
  9. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.254
    Пол:
    Женски
    Сандански/Бугарија.Бев од 23-26 мај и мн. убаво си поминав.Бев во хотелот св.Никола.Паркот е најголем на балканот и има повеќе од 2000 видови растенија.Имаше едно возче кое што кружеше во паркот,се возев таму и беше преубаво.За ноќниот живот да не зборувам,сите се надвор 24/7.Учениците славеа 12 год. од училиштето ,беа облечени како матуранти,долги фустани,високи потпетиции.....И броеа еден,два,три......единаесет,дванаесет оооооо.
     
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    3.455
    Пол:
    Женски
    Виена. :) Штета што имав само неколку часа за разгледување и не успеав да прошетам доволно. Пак би се вратила. Многу убав град, со стил и на ниво. Баш европски.

    А од Македонијава, последна дестинација што сум ја посетила е Пробиштип. Мало градче, мислам дека ослабев 2-3kg со пешачење по угорниците, скалите итн. Добро е за да се одмориш од бучава ама не би можела таму да живеам. Некако многу е пусто, не дека не е убаво :D
     
  11. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.400
    Баден едно мало селце во близина на Виена. Сум била повеќе пати и воопшто ме нема воодушевено. Ништо посебно, мало и депресивно. :wasntme:
     
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    816
    Има преубав спа центар, голем и има се и сешто, вреди да се посети :)
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    88
    Мароко. Прекрасна земја шетање и одмор. Има што да понуди и за тие што сакаат полежерен одмор и само да си лежат на плажа и за тие што сакаат да прошетаат и очекуваат повеќе од одморот. Туристи има преку целата година, значи некоја сезона кога треба да се оди - нема.
    Се посетува Казабланка која е сосема модерен град, додека во Маракеш се гледа арапската култура и традиција. Во туристичките резорти на Атланскиот океан може да се најдат хотели по поволна цена, додека има и места кои се посебно наменети за оние кои сакаат да сурфаат. Се зборува арапски и француски. Англискиот помалку го знаат, но оние што се во постојан контакт со туристи го познаваат јазикот. Се организираат излетнички посети во Мала Сахара со посета на Берберите. Има многу производи од кожа за евтини пари (ако имате место во торбата :?: , јас секогаш сум тенка со ова).
     
    На BE YOU, Tanjamm и Lella им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Баварија - невидена убавина!
    Минхен е преубав град во кој има многу што да се види (а ние ни за седум дена не успеавме се да видиме). Ама мене повеќе ме воодушевија природните убавини на Баварија, отколку архитектурата. Ако ве носи патот натаму, задолжително посетете ги езерата Tegernsee и Königssee.
    Неопислива убавина е тоа :x
    Гратчињата се мали и мнооогу смпатични! Сите куќички се украсени со цртежи на фасадите, а терасите се преполни со разнобојни цвеќиња. Излишно е да ставам слики тука, тоа треба да се доживее :)
     
    На BE YOU, lovemme, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.673
    Допаѓања:
    18.550
    Пол:
    Женски
    Врање - Србија . Градот убав , но посебен впечаток ми остави храната во кафаната , Адриа , крилцата одлични , секоја пофалба ( барем нам ни се допаднаа ) . Следно Владичин Хан . Мирно местенце , искрено дојдовме по желба на покојниот дедо на сопругот . Белград , Нов Белград и Земун , се ми се допадна освен патот во Нов Белград , од секаде може трамвај да никне , плус голема бучава создава кога поминува во непосредна близина . Етно село Моравски конаци . Местото е убаво средено , со можност за преспивање , вештачко езерце и по некое милениче . Косовска Митровица , не се задржавме многу бидејќи не чекаше долг пат пред себе па само свртевме кругче во српскиот дел и видов дека е налик на српските градови , исти висококатни згради , густо населено :)
    Се надевам нареден пат ќе имаме време да застанеме и да разгледаме повеќе .
    Србите ми беа интересни , оние неколкумина од кои побаравме помош за одредено место , сите ќе ни кажеа : " за мном " и ќе ги снемаше едно 100 км напред :rofl: па ти бркај ги :D исто што приметив , никој не те чека . Сите некаде брзаат . Калемегдан е огромен . Можеш да се изгубиш слободно на 2-3 часа и иако веднаш до Калемегдан поминуваат автомобили и трамваи , се чувствуваш изолирано целосно . Како да си на некое друго место . Не ми се допаѓа што зоолошката е залепена со калето , бидејќи се шири непријатен мирис од сите тие животинки , кои сепак е доживување да ги видиш .
     
  16. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    1.814
    Пол:
    Женски
    Виена, Братислава и Будимпешта. Направивме една екскурзија за нова година.
    Виена = MUST SEE !! Градот заедно со дворците е прекрасен.. Со метрото што имавме станица одма до сместувањето, го прошетавме цел град. Само ми е криво што бевме само 3 дена тука, а еден ден одвоивме за Шонбрун. Друг пат повеќе...
    Братислава = Повеќе ме потсети на Скопската чаршија. Интересно на прв поглед.
    Будимпешта = Имресии. Сите градби им се различни, можев една година да го шетам а да не ми здосади од разгледување на самиот град. Собранието навечер е предобро.. :inlove:
     
    На Saraa и lovemme им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.918
    Допаѓања:
    5.371
    Велес и да ви кажам беше многу раздвижено низ градот. За разлика од порано малку е разубавен градот.
     
  18. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    24.650
    Пол:
    Женски
    Пред неполна година до сега ,Виена, Грција(вториот крак) , Москва и Америка.
    Виена , по втор пат , но овој пат кога бев повеќе ми се допадна .Можеби затоа што повеќе прошетав , а и во тој град маж ми ме запроси , добив преубаво изненадување и прекрасни моменти.
    Грција ,често посетена дестинација во летниот период и секој пат задоволна од истата.
    Москва , иако многу ладна , прекрасна е ! Би отишла пак со сигурност .Црвениот плоштад е преубав!!
    Ии Америка ...Односно многу мал дел до сега прошетав од неа и се ми се допаѓа.Од културата на народот ,редот кој го почитуваат, тоа што е пречисто и ред други работи.Посебно Њу Јорк ми е прекрасен!Имав прилика да го прошетам во зимскиот период и е преубаво и раздвижено уште од раните утрински часови.Прекрасни места за посетување... :)
     
    Последна измена: 28 март 2017
    На Ketchup и lovemme им се допаѓа ова.
  19. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Последна посетена дестинација ми е Белград и преубаво си поминавме, после тоа Охрид, ама ова ако се рачуна. :)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DimitarLuna

    DimitarLuna Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2018
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Осло, Норвешка. Еден и единствен за мене. Љубов на прв поглед. Секогаш е магичен, ама на есен... ух. Ми се оди пак, а се вратив пред месец дена и не ми беше прв пат.