Имаме куп теми отворени за секакви критики (поретко пофалби) за денешните луѓе, младината, мажите, жените - па мислам дека е фер и време и за тема во која ќе бидат на тапет средните и постарите генерации кај нас, нивната култура, однесување и принципи, и како тие влијаат на помладите. Мислам и на двата пола, а може секој по свое искуство и став да пише и позитивно и негативно мислење. Ептен ми е драго кога ќе видам и чујам за питоми и фини луѓе во години, такви кои го задржуваат младиот дух, смислата за хумор и отворениот ум (тука кај некои би додала и желбата за самооддржување, стил и елеганција, но тоа озбилно ми вреди само ако е шлаг на минатите ствари што ги спомнав). Ги воспитувале децата уште од мали во пријатна и пријателска средина, со правилни вредности и поим за почит, и машките и женските. И сè досега се во здрави односи на поддршка со своите веќе пораснати деца. Но за жал, во моето опкружување и искуство, во Македонија (а мислам и на Балканот) има многу постари на кои им фали прво основна култура, а потоа и сознанието каде отишло веќе времето... За првото, доволно е да влезете во еден градски автобус или да чекате ред на јавно место за да се уверите. За подлабокото... патријархалноста, опсесијата со политика рака под рака со национализмот, и озборувањето им се секојдневие. Зборат за комшилук и се секираат што збори комшилук за нив. Од тоа, па сè до религиозни и останати забетонирани застарени сфаќања - им е побитно од среќата на децата. Entitled се, мислат дека по дифолт заслужуваат почит заради возраста, и кукаат цело време за младината - а не знаат да преземат одговорност кој ја воспитува истата... Епа ајде да ја слушнеме и другата страна, гласот на младите. Какви искуства има(ме), дали за оние негативните „генерациски јаз“ е оправдување, и како да се променат колку што може овие токсични размислувања кај нив?
Изгубени се, не се во чекор со времето. Од таа нелагодност према промени, извираат фрустрации од кои патат сите помлади индивидуи околу нив. Друго што ме нервира, е постојаното плукање на младите. Во нивно време вака, онака, абе мед и млеко течело, тогаш не постоеле дроги, алкохол, секс пред брак, насилства, разводи, убиства. Демек они и тогашното општество имуни биле на сите негативни појави . Даваат нереална слика. Денес, се спротивно. Па кој ги има израснато тие проблематични индивидуи ? Пак старите. Како не снесувате одговорност за истото ? Кој ја има донесено државата до ова дереџе, пак постарите. Од нивниот интелект и мудрост гледаме до кај сме дојдени. Обожаваат да солат памет и да делат совети, притоа осеќајки се за најкомпетентни. Се дрзнуваат да те советуваат за љубов, а со партнерот очи да не си видат. Те советуваат за работа, а немаат пари за основни потреби, те усмеруваат по нивен терк за избор од било каков тип, а ги гледаш како живеат баш поради нивните драгоцени избори и ти скиснува. Создаваат постојан притисок со тоа што те форсираат на некои си нивни, праисториски, идеји. Божем младите малце притисок имаат од сите можни страни, училиште, факултет, работа, финансии, државата, друштво, љубов, па уште старите фалат на глава да ти седнат со прашања: Кога жена/маж, кога деца, зошто овој факултет, зошто не оној, зашто странство, што ти фали тука. Обожаваат да ги влечат конците во животите на своите деца, одбиваат да прифатат дека тие деца веќе не се деца, туку свои, созреани личности, со право на свои лични избори и ставови. Едноставно, пречат во секаков обид да се еманципира општествово и да завладее разумот а не патријархатот. Ако ништо друго, бар да се тргнат настрана, кога младите пробуваат да ги исправат срањата сторени од постарите генерации.
Јас тешко се склопувам со вакви луѓе.Чист пример имам во фамилијата.Имам двајца дедовци што се на слична возраст,но сосем спротивни.Едниот нема основна култура,прв е за оговарање,црка,пцуе и го има оној типичен македонски менталитет во себе.Додека другиот е темелен и лесно се прилагодува на модерните трендови,секогаш е сталожен и е open minded за многу новитети.Исто така кај овој првиот секогаш кога и да правам муабет чувствувам дека тој тежнее за едно минато време.Цело време зборува за минатото и „у мое време не беше така“.Нема ден да не го спомне Тито и неговата диктатура и како би ни требало и на нас еден ваков.Од друга страна,тој како да не може да живее во сегашноста туку во минатото.Но,сепак како и се и овде за мене е најосновно домашното воспитување.Овде спаѓа и не излегувањето надвор од Балканот.Едниот живеел едно време во Германија па можеби има малку поразлична преспектива со оглед на тоа што видел како таму се има друга динамика и поразлична организација од тука.Додека пак,другиот го има она Балканското во себе што никогаш нема да го напушти.Посебно постарата генерација за мене е многу инаетлива и не е отворена за нови и идеи и предлози за подобар живот.
Од постарите генерации познавам лица и од двете крајности. Едните се позитивни примери кои оставаат простор за нови идеи, луѓе кои иако целосно не можат да се привикнат на промените кои ги носи овој век сепак се трудат да не осудуваат, да не се мешаат и да не си земаат преголема слобода само поради годините или улогата која ја имаат како нечии родители, стрини, вујковци, дедовци или баби. Другите пак се оние кои постојано сметаат дека сè она што доаѓа од новото "модерно" време, не чини. Сметаат дека младите не се разбираат во апсолутно ништо, бидејќи тие најдобро знаат што треба да студираме, како треба да учиме, каде треба да излегуваме, која работа е идеална за нас, нè учат дека треба да се однесуваме со почит кон сите постари лица само поради годините а не дека почитта пред сè треба да се заслужи. Ти проповедаат дека треба да покажеш култура каде и да се појавиш, а тоа за нив значи и молчење на некој со конзервативни и целосно закоравени сфаќања. А треба да одиме напред, нели?! Неретко го злоупотребуваат тешкиот живот кој го имале поради сиромаштија, болести, семејни проблеми само за да го оправдаат секое нивно очекување од тебе и да ти докажат дека ние денешниве млади немаме никакви проблеми и сè ни е достапно, нели. Но никаде не се помислува на изборите со кои ние мораме да се соочиме бидејќи живееме во вакво токсично општество. Уште помачен изговор кој без око да им трепне го уфрлаат во секој можен муабет за да докажат дека ние младите ништо немаме искусено во животот е „кога ќе имаш и ти твои деца, тогаш ќе видиш“. Што? Навистина што треба да видиме и почувствуваме освен желба, грижа и љубов за едно суштество да го израснеме додека не може самостојно да функционира, што друго треба да промени мајчинството (или татковството за машките)? Треба да ги сметаме за глупави оние кои сè уште не се нашле во таа улога? А што да мислиме за луѓето кои никогаш нема да се најдат во истата? Во глобала, мнозинството се токму од оваа втората група која несомнено доведува до токсичен живот, па на нас младите останува изборот дали ќе останеш да живееш тука каде секој втор ќе ти попува што и како треба да правиш со сопствениот твој живот и притоа ќе треба да молчиш на истото или за да се избориш за сопствената среќа ќе мораш да си го собереш сиот живот во куфер или два и да си фатиш патот под нозе. Ама лесни избори имаме ние младите, нели?!
Секоја чест на исклучоците во мк што поретко и поретко ги имам сретнато НО мнозинството на така повозрасни генерации е влаго да кажам изолирано, себично, заглавено во времето и слично.. што при тоа ми се приповраќа од луѓе што секој збор му е " ама јас да ти кажам" "ама јас да ти покажам" ова околу детево, или "измиј му ова" " направи му она" како да јас не знам и еве баш чекам еднаш годишно да отидам таму за да тие ми покажат. Не ме иритира туку од такт ми вади, откако станав родител колку што ми се ослабени живците од повозрасните околу мене толку и избувнувам со надеж дека ќе нема следно.... ама за жал и има и има.. Сведок за оваа пробчематика би ми биле сите мајки и родители. Оти фактот да слушаме грамафонски плочи 24/7 ич не е пријатен. Им фали осет според мене, граница до каде можат да одат со зборовите и постапките пред се. Една работа. Друга работа, ќе излезеш не дај боже некаде, подотерана, па ќе следат тука тивки коментари и камери на сите страни да те измеркаат од глава до пети па отпосле и сочни муабети ќе си слушнеш не од генерации и од млади ами од старите оти тие се ти како глуви телефони и он нив најмногу инфо можеш да слушнеш од петкана што праела трпана каде одела и слично. Ужасно многу му смета. Порано слушав, седев, бев љубезна, е денес не сум таква оти немам нерви просто за целокупните нивни "совети" по цел ден. Од друга страна баш некна си коментирав сама на себе додека шетавме, 3 јца возрасни стари да кажам може имале 85 години, сонстапови, фармерка и патика, навидум средени луѓе, пешачат и со зборуваат за искуства од екскурзии... која убавина.. Многу често ги гледам и со автобуси, кога и да појдеме некаде обавезно има 3 4 автобуси со пензионери, ноочари ставиле, капи и шетаат не им чуе за безпотребните муабети на младите што им ги делат и камери што се прават... Имав една бабичка тука, и ден денес си ја паметам, жена со нејзини 80 години, читаше книга и пиеше чај. Ќе чукне 12 часот се затвораше, велеше ние тогаш ручаме кој сака после ќе не побара, се знае во кое време и што се прави, беше отсечна, си возеше кола, возеше точак, копаше нива, и беше многу начитана културна дотерана и одмерена. Баба ми која е нејзина генерација ќе паднеше у несвест кога ја виде, кога виде како нејзина возраст живее и се негува. Просто нема споредби, па ќе речеме абе тие тука друг живот негуваат овие нашите напатени.. сиромашни... Може има удел не викам не. Сигурно има. Ама толку многу се со весел дух, насмеани, расположени и дотерани тоа чудо. Ех да можеа сите да прошетаат да видат да научат нешто наместо да се замараат со глупосштини и бабини деветини ама не бива. Тоа в глава им е. И да, заборавив за бабините деветини ифрит сум кога ќе ги слушнам, ифрит. И не ме разбираат и не. Тоа е тоа.
Прво и основно, ќе ви речам: Дај Боже да остарите, и да запамтите, да не се претворите во она што сега го кудите. Иначе, се согласувам со се' што сте пишале. Од мојата генерација, и оние постари од мене.. се виде... Се надевам дека повеќето од вас не се ко повеќето од нас... И дека 'ќе не биде'...
Имам проблем со постарата генерација, во која што сега спаѓаати луѓе родени во 60/70ти години од минатиот век веќе, и со нивниот отпор кон собствен раст и развој. Прво го забележав кај баба ми која била во главно доста конзервативна па кога таа наполни 60 години реши дека веќе нема причина што да патува, или да излегува многу надвор, и дека сега е време веќе да чека да умре (за среќа уште се држи добро). Ова беше до степен што таа има во нејзиниот ормар спремно бовча со сите потребни работи околку погреб, како крипи и слично. Не значи доколку имаш 40+ години дека за тебе завршило и дека не можеш да стекнеш нови знаења и искуства. Учење нов јазик или имплементирање на некоја нова технологија у никој случај. Дури и Фејсбук, кој скоро стана преплавен со постари лица, не е исклучок бидејќи сепак никој од тие теткици и чичковци не се трудат да го разберат доволно, па имаат проблем со премногу споделување, како кокошките кога несат јајца се, и не разбираат за приватност и последиците што нивното пресподелување го има кон нив и другите засегнати. Најжалното е што тука не се само старите, туку и некои доста млади кои не размислуваат на долг период од 15 минути (објавуваат голи слики од нивните дечиња, кои не само што може да се жртви на перверзњаци и преваранти, туку може и да се срамат од тие нивни постапки кога се постари). Но тоа е сепак од тој заостанат менталитет во кој не се менува менталитетот, не сакаат луѓето реално да погледнат на долгорочен план, да научат нови вештини, да ја ценат повеќе приватноста и да престанат да живеат за другите.
Постарите мислат дека ги поседуваат автобусите на ЈСП.Тераат млад да стане без да размислат дека можеби тој или таа не може да стане од умор или е опериран/а,па не може да стои,без да размислат дека и да сака не може да стане и да стои со ранец и уште 2 торби на него. Полнат пазарски торби и се возат во автобус,а го игнорираат соопштението на ЈСП во кое е наведено колку торби се дозволени во автобус и до која тежина. Се пикаат во веќе преполн автобус и го игнорираат објаснувањето во автобусите кое покажува колку луѓе собираат автобусите. Многу од нив сметаат дека е срам и ние младите да шетаме и во мајца на прерамки. Смета и тоа што велат дека ние младите сме збеснати,а не сфаќаат дека тоа е нивна вина.
Власта е крива за тоа што воведе бсплатен превоз за пензионери! Место за ученици да воведеа, тие за пензионери.. А пак на овие новиве им прпа да го сменат законот, оти ќе изгубат гласачи... Мнозинството во МК се пензионери...
Треба да им се дадат бесплатни билети и на ранливи категории,ама ај...Кога брига? Одамна некаде прочитав колку стари луѓе користат ФБ. Тоа што има постари лица кои ги прифаќаат современите текови е за почит. Ќе дополнам и дека иритираат некои стари лица со она во Титово време вака,онака било... Не признаваат дека и во Титово време не било добро за сите,еве некои од мојата фамилија,страдале,претрпеле неправди....
'Титовото време' беше совршено за оние кои се поклоници на изреката: Наведната гла, сабја не ја сечи.