Првиот беше милина за очи, сите се смеат, сите сакаат да се запознаат,сите се фини,помагаат,се дружат....... Втора година:веќе не е како што беше тие што највеќе се дружеа во прва,сега веќе не се заедно(ретко има исклучоци),паровите на BFF се изменети.Сега една другарка си има друга најдобра другарка....итд Трета година: веќе сите се знаат кој се и што се,најголемите глупости се поминати,луѓето проценети(преценети) и отварања на карти,....коцката е фрлена..... 4та година: ......4години подоцна(од оној прв ден од средно): поделени 4-5 групи во класот, едните шмизлици,другите бубалици,едните мафија(задоволни со 2),едните левичари,другите десничари.Секој со секого се мрази,ама најлош е моментот кога левичарите и десничарите ќе се срчкаат и почуваат во глас: ТЕПАЧКА БЕЗ ПАРИ ТРПАЧКА БЕЗ ПАРИ ТЕПАЧКА БЕЗ ПАРИ.....додека не дојде класната и да почне: -Добро бе деца, аман веќе, па не сте оние од прва година глупости да правите, дајте прекинете,уште малку ви остана, ќе жалите наесен и ќе сакате да се вратите во овие клупи, овие другари и ова другарство останува....итд .....дојде и последниот ден Сите глумат пред класната: ДА ДА ЌЕ СЕ ДРУЖИМЕ ОБАВЕЗНО сите насмеани мислиш Happy end (жими мајка), а да погледнеш некого незнаеш која нова пајажина ти ја плете Поотоа сите,пуштија музика,оро играат, стигнаа трубачи во двор,абе мислиш Братство и јединство е Вечерта матура,пијано дојдено,ситеназдравуваат,се сликаат,гушкаат,смеат....цело лето дружба и од септември само неколкумина остануваат во контакт.
Се согласувам со ова :up: Ист е случајот и кај мене, а верувам и кај многу други. И кај нас сите се поделени во групи, никој никого не почитува, сите гледаат како да те искористат, како да те омаловажат, а кога ќе дојде матура сите се "тажни, сите многу се сакаат".. Затоа сум решила да не славам матура и да не одам на таа прослава, дома ќе си славам, не што сум завршила со школото, туку што сум завршила со такви лицемерни "пријателки"
Единствено првите и последните денови во средно се добри... Се друго е Вообичаена поделба. Неколку групи од по 5-6 ученици. Дружба само во школо кога на некој ќе му притреба нешто од некој друг. На улица ќе се судрат а здраво не си викаат... И да почнува дискусијата каде за матура, кој како ќе биде облечен, кој со когу партнер... Па оговарање до немај каде но сепак има нешто убаво во цел тој сплет на околности бидејќи како и да е прославата е нешто прекрасно... Сепак колку и лицемерството да владеело секогаш ќе има барем една личност (ученик или професор/ка) поради кој/а би сакале за момент да се вратите назад. Лично премногу ми е жал поради тоа што само по неколку месеци скоро и да изгубив контакт со некои личности што ми беа добри другари/ки иако сум среќна поради тоа што со некои КОНЕЧНО не се гледам повеќе... За сите идни генерации - не се оптеретувајте со тоа кој/што/како/со когу обидете да си поминете најубаво што можете и пред се забавувајте се бидејки еднаш сте матуранти.
Не се сеќавам потполно на денов, не паметам детали, би можела само од околу да проценам што се случувало. Книги многу нормално дека никој не носи, може не‘ пуштиле порано. Сите сме испревозбудени за наредниот ден, бидејќи последниот ден во средно ми беше денот пред матурата. Опуштени седиме во клупи двајца без тројца и си муабетиме со професорите. А класниот па пресреќен, насмеан од уво до уво бидејќи ќе имал најличен клас на матурата во цела Гимназија и Економско (90% во класот девојчиња бевме). Сигурно сме отишле на едно турско до Фибо и сме јаделе во Фурна ѓевреци со сусам, како секогаш. Некои од нас наставата ја следеа од дворот, преку отворен прозорец. Иако првиот ден во средно го паметам, последниот ете не. А сигурно бил сто пати помалце потреслив, со сто пати повеќе емоции. И убав бил сигурно, иако паметам врнеше тој период.
Ова како правило беше и кај нас. Молење и колење околу оценките, демек на сите им требале за запишување, така сите двојкаши станаа петкаши. Поклон за класната - кој сака, кој не сака да дава пари. Треска околу изборот на фустаните, штиклите, фризурата, итн... Избор на партнер и поклон за него. Тага поради крајот, радост поради крајот и лицемерие меѓу учениците, леле се разделуваме, вечно ќе се сакаме и нема да се заборавиме. А, потоа по пат не те познаваат. Сите фатиле по свои патишта. Само ќе додадам дека ни беше стресно околу запишувањето, што, каде, како, па сите роднини и пријатели по 5 пати на ден те препрашуваат: каде понатака????, и навистина се чувствував под притисок. Во секој случај, многу брзо ми поминаа тие денови и никогаш не жалам за средношколските денови.
Прва година сум.Но од тоа што видов Од почетокот до сега се' е сменето,на почетокот сите се дружевме не се делевме,а сега што? Сите се исподеливме,шмизли со шмизли,бегачи со бегачи,фраери со фраери.Очи со очи некои не сакат да се видат.Кај мене не е така,јас пак со сите се дружам,таква сум си.Ама за другите па неможам да ги гледам онака.Во прва година направија вака,ами до четврта којзнајт што ќе напраат
Од прва до четврта важеше “еден за сите ,сите за еден“... секогаш заедно и во еден глас, без разлика дали стануваше збор за бегање од часови, испрашување, поткажување, одложување... Во 90% од ситуациите сите сложни и верни едни на други. А последните денови.... ахх колку само би сакала да се вратат, да може барем уште еднаш да ги проживееме... беа најубавите, најоткачените, најрелаксираните денови . Се беше прекрасно до запишувањето на факултет и првата година во “големиот“ град, повторно сите заедно и секогаш тука за да си помогнеме. А сега веќе... нема останато ништ од тоа, можеби останаа некои мали групи од по 5-6 луѓе кои продолжија да комуницираат. Но, едно здраво и како /до каде е животот ,секогаш е добредојдено при случајните средби на улица.
Јас ги живеам последните денови во средно и кога ќе ми текне многу ми е жал. Средношколските денови се тие што секогаш ќе ги бараме назад. И кај мене имаше такво делење кое преовладуваше до 3 година, но сега во 4 година е многу поразлично. Повозрасни сме и сите све свесни дека пола ден поминува заедно, зошто да не се дружиме? Но, се разбира, секогаш има исклучоци.
И јас ги живееам последите денови во средно. Прва и втора година ќе ги паметам по добро, најлудите и најубавите денови, дружења , глупирања и сл. Трета не беше нешто баш, али не беше ни до толку апла, едвај чекав да дојди крајот, да завршам оти неможев да го поднесам лицемеријето. Четврта почна солидно веќе го запознав сите за сите имам оформено мислење и никој неможе да ме разочара, пред крај сме мислам дека малце ќе ми биде жал што ќе заминам од училиштето али само малце
Јас имам многу убави спомени од средно, и тоа секоја година се подобри и подобри. Нормално дека имаше друштвенца, ама главно заедно и излегувавме, славевме нови години, се собиравме за викенди, и ова се беше многу интензивно во трета и четврта. Немаше некој што не жалеше кога дојде крајот. И денес се дружиме - најголемиот дел од пријателите ми се од средно.
Морам да се согласам со се што сте кажале горе. И јас ги живеам последните денови од средно. Прва година уште не се познававме, иако јас познавав 3-4 деца од порано и секако со нив се дружев повеќе..Немаше многу дружење, искачање, уште беше рано.. Секоја година се менуваа дружењата...Од некои ни здраво што не си кажуваа стануваа најдобри другарки и сл. Сега 4та година, сите се поделени (и порано беа, али сега апла сме поеделени) во групи, дигнатите заедно, фраерите заедно.. Неверојатно е какво лицемерие постои, ама нешто просто неверојатно е барем за мене, али такво време дојде, и веројатно така е нормално да се однесуваш сега...лице ти прават, најфини се пред тебе а позади грб страшни работи ти прават, и тоа секој на секого, ама баш секој на секого... А ја мислев тоа само кај мене во школо било, али изгледа секаде било така Да беа подобри децата, да бевме сите здружени, да бевме едно среќно школско семејство, ќе си поминувавме мноогу поубаво сите... али за жал тоа не е можно. Исто знам дека штом заврши средното, штом се испозапишат сите на различни факултети, никој со никого нема веќе да се дружи освен можеби со неколку особи што си бил поблизок. Сепак, средношколските години се најубавите години во животот, и имам поминато многу убави моменти, дружења, лудории, смешки... кои ќе ги паметам цел живот.
Голема работа што сите биле поделени. И ние бевме поделени. Мене баш ми одговараше така. Нема потреба да седам со некој што не го сакам, да вежбам кисела насмевка и потврдно да кимам со главата за нешто, а во себе не го ни слушам всушност. Уживав во последните денови во средно. Веќе колку- толку се изградив, знаев од прилика што сакам, а што не. Уживав со тие неколку драги луѓе. Ти збореле зад грб... Е арно де, зборувај и ти. Без тоа школските денови не поминуваат. Никој не може да ме убеди дека не рекол за некој нешто позади грб. Или пак јас сум грешник Бегање од часови, седенките позади интернатот, дружбата и смеењето ми се незаменливи. Изградив спомени, тоа е важно.
Исто бевме и ние “еден за сите ,сите за еден“ ептен бевме поврзани, во прва година имавме друга класна и таа секогаш велеш абе мерак ми е да влезам во канцеларија сите ве фалат најдобар клас имаш ама затоа пак од 2 до 4 другата класна ни викаше добро бе деца, срам ми е да влезам во канцеларија, кога и да влезам сите по мене викаат твоите вака твоите нака На неделата пред матура добро се сеќавам, сите бевме возбудени и стандарните муабети штикли, фустани фризура... партнер имав.... во хотелот многу јако поминавме на крајот кога се пееше "растајемо се ми" само нашиот клас плачеше со нас и класната... После матурата имам редовен контакт со 5 души а со останатите ако се видиме на улица едно здрво, како си и тоа е
Најубавиот образовен период. Опуштено, учиш ама не се притресуваш ко во основно. Се дружевме сите во класот, иако бевме на групи поделени нормално со најблиските најмногу се дружиш, знаевме во секое време со било кој, муабети, случки, учење... На мнооооогу часови имаше смеење, професорите гледаа дека сме сплотен клас, па убаво им беше да се смеат и тие со нас. Имаше и закачки и карање и сешто, ама се почитувавме и сакавме. Екскурзии, дружење надвор од училиште, сите бевме за. Факултетот си има друга убавина и слобода, ама не си толку безгрижен колку во овие години. На последниот ден не се сеќавам, само знам дека како доаѓаше крајот, многу ни беше криво што ќе се разделиме. И сега кога ќе се сретнеме, зборуваме со носталгија.