Постоечки (Extant)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hellen, 15 септември 2014.

  1. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Девојки би сакала да Ви препорачам една нова серија.
    Се работи за американска серија , научна фантастика/ драма со Хали Бери и Горан Вишњиќ во главните улоги.
    Моли Вудс ( Хали Бери ) е испратена на 13 месечна соло мисија во вселената.
    Нејзиниот сопруг Џон ( Горан Вишњиќ) е инжењер за изработка на роботи , којшто го создал и нивниот син Итан. Итан е прототип на андроид. Моли по враќањето од мисијата дознава дека е бремена и ја започнува својата потрага по одговори.

    Серијата започна да се емитува на 9ти јули оваа година. Јас сум стигната до предпоследната епизода па се надевам дека и на некоја од вас ќе и биде интересна да започне да ја гледа :)
     
    На do-re-mi и danichap им се допаѓа ова.
  2. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    11.012
    Не очекував дека имаме тема и за Extant. Пола викенд потрошив на серијава, ме опседна комплетно. На 1 јули стартува втора сезона.

    Инаку, немав слушнато ништо за серијава, додека минатата недела на тв почна да оди реклама. Прва асоцијација: Alien, втора : А.I. Artificial Intelligence, извршен продуцент: Спилберг. Доволно за да посакам да ја изгледам во еден здив.

    Според мене динамична серија, не се развлекува неизвесноста, настаните брзо се одвиваат. Поради ова можеби на некој ќе му се види ко површна и на моменти, недоволно обработена, но сепак ова е летна серија, планирана да пополни gaps до следните сезони од есенските серии. Тоа не значи дека не задржува внимание.

    Нема стереотипна поделба на ликовите на „добри“ и „лоши„ - сите грешат во даден момент. Има некои недоследности во сижето, ама пак која серија нема? Содржи веќе видени идеи, ќе ве потсети на неколку, поврзани со темата, филмови, но не мислам дека тоа совпаѓање се должи на неиновативност на сценаристите, во прашање е нешто сосема друго. Глумата е повеќе од пристојна, а не можев а да не приметам дека англискиот на Вишниќ е ептен „исполиран“.:nod:

    Ајде 1-ви, доаѓај побрзо.:D