1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постдипломски во Германија

Дискусија во 'Образование' започната од Pillar80, 4 октомври 2012.

  1. Pillar80

    Pillar80 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво Феминки,

    Дали некоја од вас е на постдипломски во Германија или планира да аплицира?
    Јас сега разлегувам преку ДААД, но би сакала да знам дали има и други организации преку кои може да се конкурира, нормално сипендирано :)

    Ако знаете ве молам пишете ми, а и споделете искуство.

    Фала ви.
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Јас како што знам партиципацијата за Германските универзитети не е многу висока, а во некои дури и ја враќаат по завршување на студиите во зависност од постигнатиот просек и успех. Она што е малку поскапо се сместувањето и сметките, но доколку се работи и студира мислам дека може да се постигне самофинансирање. Заинтересирана сум да земам постипломски таму, но со јазикот сум на ниво 0, а морално е некое основно познавање па прво тоа да го средам после се друго.
     
  3. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    За сметките е вака...околу 450 евра за стан (топло) плус струја,вода, ама тие работи им се исти како во Мк, Струјата е околу 50 евра. За јадење исто дури и поефтино од овде.
    Партиципацијата за студирање е 500 евра од семестар е сега не знам за постдипломски како оди.
    Исто и јас со јазикот сум нула. Знам дека ако знаеш 80% англиски 20% Германски поефтино ке поминеш со партиципацијата.
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Warm Miete или топлата како што ја нарекуваат е со вклучени давачки, евентуално струја ако доплатиш...но тоа зависи од договорот.
    Kalt Miete или ладната, е киријата без давачките, тука треба да се доплати струја,вода, гас....
    Во студентски може човек и со 200 еу целосно, со вклучен интернет, струја и вода.

    За постдипломски цените не сум сигурна, али лесно може да се прогугла но у секој случај зависно од областа, градот и кој уни. варираат.


    eве едно интересно линкче
    http://www.azur-online.de/bildung/deutsche-ll-m/
    Инаку студирањето во делови од германија е бесплатно. Се плаќа само околу 200 за студентска легитимација која е воедно и билет за јавен превоз.
    Зраственото осигурување е околу 75 еу.
    Можеш да најдеш работа со скратено работно време со заработка до 400 еу по месец.
    Храната, техниката и облеката е многу поефтина одколку македонија.
    Ако планираш да студираш во германија мораш да имаш високо познавање на јазикот.
    Ако студираш само на германски потребен е дсх тест, адоколку студираш пола пола тогаш тоефл и дсх.
    Нивото на германски треба да ти биде некаде околу ц1.
    Ако го немаш потребниот дсх сертификат ќе те тестираат. Доколку не ги исполниш условите ќе те стават во групи за изучување на јазикот, и кога ќе ги поминеш сите курсеви ќе си пробаш со дсх тестот.
    Курсевите се околу 750 еу за 10 недели.
    Ако го знаеш перфект јазикот и си веќе ц1, ќе си минеш поефтино, ако немаш никакви познавање пресметај си колку евра и време ќе те кошта да ги минеш а1, а2, б1, б2, ц1.
    Во однос на партиципацијата нема врска колку знаеш јазикот, правилата и цените се тие за сите.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195

    Јас не знам Германски, но студирам Англиски јазик-наставна насока така да не гледам зошто ке ми е Германски кога постдипломски ке одам на Англиски јазик. Целата програма е на англиски.
    Исто познавам девојка што се запиша летово да студира во Германија без Германски јазик.

    Знам дека ако те примат на постдипломски одма ти даваат две годишна виза.
    Но како тоа да седиш таму и да се влечиш по курсеви без виза? дозволено е?
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Не знаев дека планираш да студираш на англиски.
    Претпоставувам дека тогаш важат други правила и логично е ова што го кажа, дека ако цела програма ти е на англиски да немаш потреба од германски сертификат, но сепак не можам да потврдам со сигурност.
    Но за нормални студии, во било кој друг смер важат горенаведените правила.

    Во однос на визата зависи колку пари имаш на конто. Потребно да да покажеш дека си способен сам да се изржаваш, не се сеќавам точно колку пари треба да имаш на конто во банка :^) , 550/660.
    Знам дека за семестар виза требаше нешто околу 4000 евра.
    Кога ги поднесуваш документите во ausländerbehörde, заедно со потврдата дека си матрикулирана, каде си пријавена дека живееш, здравствено дека си осигурана.. треба да покажеш документ дека имаш пари на конто.
    Овие пари ќе стојат замрзнати и смееш да вадиш само определен месечен износ, сега дали тоа беше 550 или 650...во моментов не ми текнува. Останатите ти се замрзнати и не можеш на пример да позајмиш од некого да ги ставиш наконто додека им ја дадеш потврдата и после да ги извадиш и да ја вратиш позајмицата.
    Така да ќе треба да удриш математика колку имаш и за колку семестри или години ќе вадиш виза.
    Ако имаш доволно за двете години, ќе се поштедиш од малтретирања со продолжување виза...ако не секој семестар на ново истото.
    У секој случај не е паметно да ги вадиш парите бидејќи при наредно продолжување на виза, истиот износ повторно ќе ти биде потребен.

    А во однос на курсевите, тоа се предавања во склоп на факултетот.
    Ти ќе си се матрикулираш на фак на посакуваниот смер и ќе доставуш целокупна документација.
    На пример сакаш Економски.
    Диплома од средно, од фак, ќе пополниш формулари, ќе те упатат на најефтино студентско здравствено осигурување...и ќе дојдете до точката јазик.
    Јас студирам меѓународен бизнис менаџмент и морав и дсх и тоефл да полагам.
    За тие што студираат нормален менадџмент треба само дсх.
    Ќе те прашаат дали го имаш потребниот сертификат, доколку го немаш ќе те упатат во школа во склоп на факултетот.
    Во школата ке правиш тест за јазик(ова не мора да биде на германски, може и за англиски или друг јазик зависи на кого каков сертификат му треба)
    На закаќан термин во огромна хала со многу други странски студенти полагаш тест.
    Т.с пет тестови.
    Почнуваш со најлесниот со ниво на тежина а1
    Потоа следи втор А2
    па Б1
    Б2
    и на крај Ц1

    За неколку саати се резултатите.
    Ако си положил до а2, и б1, б2 и ц1 си ги утнал. ќе те стават во курс со предавања за б1.
    Ќе се упишеш на б1 и со оваа потврда се враќаш на фак.
    Они ќе пресметаат дека ти требаат 3 курсеви (б1, б2, ц1) пред да го полагаш финалниот дсх тест.
    Факултетот ќе те матрикулира како студнет во јазичен курс, ќе ти дадат студентска легитимација за да можеш бесплатно да се возиш со јавниот превоз, ќе можеш да живееш во студентски..и најважното ќе ти чуваат место на посакуваниот факултет од прбиот нареден семестар одкако ќе ти заврши јазичниот курс.
    Следејќи го горенаведениот пример, секој курс таре по 10 недели отприлика... три курса со паузи измеѓу. потоа правиш дсх тест и можеби за 6 месеци, т.с од наредниот семестар.
    Кога ќе полагаш има дсх 1. дсх2, и дсх3.
    Зависи од фак кој дсх ти треба. НАјчесто е дсх 2.
    ЌЕ полагаш, се надевам успешно и со сертификатт назад на фак и ќе те префрлат во посакуваниот смер на фак.
    Цаката е што овие курсеви се скапечки околу 750 по семестар кој тареше мислам околу 10 недели како што пишав, но студирањето во поголем дел од германија е бесплатно.(само за студнетска легитимација)
    А за постдипломски се плаќа но не е кузнее колку.
    ПРоцедурите за виза и за потребната документација во однос на сертификати е таа без разлика дали си на редовни студии или мастер.
     
    На meandyou му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SweetDream

    SweetDream Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    45
    Јас веќе започнав со подготовките за постдипломски студии во Германија паралелно ги учам и германскиот и англискиот јазик,ги имам учено и во средно па не ми се мешаат многу.Потоа следи полагање на TOEFLiBT(треба да се освојат минимален број од 79 бодови) и DAF тест ниво 4 минимум.Дипломите од факултет исто така ни ги признаваат без разлика дали сме студирале по старата програма или новиот кредит трансфер систем,само мислам дека треба да се преведат.Други документи потребни за упис на факултетот освен овие се CV,мотивационо писмо и препорака од двајца професори.
    Во однос на финансирањето има две варијанти.
    Првата е ако можам сама да се снајдам да се запишам на факултет и да најдам работа со скратено време но,не сум сигурна дали ќе можам финансиски тоа да го издржам.Дали во тој случај факултетот ти нуди некаква помош и ти нуди работа од областа што ја студираш или си препуштен сам на себе да се снајдеш,па и да најдеш работа било каква дали ќе можат да се покријат трошоците??? :worried: Во помалите гредови партиципацијата е помала, воглавно изнесува околу 500 евра од семестар но,таму е пак потешко да најдеш работа...две добрини нема...ако може инфо плус?
    Втората варијанта е да аплицирам за целосна стипендија преку DAAD-OSI програмата која нуди листа на факултети и студиски програми на кои можеш да аплицираш но ,сеуште не сум ја разгледала добро да видам дали некоја од нив е компатибилна со мојот факултет...апликантите за среќа не се ограничени со определена старосна граница за да може да аплицираат... е ова посебно ме радува (кај нас за стипендија на постипломски можат да се пријават само кандидати кои имаат под 27 години)
    Па ајде тие што студираат или студирале во Германија нека споделат искуство и мислење :)
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Прочитај го мојот предходен коментар , многу работи ќе ти станат појасни.
    Факултетот не ти наоѓа никаква работа, а најмалку во областа во која студираш. Без разлика дали си германец или странец, на пазарот на работна сила сам треба да си се пробиваш.
    Келнер, собарка, мекдоналдс... типични студентски работи, барем за старт.
    На мекдоналдс секогаш им требаат луѓе без разлика дали си во мал или голем град оти за германец тоа е една од најнеомилените и долни работи ако може слободно да се изразам, и секогаш имаат дефицит од работна сила.
    За понатаму си зависи од тебе. Има милион огласи за практикуми, мини џоб во насоки за кои ќе студираш...ќе си составиш добро cv, motivacion brief и ќе почнеш по интервјуа.

    Ќе заработиваш 400 еу по месец со таа скратена работа.
    Соба во студентски е околу 200, макс. 250
    здраствено осигурување околу 77.
    Билетот за јавен превоз ти е бесплатен бидејќи студентската легитимација ти е всушност билет.
    Интернет ти е во склоп со трошковите за собата(во тие 200-250) исто како и струја и вода.
    Храната е многу поефтина...
     
    На meandyou му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Butterfly55

    Butterfly55 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Moze nekoj da napise nesto poveke za TestDaf ispitot, bidejki jas treba da go polagam sega vo april.

    Vi blagodaram odnapred
     
  10. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Извинете за офтопик, но бидејќи нема друга слична тема, или барем не најдов, сакав да се информирам за факултет во германија, значи не постдипломски туку оној, после матура. Зошто една другарка ми рече дека таму не се признавала нашата матура и морало да се полагаат 8 нивни предмети и било многу тешко.
    Инаку предност ми е тоа што имам таму тетка, па можам таму да престојувам, и што го знам германскиот како да ми е мајчин јазик.
    Е сега незнам за аплицирањето, колку чини за факултетот, дали ќе те примат или не, кои им се критериумите или што треба да исполнуваш за да те примат и слично.
    Многу ме интересира, ако има некој нека каже.
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Погоре имам два пати напишано за студиите во германија, сето тоа важи за матрикулирање после матура.

    Матурата си е признаена и нема потреба ништо да дополагаш.
    Потребно ти е само преведени документи, познавање на јазикот(горе имам детално пишано за полагање на јазичните сертификати) и да поддадеш документи за виза(исто горе)
    Потребна ти е само целосна документација и за да аплицираш, место ќе добиеш.
    Факултетот е бесплатен(исто горе имам пишано)

    Единствена новост е што од оваа година мини џоб е до 450 еу. не до 400 како лани(до оваа сума не плаќаш данок)/
    За подетално инфо пиши пак ;)
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
     

    Прикачени фајлови:

  13. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    Здраво!

    Тука на неколку пати се спомнува здравственото осигурување, и сакам да напишам дека има начин како да се добие потврда за осигурување од Македонија, и да се избегнат тие трошоци од околу 70 евра месечно.

    Јас тоа го правам скоро две години и добро функционира, овде има повеќе информации
    http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemI ... E7CF9104ED

    А прашањето ми е, ако го има некој правено ова во Скопје, дали знае колку отприлика трае процедурата?
    фала :)
     
  14. PreciousDiamond

    PreciousDiamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    @danichap ако може да ми пишеш ПП, имам неколку прашања на оваа тема, а имаш ограничувања на профилот.
     
  15. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    З
    Здраво мила, покушав да ти пратам приватна порака но неможам...Вака ми треба помош и информација бидејќи немам каде да се обратам...Бев да се запишам за зимски семестар во Штутгарт, Германија меѓутоа нема да можам па реков ајде за летниот од март,дотогаш да си средам и за визата и за полагање на испитот ДАФ степен Б2...Е сега прашањето ми е дали ако сум студент со виза треба да плаќам дополнителни трошоци бидејќи на линкот пишува дека ако сум од друга земја треба да плаќам 1500 евра по семестар https://www.hdm-stuttgart.de/studieninteressierte/kosten/studiengebuehren ???? Мајка ми има бугарски пасош и ако е пријавена во Германија ми се следува виза, но и со таа виза изгледа ќе треба да плаќам толку голема сума?
    Дали имаш можеби искуство со ова или некој предлог????
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Независно дали мајка ти има бугарски пасош или не, твојот престој во Германија би бил со виза.
    Студентска или фамилијарна, сеедно им е, не си државјанин на земја членка на еу.
    Истиот проблем го имав кога размислував да студирам во Холандија. Имаше вртоглави цени за не еу државјани, па се откажав.
    Во текстот се споменети отстапки од правилото за плаќање партиципација. Прашај, напиши им маил кои се и види дали можеби исполнуваш услов.
    Според напишаново, тешко, треба 1500 по семестар.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски

    А дали би прифатиле да давам по 250 евра секој месец за 12 месеци да ги исплатам тие 3000евра...затоа што наеднаш е навистина премногу :(
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Во секретаријатот најдобро да си прашаш тоа.
     
  19. fitgirl

    fitgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво! Дали некој знае колку се плаќа за семестар за мастер во Германија ?
     
  20. nudam rabota

    nudam rabota Нов член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ve molam da mi kazete koj e toj Sekretarijat me interesira so zavrsena Magister po pravo 300 ekts na Praven Justinijan Prvi i so polozen C1 dali moze da se dopolagaat nekoi ispiti i da se priznae fakultetot vo Germanija ili da se raboti vo advokatrska kancelarija Ve molam ako nekoj znae da me upati oblast Hesen