Забележав теми за посни рецепти и често таму си ги ставам омилените продукти дур кажвам за некое јадење. Ама нешто како шо е веган групата на фејс, си реков да имаме и тука. Накратко таму споделваме продукти, најчесто нови или ново откриени за нас кои ни се допаднале ( или не), како и места каде има посни опции и како ни се допаднале. Ова ми е моментално омилен продукт, огранок на БиоКосмос, целосно наш продукт. Можи и поховано и не поховано да се јади, само по себе нема вкус, ама многу лесно поприма вкус. Има минимално состојки, протеин од грашак, грав и сол само ако добро памтам. Прво мора да се рехидрира во топла вода. Продажно место: БиоКосмос, Дм. На друго и го немам сретнато. Цена: околу 300. Вердино продукти ми се убедливо едни од омилените. Многу продукти шо сум ги јадела, сум преќинала ради Вердино. Има плескавици, мелено, ќебапи и колбасици. Ги напишав по мој омилен редослед, до сега немам јадено колбасици од било која фирма шо ми "зема здив". Се припрема исто како секое месо шо се спрема. Продажни места: Веро, Рамстор, Футура,КитГо итн. Ако не се лажам еднаш мајка ми зема и од Кам, баш ме шокира дека и таму има, ама генерално распространети се. Цена: 200-250. Ова треба да е растителна туна, лично ова во мајонез ептен ми се допадна. Ептен туна сендвич вкус. Другата ( во вода) текстурата не ми беше то и не можев да продолжам да јадам покрај пробата. Паштетите горе се допаднаа на моите дома, ама не мене. Ама д абидам искрена никогаш претходно не сум јадела паштета со риба, впрочем, дур јадев месо никогаш не јадев паштети и текстурата ми е гнасна. Еднаш пробав и растителна паштета со месест вкус и ми беше ew no. Продажни места: Рамстор, Футура итн. Цена: 170-250 Ова е за бургери смеса, искрено преферирам фалафел смеси само моментално немам слика од то. Прашок е. Се раствора со вода. Да стој малку и се печи/ пржи. Јас ваквите си ги викам "lazy person cooking". Продажни места: ДМ. Цена: искрено не се сеќавам, ама не беше нешто вау многу. Напротив ќесичкиве ми се во најефтините работи шо земам како замена. Ако во лазања сакам вердино мелено, во полнети пиперки и мусака сакам џекфрут мелено и некако мозоков толку ми се навикна на то шо јас така терам. Продажно место: ДМ. Цена: Околу 180. Спојлер Јас темава ќе ја пријавам сега кај @RainBow да прегледа дали вака поставена смеј. Па ако смеј, се надевам дека со тек на време полесно ќе наоѓаме продукти шо се посни и веган на наш пазар.
Како ги правиш нагетите? Ми стојат во фиока веќе две недели, избегнувам deep fried храна и сега не знам дали ќе личат на нешто ако само ги испечам? Мене туната ми е убава, ама изгледа само мене, никој од другариве вегани не ја сака. Таа со мајонез ја немам пробано. Мене од вердино најомилени ми се ќебапите и меленото месо
Well, deep fry. Така убедливо ми се омилени ахахаххаа. А и одма презлата се лепи пошто мора прво да се рехидрират. Се думам следно да видам и во фраер дали сличен ќе е вкусот. Ама ги имам и насецкано и пропржено за во тортиља исто така. Вервам дека и печени би биле добри, баш ќе пробам денојве.
Мене од Дм засега омилен ми е фалафелот: Функционира печен, пржен, сигурно и во air fryer. Најубаво мелко за во кафе ми е ова дефинитвно: А за топло чоколадо ми се допаѓа и ова бидејќи е поcreamy за разлика од првото:
Пошто пишав дека за продукти и места со посно мени, морам да издвојам во последно Адамс, Битола останав. Штета до 16ти не работат. Hush е солидна вегетаријанска опција. За жал веганска немат. Следен пат ќе прашам минус кашкавалите, дали испаѓа посно за ако некој сака да се проба. Истои Нори земав нови сега. Мислам дека тој fishy flavor ако го бркате - знај да го дај. За фалафел, да потврдам, и во фраер е д шит. @Ketchup навлечена сум на фалафелот од ДМ. За млеко дефинитивно го сакам бариста од ДМ или ко ќе сакам да се разгалам малку си земам Бум Бокс.
На БумБокс овесните каши и гранолата. Млеката не сум им ги пробал, не сум ги начекал. Иначе, мислам дека имаме среќа што го имаме Виолајф кашкавалот кај нас, бидејќи кога гледам reviews на вегани од Америка, при толку избор, Виолајф им е секогаш меѓу најдобрите. Мене искрено тоа ко павлака, подобро и од кашкавалот ми е за во сендвичи. Леле, за малку ќе заборавев, ама еурокремов е подобар и од нутела: Јас лично на вториот сум поголем фан. Ептен rich вкус има. Иначе, @theowndemon, нори од кај зема?
Нори имаше во Веро порано, не знам дали има уште, I во делот со азиска храна. Мене од виофаст сирењето ми се нафрла лицето инаку го обожавам.
Обично од Веро земам, сега зедов од K-Shop. Имаше 2-3 различни врсти шо ги нема во Веро + тие од Веро. Ама немам поќе од намазчето шо го јадам најмногу, а со нори се прај. П.С. кремовите не ми се пробани, прва работа утре еден ќе земам.
Ништо чудно, базирано е на кокосово масло. И мене храна со висок број на масти не ми одговара кога станува збор за кожа, ама се помирив веќе. Има ли нешто интересно вo K-Shop? Кремот го има во сите поголеми маркети и ДМ, цената е 170-180. Кашкавалите се околу 130-140, ама во Кит Го често се на попуст, за нешто помалку од 100 денари.
Ептен површно разгледав нудлите и грицките, не ми фати око ништо се дур не видов нори и ми текна дека ми треба па зедов од овие шо ги нема Веро да видам какви се. Ама мислам дека инста или фб странаа имаа со сите нови продукти шо им носат. А кремовите ги има и во маалски продавници Битола ги имам забележано ама не сум ги купила. Ама ете утре дирек.
Ги купув производиве ради добрава препорака. Едно прашање, не ви е мнг зачинета смесата за фалафели? ја направив првава смеса и некако ок беа ама сепак презачинети за мој вкус Дали јас некаде загрешив? ги готвев според инструкциите на паковањето
Не знам, јас фалафел на една рака се брои што сум јадел надвор и секогаш било во некој сендвич со сосови, каде што не сум можел да го осетам вкусот на фалафел. Дома од scratch никогаш немам правено, така да оваа смеса на ДМ ми е стандардот. Ама што знам, и јас не јадам многу зачинета храна, ама ова баш океј ми делува.
Во ДМ има и едни тегли, фалафел смеса, бургер смеса и слично. Ама што знам и тие ми се слични на вкус. Кај нив не ми се допаѓа што многу е сува смесата, многу масло додавам за да ги направам колку толку да не се ронат.
Евентуално да пробаш од друга фирма ама генералното кај и од кој да сум јадела фалафел е јак. Лично јас го сакам во помали топчиња и после во тортиљи со сосови и салата и некако јачината ми се неутрализира. Сега имам едно паковање од Стокомак Фалафел, ама уште не ми е пробан за да кажам разлика. Ознака и за @cooll.
Dap u pravo si, moja greshka sho go jadev kako...glavno jadenje bez niso drugo. Cekam postot da zavrshi pa moze da go probam so neshto osvezuvacko kako greek jogurt ili slicno sigurno ke bide mng podobro,fala za sovetite (na mob nemam kirilica sry)
Лично сакам со посен мајонез или сенф, ако сакаш да пробаш пред Сабота плус некое луто чили сосче за шмек. И генерално неќам зелка ама добро зачинета и намекната со сол ја сакам во тортиља со фалафел плус малку друг свеж зеленчук или кисели крастајчиња. Нешто слично го прај фалафелот Кус кус, Битола. Таму ми е убедливо омилен. Да не речам, guilty pleasure јадење ми е нивниот фалафел. А ако добро памтам, мислам дека на посно мени му е. И со пире пример или ориз знај да ми е океј ако има сос, мене уствари сам по себе ми е многу сув. Ама генерално го преферирам во тортиља со сос и зеленчук.
Скопското веганско бистро Paradaise Food (во центар, помеѓу Беко и книжара Просветно Дело) покрај готвените вегански јадења има и неколку свои продукти, вегански мајонез, вегански виршли и тофу сирења со разни зачини - мене ми се сите вкусни (мајонезот по отворање изедете го во рок од неколку дена инаку ферментира): Саботите не работат, ама неделите се отворени до мислам 18ч.