Постигнати цели или goals е тема која што може да послужи за да ги забележуваме сите постигнати цели доколку ги имаме испланирано за оваа година. Се инспирирав да ја отворам темава од денес затоа што ми звучи многу забавна и интересна. Не видов дека има ваква тема на форумот ама многу мислам дека ќе е забавна па ајде да видиме. А исто така може да си забележуваме планери за наредниот месец,за повеќе месеци или планер за цела наредна година. Мои постигнати планови воглавно беа: - Да ослабам до нормална килажа - - Да се потрудам подолг период од годината да вежбам и да сум физички активна - - Повеќе да готвам и помалку да трошам на готова храна - - Да јадам претежно здрава храна - - Да учам повеќе да готвам-
За 2022 гледам сум сакала да сменам работно место и го сменив, значи целта исполнета. Работев на обликување на телото, да качам некое кило ама да ми отиде на добро место, не да се здебелам. И тоа исполнето. На крајов на годинава требаше да правам операција и целта беше, пред се', да си дојдам на себе жива xD после и здрава, успешно да заврши се'. Бидна и тоа така, слава на Бога. За 2023 ќе видиме.
2022 - Патував прилично многу, надокнадив за корона периодот - Напредував на работното место - Започнав да медитирам, да наоѓам време и за релаксација. Генерално, започнав да обрнувам внимание и на менталното здравје, за разлика од претходно - Не паузирав со вежбање, бев многу посветена - Научив да бордам - Го намалив користењето на социјалните мрежи (max саат време минувам во тек на цел ден, а порано губев буквално сааати и саати) Имам и некои неисполнети цели (имав план да готвам повеќе и да упишам курс по германски, ама ајде тоа ќе остане за 2023), ама во глобала ми беше продуктивна и убава година, ќе видиме што ќе донесе 2023
Немав поставени цели освен да фатам дечко, и не ми успеа. Друго немав пошо ми се исполнети, само се апдејтирам
-Реновирав куќата каде што живеам. - Уплатив за Академија што веќе со години ја планирав - Ја совладав сета депресија и анксиозност или шо и да беше пошто последнава година ми почина дедо ми (одма после мајка ми, година пред мајка ми почина) -Една од целите за патување, исполнив, бев Загреб. -килажата и фит телото ми стои како шо ми беше Тоа е тоа. В година се надевам на појче, а тоа е завршување успешно академијата, вработување и па и свадба, уште невестата да се најди.
- сменив токсична работна средина и отидов во место што ме вади од комфор зона и ме развива на професионално поле, - храбар чекор ми беше тоа што се тргнав од одредена личност и испадна дека ова ми е најдобрата одлука што ја направив за конечно да почнам да стигнувам пополека до ниво на самодоверба што очајно ми требало. Уште не сум таму каде што сакам, ама огромна разлика има за разлика од минатата година. Одиме понатаму.
Зарем умирачката се планира, освен ај да не ни оди умот натаму...немам функционален црн хумор, си знам. На темава оддамна не планирам ништо така детално со цртички, ете ако можам да издвојам нешто како посебно и што сум посакувала со години наназад што се вратив по моите ридови и освоив многу нови височини. И утре одам натаму, одвај чекам да потстопам некоја калорија, се испотам до бескрај и отстранам премногууу токсини од мене. Е и некој колатерален успех не штета - 22 кг сум ама уште треба за вакваиако тоа ми е споредно, подбитно ми е другоно, а ус пат па и нови познанства дојдоа по пат, нагоре...
И јас, ама мојов стварно е нефункционален до степен на лутачка да стасуваат луѓе со мене. Oвие до мене ме капираат и се патосат, ама со сите избегавам да го применувам due to ете пишаното погоре
- Се вработив за прв пат и сум задоволна од работата - Се преселив од дома и живеам сама што ми е најголем чекор досега во животот - Се извадив од комфор зона неколку пати и се изненадив себеси колку сум способна - Многу напредок во изучувањето руски - Едноставно...преживеав.. засега. Цели кои сакам да ги постигнам следната година: - многу подобро физичко и ментално здравје - повеќе самодоверба и помалку overthinking - да отпатувам до дестинацијата за која сонувам долго време - да бидам вистински среќна, со или без некој покрај мене..
- да завршам со полу работно време - да земам лиценца - да се вработам на стабилно место - да завршам уште една година психотерапија - да не се здебелам - да ослабам - да се држам до здрави рутини за мене - скинќер - поширок социјален круг - да НЕ изгубам драги личности За наредна година, сакам да ја посветам на здравје. Не знам дали стареам или едноставно е траума од 2022. Ама сакам да почнам годината со систематски. Али од гла до пети да се проверам. Сакам да почнам конечно со промени во исхраната. Почнав со активност. Нарочно не бомбардирав и со друга промена. И да си ја земам лиценцата. Конечно. Ако до овде успеам без да се распаднам со темпото шо сум, сакам уште две работи: да запишам трета година психотерапија и часој за личен раст. И достае. Се осеќам како и ова да е премногу.
2022 - Второ слушно апаратче конечно комплетна. - Втор сајт за работа 100% сигурен - Поголема плата - Пофалби - Обновени пријателства - Дистанцирање од луѓе од корист само 2023 - Се надевам на помала мрзливост, поголема активност. - Возачка дозвола - Нов телефон - Повеќе патувања Во глобала немам преголеми очекувања ни за овие ставки, возачката ми се влече поради временски период ама се надевам 2023 ќе ја средам. Патувањата ми се страст и годинава не успеав никаде да уплатам Остатокот по редослед ми оди но пред сѐ - ЗДРАВЈЕТО ми е најважно. Се надевам ќе бидам добра.
1. Имав прекрасна врска, која набргу заврши. 2. Си ја реновирав куќата 3. Купив нов мобилен, трпезариска маса, и фотелја За 2023 сакам повеќе да бидам физички активна и да обновам неколку пријателства
1. Непланирана цел ми беше, ама успешно го победив ракот. 2. Излегов од врска која ми беше како комфорт зона, а не прогресираше никаде. 3. Зедов една диплома, другата е in progress. 4. Тргнав некои токсични личности од животот, и се збогатив со нови прекрасни луѓенца. 5. Почнав да вежбам редовно и полека да се враќам назад во нормала. Има и уште некои small wins ама у принцип задоволна сум со тоа што го направив годинава со оглед на околностите.